Средоземно море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 05:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Средоземно море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 2.500 мигранти загинале или се исчезнати во Средоземно Море во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-2-500-migranti-zaginale-ili-se-ischeznati-vo-sredozemno-more-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-2-500-migranti-zaginale-ili-se-ischeznati-vo-sredozemno-more-vo-2023-godina/#respond Fri, 29 Sep 2023 05:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=883057

Од почетокот на годината над 2.500 мигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци. -До 24 септември, над 2.500 лица се евидентирани како мртви или исчезнати годинава. Овој број претставува зголемување за две третини, во споредба со 1.680 лица за истиот период во 2022 година“, рече Рувен Меникдивела, директор на канцеларијата на УНХЦР во Њујорк, на седницата на Советот за безбедност посветена на мигрантската криза во Медитеранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-2-500-migranti-zaginale-ili-se-ischeznati-vo-sredozemno-more-vo-2023-godina/feed/ 0
Во Средоземното Море годинава загинаа 289 деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sredozemnoto-more-godinava-zaginaa-289-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sredozemnoto-more-godinava-zaginaa-289-detsa/#respond Fri, 14 Jul 2023 16:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=856791

Околу 289 деца ги загубија животите во првите шест месеци од 2023 година обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, што е значително зголемување, соопштија денеска од ОН. Оваа бројка е двојно поголема отколку во првите шест месеци од 2022 година, додаде Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), повикувајќи на воспоставување безбедни хуманитарни коридори кои ќе им овозможат на децата да се засолнат во Европа. -Бројот на деца кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Средоземното Море во Европа се удвои во првата половина од годината во споредба со истиот период лани. Проценуваме дека на тој начин поминале 11.600 деца во првите шест месеци од годинава, што е двојно повеќе од истиот период лани, рече шефицата за миграција и раселени лица на УНИЦЕФ, Верена Кнаус. Во првите три месеци од 2023 година, околу 3.300 деца на таа рута - што е 71 процент од вкупниот број - биле без придружба или одвоени од нивните семејства, според УНИЦЕФ. Тоа е три пати повеќе отколку во истиот период лани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sredozemnoto-more-godinava-zaginaa-289-detsa/feed/ 0
ИОМ: Од 2017-та регистриран најголем број загинати мигранти во Средоземното море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iom-od-2017-ta-registriran-najgolem-broj-zaginati-migranti-vo-sredozemnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iom-od-2017-ta-registriran-najgolem-broj-zaginati-migranti-vo-sredozemnoto-more/#respond Thu, 06 Jul 2023 06:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=853412

Бројот на мигранти кои загинале во Медитеранот од почетокот на годината е најголем од 2017 година, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), цитирани од ДПА. Најмалку 1.874 мигранти кои се обиделе да го преминат Медитеранот загинале или исчезнале во првите шест месеци од годината. За споредба, во истиот период лани, бројката била 1.108. Во 2017 година најмалку 2.278 мигранти загинале при обидот да го преминат Медитеранот, а во 2016 година бројот на таквите мигранти бил 2.946. Од 2014 година, регистрирани се вкупно 27.633 смртни случаи на мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море. Според Меѓународната организација за миграција, вистинската бројка на загинати најверојатно ќе биде поголема, бидејќи се верува дека многу од пловилата на мигрантите потонале без да остават никаква трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iom-od-2017-ta-registriran-najgolem-broj-zaginati-migranti-vo-sredozemnoto-more/feed/ 0
Спасени 117 мигранти во Средоземно Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-117-migranti-vo-sredozemno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-117-migranti-vo-sredozemno-more/#respond Sat, 17 Jun 2023 16:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=846827

Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море. Бродот испловил од Либија, а со него се превезувале мигранти од Етритреја, Судан и Либија. Помеѓу патниците имало и 25 жени и едно тригодишно момче. Спасувачката мисија е извршена во меѓународни води на десетици километри од брегот на Либија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-117-migranti-vo-sredozemno-more/feed/ 0
СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ БУКВАЛНО ГО СНЕМА – граѓаните око не може да склопат од тоа што мислат дека се случува, има ли поврзаност со земјотресите во Турција? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredozemnoto-more-bukvalno-go-snema-graganite-oko-ne-mozhe-da-sklopat-od-toa-shto-mislat-deka-se-sluchuva-ima-li-povrzanost-so-zemjotresite-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredozemnoto-more-bukvalno-go-snema-graganite-oko-ne-mozhe-da-sklopat-od-toa-shto-mislat-deka-se-sluchuva-ima-li-povrzanost-so-zemjotresite-vo-turtsija/#respond Thu, 23 Feb 2023 11:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=804123

Националниот истражувачки институт за астрономија и геофизика (NRIAG) во Египет ги демантираше информациите дека водите од Средоземното Море почнале да се повлекуваат од Синајскиот Полуостров поради неодамнешните земјотреси. Шефот на NRIAG, Гад ал-Кади, рече дека институтот има станици за следење на нивото на морето, а сите извештаи кои кружат на Интернет за повлекувањето на водите на Синај се многу преувеличени. Тој во неделата објасни за локалната телевизија дека нивото на водата во Синај е намалено поради природната плима и увери дека Египет е целосно безбеден од зоната на земјотресот. „Земјотресите се случуваат секој ден“, рече тој, „Но интеракцијата со нив сега стана поинаква и медиумите го зголемија интересот за нив по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија“. Извештаите покажуваат дека бреговите на северниот дел на Синај во Египет за првпат доживеале пад на нивото на водата во Средоземното Море. Некои жители тврдеа дека водата на плажите се повлекла за 10 до 15 метри, не наведувајќи ги причините за повлекувањето, што предизвикува стравувања дека тоа е поврзано со неодамнешните земјотреси.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredozemnoto-more-bukvalno-go-snema-graganite-oko-ne-mozhe-da-sklopat-od-toa-shto-mislat-deka-se-sluchuva-ima-li-povrzanost-so-zemjotresite-vo-turtsija/feed/ 0
Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-chetirigodishno-devojche-spaseni-nad-60-migranti-vo-sredozemnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-chetirigodishno-devojche-spaseni-nad-60-migranti-vo-sredozemnoto-more/#respond Wed, 07 Sep 2022 13:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=729933

Четиригодишно девојче почина, а 61 мигрант беше пренесен на грчкиот остров Крит, откако чамецот со кој се пренесувале во Средоземното море се соочил со проблеми и биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, но била побарана помош од Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Девојчето вчера, со хеликоптер на грчката воена морнарица било пренесено во болница на Крит, каде што била констатирана смртта. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, странските државјани, вкупно 63 лица биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, а капетанот преку координативниот центар за спасување на Малта побарал помош за две лица кои ја загубиле свеста. Барањето било упатено и до грчките власти, по што веднаш бил испратен хеликоптер на воената морнарица и го пренел четиригодишното девојче во болницата на Крит, но лекарите само ја констатирале смртта. Мајката на девојчето е згрижена во болницата, додека пак останатите мигранти (61 лице) денеска биле пренесени на Крит, откако претходно од капетанот на танкерот било побарано да го смени курсот и да се упати во морската област во одговорност на Грција, со оглед на тоа дека на некои од патниците им била потребна медицинска помош. Рано утрово, мигрантите, 33 мажи, седум жени и 21 дете пристигнале на Крит, а две лица, еден маж и една жена биле пренесени во болница каде што се хоспитализирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-chetirigodishno-devojche-spaseni-nad-60-migranti-vo-sredozemnoto-more/feed/ 0
ВИДЕО: Објавена снимка за која се вели дека е од падот на британскиот авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objavena-snimka-za-koja-se-veli-deka-e-od-padot-na-britanskiot-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objavena-snimka-za-koja-se-veli-deka-e-od-padot-na-britanskiot-avion/#respond Tue, 30 Nov 2021 09:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=601806

