српска листа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 07:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png српска листа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српска листа прогласи тридневна жалост за тројцата Срби убиени во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-proglasi-tridnevna-zhalost-za-trojtsata-srbi-ubieni-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-proglasi-tridnevna-zhalost-za-trojtsata-srbi-ubieni-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 26 Sep 2023 07:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=881753

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата Срби, кои беа убиени во Бањска, по нападот врз косовската полиција во неделата, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објава на својата страница на Фејсбук, партијата го нарече настанот трагичен. Според соопштението, „во српските средини на територијата на Косово ќе бидат откажани сите забавни настани организирани од органите и институциите на локалната самоуправа, а знамињата на Република Србија во сите институции ќе бидат спуштени на половина копје“. - Од името на Српската листа и српскиот народ од Косово и Метохија изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, се вели во објавата на СЛ. Група од над триесет вооружени и маскирани лица рано наутро на 24 септември убија еден полицаец и ранија уште еден во селото Бањска, во северно Косово. Во акцијата што уследи на косовските специјалци беа убиени четворица од напаѓачите и уапсени шест лица. Другите членови на групата, меѓу кои имало и ранети, првично се засолнија во православниот манастир во Бањска, а потоа побегнаа во Србија, соопштија официјални косовски извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-proglasi-tridnevna-zhalost-za-trojtsata-srbi-ubieni-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Српска листа за апсењето на Србите обвинети за воени злосторства: Курти продолжува со насилство врз Србите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-za-apseneto-na-srbite-obvineti-za-voeni-zlostorstva-kurti-prodolzhuva-so-nasilstvo-vrz-srbite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-za-apseneto-na-srbite-obvineti-za-voeni-zlostorstva-kurti-prodolzhuva-so-nasilstvo-vrz-srbite/#respond Wed, 20 Sep 2023 17:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=879968

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), по повод денешното апсење на тројца етнички Срби под обвинение за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, го обвини косовскиот премиер, Албин Курти дека продолжува со неговиот „план за употреба на насилство и сила“ за решавање на отворените политички прашања, јави дописникот на МИА од Приштина. Според СЛ, новите апсења, и инцидентот во Грачаница од пред неколку дена, кога две лица од српска националност ја обвинија полицијата дека ги истепала без конкретна причина, доаѓаат „по одбивањето на Курти активно да учествува во дијалогот (со Белград) и да ја деескалира ситуацијата на терен“. Тие ги повикаа Мисијата на НАТО во Косово, КФОР и онаа на Европската унија за владееење на правото во земјата, ЕУЛЕКС, да ги спречат, како што велат, натамошните „провокации на режимот на Курти“. „Тој ги третира Србите на Косово и Метохија како заложници во преговарачкиот процес, кои може да ги малтретира кога сака и на тој начин испраќа порака до Европската унија дека не му можат ништо. Апелираме до КФОР и ЕУЛЕКС итно да спречат упади на специјалните сили и други провокации на режимот на Курти, кои го загрозуваат мирот и предизвикуваат тензии“, се наведува во соопштението на СЛ. Косовската полиција уапси денеска три лица од српска националност, кои се осомничени за воени злосторства против цивилното население за време на војната во Косово во 1998-99 година. Во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово се наведува дека на тројцата уапсени им е одреден притвор од 48 часа. „Тројцата уапсени се обвинети за кривичното дело „Воени злосторства против цивилното население“ , дејствија кои се санкционирани според членовите 142 и 22 од Кривичниот законик на РСФЈ, актуелно казниво според... Кривичниот законик на Република Косово... според локалните закони, воените обичаи и Женевските меѓународни конвенции и дополнителните протоколи“, се наведува во соопштението. И Официјален Белград, како што пренесуваат медиумите во Приштина, реагира преку Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, која соопшти дека уапсениот во Звечане, Д.М., е поранешен полицаец, додека за уапсениот И.Е. тврди дека е во тешка здравствена состојба. „Тие се испратени во непознат правец јужно од (реката) Ибар. Канцеларијата за Косово веднаш обезбеди адвокати за уапсените Срби, кои се обидуваат да откријат каде се испратени, бидејќи нивните семејства немаат детални информации за нивните најблиски“, се наведува во соопштението од Белград. Директорот на Канцеларијата за КиМ при српската Влада, Петар Петковиќ, денешното апсење го оцени како „продолжување на етничкото чистење од страна на Курти“. Според Петковиќ, во наредните часови се очекува да биде уапсен уште еден косовски Србин, во село Кајково, општина Лепосавиќ, во северно Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-za-apseneto-na-srbite-obvineti-za-voeni-zlostorstva-kurti-prodolzhuva-so-nasilstvo-vrz-srbite/feed/ 0
Реакции во Србија: Српска листа најави протестно собирање во Косовска Митровица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-vo-srbija-srpska-lista-najavi-protestno-sobiranje-vo-kosovska-mitrovica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-vo-srbija-srpska-lista-najavi-protestno-sobiranje-vo-kosovska-mitrovica/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=764906

