средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:06:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова средба на УПОЗ со Владата, очекуваат конкретна понуда за прекин на штрајкот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sredba-na-upoz-so-vladata-ochekuvaat-konkretna-ponuda-za-prekin-na-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sredba-na-upoz-so-vladata-ochekuvaat-konkretna-ponuda-za-prekin-na-shtrajkot/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=895470

Претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска повторно се на средба со претставниците Владата откако минатата недела не беше донесена одлука за нивните барања. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, во изјава за медиумите пред средбата рече дека денеска очекуваат конкретна понуда од страна на Владата што би значело и прекин на штрајкот. -Барањата се исти, 78 проценти покачување на плати, враќање на додатоци на плати. Очекуваме конкретна понуда. Без конкретна понуда од страна на Владата, ние не можеме да пренесеме ништо на нашите членови кои штрајкуваат и протестираат, и реално одлуката дали ќе се прифати таа контра понуда ако воопшто ја има, останува на членството, рече Деановски. Добра понуда од страна на Владата, како што кажа, би значело прекин на штрајкот и враќање на работниците на работа. На прашањето што би значело добра понуда, Деановски рече дека тоа би било нешто во средина. -Не би можел да кажам точно со проценти колку бараме. Ќе излеземе точно со нашите барања, реални се 78 посто и враќање на додатоци на плата. Доколку Владата даде некоја суштествена добра понуда, ќе одлучиме дали ќе ја прифатиме. Меѓутоа останува на Владата, рече Деановски. На прашањето дали очекуваат денеска да се донесе некоја одлука, Деановски одговори позитивно со тоа што, како што рече, ако нема понуда од страна на Владата постои опасност на приклучување на штрајкот во обвинителствата уште и од други институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sredba-na-upoz-so-vladata-ochekuvaat-konkretna-ponuda-za-prekin-na-shtrajkot/feed/ 0
Демостат тврди: Вучиќ иде на средба со Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-tvrdi-vuchik-ide-na-sredba-so-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-tvrdi-vuchik-ide-na-sredba-so-putin/#respond Sun, 01 Oct 2023 10:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=883812

Српскиот претседател Александар Вучиќ има намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во октомври, на маргините на форумот „Појас и пат“ што ќе се одржи во Кина, дознава Демостат од дипломатски кругови. Како што е соопштено, лидерите на Србија и Русија веќе јавно го потврдија доаѓањето на кинескиот самит, но останува прашањето дали ќе се сретнат, што би било нивна прва средба лице в лице од почетокот на војната во Украина. Средбата со Путин несомнено би му донела поени на Вучиќ во предизборната кампања, но не би испратила добра порака до Западот, особено во време кога не е јасно дали и рускиот фактор е вклучен во последните настани на северот на Косово, оцени Демостат. Вучиќ неодамна најави дека за време на самитот ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, истакнувајќи дека тој е голем пријател на Србија и дека со нетрпение ја очекува средбата. -До крајот на годината очекувам сериозни и важни разговори со нашите многу, многу важни партнери. Во октомври ќе допатувам во важна посета на Кина. Големото прашање е што ќе се случи таму, бидејќи доаѓањето на Путин е исто така очекувано, рече Вучиќ во август. Како што потсетува Демостат, доколку Вучиќ се сретне и со Путин, нема да биде првпат Вучиќ за време на предизборната кампања да игра на картата на рускиот претседател, чија популарност во Србија е голема, и не би било првпат да се сретне со него непосредно пред изборите. Вучиќ и Путин последен пат се видоа во ноември 2021 година во Сочи кога официјално главна тема на разговор беше испораката на гас. На крајот на мај минатата година, Вучиќ и Путин телефонски разговарале за, како што тогаш изјави српскиот претседател, повеќе различни теми, а тогаш биле договорени и главните елементи на новиот договор за гас за следните три години. Вучиќ во јуни годинава за италијанските медиуми изјави дека повеќе од една година не комуницирал со рускиот колега Путин. Во Србија од почетокот на војната во Украина не дошле највисоки функционери на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-tvrdi-vuchik-ide-na-sredba-so-putin/feed/ 0
22 милиони прегледи: Близначки се сретнале повторно по 24 часа и покажале колку се поврзани https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/22-milioni-pregledi-bliznachki-se-sretnale-povtorno-po-24-chasa-i-pokazhale-kolku-se-povrzani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/22-milioni-pregledi-bliznachki-se-sretnale-povtorno-po-24-chasa-i-pokazhale-kolku-se-povrzani/#respond Thu, 31 Aug 2023 07:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=872840

