средства за дезинфекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Feb 2021 16:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средства за дезинфекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цела година користиме средства за дезинфекција, но мора да знаете колку долго сме заштитени со нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/cela-godina-koristime-sredstva-za-dezinfekcija-no-mora-da-znaete-kolku-dolgo-sme-zashtiteni-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/cela-godina-koristime-sredstva-za-dezinfekcija-no-mora-da-znaete-kolku-dolgo-sme-zashtiteni-so-niv/#respond Wed, 24 Feb 2021 16:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=473355

Препораката на експертите е често и темелно миење на рацете со сапун и вода барем 20-30 секунди за да спречите пренесување на вирусот, но во ситуации кога не сте во можност да ги измиете рацете, средството за дезинфекција со 60% алкохол во составот, најчесто во форма на гел, е следниот најдобар избор за заштита. Овие совети ги слушаме цела година, од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Сепак, треба да се нагласи дека тие средства не нудат неограничена заштита по нанесувањето и дека најдобра опција е во најбрзо можно време потоа темелно да ги измиете рацете. Средствата за дезинфекција на рацете базирани на алкохол се добра алтернатива, но имајте на ум дека со миење на рацете буквално ги отстранувате нечистотиите, бактериите и вирусите и тие „завршуваат“ во одвод, а кога ставате средство за дезинфекција, тоа „убива“ сѐ што се наоѓа на вашите дланки во тој момент. Кога следен пат ќе допрете контаминирана или валкана површина, логично е дека рацете повторно ви се валкани. По миењето или дезинфицирањето, рацете ви се чисти неколку минути, освен ако навистина не внимавате да не допрете ништо. Сепак, пред да го допрете лицето или храна, секогаш мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, иако сте го направиле тоа пред 10 минути. Ако користите средство за дезинфекција, потрудете се да ја исчистите целата површина на раката, исто како при миење: дланката, прстите, надворешниот дел на раката, палците и зглобовите. Имајте предвид дека ако рацете ви се видливо валкани, средството за дезинфекција нема да помогне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/cela-godina-koristime-sredstva-za-dezinfekcija-no-mora-da-znaete-kolku-dolgo-sme-zashtiteni-so-niv/feed/ 0
Мало девојче родено во 2020 година мисли дека се околу неа служи за дезинфекција за раце (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/malo-devojche-rodeno-vo-2020-godina-misli-deka-se-okolu-nea-sluzi-za-dezinfekcija-za-race-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/malo-devojche-rodeno-vo-2020-godina-misli-deka-se-okolu-nea-sluzi-za-dezinfekcija-za-race-video/#respond Wed, 03 Feb 2021 16:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=463763

Неверојатно е да се мисли дека пред нешто повеќе од 12 месеци, производите како средства за дезинфекција на рацете и маските за лице беа прилично ограничени за употреба во болниците. Сега семејствата ширум светот се прилагодија на „новото нормално“ и ваквите производи станаа дел од секојдневниот живот. А, за децата родени во 2020 година, поинаква реалност никогаш не постоела. Кети Лајтфут сподели видео кое покажува колку децата можат да бидат прилагодливи. Имено, нејзиното едногодишно девојче претпоставува дека сè околу неа е всушност место за дезинфекција на рацете. Видеото стана вирално, а додека некои го нарекуваа смешно, други сметаат дека ваквата сцена е срцепарателна. Но, без оглед на вашето мислење, мора да се согласите дека ова преслатко девојче е навистина посветено на Ковид-19. - Кога вашата прва година од животот е 2020 година, сè е станица за дезинфекција на рацете“, напиша Кети во описот на видеото, кое во меѓувреме се најде на популарната страница „Редит“.
When your first year of life is 2020, everything is a hand sanitizing station... from r/aww
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/malo-devojche-rodeno-vo-2020-godina-misli-deka-se-okolu-nea-sluzi-za-dezinfekcija-za-race-video/feed/ 0
Побарувачката за средства за дезинфекција претставува закана за присилен и детски труд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobaruvachkata-za-sredstva-za-dezinfekcija-pretstavuva-zakana-za-prisilen-i-detski-trud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobaruvachkata-za-sredstva-za-dezinfekcija-pretstavuva-zakana-za-prisilen-i-detski-trud/#respond Fri, 18 Sep 2020 08:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=404951

