средни училишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 15:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средни училишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во штипските средни училишта во прва година запишани 440 ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskite-sredni-uchilishta-vo-prva-godina-zapishani-440-uchenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskite-sredni-uchilishta-vo-prva-godina-zapishani-440-uchenitsi/#respond Tue, 04 Jul 2023 15:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=852606

Во штипските средни училишта во првите две пријавувања се запишале околу 440 ученици во прва година. Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип, информира дека најмногу запишани ученици има во регионалниот електро-машински училишен центар СОУ „Коле Нехтенин“, околу 180, потоа следи средното медицинско училиште „Јане Сандански“ со околу 170 ученици, Гимназијата „Славчо Стојменски“ со 93 ученика. Во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ запишани се околу 20 ученика. -Тоа е онаа бројка што беше очекувана и може да кажеме дека во две средни училишта веќе е завршен уписот и тоа во две паралелки. Во СОУ „Коле Нехтенин“ тоа е за профилот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, каде е пополнет бројот, и во СОУ „Јане Сандански“ во насоката Медицинска сестра, вели Санева. За разлика од минатата година, годинава учениците не се соочија со проблеми во уписите, бидејќи свидетелствата ги добија навреме. Министерството за образование и науки ги достави, а процесот на доделување на свидетелствата е завршен во сите штипски основни и средни училишта. -Во врска со бројката можеме да кажеме дека годинава околу 5.500 ученика зеле свидетелства на ниво на општина, од кои 3.500 се во основни општински училишта, а 1.950 во средните училишта. Наредната година учениците ја дочекуваат подготвени со комплетирано образование од претходната година за да се запишат во прва година или да го продолжат образованието, додава Санева. Инаку, интересот за гимназии има тенденција на опаѓање на ниво на цела држава, па бројот на запишани во стручно образование е двапати повеќе од оние во гимназиско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskite-sredni-uchilishta-vo-prva-godina-zapishani-440-uchenitsi/feed/ 0
Од утре онлајн-аплицирање за упис во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-onlajn-aplitsirane-za-upis-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-onlajn-aplitsirane-za-upis-vo-srednite-uchilishta/#respond Fri, 09 Jun 2023 13:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=844073

За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање. -Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk Упатството за логирање / најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање / најава, соопштува МОН. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од утре, 10 јуни 2023, во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21 јуни 2023 гнајдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици. Во периодот додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 на интернет- страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-onlajn-aplitsirane-za-upis-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednite-uchilishta-so-zdravstveni-struki-nema-da-zapishuvaat-uchenitsi-vonredno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednite-uchilishta-so-zdravstveni-struki-nema-da-zapishuvaat-uchenitsi-vonredno/#respond Wed, 22 Mar 2023 08:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=814822

Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување. Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка. Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство. МОН не ја прецизира причината за оваа одлука, но посочува дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси. -МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот, велат од МОН за МИА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednite-uchilishta-so-zdravstveni-struki-nema-da-zapishuvaat-uchenitsi-vonredno/feed/ 0
МВР утврди: И денешните пријави за поставени бомби се лажни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-utvrdi-i-deneshnite-prijavi-za-postaveni-bombi-se-lazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-utvrdi-i-deneshnite-prijavi-za-postaveni-bombi-se-lazni/#respond Wed, 16 Nov 2022 11:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=761631

Лажни биле и денешните пријави за поставени бомби во средни училишта во Скопје. Од МВР информираат дека се направени сите потребни проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР. Како што претходно потврдија од МВР, денеска закана за поставена експлозивна направа добиле седум училишта на територија на Скопје преку порака на електронската адреса.
Инаку ова е осма дојава за бомби, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-utvrdi-i-deneshnite-prijavi-za-postaveni-bombi-se-lazni/feed/ 0
ПОВТОРНО ВО СЕДУМ СКОПСКИ УЧИЛИШТА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ – еве како била испратена застрашувачката порака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-vo-sedum-skopski-uchilishta-dojavi-za-bombi-eve-kako-bila-ispratena-zastrashuvachkata-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-vo-sedum-skopski-uchilishta-dojavi-za-bombi-eve-kako-bila-ispratena-zastrashuvachkata-poraka/#respond Wed, 16 Nov 2022 09:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=761511

Откако претходно КУРИР дозна дека во гимназијата „Јосип Броз Тито“ имало дојава за бомба, од МВР за нашиот медиум потврдија дека не станува збор само за дојава во едно училиште на територијата на град Скопје. Од Министерството за внатрешни работи велат дека: „Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. Инаку утрово само што започнала наставата во средното училиште „Јосип Броз Тито“ повторно имало дојава за бомба. По оваа информација, учениците веднаш се евакуирани и пуштени надвор од училиштето. Ова е осма дојава за бомба, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-vo-sedum-skopski-uchilishta-dojavi-za-bombi-eve-kako-bila-ispratena-zastrashuvachkata-poraka/feed/ 0
ФОТО: ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ЧЕТИРИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА – во „Јосип Броз Тито“ учениците евакуирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povtorno-dojavi-za-bombi-vo-chetiri-sredni-uchilishta-vo-josip-broz-tito-uchenicite-evakuirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povtorno-dojavi-za-bombi-vo-chetiri-sredni-uchilishta-vo-josip-broz-tito-uchenicite-evakuirani/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=758979