Снимката на мајката Лорен Берти растопи илјадници луѓе на социјалните мрежи. Во видеото објавено на ТикТок можеме да видеме како реагирале близначките кои биле раздвоени 24 часа. Кога повторно се сретнале, не сакале да се испуштат од вид. Откако нивната мајка ги сместила во креветчињата, тие пришле една до друга па се фатиле за раце и ги допреле челата. Потоа почнале да се бакнуваат, да се прегрнуваат и да се тапкаат по грбот, што јасно покажува колку си недостасувале една на друга. „Нашите близначки за прв пат во животот беа разделени цел ден. Таа ноќ ги ставивме во креветчињата и поприлично е сигурно дека си недостасувале. Не знам за ништо помоќно од поврзаноста на близнаци“, напишала мајката. Снимката собрала повеќе од 22 милиони прегледи, а можете да ја погледнете во продолжение.
@thattwinmama_ Will forever make me😭… cant think of anything stronger than the #twinbond ❤️ #twinsoftiktok #twins #twinsisters #babylife #twinlove #sisterlove #feelgood #babiesoftiktok #sharethelove #newmom #4u #sistersforever ♬ What Was I Made For? [From The Motion Picture "Barbie"] - Billie Eilish
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/22-milioni-pregledi-bliznachki-se-sretnale-povtorno-po-24-chasa-i-pokazhale-kolku-se-povrzani/feed/ 0
Ескобар на средби со Ковачевски и Мицкоски, Вашингтон очекува да продолжат евроинтеграциските процеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-na-sredbi-so-kovachevski-i-mitskoski-vashington-ochekuva-da-prodolzhat-evrointegratsiskite-protsesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-na-sredbi-so-kovachevski-i-mitskoski-vashington-ochekuva-da-prodolzhat-evrointegratsiskite-protsesi/#respond Fri, 25 Aug 2023 07:23:55 +0000 https://kurir.mk/?p=870759

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Првата средба на Ескобар беше вчера со претседателот Стево Пендаровски, и на неа, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. - На средбата беше потврдена и поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина, соопшти Кабинетот на Претседателот. Во пресрет на посетата на Ескобар премиерот Ковачевски вчера најави дека со американскиот функционер ќе разговараат за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија. Порача дека уставните измени се исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ. - Уставните измени така како што се предложени во Собранието за кои отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда, рече премиерот. Мицкоски, пак, пред посетата на Ескобар порача дека е важно секој кој доаѓа во нашата држава без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Го повтори барањето за предвремени парламентарни избори и ставот дека нема поддршка за уставните измени од опозициската партија. Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Сѐ останато е дополнително тапкање во место, рече Мицкоски. Според мего, можна е лидерска средба, но, како што рече, на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. - Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека сѐ останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави. Неговиот ставот што го изнесе претходно „дека има обиди од Европа и од светот да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ нивните пратеници да гласаат за уставни измени“, вчера го коментираше Ковачевски, кој вели дека тоа го потсетува на 11-те години на претходниот прв човек на опозициската партија. Пласирање на тези дека постои светска завера, наведе премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува. Дополни дека покрај сите хистерии и лажни обвинувања дека ќе настанела бугаризација, асимилација, губење на јазик и на идентитет, ние ги почнавме преговорите со ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет преку резолуции на германскиот Бундестаг. -Она што следува во американскиот Конгрес преку изјави на сите највисоки раководители од Европа тука во нашиот Парламент за значењето на македонската култура, историја, идентитет итн. Затоа сметам дека една држава која што има стратешко партнерство со САД како ниедна друга земја во овој регион, која што е земја членка на НАТО пласирање на тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен во политичка кариера на тој што го кажува, изјави премиерот Ковачевски. Од прес-службата на Стејт департментот вчера порачаа дека заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија. - Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eskobar-na-sredbi-so-kovachevski-i-mitskoski-vashington-ochekuva-da-prodolzhat-evrointegratsiskite-protsesi/feed/ 0
Стефковски оствари средба со Амбасадорот на Италија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-italija/#respond Wed, 21 Jun 2023 10:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=848183