Зголемената побарувачка за средства за дезинфекција во борбата против коронавирусот може да ја зголеми употребата на присилен и детски труд на плантажите со шеќерна трска, предупредуваат британски истражувачи. Од шеќерната трска се добива етанол кој се користи во гелови врз база на алкохол, а во седум водечки светски производители на шеќерна трска, вклучувајќи ги Бразил, Мексико и Тајланд, има високи до екстремни ризици од присилна и детска работа, соопшти компанијата за аналитика Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft). – Пандемијата откри голем број структурни предизвици со кои се соочуваат земјите производители … веќе некое време, изјави Џимена Бланко која го предводи американскиот тим на Вериск Мејплкрофт. По повеќе децении напредок, Обединетите нации предупредија дека милиони деца ширум светот би можеле да бидат принудени да работат со оглед на тоа што училиштата се затворени, а семејствата се борат да ја надминат економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Специјалниот известувач на ОН за современо ропство во средата објави дека постои огромен ризик најсиромашните да немаат алтернатива на присилната работа. Компаниите кои експлоатираат работници во производство на лекови и опрема за борба против Ковид-19 треба да одговараат за своите постапки, нагласи Томоја Обоката. Во немилосрдната глобална трка за лична заштитна опрема, како што се маски, владите и компаниите повремено склучуваат договори со нови добавувачи. – Даваат приоритет на итноста пред социјалните последици кои со тоа ги произведуваат, рече аналитичарката за човекови права во Вериск Мејплкрофт, Викторија Гама, повикувајќи на поголема транспарентност во синџирите на снабдување. Таа додаде дека е тешко да се знае колку шеќерна трска завршува во средства за дезинфекција бидејќи се користи во многу други производи, од шеќер до биогорива. Во Мексико, каде што ризикот од детски труд според Вериск е екстремен, училиштата се затворени поради Ковид-19, а часовите се одржуваат на телевизија, иако некои деца во руралните области немаат телевизори во своите домови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobaruvachkata-za-sredstva-za-dezinfekcija-pretstavuva-zakana-za-prisilen-i-detski-trud/feed/ 0
Италијанците поретко купуваат маски и средства за дезинфекција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijancite-poretko-kupuvaat-maski-i-sredstva-za-dezinfekcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijancite-poretko-kupuvaat-maski-i-sredstva-za-dezinfekcija/#respond Fri, 31 Jul 2020 14:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=384457

