средно училиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 18:47:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средно училиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малолетник украл лаптоп компјутери од средно училиште во општина Гази Баба, па ги продал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-ukral-laptop-kompjuteri-od-sredno-uchilishte-vo-opshtina-gazi-baba-pa-gi-prodal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-ukral-laptop-kompjuteri-od-sredno-uchilishte-vo-opshtina-gazi-baba-pa-gi-prodal/#respond Fri, 03 Mar 2023 16:23:32 +0000 https://kurir.mk/?p=807743

На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери. Имено, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник - ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот. Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-ukral-laptop-kompjuteri-od-sredno-uchilishte-vo-opshtina-gazi-baba-pa-gi-prodal/feed/ 0
Пукање за време на средношколски натпревар во САД: Тројца повредени, две лица се уапсени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-za-vreme-na-srednoshkolski-natprevar-vo-sad-trojca-povredeni-dve-lica-se-uapseni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-za-vreme-na-srednoshkolski-natprevar-vo-sad-trojca-povredeni-dve-lica-se-uapseni/#respond Sat, 08 Oct 2022 14:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=742873

Три лица биле застрелани за време на средношколски фудбалски натпревар во петокот во Толедо, Охајо, а нивната состојба не е опасна по живот, соопшти полициската управа во Толедо. Двајца возрасни и еден ученик биле застрелани и пренесени во локална болница. Натпреварот се играл во средното училиште Витмер, а пукањето се случило на улицата веднаш до стадионот. По пукањето на стадионот настанало стампедо, а играта била прекината. Полицијата уапси две лица за кои велат дека се поврзани со пукањето. - Длабоко сме тажни што забавното ривалство вечерва беше прекинато со акт на насилство на улица за време на натпреварот. Она што го знаеме во овој момент е ограничено и нема да шпекулираме додека не се дознаат дополнителни детали. Ваков настан во секое училиште е најлош кошмар, рече утринава директорката на локалното училиште, Кади Анштад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-za-vreme-na-srednoshkolski-natprevar-vo-sad-trojca-povredeni-dve-lica-se-uapseni/feed/ 0
Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-godinava-prvpat-so-elektronsko-apliciranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-godinava-prvpat-so-elektronsko-apliciranje/#respond Mon, 06 Jun 2022 14:07:00 +0000 https://kurir.mk/?p=687340

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека електронско аплицирање нема да им одземе повеќе од 5 до 10 минути. – Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука. Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта. Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за IX одделение, ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение задолжително ќе го приложат до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16 и 17 јуни. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-godinava-prvpat-so-elektronsko-apliciranje/feed/ 0
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште Арсени Јовков во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-prvata-pravna-klinika-vo-srednoto-uchilishte-arseni-jovkov-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-prvata-pravna-klinika-vo-srednoto-uchilishte-arseni-jovkov-vo-skopje/#respond Wed, 01 Jun 2022 16:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=685164

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска присуствуваше на отворањето на Правната клиника во средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“. Правната клиника во рамките на училиштето СЕПУГС „Арсени Јовков“ има за цел подготовка и реализација на практична настава за учениците во училиштето, а истата на учениците ќе им понуди стручно усовршување, со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд. - Овој концепт е замислен како создавање на професионално место за учениците, идни млади правници, судии, адвокати, каде ќе можат да го надградат своето образование, во насока на спојување на теоретската настава со практично искуство. Ќе бидат креирани посебни наставни програми за обука со примена на симулации и други методи на интерактивна работа – кажа во своето обраќање градоначалничката Арсовска. Арсовска додаде дека за првпат се отвора ваква правна клиника во средните училишта и посака да биде позитивен пример за преостанатите училишта, бидејќи така се овозможува спроведување на современа и квалитетна настава која на учениците ќе им овозможи креативно, интелектуално и позитивно оформување и надградување. Правната клиника претставува интерактивен метод на едукација на учениците, креативна можност за усовршување на правните вештини и практицирање на правото, каде што учениците учат преку работа на реални случаи. Ваквите клиники за првпат се појавуваат во 60-те години од минатиот век во правните факултети низ светот и истите имаат дадено одлични резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-prvata-pravna-klinika-vo-srednoto-uchilishte-arseni-jovkov-vo-skopje/feed/ 0
ТЕТОВО: Приведени две малолетници во двор на средно училиште – еве што пронашла кај нив полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovo-privedeni-dve-maloletnici-vo-dvor-na-sredno-uchilishte-eve-shto-pronashla-kaj-niv-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovo-privedeni-dve-maloletnici-vo-dvor-na-sredno-uchilishte-eve-shto-pronashla-kaj-niv-policijata/#respond Thu, 17 Mar 2022 11:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=648811