На социјалните мрежи е објавено видео снимка на која наводно се гледа падот на британскиот воен авион Ф-35 набрзо по полетувањето од носачот на авиони на британската морнарица. Пилотот, како што се гледа на снимката се катапултирал пред леталото да падне во Средоземното Море, пренесува Би-Би-Си. Од Министерството за одбрана истакнале дека е прерано да даваат коментар во врска со снимката и дека во тек е извлекување на леталото од морето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objavena-snimka-za-koja-se-veli-deka-e-od-padot-na-britanskiot-avion/feed/ 0
Трагедија: Најмалку 57 лица се удавија во Средоземно море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-najmalku-57-lica-se-udavija-vo-sredozemno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-najmalku-57-lica-se-udavija-vo-sredozemno-more/#respond Mon, 26 Jul 2021 17:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=542173

Најмалку 57 лица денеска се удавија во Средоземно море откако нивниот брод се преврте крај крајбрежниот либиски град Кумс, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), јави ДПА. „Рибарите и крајбрежната стража донесоа неколкумина преживеани на брегот од Либија“, напиша портпаролката на ИОМ, Сафа Мшехли, на Твитер, без да прецизира колку луѓе биле спасени. Преживеаните изјавиле дека најмалку 20 жени и две деца се меѓу оние кои се удавија, додаде Мшехли. Денешната трагедија се случува на помалку од една недела откако околу 20 мигранти се удавија во Средоземното море, додека 500 беа пресретнати и вратени во Либија. Во првата половина од годината речиси 15.000 мигранти беа пресретнати од либиската крајбрежна стража, поддржана од ЕУ, што според Обединетите нации е повеќе од оние кои се вратија во цела 2020 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-najmalku-57-lica-se-udavija-vo-sredozemno-more/feed/ 0
Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-200-000-toni-plastika-godishno-protekuvaat-vo-sredozemnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-200-000-toni-plastika-godishno-protekuvaat-vo-sredozemnoto-more/#respond Tue, 27 Oct 2020 14:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=421307

Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН). Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно. Студијата е направена со комбинирање податоци од различни истражувања и со употреба на методологија за отисоци од морски пластичен материјал, а утврдено е дека пластиката стигнува до Средоземното море од 33 земји. Директорката на ИУЦН за морски и поларни програми, Мина Епс рече дека пластиката може да предизвика долгорочно оштетување на копнените и морските екосистеми и биодиверзитетот. Според неа, морските животни можат да се заплеткаат или да голтаат пластичен отпад и на крајот да угинат од исцрпеност и глад. Според извештајот, Египет (околу 74.000 тони годишно), Италија (34.000 тони) и Турција (24.000) испуштаат најмногу пластика во Средоземното море, главно поради големите количини на лошо управуван отпад и големото крајбрежно население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-200-000-toni-plastika-godishno-protekuvaat-vo-sredozemnoto-more/feed/ 0
САД бараат од Турција да прекине со провокациите во Средоземно море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-baraat-od-turcija-da-prekine-so-provokaciite-vo-sredozemno-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-baraat-od-turcija-da-prekine-so-provokaciite-vo-sredozemno-more/#respond Tue, 13 Oct 2020 14:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=415778

Американските власти денеска побараа Турција да прекине со „намерните провокации“ во Средоземното море, каде официјална Анкара испрати брод за експлоатација на гас, ризикувајќи повторно да ја влоши кризата со Грција. -Бараме од Турција да престане со намерните провокации и веднаш да почне прелиминарни преговори со Грција, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус. Спорот околу истражувањето на гас во август ги доведе морнариците на Турција и Грција, двете членки на НАТО, на работ на конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит. Турската морнарица соопшти дека нејзиниот брод „Орук Реис“ до 22 октомври ќе продолжи со сеизмичкото истражување на морското дно во спорниот регион. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-baraat-od-turcija-da-prekine-so-provokaciite-vo-sredozemno-more/feed/ 0