средства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 12:51:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png средства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦИК на Албанија распредели средства за политичките партии за 2023 година, Бериша остана со празни раце https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-albanija-raspredeli-sredstva-za-politichkite-partii-za-2023-godina-berisha-ostana-so-prazni-ratse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-albanija-raspredeli-sredstva-za-politichkite-partii-za-2023-godina-berisha-ostana-so-prazni-ratse/#respond Wed, 12 Apr 2023 12:51:43 +0000 https://kurir.mk/?p=823232

Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) распредели средства на партиите за 2023 година, врз основа на бројот на пратеници во Собранието по изборите во 2021 година. Социјалистичката партија е политичката сила која добива најголем фонд, односно 151.494.783 лека. Потоа следува Демократската партија со фонд од 106.661.181 лека, додека третото место го зазема Партијата на правдата, интеграцијата и единството со 9.753.567. Партијата на слободата, поранешно Движење за Социјалистичка интеграција, за партиски активности за годинава добива 15.577.215 лека. Сали Бериша не добива средства иако има неколку пратеници во својата група. Поради длабоката поделеност меѓу демократите во овој случај парите одат на сметката, со која, како и печатот и логото ги користат приврзаниците на Енкелеј Алибеај, кого судот го призна за лидер на партијата. Од друга страна на Сали Бериша и приврзаниците иако во групата има и дел од пратениците, останува без средства. Ним им останува партискиот објект во кого насилно влегоа и го запоседнаа. Во петок ќе биде распределен уште еден буџет од 100 милиони лека, конкретно за изборната кампања за мајските локални избори. И од овој фонд Бериша нема да добие дел, бидејќи не е регистриран за изборите а неговите кандидати настапуваат под логото на Партијата на слободата во изборната коалиција „Заедно победуваме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsik-na-albanija-raspredeli-sredstva-za-politichkite-partii-za-2023-godina-berisha-ostana-so-prazni-ratse/feed/ 0
Исплатени средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isplateni-sredstvata-za-uchenichki-i-studentski-stipendii-i-za-subventsioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isplateni-sredstvata-za-uchenichki-i-studentski-stipendii-i-za-subventsioniran-studentski-obrok/#respond Wed, 15 Mar 2023 11:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=812219

Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени, соопштија од Министерството за образование. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март. Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец. Потсетуваме дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од линкот поставен на страницата на министерството за образование Од министерството велат дека грижата кон учениците и студентите се зголемува. МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите, стои во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isplateni-sredstvata-za-uchenichki-i-studentski-stipendii-i-za-subventsioniran-studentski-obrok/feed/ 0
Ставете ја оваа таблета во ВЦ школката и погледнете ја магијата – ќе ви биде жал што ова не сте го знаеле порано https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stavete-ja-ovaa-tableta-vo-vc-shkolkata-i-poglednete-ja-magijata-kje-vi-bide-zal-shto-ova-ne-ste-go-znaele-porano/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stavete-ja-ovaa-tableta-vo-vc-shkolkata-i-poglednete-ja-magijata-kje-vi-bide-zal-shto-ova-ne-ste-go-znaele-porano/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=760837

Секоја домаќинка тежнее нејзиниот дом да и биде среден и чист, а кога на ред ќе дојде чистењето на тоалетот, а посебно веце школката на сите им е смачено. Во продолжение прочитајте за еден трик со кој од сега ќе ви биде олеснето чистењето и на највалканиот дел од домот. Чистењето на тоалетот е вистински предизвик. Кога школката ќе пожолти и традиционалните методи не успеваат, време е да пробате нешто ново. Ставете таблета за машинско перење на садовите во веце школката и почекајте да се раствори. По ова исчистете ја целата површина. Потоа ќе исчезнат непријатните мириси и сите валкани работи во и околу школката. Ако школката е пак многу валкана, почекајте неколку часа или пак оставете ја таблетата во текот на ноќта да се раствори и да ги уништи сите бактерии. Инаку таблетата за машинско перење на садовите има и други употреби освен основната, па така на пример со неа можете да ја исчистите и машината за перење алишта. Ставете една таблета во машината и вклучете ја на најмалку 60 степени, а потоа лошиот мирис и валкани работи од неа ќе исчезнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stavete-ja-ovaa-tableta-vo-vc-shkolkata-i-poglednete-ja-magijata-kje-vi-bide-zal-shto-ova-ne-ste-go-znaele-porano/feed/ 0
Кривична пријава за измама на штета на средства на Европската заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-izmama-na-shteta-na-sredstva-na-evropskata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-izmama-na-shteta-na-sredstva-na-evropskata-zaednica/#respond Fri, 29 Apr 2022 11:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=669735

