средношколци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 08:00:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средношколци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иницијативата за сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз пред Уставен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/initsijativata-za-site-srednoshkoltsi-da-imaat-besplaten-javen-prevoz-pred-ustaven-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/initsijativata-za-site-srednoshkoltsi-da-imaat-besplaten-javen-prevoz-pred-ustaven-sud/#respond Tue, 03 Oct 2023 08:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=884504

Иницијативата за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование, поточно член 41-а  е на дневен ред на денешната 35. седница на Уставниот суд. Подносителот на иницијативата Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови. Дополнително оспорен е и членот со кој се овозможува бесплатен јавен превоз само на учениците чиешто живеалиште е оддалечено од училиштето над 2,5 километри. Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по иницијативите со кои се оспорени член 24 став 1 од Законот за измена и дополнување на Законот за здолжително капитално финансирано пензиско осигурување во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење”, член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, Одлуката со која се утврдува нивото на гравитирање на јавните паркиралишта, катни гаражи и јавни површини наменети за паркирање на привилигирани категории корисници, јуни 2022 година од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг-Скопје, Одлуката за дополнување на одлуката со архивски број 02/134/6 од 28 февруари 2020 година донесена од Управниот одбор на 2 јуни 2022 година, Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016, како и Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/initsijativata-za-site-srednoshkoltsi-da-imaat-besplaten-javen-prevoz-pred-ustaven-sud/feed/ 0
За над 200.000 основци и средношколци почна учебната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nad-200-000-osnovtsi-i-srednoshkoltsi-pochna-uchebnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nad-200-000-osnovtsi-i-srednoshkoltsi-pochna-uchebnata-godina/#respond Fri, 01 Sep 2023 05:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=873227

За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето. - Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, кажа вчера Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nad-200-000-osnovtsi-i-srednoshkoltsi-pochna-uchebnata-godina/feed/ 0
Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/#respond Fri, 09 Jun 2023 05:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=843825

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни. Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари. Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика или Филозофија. Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15 620 матуранти го полагаа на 27 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraj-na-uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-maturantite-utre-ke-polagaat-vtor-eksteren-ispit/feed/ 0
Средношколци од Кочани 15-ти на Светското првенство по роботика во Мароко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/#respond Wed, 24 May 2023 11:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=838196

Тимот „МакБот Пионери“ од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани, кој беше македонски претставник на Светското првенство по роботика, во исклучително силна конкуренција го освои 15. место. На првенството од First Lego лигата, што се одржа во градот Маракеш во Мароко, учествуваа вкупно 66 тимови од 54 држави во светот, а нашите претставници во севкупна конкуренција беа меѓу најуспешните. - Горди сме со нашиот пласман, особено што во конкуренција ни беа многу силни тимови од Бразил, Јапонија, Германија, Франција. Станува збор за земји кои вложуваат големи финансиски средства за опрема и обука на натпреварувачите, но ние докажавме дека и покрај скромните услови можеме да се носиме со зададените задачи и предизвици во роботиката и да постигнеме добар успех. Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминатите денови во дружењето со тимовите од целиот свет, од различни култури, стекнавме нови пријателства и знаења. Благодарни сме што Општина Кочани и повеќе наши сограѓани и компании ни помогнаа да го доживееме натпреварувачкиот дух и достојно да го претставиме училиштето, градот и нашата земја и култура, истакна Спирко Златков, директор на СОУ „Гошо Викентиев“. Темата на годинашното Светското првенство по роботика беше „Супер моќни“, а сите учесници се натпреваруваа во изработка на проект, претставување на проектот, дизајн на робот и роботска игра. Тимот „МакБот Пионери“ во сите четири дисциплини покажал одлични познавања, за што добил писмено признание од организаторот. Учениците од Кочани беа севкупни победници на Државниот натпревар по роботика што минатиот месец се одржа во Штип, а го организираа Академијата за роботика и иновации и Универзитетот „Гоце Делчев“. Со тоа се стекнаа со право да ја претставуваат државата на меѓународниот натпревар во Мароко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/feed/ 0
Едни најавуваат протест, другите на средба со министерот: Средношколците имаат исти барања, а различен пристап кон решавањето на проблемите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-najavuvaat-protest-drugite-na-sredba-so-ministerot-srednoshkoltsite-imaat-isti-barana-a-razlichen-pristap-kon-reshavaneto-na-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-najavuvaat-protest-drugite-na-sredba-so-ministerot-srednoshkoltsite-imaat-isti-barana-a-razlichen-pristap-kon-reshavaneto-na-problemite/#respond Mon, 27 Mar 2023 08:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=816821