На 16.03.2022 околу 18.45 часот во двор на тетовско средно училиште, полициски службеници на СВР Тетово, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село – ученици во училиштето затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovo-privedeni-dve-maloletnici-vo-dvor-na-sredno-uchilishte-eve-shto-pronashla-kaj-niv-policijata/feed/ 0
И средношколците наскоро без маски во училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-srednoshkolcite-naskoro-bez-maski-vo-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-srednoshkolcite-naskoro-bez-maski-vo-uchilishte/#respond Thu, 17 Mar 2022 08:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=648527

Комисијата за заразни болести вчера предложи учениците од основните училишта да бидат ослободени од задолжителното носење заштитни маски. Обврската за носење маска во училиштата останува на наставниците, професорите и техничкиот персонал. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски вчера напомена дека на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата, доколку сметаат дека треба да ги носат. Членот на Комисијата за заразни болести доктор Нико Беќаровски во една објава на Фејсбук откри дека наскоро истата мерка се планира и за учениците од средните училишта. -За две недели ќе бидат ослободени и средношколците. Основците се ослободени порано бидејќи скоро сите учат во местото на живеење и не се врзани со јавен автобуски превоз, каде се уште е задолжително носење на маски, објасни доктор Беќаровски на Фејсбук. Покрај мерката за основците, вчера Комисијата предложи капацитетот на исполнетост на затворени објекти – опери, театри, кина да се зголеми од 50 на 75 проценти. Третата мерка која се предлага е укинување на сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти. Овие предлог мерки Комисијата ќе ги препорача на Главниот кризен штаб, а потоа на усвојување од Владата. Како што појаснија вчера од Комисијата, ваквите мерки се резултат на намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата. Сепак, посочија, олабавувањето на мерките ќе се одвива внимателно и во зависност од епидемиолошката состојба во земјата која во моментов е во зелената зона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-srednoshkolcite-naskoro-bez-maski-vo-uchilishte/feed/ 0
Кандидати за обука и полагање за директори во основни и средни училишта со отворено писмо до директорката на ДИЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/#respond Sat, 19 Feb 2022 11:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=633491