На 29.04.2022 од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани. Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ. Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Северна Македонија, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-izmama-na-shteta-na-sredstva-na-evropskata-zaednica/feed/ 0
Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-dodeli-sredstva-za-site-10-skopski-opshtini-za-novi-parkovi-i-zelenilo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-dodeli-sredstva-za-site-10-skopski-opshtini-za-novi-parkovi-i-zelenilo/#respond Thu, 24 Feb 2022 14:17:42 +0000 https://kurir.mk/?p=636097

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини, информираат до Град Скопје. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје. Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2. Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар, стои во соопштението од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-dodeli-sredstva-za-site-10-skopski-opshtini-za-novi-parkovi-i-zelenilo/feed/ 0
Овие средства за чистење НИКОГАШ не смеете да се комбинирате заедно – може да биде опасно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-sredstva-za-chistenje-nikogash-ne-smeete-da-se-kombinirate-zaedno-moze-da-bide-opasno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-sredstva-za-chistenje-nikogash-ne-smeete-da-se-kombinirate-zaedno-moze-da-bide-opasno/#respond Mon, 12 Jul 2021 11:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=535456

Експертите предупредуваат дека употребата на некои хемиски средства може да е оправдана и сигурна само доколку не се мешаат со слични производи. 1. Две различни врсти на средства за чистење одвод Геловите за чистење на одводот содржат јаки хемикалии кои ефективно ги убиваат бактериите, но доколку со едно чистење не се отстрани непријатниот мирис или запушувањето, тогаш подобро е да повикате водоводџија, отколку да комбинирате два или повеќе различни производи. 2. Хидроген пероксид и алкохолен оцет Комбинацијата на хидроген пероксид и оцет често се користи за дезинфекција на површините во кујната. Иако станува збор за релативно сигурна мешавина, експертите препорачуваат да не ги мешате во ист сад поради тоа што се создава пероцетна киселина која може да ја иритира вашата кожа, очите и вашиот респираторен систем. 3. Белило и алкохолен оцет Во теорија, оваа комбинација изгледа моќно кога се работи за отстранување на бактериите од површините во домот, но во пракса се создава гасовит хлор кој во мали количини предизвикува кашлица, проблем со дишењето и насолзени очи. 4. Белило и амонијак Амонијакот е честа состојка во средствата за чистење на стаклата и прозорите. Научниците препорачуваат да не ги мешате со белилото, затоа што оваа комбинација создава хлорамин. Овој гас има слични последици по човечкото тело како гасовитиот хлор. Предизвикува болки во прстите и недостаток на кислород во белите дробови. 5. Белило и медицински алкохол Ова е уште една комбинација во низата што предизвикува потешкотии во дишењето, па затоа се советува белилото никогаш да не го мешате со други хемиски средства, туку само со вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-sredstva-za-chistenje-nikogash-ne-smeete-da-se-kombinirate-zaedno-moze-da-bide-opasno/feed/ 0
Не ви требаат скапи средства: Исчистете го домот со овие три состојки, сигурно веќе ги имате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-vi-trebaat-skapi-sredstva-ischistete-go-domot-so-ovie-tri-sostojki-sigurno-vekje-gi-imate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-vi-trebaat-skapi-sredstva-ischistete-go-domot-so-ovie-tri-sostojki-sigurno-vekje-gi-imate/#respond Sat, 03 Jul 2021 21:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=531255

Скапите средства за чистење не се секогаш неопходни. Понекогаш доволни се и некои работи кои веќе ги имате дома и се многу поевтини.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната има абразивни својства кои можат да бидат од голема помош во борбата со нечистотијата на металните површини кои бара повеќе стругање. Исто така, можете да ставите малку сода во затнат одвод, а кога ќе додадете и врела вода таа ќе почне сама да работи на одзатнувањето. На крај, може да ја искористите и за чистење на прозорците. Неколку лажичиња сода помешани со малку вода можат многу ефикасно да се изборат со маснотиите и другите нечистотии кои остануваат на стаклото.