Претставници на Средношколскиот сојуз предводени од претседателот Лука Павиќевиќ денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири за да разговараат за барањата кои Генералното собрание на Сојузот ги усвои пред десет дена. Павиќевиќ за МИА изјави дека им е потврдена средбата што ја побарале со министерот Шаќири и дека нивните четири барања во однос на полагањето државна матура ги доставиле во МОН. -Се договоривме за денеска, понделник, во 13.30 часот, да имаме средба за нашите барања, рече Павиќевиќ. Барањата на Сојузот се промена на соодносот на коефициенти за екстерните испити при упис, соодветни испити при упис, поместување на денот за првиот екстерен испит и материјалите за интерните испити и банките со прашања наставниците да ги споделат најдоцна четири недели пред денот на испитот. Сојузот предлага да се промени соодносот, т.е. екстерните да носат 20 поени, интерните 16 поени и проектната задача да носи 4 поени. Во однос на второто барање, Сојузот бара Владата да им препорача на сите универзитети во земјава првиот екстерен предмет - Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да го сметаат за соодветен, со што ќе се зголеми неговиот придонес во поените за државната матура. Бара и доколку е можно да се помести првиот екстерен испит од 27 мај на 3 јуни и четвртото барање е наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот, бројот на прашања во банките да биде три пати поголем од бројот на прашања на испитот. Сојузот на средношколци не се согласува со барањето на дел од матурантите што ги претставува ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколци и студенти) - организатор на протестот пред МОН на 17 март, кои бараат да се намали обемот на материјалот за полагање на државната матура или, како алтернатива, да се намали бројот на интерни испити. Во однос на нивното барање, министерот Шаќири деновиве изјавуваше дека конечен одговор ќе даде во текот на оваа недела откако ќе има средба со директорката на Државниот испитен центар дали е можно нешто да се промени во однос на полагањето на завршниот испит. Притоа нагласи дека може да се прифати некоја промена само доколку дозволува законот. Претставници на ОДАС денеска нема да бидат на средбата во МОН, а претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека немаат информација дека средношколци ќе имаат средба со министерот. Во однос на нивните барања и протестот на 17 март по кој имаа средба во МОН, рече дека немаат нови известувања од надлежното министерство. -После тоа не. Само сме известени дека ќе се одржат средби со средношколци и дека е планирано да бидеме вклучени во нив. Но, денеска средба не одржуваме ние, рече Угриновска. Додаде дека очекуваат за нивните барања да имаат што побргу одговор, затоа што, рече, времето до испитите е кратко и треба да се подготвуваат за матурата. -Доколку се создаде револт кон неисполнување на барањата, во тој случај повторно би требало да направиме консултација со средношколците. По предупредувачкиот протест, овојпат средношколците би имале многу поголеми мотиви да се побунат ако не им биде одговорено на барањата, рече претседателката на ОДАС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-najavuvaat-protest-drugite-na-sredba-so-ministerot-srednoshkoltsite-imaat-isti-barana-a-razlichen-pristap-kon-reshavaneto-na-problemite/feed/ 0
Средношколците и студентите денеска на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsite-i-studentite-deneska-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsite-i-studentite-deneska-na-protest/#respond Fri, 17 Mar 2023 06:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=812954