Кандидатите за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште испратија отворено писмо до директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:
„Почитувана директорке, Ви пишуваме од име на група на кандидати кои веќе неколку месеци се имаме пријавено за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште. Имено, согласно посочениот Закон сме пријавени регуларно и ги имаме уплатено потребните средства за реализација на обука и спроведување на испити. Изненадени сме од самоволието и непочитување на позитивните законски прописи иако согласно член 5 од Законот ги исполнуваме условите за спроведување на основна обука и согласно член 8, став 1, цитираме: „Реализацијата на обуката според Програмата, за пријавени кандидати започнува по формирањето на група од десет кандидати, приајвени за обука согласно член 7 од овој закон.“ (Се мисли на Закон за обука и испит за директори на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански Универзитет за доживотно учење). До овој момент според наши сознанија има формирано повеќе од 5 (пет) групи и сите кандидати ги исполнуваат пропишаните услови и веќе ги имаат уплатено потребните средства. Зачудува фактот, што и покрај се’ вие одлучувате да работите спротивно на позитивните законски прописи и да водите самоволие во институција којашто е од клучно значење за образовниот процес во нашата држава. Нашите сознанија ги потврдува и тоа што на веб страницата на ДИЦ во делот на АРХИВА (https://dic.edu.mk/blog/) за периодот од 2019, 2020 и 2021 година никаде немате поставено информација за реализација на обуки за директори на основните и средни училишта. Дополнително на ова ниту пак индивидуално сме добиле повратна информација на поставени прашања во врска со термини за започнување на обуката. Ви укажеме дека ваквото Ваше самоволие и непочитување на законите е на штета пред се’ на децата, а и на штета на целиот образовен процес. Оттука, Ве повикуваме веднаш да почнете да ги почитувате законите и веднаш да започне процесот на обуки за директори. Во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме други мерки, да ги известиме надлежните институции за грубото кршење на законите и да ги известиме претставниците на меѓународната заедница. Со почит, Кандидати за обука и полагање на испит“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/feed/ 0
Детали за професорот кој со метален предмет претепа ученик: Бил проблематичен и претходно, денеска пред инцидентот требало да биде суспендиран https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detali-za-profesorot-koj-so-metalen-predmet-pretepa-uchenik-bil-problematichen-i-prethodno-deneska-pred-incidentot-trebalo-da-bide-suspendiran/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detali-za-profesorot-koj-so-metalen-predmet-pretepa-uchenik-bil-problematichen-i-prethodno-deneska-pred-incidentot-trebalo-da-bide-suspendiran/#respond Thu, 23 Dec 2021 16:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=612218

Професорот, што денеска напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи. Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање. – Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница, изјави Јунози. Професорот привремено е суспендиран, а како што нагласи директорката, институциите ќе одлучат за негово враќање на работното место. Инцидентот се случил денеска околу 13 часот и 30 минути, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија, каде било сошиено, а професорот е приведен во полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/detali-za-profesorot-koj-so-metalen-predmet-pretepa-uchenik-bil-problematichen-i-prethodno-deneska-pred-incidentot-trebalo-da-bide-suspendiran/feed/ 0
Драма во средно училиште во Струга: Професор со метален предмет претепал ученик, детето завршило во болница на шиење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-sredno-uchilishte-vo-struga-profesor-so-metalen-predmet-pretepal-uchenik-deteto-zavrshilo-vo-bolnica-na-shienje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-sredno-uchilishte-vo-struga-profesor-so-metalen-predmet-pretepal-uchenik-deteto-zavrshilo-vo-bolnica-na-shienje/#respond Thu, 23 Dec 2021 14:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=612187

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани. – Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани за МИА. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец. – Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-sredno-uchilishte-vo-struga-profesor-so-metalen-predmet-pretepal-uchenik-deteto-zavrshilo-vo-bolnica-na-shienje/feed/ 0
Пукање во средно училиште во Вирџинија: Две лица се повредени, напаѓачи и во други училишта во близина? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-vo-sredno-uchilishte-vo-virdzinija-dve-lica-se-povredeni-napagjachi-i-vo-drugi-uchilishta-vo-blizina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-vo-sredno-uchilishte-vo-virdzinija-dve-lica-se-povredeni-napagjachi-i-vo-drugi-uchilishta-vo-blizina/#respond Mon, 20 Sep 2021 17:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=566039

Пукање се случило во средно училиште во градот Њупорт њуз во сојузната американска држава Вирџинија, а евакуацијата на учениците е во тек, објави полицијата. Според првите информации, две лица се пренесени во болница и наводно нивните повреди не се опасни по живот. Според локалната полиција, информациите за пукањето во други училишта се лажни. Во соопштението од полицијата на Њупорт њуз се наведува дека полицајците излегле на местото на настанот и дека истрагата е во тек, пренесува АП. Во тек е евакуација на учениците од гимназијата Херитиџ, и тие се префрлени на тениските терени, каде што ќе можат да се сретнат со своите родители, наведе полицијата. Според локалните медиуми, засега нема детали за повредените, но и за тоа дали напаѓачот или повеќе од нив се фатени, бидејќи истрагата е во тек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-vo-sredno-uchilishte-vo-virdzinija-dve-lica-se-povredeni-napagjachi-i-vo-drugi-uchilishta-vo-blizina/feed/ 0