средношколски сојуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 08:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средношколски сојуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Едни најавуваат протест, другите на средба со министерот: Средношколците имаат исти барања, а различен пристап кон решавањето на проблемите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-najavuvaat-protest-drugite-na-sredba-so-ministerot-srednoshkoltsite-imaat-isti-barana-a-razlichen-pristap-kon-reshavaneto-na-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-najavuvaat-protest-drugite-na-sredba-so-ministerot-srednoshkoltsite-imaat-isti-barana-a-razlichen-pristap-kon-reshavaneto-na-problemite/#respond Mon, 27 Mar 2023 08:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=816821

Претставници на Средношколскиот сојуз предводени од претседателот Лука Павиќевиќ денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири за да разговараат за барањата кои Генералното собрание на Сојузот ги усвои пред десет дена. Павиќевиќ за МИА изјави дека им е потврдена средбата што ја побарале со министерот Шаќири и дека нивните четири барања во однос на полагањето државна матура ги доставиле во МОН. -Се договоривме за денеска, понделник, во 13.30 часот, да имаме средба за нашите барања, рече Павиќевиќ. Барањата на Сојузот се промена на соодносот на коефициенти за екстерните испити при упис, соодветни испити при упис, поместување на денот за првиот екстерен испит и материјалите за интерните испити и банките со прашања наставниците да ги споделат најдоцна четири недели пред денот на испитот. Сојузот предлага да се промени соодносот, т.е. екстерните да носат 20 поени, интерните 16 поени и проектната задача да носи 4 поени. Во однос на второто барање, Сојузот бара Владата да им препорача на сите универзитети во земјава првиот екстерен предмет - Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да го сметаат за соодветен, со што ќе се зголеми неговиот придонес во поените за државната матура. Бара и доколку е можно да се помести првиот екстерен испит од 27 мај на 3 јуни и четвртото барање е наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот, бројот на прашања во банките да биде три пати поголем од бројот на прашања на испитот. Сојузот на средношколци не се согласува со барањето на дел од матурантите што ги претставува ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколци и студенти) - организатор на протестот пред МОН на 17 март, кои бараат да се намали обемот на материјалот за полагање на државната матура или, како алтернатива, да се намали бројот на интерни испити. Во однос на нивното барање, министерот Шаќири деновиве изјавуваше дека конечен одговор ќе даде во текот на оваа недела откако ќе има средба со директорката на Државниот испитен центар дали е можно нешто да се промени во однос на полагањето на завршниот испит. Притоа нагласи дека може да се прифати некоја промена само доколку дозволува законот. Претставници на ОДАС денеска нема да бидат на средбата во МОН, а претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека немаат информација дека средношколци ќе имаат средба со министерот. Во однос на нивните барања и протестот на 17 март по кој имаа средба во МОН, рече дека немаат нови известувања од надлежното министерство. -После тоа не. Само сме известени дека ќе се одржат средби со средношколци и дека е планирано да бидеме вклучени во нив. Но, денеска средба не одржуваме ние, рече Угриновска. Додаде дека очекуваат за нивните барања да имаат што побргу одговор, затоа што, рече, времето до испитите е кратко и треба да се подготвуваат за матурата. -Доколку се создаде револт кон неисполнување на барањата, во тој случај повторно би требало да направиме консултација со средношколците. По предупредувачкиот протест, овојпат средношколците би имале многу поголеми мотиви да се побунат ако не им биде одговорено на барањата, рече претседателката на ОДАС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-najavuvaat-protest-drugite-na-sredba-so-ministerot-srednoshkoltsite-imaat-isti-barana-a-razlichen-pristap-kon-reshavaneto-na-problemite/feed/ 0
Сојузот на средношколци со реакција по изјавите на Царовска: Бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување за оваа учебна година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-srednoshkolci-so-reakcija-po-izjavite-na-carovska-bojkotot-na-nastavata-ne-e-za-otkazuvanje-na-maturata-tuka-za-nejzino-izmenuvanje-za-ovaa-uchebna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-srednoshkolci-so-reakcija-po-izjavite-na-carovska-bojkotot-na-nastavata-ne-e-za-otkazuvanje-na-maturata-tuka-za-nejzino-izmenuvanje-za-ovaa-uchebna-godina/#respond Mon, 25 Jan 2021 14:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=459622