Продажбата на заштитни маски во аптеките во Италија е преполовена во последните сто дена, а Италијанците купуваат десет пати помалку средства за дезинфекција отколку на почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјата, покажаа податоци на компанијата Иквиа, која ја следи потрошувачка во аптеките. Метеж на плажите, преполни аперитив барови, а Италијанците постепено се ослободуваат од маските што понекогаш ги чуваат во џебовите или на брадата, пишува италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“. – Ова е сериозен факт затоа што тоа е еден од ретките начини за одбрана од вирусот што ни е достапен, рече претседателот на фармацевтското здружение Федерафарм, Марко Косоло. Пред два месеци луѓето трчаа во аптеките и супермаркетите да купат маски, особено хируршки, што понекогаш ги немаше, а денес кога нема проблеми со резервите и со стабилна цена од 50 центи за хируршка маска, Италијанците се чини дека се уморни од ова клучно средство за запирање на вирусот, пишува италијанскиот дневен весник. Според податоци на Иквиа, кривата на купување маски во Италија достигна врв во седмицата меѓу 6 и 13 април, околу еден месец откако почна блокадата, кога Италијанците потрошија 5,5 милиони евра на маски во текот на една недела. Од тогаш се бележи континуиран пад со најниска точка на 20 јуни, а потоа и мало зголемување со последната анализирана недела до 20 јули, при што е забележана набавка на заштитни маски за вкупно 2,2 милиони евра. Врвот на набавка на средства за дезинфекција во Италија беше на 9 март, на почетокот на рестриктивните мерки, додека на 20 јули продажбата падна на најниско ниво од воведувањето на блокадата поради Ковид-19. Со 35.132 смртни случаи од Ковид-19, Италија е шеста земја во светот по бројот на жртви од коронавирусот, по САД, Бразил, Мексико, Велика Британија и Индија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijancite-poretko-kupuvaat-maski-i-sredstva-za-dezinfekcija/feed/ 0
Србија наголемо се подготвува во борбата против коронавирусот: Стопиран извозот на прехранбени производи и средства за дезинфекција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-nagolemo-se-podgotvuva-vo-borbata-protiv-koronavirusot-stopiran-izvozot-na-prehranbeni-proizvodi-i-sredstva-za-dezinfekcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-nagolemo-se-podgotvuva-vo-borbata-protiv-koronavirusot-stopiran-izvozot-na-prehranbeni-proizvodi-i-sredstva-za-dezinfekcija/#respond Sat, 14 Mar 2020 11:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=316474

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со кризниот штаб за отстранување на ефектите од коронавирусот, изјави дека државата ќе го спречи извозот на основни прехранбени производи во наредните 30 дена, а ќе се суспендира и извозот на средства за дезинфекција, јави дописникот на МИА од Белград. – Граѓаните не треба да се грижат за основните прехранбени производи. Планираме со ова да завршиме за два месеца. Имаме доволно пченица и брашно, немаме проблем со масло и шеќер … Ќе го спречиме извозот на основните прехранбени намирници за најмалку 30 дена, изјави Вучиќ. Тој додаде дека и производителите на средства за дезинфекција и на тоалетна хартија нема да можат да ги извезуваат своите производи на странски пазари. Вучиќ оцени дека Србија ја очекувааат тешки времиња кога станува збор за состојбата со коронавирусот, бидејќи сè очекува зголемување на бројот на заразени лица, но исто така истакна дека државата направила голема работа во последните 24 часа за обезбедување целосна контрола и надзор над обезбедувањето на основните прехранбени производи. – Сега сме деветти ден и очекуваме голем раст, многумина од нас ќе ги загубат своите најблиски, а нашата цел е да го намалиме тоа колку што можеме и да обезбедиме животот да победи во Србија, порача Вучиќ. Државата ќе го замени недостигот на ликвидни средства со кредити од Фондот за развој со еден процент камата, најави Вучиќ. – Имаме 13,5 милијарди евра девизни резерви, пет милијарди повеќе од пред неколку години. Имаме 30,5 тони злато, девет тони во Берн, Швајцарија, така што можеме во секој момент тоа да го наплатиме. Нашата монетарна и фискална стабилност не е доведена во прашање, оцени Вучиќ. Кога станува збор за компаниите и поединците погодени од коронавирусот, Вучиќ рече дека „колку што можеме да помогнеме, ние ќе помогнеме“. – Дел од оние кои се директно погодени, државата ќе им помогне во исплата на платите … Народната банка нема да печати дополнителни пари, кажа Вучиќ. Што се однесува до бројот на респиратори, Вучиќ рече дека утрово набавил уште 50 и дека набавката не е објавена никаде, додавајќи дека вкупниот број на респиратори од денеска е државна тајна во Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-nagolemo-se-podgotvuva-vo-borbata-protiv-koronavirusot-stopiran-izvozot-na-prehranbeni-proizvodi-i-sredstva-za-dezinfekcija/feed/ 0