Утрово повторно дојави за бомби има во четири средни училишта во градот Скопје. Во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во овие моменти се врши евакуација на децата, а полицијата е на терен. Ова не е прв ваков случај, а во изминатите неколку недели постојано средните училишта во градот Скопје се на удар на хакерски напади од страна непознати лица по кои полицијата се уште трага. Наскоро повеќе детали...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povtorno-dojavi-za-bombi-vo-chetiri-sredni-uchilishta-vo-josip-broz-tito-uchenicite-evakuirani/feed/ 0
МОН им порача на средните училишта да си најдат начин за надоместување на пропуштените часови поради лажните дојави за бомби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-im-poracha-na-srednite-uchilishta-da-si-najdat-nachin-za-nadomestuvanje-na-propushtenite-chasovi-poradi-laznite-dojavi-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-im-poracha-na-srednite-uchilishta-da-si-najdat-nachin-za-nadomestuvanje-na-propushtenite-chasovi-poradi-laznite-dojavi-za-bombi/#respond Thu, 10 Nov 2022 15:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=758706

Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови, велат од Министерството за образование и наука. Според МОН, местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа, додаваат од Министерството, во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано се работи на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти. – Осудуваме секаков обид за наштетување на воспитно-образовниот процес на учениците. Создавањето страв и паника кај младите и одвлекување на вниманието од секојдневни училишни обврски, подразбира и наштетување на иднината на државата. Се надеваме дека оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје час поскоро ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, се вели во денешното соопштение од МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-im-poracha-na-srednite-uchilishta-da-si-najdat-nachin-za-nadomestuvanje-na-propushtenite-chasovi-poradi-laznite-dojavi-za-bombi/feed/ 0
Македонија ќе стане земја на стравот: Неспособни да фатат еден пријавувач на бомби, наместо ученици пред училиштата имаме специјалци (АНАЛИЗА) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-stane-zemja-na-stravot-nesposobni-da-fatat-eden-prijavuvach-na-bombi-namesto-uchenici-pred-uchilishtata-imame-specijalci-analiza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-stane-zemja-na-stravot-nesposobni-da-fatat-eden-prijavuvach-na-bombi-namesto-uchenici-pred-uchilishtata-imame-specijalci-analiza/#respond Wed, 09 Nov 2022 11:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=757866