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска пред Министерството за образование и наука организира предупредувачки протест за да го актуализира нивното барање за олеснување на полагањето државна матура. На протестот ќе се придружи и движењето „Студентски отпор“ од каде што соопштија дека ќе го искажат нивниот револт зашто институциите, како што велат, немаат слух за повеќемесечните барања на студентите. ОДАС соопшти дека целта на протестот е да се истакне значењето на нивните ставови во врска со државната матура и да се забрза носењето соодветно решение. Тие од Владата и Собранието побараа годинашната генерација матуранти да имаат скратен обем на материјал за завршниот испит или да се намали бројот на интерни испити. Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека оваа генерација матуранти се најоштетени и дека немале непрекинато една целосна учебна година во нивното четиригодишно средно образование. -Бараме намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден интернет предмет. Тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години - бевме зафатени со корона-кризата и имавме година и пол онлајн-настава и дојавите за бомби. Во меѓувреме имаше и други фактори, рече Угриновска, која нагласи и дека нивниот проблем бара брзо решение зашто полагањето на државната матура почнува на 27 мај. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вторникот изјави дека за ова барање ќе треба да се разгледа дали и што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура. Најави дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација. Шаќири истакна дека за него е важно тоа што од државната матура зависат многу други процеси односно запишување на учениците што завршуваат средно образование во високообразовни установи во државава и во други земји. Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, како што пред три дена изјави неговиот претседател Лука Павиќевиќ, за една до две недели ќе има состанок на Генералното собрание за да се произнесе по прашањето околу полагањето на државната матура. -Нашите младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од нивните градови, собираме предлози и идеи и ги анализираме... Но не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт – тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што можеби не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и има повеќе аспекти што треба да се истражат, рече лидерот на Средношколскиот сојуз. Во најавата за придружување кон средношколскиот протест, движењето „Студентски отпор“, пак, наведе дека е „крајно време студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите“. По протестот што го организираше во ноември минатата година, „Студентски отпор“ реагира дека „не е остварено ништо од тоа што им беше ветено на студентите од Министерството за образование и наука и Владата“. Во причините за нивниот револт ова студентско движење ги наведува: постојано доцнење на исплатата на стипендиите и на студентскиот оброк, нетранспарентно договарање на цената за субвенционираниот студентски оброк од 140 денари – износ кој, како што велат, е деградирачки во услови на висока инфлација, како и маргинализирање на студентите. -Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани покриви, неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови, труење со храна и мизерен оброк во студентските домови, континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе, соопшти „Студентски отпор“ и најави дека ќе организира масовни демонстрации додека не биде исполнето тоа што студентите го бараат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsite-i-studentite-deneska-na-protest/feed/ 0
МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Студентите и средношколците утре го искажуваат револтот на улица, обвинуваат дека институциите немаат слух за нивните барања! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masoven-protest-studentite-i-srednoshkoltsite-utre-go-iskazhuvaat-revoltot-na-ulitsa-obvinuvaat-deka-institutsiite-nemaat-sluh-za-nivnite-barana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masoven-protest-studentite-i-srednoshkoltsite-utre-go-iskazhuvaat-revoltot-na-ulitsa-obvinuvaat-deka-institutsiite-nemaat-sluh-za-nivnite-barana/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=812582

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски Отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците. -Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите, велат тие. Студентите преку соопштение ги искажаа своите барања. Истите ги пренесуваме во продолжение: Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме: - Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка; - Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк; - Неодговарање на апликациите за студентски оброк; - Доцнење на исплата на стипендиите на студентите; - Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови; - Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови; - Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови; - Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе. „Доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините! Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации. Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето“ - порачаа студентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masoven-protest-studentite-i-srednoshkoltsite-utre-go-iskazhuvaat-revoltot-na-ulitsa-obvinuvaat-deka-institutsiite-nemaat-sluh-za-nivnite-barana/feed/ 0
Средношколците во петок излегуваат на протест, незадоволни се и студентите – најавени блокади на цело Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsite-vo-petok-izleguvaat-na-protest-nezadovolni-se-i-studentite-najaveni-blokadi-na-tselo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsite-vo-petok-izleguvaat-na-protest-nezadovolni-se-i-studentite-najaveni-blokadi-na-tselo-skopje/#respond Wed, 15 Mar 2023 08:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=812098