Алкохолен оцет

Нема нешто во домот што не можете да го дезинфицирате со алкохолен оцет – од даската за сечење, преку садовите, па сè до ВЦ школката. Мешавина од него и вода во сооднос 1:2 е најевтиниот начин да се справите со маснотиите кои не сакаат да излезат од садовите во кои готвите или бигорот.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да ги светне вашата кожа и коса, но и мебелот во домот. Ставете малку од него на крпа и искористете го како замена за скапите хемиски средства. Можете да ги пребришете сите дрвени површини од столиците и комодата, до креветот и паркетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-vi-trebaat-skapi-sredstva-ischistete-go-domot-so-ovie-tri-sostojki-sigurno-vekje-gi-imate/feed/ 0
Навивачите на Ливерпул започнаа со собирање средства за трансфер на Мбапе – за еден ден собрани 250 илјади фунти https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-na-liverpul-zapochnaa-so-sobiranje-sredstva-za-transfer-na-mbape-za-eden-den-sobrani-250-iljadi-funti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-na-liverpul-zapochnaa-so-sobiranje-sredstva-za-transfer-na-mbape-za-eden-den-sobrani-250-iljadi-funti/#respond Mon, 08 Mar 2021 09:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=478850

Навивачите на Ливерпул решија да организираат акција за собирање средства за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе. Навивачите планираат да соберат 250 милиони фунти. – Има околу 100 милиони навивачи на Ливерпул во светот. Ако секој од нив учествува и донираш 2,5 фунти, ќе се соберат доволно пари за да го потпишеме Мбапе. Да ги здружиме силите, се вели во петицијата. Собирањето средства се одвива на услугата „GoFundMe“ и досега за еден ден  собрани се  250 илјади фунти. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на 22-годишниот Французин на 180 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-na-liverpul-zapochnaa-so-sobiranje-sredstva-za-transfer-na-mbape-za-eden-den-sobrani-250-iljadi-funti/feed/ 0
Собрани се парите за транспорт на телото на македонскиот камионџија кој почина во Холандија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobrani-se-parite-za-transport-na-teloto-na-makedonskiot-kamiondzija-koj-pochina-vo-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobrani-se-parite-za-transport-na-teloto-na-makedonskiot-kamiondzija-koj-pochina-vo-holandija/#respond Mon, 04 Jan 2021 16:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=451954

Синот на крушевчанецот Тодор Ѓорѓиески, кој работел како камионџија и починал во саботата во Холандија, објави дека линијата за донации е затворена и дека се обезбедени потребните средства за да се донесе телото на татко му во Македонија. „Ви благодариме на сите добронамерни донации, коментари и поддршка во овие за нас, тешки моменти. Групата која беше отворена на Facebook, на наше инсистирање е затворена за донации. Бидејќи сумата која беше објавена, беше неофицијална и неповрдена дека сето тоа толку чини. На почетокот не бевме искоординирани во поглед на тоа колку би чинел транспортот, за кој во голем дел се погрижи сопственикот на фирмата во која работеше татко ми. Тие пари што се собраа се за дополнителните трошоци за кои не сме сигурни колку ќе изнесуваат. И уште еднаш голема благодарност до сите Вас хумани луѓе, кои ја докажавте вашата големина“, објави Владимир Ѓорѓиески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobrani-se-parite-za-transport-na-teloto-na-makedonskiot-kamiondzija-koj-pochina-vo-holandija/feed/ 0
Не е почната исплатата на помошта од 6.000 денари за ранливи категории – корисниците да не одат во банките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-pochnata-isplatata-na-pomoshta-od-6-000-denari-za-ranlivi-kategorii-korisnicite-da-ne-odat-vo-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-pochnata-isplatata-na-pomoshta-od-6-000-denari-za-ranlivi-kategorii-korisnicite-da-ne-odat-vo-bankite/#respond Thu, 17 Dec 2020 14:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=444769

Банките се подготвени да почнат со исплата на средствата кои се предвидени за реализација на мерката за финансиска помош од 6.000 денари за купување домашни производи, веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата, согласно листите за исплата.  -Во изминатиот период банките интензивно работеа на создавање предуслови за реализација на споменатиот проект.  Во таа насока, банките потпишаа договори со Владата и подготвени се да почнат со исплата на средствата веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата, согласно листите за исплата. Во моментов, исплатата се уште не е започната, и ќе следуваат официјални најави штом сите услови се исполнети, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација. Дотогаш, ги повикуваат граѓаните – корисници на оваа мерка, поради заштита на јавното здравје, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките. -Сакајќи да имаме уште еден успешно спроведен проект, кој овојпат има значително пократок рок за реализација, нагласуваме дека сите банки во целост ги ставаат на располагање своите филијали и вработени, притоа до одреден степен ставајќи ги во втор план активностите кои се дел од секојдневното работење, наведуваат од МБА. Активностите, како што посочуваат, се веќе интензивно започнати преку повикот до граѓаните за ажурирање на личните податоци што е законска обврска и услов за исплата на средствата па веќе се забележува поголема фреквенција на клиенти во филијалите на банките и обраќања кон Контакт центрите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-pochnata-isplatata-na-pomoshta-od-6-000-denari-za-ranlivi-kategorii-korisnicite-da-ne-odat-vo-bankite/feed/ 0