среќен вторник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 May 2021 07:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png среќен вторник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН: Овој вторник е најсреќен во годината, еве што треба да направите за да ви се остварат сите желби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-veligden-ovoj-vtornik-e-najsrekjen-vo-godinata-eve-shto-treba-da-napravite-za-da-vi-se-ostvarat-site-zelbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-veligden-ovoj-vtornik-e-najsrekjen-vo-godinata-eve-shto-treba-da-napravite-za-da-vi-se-ostvarat-site-zelbi/#respond Tue, 04 May 2021 07:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=505149

На некои места, велигденските прослави траат три дена. Тоа значи дека славењето и веселењето продолжуваат и во вторник. Ова е период кога се собираат роднините од далечните краеви и ги обновуваат одамна склопените пријателства. Во некои краеви, денешниот ден е познат и како Свет вторник, а зад него се кријат многу обичаи и верувања. За време на Водената седмица, односно првата недела по Велигден, се и Водениот вторник и Водената сабота. Според народните верувања, вторниците важат како баксузни денови, но не и овој. Овој вторник е најдобриот во целата календарска година. Според приказните, ова е денот кога сите се радосни и весели. Исто така се верува дека детето кое е родено на овој ден, ќе биде среќно и долговечно. Поради ова многу свадби се одржуваат на овој ден, бидејќи се верува дека среќата и благодатот од денот ќе се пренесат и кај младоженците и нивното ново семејство. Според некои верувања, овој ден најдобро е да не правите ништо со машката облека, како шиење и перење, особено ако мажот е иден војник. Старите веруваат дека денес е добро да отидете на посета или на пат. Доколку планирате денес да тргнете некаде, според обичајот треба да замислите и желба. Наводно желбата ќе се исполни, а за време на патувањето ќе ве следи среќа. На некои места се прославуваат три Водени вторници – денешниот, вторникот после Ѓурѓовден и вторникот после Света Тројца. Како што кажува и самото име, овие вторници се празнуваат за да падне дожд кој е неопходен за посевите. Поради ова, единственото нешто што треба да го направат верниците во овие три денови е да се веселат и да се радуваат, а среќата да ја поделат со саканите. Според народното верување, доколку ги игнорирате традициите денес, нема да ви оди добро во животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-veligden-ovoj-vtornik-e-najsrekjen-vo-godinata-eve-shto-treba-da-napravite-za-da-vi-se-ostvarat-site-zelbi/feed/ 0