Започна во Србија се префрли и во Македонија. Трендот со пријавите за лажни бомби по училиштата не престанува веќе неколку месеци. Наместо ученици, пред скопските средни училишта гледаме специјалци наоружани до заби, единици на антитероризам, полициски кучиња, ротациони светла, надлетуваат полициски хелокоптери.... Учениците веќе се преплашени од овие глетки, небаре живееме во Палестина, па ова секојдневие да ни е нормална работа. Македонија се стреми да стане членка на ЕУ, а од неодамна е и 30-та земја членка на НАТО, најмоќната воена алијанса во светот. Алијанса во која членува и најмоќната земја во светот САД, членува Велика Британија, Франција, Германија... земји кои се моќни, земји кои располагаат со најнова технологија, па затоа ваквите дојави за бомби во овие земји ретко и се случуваат. За триесет години независност, Македонија не успеа да фати чекор со модернизирање на институциите, па така додека ние ги фатиме дојавувачите на бомби може да поминат и неколку години. Секторот за сајбер криминал во МВР има квалитетни кадри школувани во странски држави, Јапонија, Израел, САД... но опремата со која работат по се изгледа е застарен модел па тешко им се влегува на криминалците во траг. Е сега, се поставува едно прашање, дали навистина ваквите дојави за бомби се праќаат од трети лица или самата држава го прави ова?! Но, да претпоставиме дека тоа го прават трети лица, а пред неколку дена едно беше уапсено (по грешка) па пуштено на слобода. Во ситуацијава, МВР не може да ги открие овие лица, а нели сме земја членка на НАТО?! НАТО сојуизниците треба да си помагаат! Зошто до сега не е побарано помош од некоја од овие земји членки или земји блиски со НАТО алијансата, како што е Израел? Оваа држава ја има една од најдобрите и најопременита разузнавачка агенција во светот! Израел, САД, Германија и Франција важат за земји кои имаат најсилни разузнавачки служби, па доколку побараме помош од нив тие не би нè одбиле и би ни помогнале, а доколку постојат трети лица во ситуацијава, истите ќе бидат фатени, бидејќи ваквите дојави се серизна закана за една држава, а доколку продолжат и во наредниот период се заканува тотална безбедносна дестабилизација на Македонија. Дестабилизација на државата значи одвраќање на инвеститорите, бидејќи никој не сака да инвестира во земја која во секој момент може да експлодира некоја бомба, да загинат многу луѓе... Што покажуваме со ваквата неспособност? За жал, да, ова е класичен пример за неспособна држава. МВР потфрли, а министерот Спасовски по интервјуа кажува дека тие имале траг. Пред неколку дена уапсија едно дете, го апсеа 40 полицајци, небаре мислиш е терорист од највисок ранк, за кое се испостави дека нема никаква врска со овој случај. Одземени му беа сите лични предмети, комјутер, телефон... и да дедени на вештачење, а денес повторно добивме нова пријава. Четири скопски гимназии денес добија пријави за наводно поставени бомби и повторно прекинаа со работа, училиштата беа испразнети, а специјалците се на терен, се проверува секое ќоше, најверојатно повторно оваа пријава ќе биде лажна, но по закон мора да се спроведе процедурата, бидејќи во спротивно доколку се случи да истата биде вистинита, не сакаме да претпоставиме каква би била штетата! Свесни сме дека сме мала држава, свесни сме дека нашите ресурси се ограничени, но на ова мора да му се стави крај, затоа МВР мора да си признае дека не може да се справи со оваа ситуација и да побара помош од нашите пријателски земји кои сигурно ќе ни помогнат. Што доколку продолжи оваа ситуација? Доколку продолжи оваа ситуација Македонија небезбедна земја, ќе нè одбегнуваат странски инвеститори, туристи, оние средношколци кои сега се евакуираат од полицијата образованието ќе го продолжат во други држави, граѓаните ќе се плашат за својот живот. Со една реченица - Македонија ќе стане земја на стравот! А самото тоа води кон колапс и бездна од која тешко се излага. Што доколку се случи посериозна ситуација? Замислете да ни се случи ново „Диво насеље“, но овој пат во некое средно училиште. Само замислете. 40-тина терористи да влезат во некое средно училиште во Скопје полно со ученици, во тоа училиште има најмалку 500 ученици во смена. Што правиме тогаш?! Да употребиме малку цинизам, најверојатно владава тогаш ќе распише предвремени избори за некоја друга влада да ја решава таа ситуација, но овде ѓаволот ја однел шегата. Не треба да се доведеме до ситуација да станеме земјата на стравот, земја која сите ќе ја заобиколуваат, не смееме да станеме земјата на хаосот и нередот, бидејќи така ќе им го отвориме патот на другите да нè газат и понижуваат на сите полиња. Земја која не може да се справи со лажни дојави за бомби треба да се замисли каде згрешила, ако за тоа е способна!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-stane-zemja-na-stravot-nesposobni-da-fatat-eden-prijavuvach-na-bombi-namesto-uchenici-pred-uchilishtata-imame-specijalci-analiza/feed/ 0
Нови дојави за бомби: Трет ден по ред се евакуираат средношколците во училиштата во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-dojavi-za-bombi-tret-den-po-red-se-evakuiraat-srednoshkolcite-vo-uchilishtata-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-dojavi-za-bombi-tret-den-po-red-se-evakuiraat-srednoshkolcite-vo-uchilishtata-vo-skopje/#respond Fri, 28 Oct 2022 13:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=751950

По два дена закани за бомби во средните училишта во градот Скопје, кои ја вознемирија јавноста, и денеска информации за нови евакуации. Според информациите биле евакуирани средношколците од гимназијата „Никола Карев“. На ова претходат два дена дојави за поставени бомби низ девет скопски средни училишта, за кои беше утврдено дека се лажни.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-dojavi-za-bombi-tret-den-po-red-se-evakuiraat-srednoshkolcite-vo-uchilishtata-vo-skopje/feed/ 0
Сите девет пријави биле ЛАЖНИ: Немало експлозивни направи во скопските училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-devet-prijavi-bile-lazni-nemalo-eksplozivni-napravi-vo-skopskite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-devet-prijavi-bile-lazni-nemalo-eksplozivni-napravi-vo-skopskite-uchilishta/#respond Thu, 27 Oct 2022 17:02:19 +0000 https://kurir.mk/?p=751448

Лажни се пријавите во деветте училишта во Скопје за поставена експлозивна направа, информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи. -Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението од МВР. Пријави за поставена бомба денеска добија девет скопски училишта, а дојава за поставена бомба имаше и вчера во осум скопски средни училишта. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-devet-prijavi-bile-lazni-nemalo-eksplozivni-napravi-vo-skopskite-uchilishta/feed/ 0