ОДАС - Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците повикува на протест. Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12:30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем, велат тие. „Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните“ - посочуваат од ОДАС. Од „Студентски отпор“ велат дека студентите не се задоволни од негрижата од страна на Министерството за образование и наука (МОН) и непочитување на законските рокови за исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк и стипендија. Студентскиот отпор најави дека студентите ќе излезат на протести и ќе блокираат булевари низ главниот град, ако МОН не ги исполни ветувањата кон нив. Еве го нивниот став: Веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно: Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за Јануари. Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец Ноември, а сега завлегуваме во месец Март. Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата - слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк. Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ. Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март. Најнова информација од МОН е дека до 15 Март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор. Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 Март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsite-vo-petok-izleguvaat-na-protest-nezadovolni-se-i-studentite-najaveni-blokadi-na-tselo-skopje/feed/ 0
ПРОТЕСТ ВО ПЕТОК: Средношколците излегуваат пред МОН, еве какво е нивното барање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-petok-srednoshkoltsite-izleguvaat-pred-mon-eve-kakvo-e-nivnoto-barane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-petok-srednoshkoltsite-izleguvaat-pred-mon-eve-kakvo-e-nivnoto-barane/#respond Mon, 13 Mar 2023 14:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=811414

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите ОДАС најавува предупредувачки протест. Истиот е најавен за во петок со почеток од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука. -Целта е да се слушнат средношколците, да се истакне значењето на нивните ставови околу државната матура и да се забрза носењето на соодветно решение, се вели во соопштението на ОДАС. Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) до Собранието и Владата ќе испрати барање за олеснување на полагањето државна матура за годинашната генерација – или да се скрати обемот на материјалот или да се намали бројот на интерни испити. Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека тоа се заклучоци од дискусијата што ја организирале во саботата и ќе бидат пратени до Собранието и до Владата, односно Министерството за образование и наука. Таа се огради од протестот што со вакво барање денеска го одржале матуранти пред МОН. Угриновска рече дека тие не се организатори и, веројатно, протестот е самоиницијативен, но дека и ОДАС ќе организира предупредувачки протест, доколку надлежните не ги слушнат нивните барања. -Како организација целиме прво работите да бидат решени преку дискусија, а дури потоа би следувале порадикалните мерки. Бараме намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден интернет предмет. Тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години – бевме зафатени со корона-кризата и имавме година и пол онлајн-настава и дојавите за бомби. Во меѓувреме имаше и други фактори, така што ние матурантите сме најоштетена генерација и не сме имале една целосна непрекината учебна година, изјави Угриновска за МИА. Со оглед дека првиот екстерен испит е закажан за 27 мај и, како што рече, времето ги ограничува, повратен одговор на нивното барање ќе очекуваат оваа недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-petok-srednoshkoltsite-izleguvaat-pred-mon-eve-kakvo-e-nivnoto-barane/feed/ 0
Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-srednoshkoltsi-bara-besplaten-prevoz-za-site-uchenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-srednoshkoltsi-bara-besplaten-prevoz-za-site-uchenitsi/#respond Mon, 13 Mar 2023 14:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=811403

Сојузот на средношколци бара праведен и бесплатен превоз за сите средношколци. Бесплатниот превоз да не се однесува само на приватните средни училишта, туку и за ученици чиј дом е оддалечен од училиштето помалку од 2,5 километри, како и за учениците кои одат на филијална пракса, како и оние со посебни образовни потреби сместени во државните домови. Тие подготвиле и предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование во членот кој токму се однесува на правото на превоз на учениците кој, како што најавија, ќе биде доставен до претседателот на Собранието и до сите пратенички групи. Очекуваат овој предлог закон да биде усвоен во скратена постапка. Во врска со ова барање Сојузот на средношколци промовираше видео со анкета од ученици од приватни училишта кои немаат право на бесплатен превоз и сметаат дека се дискриминирани, посочувајќи дека и нивните родители се даночни обврзници на државава, а има и ученици кои студираат приватно со стипендија. Во анкетата тие истакнуваат дека имаат потреба од превоз до и од училиштето, како и за воннаставни активности, курсеви, тренинзи, исто како и учениците од државните средни училишта. Претседателот на Сојот на средношколци, Лука Павиќевиќ, соопшти дека се работи за околу 2 илјади од вкупно 71 илјада средношколци во државава и информираше за сите активности што ги презеле во остварувањето на оваа цел во изминатата година, вклучително и средби со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и вицепремиерката Славица Грковска, како и со претставници на Клубот на млади пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-srednoshkoltsi-bara-besplaten-prevoz-za-site-uchenitsi/feed/ 0