По неуспешните преговори во Брисел, а на барање на САД, Косово сепак го одложи спроведувањето на одлуката за казнување на оние кои не ги пререгистрираа возилата од српски на косовски таблички за следните 48 часа. Во меѓувреме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со претставниците на Србите од Косово од кои побара да се зачува мирот и стабилноста. Како што јави дописиникот на МИА од Белград, претседателот на Српската листа Горан Ракиќ по средбата со Вучиќ изјави дека „Србите не можат да го толерираат теророт на Приштина и најави протести во сите институции“. Тој на прес-конференција посочи дека во Брисел не е постигнат договор, за што е одговорна Приштина, што може да се слушне и од меѓународните претставници. – Сите кои повикуваат на воздржаност денеска знаат која е деструктивната страна, рече Ракиќ, објави Косово онлајн. – Ние сакаме само мир. Никому не му одговара кога зборуваме за ЗСО. Бараме само да се спроведат потпишаните договори. Сакаме да живееме мирно, да бидеме свои на свое и да останеме на нашите вековни огништата Три капки ја прелија чашата: Отказот на Ненад Ѓуриќ, одлуката за укинување на српските регистарски таблички и тоа што ЗСО се уште не е формирана, рече Ракиќ. Тој додаде дека Србите не сакаат да го трпат теророт на Приштина. – Немаме каде да одиме и се надевам дека нема да мора да се браниме. Луѓето повеќе не можат да ја толерираат тортурата на Приштина. Ќе имаме протести во училиштата, здравствените домови и во сите други институции. Луѓето се прашуваат зошто ние треба да плаќаме харач и зулум. Не му го плаќавме на Турците, ниту па на Курти, порача Ракиќ. Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека само мирот и стабилноста можат да донесат просперитет на целиот Балкан и оти вчера на средбата во Брисел со претставниците на Приштина, Србија покажала колку е посветена на зачувување на мирот во регионот. – Единствено што сакаме и единствено што сакаат Србите од Косово е спроведување на постоечките договори и ништо повеќе, и ништо помалку. На крајот на краиштата, кога зборуваме за владеење на правото, една од основните и врвни вредности на ЕУ, тогаш целосното почитување и спроведување на постигнатите договори е токму таа врвна вредност и показател за владеењето на правото. Токму тоа што го бараме, изјави таа. Амбасадорот Хил по средбата со Вучиќ истакна дека Вашингтон продолжува да ја поддржува ЕУ во нејзините напори за постигнување решенија на Косово и го повика Вучиќ, да продолжи со конструктивниот ангажман во бриселскиот процес. – Конструктивниот пристап е секако начин да се најде решение, рече Хил и нагласи дека САД и ЕУ дејствуваат заеднички во однос на Косово, додавајќи дека верува оти и двете страни разбираат дека мора да постигнат решение. Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ оцени дека верува оти меѓу Белград и Приштина ќе се постигне договор за пререгистрација, бидејќи, како што рече, српскиот претседател Александар Вучиќ се откажал од КМ табличките. Јањиќ рече дека Вучиќ во Брисел предложил Србија во иднина да не издава регистарски таблички на косовските градови (KM, PE, PR, PZ, DJ, GL, UR), но дека премиерот на Косово побарал гаранции од ЕУ и САД дека ќе се почитува одлуката и дека ќе биде дел од сеопфатниот договор меѓу Белград и Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-vo-srbija-srpska-lista-najavi-protestno-sobiranje-vo-kosovska-mitrovica/feed/ 0
Српска листа: Го спречивме планот на Курти да го смени Уставот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-go-sprechivme-planot-na-kurti-da-go-smeni-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-go-sprechivme-planot-na-kurti-da-go-smeni-ustavot/#respond Thu, 17 Nov 2022 13:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=762418