Денес во посета на општина Гази Баба беше Амбасадорот на Италија во Република Македонија Н.Е. Андреа Силвестри при што оствари средба со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. За средбата, градоначалниот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Денес во просториите на општина Гази Баба остварив средба со Амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри. На средбата разговаравме за унапредување на понатамошна соработка во областа на образованието како важен сегмент од општеството. Истовремено пред Амбасадорот го презентиравме индустрискиот потенцијал за привлекување на италијански инвестиции на нашата територија. Изразив подготвеност, општина Гази Баба да воспостави соработка со општини и градови од Италија со цел продолжување на македонско-италијанско пријателство и разменување на искуства. Италија како напредна земја членка на Европската унија може да помогне во справувањето со предизвиците со кои ние секојдневно се соочуваме. - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-italija/feed/ 0
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на средба во Германија со претседателот на фондацијата „Конрад Аденауер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegatsija-na-vmro-dpmne-na-sredba-vo-germanija-so-pretsedatelot-na-fondatsijata-konrad-adenauer/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegatsija-na-vmro-dpmne-na-sredba-vo-germanija-so-pretsedatelot-na-fondatsijata-konrad-adenauer/#respond Tue, 20 Jun 2023 11:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=847805

Срдечна средба со Проф.Ламерт, претседател на фондацијата "Конрад Аденауер", дискусии за Македонија, ЕУ, билатерална соработка со Германија и подготовката на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Поздрав од Берлин! Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegatsija-na-vmro-dpmne-na-sredba-vo-germanija-so-pretsedatelot-na-fondatsijata-konrad-adenauer/feed/ 0
Денеска средба помеѓу Мицкоски-Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-sredba-pomegu-mitskoski-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-sredba-pomegu-mitskoski-kovachevski/#respond Wed, 07 Jun 2023 05:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=843003

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повикува опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ во деновите пред официјалните разговори го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Метро“ лоцирана во индустриската зона Ќојлија. Според владиното соопштение од понеделникот на средбата Ковачевски-Мицкоски ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, исто така во понеделникот соопштија дека ставот на партијата е оти уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор. -Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство, посочија од ВМРО-ДПМНЕ. Како што најави, во меѓувреме Мицкоски се сретна со пратеничката група и коалицијата, кои потоа излегоа со соопштение реафирмирајќи го ставот дека не поддржуваат уставни измени под овие услови. Беа објавени и фотографии со потписи на сите 44 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мицкоски синоќа од трибина во Прилеп упати апел за национално единство и обединување, како што рече, „околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани“. Мицкоски рече дека, не постои она што го велат од владата или уставни измени или изолација, туку единствено мора да има зачувување на идентитетот и фер шанса за влез во Европската Унија. Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вчера истакна дека очекува на средбата Ковачевски - Мицкоски да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада. -Мислам дека само дијалогот е најдоброто решение и пред да започне процедурата во Собрание, логично е да седнат лидерите на најголемите политички партии, да поразговараат. Владата ќе биде конструктивна и секогаш ќе биде конструктивна, вели Маричиќ. Посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки. -Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно, рече Маричиќ. Вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ е дециден доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ. Барајќи го правиот пат, уплатил ли Венко Филипче на сметка на Стабри Интернешенал 12.5 милиони долари на сметка во Дојче банк?! Пратеникот Миле Лефков на прес-конференција повтори дека она што е важно е дека уставни измени под диктат нема да има и треба да се размислува што после пропаста на уставните измени. Предлог-иницијативата за уставни измени е во владина процедура и не се знае кога ќе помине на седница. Откако ќе се случи тоа, иницијативата ќе биде испратена до Собранието со што отпочнува постапката за измена на Уставот. Во рок од 30 дена, предлогот треба да биде ставен на седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери, неодамна изјави дека тие 30 дена за разгледување на иницијативата од страна на пратениците може да се искористат за политички разговори. Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „... бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „... бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-sredba-pomegu-mitskoski-kovachevski/feed/ 0
Нема детали кога точно и во кој формат ќе биде средбата Ковачевски-Мицковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-detali-koga-tochno-i-vo-koj-format-ke-bide-sredbata-kovachevski-mitskovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-detali-koga-tochno-i-vo-koj-format-ke-bide-sredbata-kovachevski-mitskovski/#respond Sat, 03 Jun 2023 07:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=841661

Средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се знае точно кога ќе се одржи, ниту пак во кој формат ќе биде. Ковачевски најави средба со Мицковски и со тимовите од двете страни, а Мицковски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци. Ковачевски во четвртокот најави дека наредните денови ќе се одржи средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе присуствуваат и тимови од двете страни, додека Мицковски вчера изјави дека инсистира на средба само со Ковачевски. Теми на разговор, како што најави Ковачевски, би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицковски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори. - Ќе повикам на лидерска средба, а темите ќе бидат одлуките што треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и темата за односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата, рече Ковачевски во четвртокот во телевизиско гостување. Мицковски, пак, во емисијата „360 степени“ рече дека преферира средба само со Ковачевски. - Моето искуство покажало дека на таков широк формат на средби, не лидерска, туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно после една таква лидерска средба треба да излеземе со некаков заклучок, рече Мицковски. Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии. Вели дека има две опции за кои би требало да се разговара - едната се уставните измени и втората што доколку не успее овој процес. Од СДСМ вчера на прес-конференција порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа пред одлука - дали ќе ја поддржи интеграцијата на државата или изолацијата. -Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција ниту шанса да добиеме подобар договор од овој што го имаме. А видоа граѓаните како изгледа изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава без перспектива, режим, уназадена земјата која не напредува, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак одговорија дека на лидерската средба, доколку ја има, ќе стане јасно дали Ковачевски е, како што велат, полтрон на ДУИ. - На лидерската доколку СДС престане со детските игри и воопшто ја има, ќе стане појасно дали Ковачевски е полтрон на ДУИ или не, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-detali-koga-tochno-i-vo-koj-format-ke-bide-sredbata-kovachevski-mitskovski/feed/ 0
Ковачевски: Средбата со Мицкоски треба да се одржи наредните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sredbata-so-mitskoski-treba-da-se-odrzhi-narednite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sredbata-so-mitskoski-treba-da-se-odrzhi-narednite-denovi/#respond Thu, 01 Jun 2023 18:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=841324