Сојузот на средношколци не се залага за откажување на матурата. Сојузот не ги поддржа средношколците кои тоа го бараа и инсистираше дека државна матура мора да има. Имајќи го ова на ум, јасно е дека бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување за оваа учебна година. Затоа Сојузот не се согласува дека „бојкотот е неоправдан“, реагира Сојузот на средношколци по изјавите на министерката за образование и наука Мила Царовска. Сојузот се согласува дека државната матура е „право на избор и тоа право е неприкосновено“ и дека ја полагаат ученици кои сакаат да го продолжат своето образование. Но, во однос на тоа дека над 14 илјади матуранти веќе се пријавиле во декември да ја полагаат државната матура, Сојузот во реакцијата посочува дека во декември матурантите не биле сигурни дали воопшто ќе се одржи матурата. -Имаше матуранти кои бараа нејзино откажување и затоа сите матуранти ги пријавија испитите, не сакајќи да се коцкаат со сопствената образовна иднина. Така што, аргументот дека учениците во декември го оствариле своето право врз основа на личен избор не е баш најдобар, наведува Сојузот. Додава и дека предложените измени на концептот за матура, кои според МОН ќе важат за наредната генерација матуранти, се целосно разумни за Сојузот зашто ја зачувуваат сериозноста на образовниот процес, а истовремено и интересот на учениците со оглед на, како што наведува – (не)квалитетот на наставата од далечина. Соопшти и дека нивни преставници биле поканети и прифатиле учество во работна група за новиот концепт за матура, кој би се применувал од идната учебна година. – Секоја комуникација на Сојузот со институциите има една цел – градење подобар образовен процес, истакнува Сојузот на средношколци и повторно апелира до институциите да ги прифатат нивните барања за намалување на бројот на предмети на државната матура од четири (три екстерни и еден интерен) на два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и втор предмет по избор на матуранот од областа што планира да ја студира. Бојкотот на наставата од матуранти Средношколскиот сојуз го почна во четвртокот, на првиот ден од второто полугодие. Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи изјави дека ќе бојкотираат една недела, а ќе одлучат дополнително за слените чекори и дали ќе организираат протест. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-srednoshkolci-so-reakcija-po-izjavite-na-carovska-bojkotot-na-nastavata-ne-e-za-otkazuvanje-na-maturata-tuka-za-nejzino-izmenuvanje-za-ovaa-uchebna-godina/feed/ 0
Средношколскиот сојуз попладне ќе протестира за комбинирана настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolskiot-sojuz-popladne-kje-protestira-za-kombinirana-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolskiot-sojuz-popladne-kje-protestira-za-kombinirana-nastava/#respond Mon, 31 Aug 2020 10:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=397203

Средношколскиот сојуз денеска попладне ќе протестира за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот. Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека протестот ќе го почнат во 17.30 часот пред Министерството за образование и наука и оттаму ќе продолжат кон Владата пред која ќе имаат обраќања. Рече дека нема да бараат прием зашто Влаата е запозната со нивните барања и веќе имаа средба со владини претставници, но дека оваа недела очекуваат средба со новата министерка за образование и наука Мила Царовска. На протестот покрај средношколци од ограноците на Сојузот низ државата, ќе им се придружат и наставници и родители, а поддршка, како што рече Ходаи, имаат и од Првата детска амбасада „Меѓаши“. Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени. Пред десетина дена претставници на Сојузот имаа средба во Владата, а беа и на состанок со Комисијата за заразни болести на кој, како што рече Ходаи, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува. -Ние сакаме децентрализиран пристап, а не една одлука за сите. На пример во Тетово, од каде што сум јас, има многу заразени со КОВИД-19, не треба да се оди во школо и треба ригорозна онлајн-настава. Но ако е некој од Охрид, Ресен или Струга каде што нема многу заразени секој ден, треба да се оди во школо. Не да сме базирани што има Скопје, Куманово или Тетово, додаде претседателот на Средношколскиот сојуз. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolskiot-sojuz-popladne-kje-protestira-za-kombinirana-nastava/feed/ 0