Лидерската средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и нивните тимови ќе се одржи во наредните денови. Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител вечерва ги повтори веќе најавените теми за разговор од негова страна. -Ќе повикам на лидерска средба и тоа темите ќе бидат како што ги кажав одлуките коишто треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година како и тема во однос на односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата, рече Ковачевски. Претходно денеска на прес - конференција по состанокот на Европската политичка заедница во Кишињев Ковачевски изјави дека изборите во државата се дефинираат согласно закон и Устав и оти претседателските избори се во втората половина на март, а парламентарните избори се во втората половина на јуни. -Ние постојано зборуваме за владеење на право, за почитување на закони, за владеење на демократија. Владеење на демократија и почитување на закони е одржување на избори тогаш кога им е време како што прават практично сите европски држави, изјави премиерот. Ковачевски одговараше на новинарско прашање во врска со тоа кога би се одржале следните избори и во врска со донесувањето на уставните измени, имајќи ја предвид изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под овие услови. За најавените разговори со Мицкоски, Ковачевски кажа дека тоа се разговори на кои се разговара за одлуки што треба да се донесат со цел остварување на стратешка цел на државата, бидејќи политичките партии и пратениците во Собранието имаат обврска и одговорност пред граѓаните да носат одлуки кои овозможуваат подобра иднина и подобар животен стандард на сегашните и на идните генерации. -Членството во ЕУ не е цел сама за себе, членството во ЕУ е цел со која што го остваруваме она што го сакаат граѓаните. Јас неколку пати повторувам, ние сме имале поголем животен стандард и од Словачка, и од Полска и од Романија и од Бугарија и од сите земји коишто порано беа дел од Варшавскиот договор. Ние сме имале далеку поголем стандард. Денес тие држави имаат поголем стандард од нашиот. Наши граѓани одат и работат во овие држави. Тоа е единствено затоа што овие држави станаа членки на ЕУ и нивните држави се дел од заедничкиот пазар на ЕУ кој што е најголем и најбогат пазар во светот, потенцира Ковачески. Во однос на тоа дали е оптимист дека процесот ќе биде успешен, премиерот рече дека, и лани кажал оти е рационален оптимист и оти работицелта да станеме членка на ЕУ да се оствари. На прашањето што ако не се случат уставните измени, Ковачевски вели дека „ќе го имаме истото она што го имавме од 2006 до 2016 година“. -Наместо интеграција ќе имаме изолација, а видовме како изгледа изолација. Без инфраструктура, заробена држава, слобода на медиуми бевме 130 место, сега сме 38 во светот, владеење на право, окарактеризирани како хибриден режим, денес медиумите за една година 19 места скок, рече премиерот Ковачевски. Обраќајќи се кон новинарите, рече дека на медиумите сега никој не им кажува што да прашаат, ниту како ќе им изгледаат вестите. -Ниту некој ви се јавил од мојот Кабинет какво прашање да ми поставите, слободно медиумите да ја уредуваат својата политика така како што треба. Истото се однесува и во другите делови од власта, рече Ковачевски. Се наврати на изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој, како што рече премиерот, „упати порака до институции што се корисници на холандска помош што не се во надлежност на Владата и кои што треба да дадат на транспарентен начин отчетност за што ги користат средствата, на кој начин ги користат, дали ги унапредиле процесите за коишто биле наменети тие средства“. -Ако ги унапредиле тоа ќе биде поздравено, ако не ги унапредиле ќе треба да се поправат. Меѓутоа на тој начин секоја институција треба да биде одговорна во делот на надлежностите што треба да ги имаат. Тоа е интенцијата на градењето на демократско и на праведно општество во која било држава и затоа јас велам дека, пак, сум рационален оптимист, односно верувам во остварување на целта и работам да се оствари целта затоа што на Северна Македонија и е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација самата со себе, рече Ковачевски кој денеска учествуваше на состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sredbata-so-mitskoski-treba-da-se-odrzhi-narednite-denovi/feed/ 0
Ковачевски на средба со лидерите од владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-sredba-so-liderite-od-vladinata-koalitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-sredba-so-liderite-od-vladinata-koalitsija/#respond Fri, 19 May 2023 05:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=836104

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе одржи редовна средба со лидерите од владината коалиција на која ќе ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат. Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат. ЦО на седницата донел заклучок дека како одговорна и државотворна партија се што е до СДСМ ќе биде направено за да продолжи напредокот кон ЕУ и го задолжил Ковачевски да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори, за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, информираше портпаролката Богданка Кузеска, потенцирајќи дека членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именуван носители на јавни функции од СДСМ, се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот. Ковачевски во обраќање Централен одбор порача дека од национален, регионален и глобален контекст е значајно продолжувањето на европскиот пат на земјата и ги потенцираше ризиците за иднината на земјата доколку не продолжат евро-интеграциите. -Можеби ВМРО ДПМНЕ ќе соберат капацитет за да можат да го согледаат сето ова како целина. Иако, до денес како дел од анти европскиот блок предводен од проруската Левица и со константно блокирање, јасно е како е позиционирана оваа партија. Но од друга страна, јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како Мицкоски и кои искрено, од срце сакаат земјава да го продолжи патот кон ЕУ. Сакаат да бидат дел од проевропскиот блок. И тие поединци мислам дека многу брзо ќе го остават Мицковски на последната станица и ќе продолжат на возот кон Европа. СДСМ е предводник на овој европски концепт за европска иднина. И тоа така ќе биде. Или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови. Во секој случај, возот е тргнат и враќање назад нема. Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел - полноправно членство во ЕУ, рече Ковачевски. Средбата на Ковачевски со партнерите од владејачката коалиција ќе се одржи во Клубот на пратеници, а по нејзиното завршување се предвидени изјави за медиуми, најави владината служба за информирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-sredba-so-liderite-od-vladinata-koalitsija/feed/ 0