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), соопшти дека нејзините нови членови на Собранието на Косово, кои денеска положија заклетва, откако досегашните пратеници од таа партија поднесоа оставка пред десет дена, ги верификуваа нивните мандати само технички, колку да ги обезбедат местата во Парламентот, и веднаш потоа ја напуштија пленарната седница, јави дописникот на МИА од Приштина. СЛ тврди дека верификувањето на пратеничките мандати на нејзините членови претставува „стратешка одлука“ со која се спречил планот на премиерот Албин Курти „и неговите колаборационисти“ да го смени Уставот, на штета на српската заедница во Косово. Како колаборационист на Курти, СЛ ја оквалификува претседателката на партијата Европско движење на Србите во Косово и Метохија, Рада Трајковиќ, која ги критикува нејзините српски опоненти, тврдејќи дека работат на штета на српскиот народ и користат криминални методи за заплашување на населението во северно Косово. – Денешната стратешка одлука“ директно го наруши остварувањето на планот на премиерот Албин Курти и неговите колаборационисти да го смени Уставот и законите со кои се гарантираат правата на српскиот народ во Косово и Метохија. Намерата на Курти и на Рада Трајковиќ е да се изгласаат уставни промени кои би воделе кон поништување на српските општини, одземање на имотот на Српската православна црква, укинување на српскиот јазик и на правото на претставување во институциите, се вели во соопштението на СЛ. Пратениците на СЛ ги повлекоа своите мандати од Собранието на Косово поради одлуката на Владата на Курти да воведе санкции кон оние кои нема да ги променат табличките издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово, а оставки од државните и локалните институции, на повик на СЛ, поднесоа и другите косовски Срби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-go-sprechivme-planot-na-kurti-da-go-smeni-ustavot/feed/ 0
Српска листа нема да го поддржи формирањето на новата косовска влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-nema-da-go-poddrzi-formiranjeto-na-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-nema-da-go-poddrzi-formiranjeto-na-novata-kosovska-vlada/#respond Sun, 02 Feb 2020 14:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=298231

Српската премиерка Ана Брнабиќ по денешниот состанок во Белград со претставници на Српска листа од Косово, изјави дека оваа партија нема да го поддржи формирањето на новата косовска влада, јави дописникот на МИА од Белград. – Српска листа која освои десет пратенички места во косовското Собарние одлучи да не го поддржи формирањето на новата влада, изјави Брнабиќ. Таа наведе и дека пред да се укинат таксите нема да дојде до сериозни разговори со претставниците на власта во Приштина. Директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, изјави дека одлуката е донесена имајќи го предвид фактот дека во претходниот период приштинските власти на „фундаментален начин ја имаат изневерено довербата на Србите и на нивните претставници, но и ги газеа правата на српскиот народ“. – Иако Српска листа нема да ја поддржи оваа влада, тоа не значи дека нема да разговараат со албанските претставници во Косово со цел да го заштитат нашиот народ и да ги нормализираат односите, кажа Ѓуриќ. Тој додаде дека на денешната средба се согласиле и дека српските политички претставници од Косово своите одлуки за учество во „привремените приштински институции“ ќе ги носат во консултација со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и Канцеларијата за Косово на српската Влада. Пред средбата со премиерката на Србија, претставниците на Српска листа изјавија дека „нема да бидат пречка“ кога станува збор за формирање на новите приштински институции, но и дека ќе бараат укинување на таксите. Самоопределување и ДСК бараат поддршка од најмалку уште четири пратеници за да се достигне бројката од 61 глас во текот на утрешното гласање за новата влада и се очекува да постигнат договор со претставниците на малцинските партии во Парламентот. Меѓу Самоопределување и Демократската алијанса на Косово (ДСК) денеска беше потпишан коалициски договор по четиримесечни преговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-nema-da-go-poddrzi-formiranjeto-na-novata-kosovska-vlada/feed/ 0
Српска Листа реагира на изјавата на Тахири дека ќе има војна ако Србија не го признае Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-reagira-na-izjavata-na-tahiri-deka-kje-ima-vojna-ako-srbija-ne-go-priznae-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-reagira-na-izjavata-na-tahiri-deka-kje-ima-vojna-ako-srbija-ne-go-priznae-kosovo/#respond Wed, 18 Dec 2019 14:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=279252

Српска Листа, коментирајќи ја изјавата на поранешната преговарачка Едита Тахири дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово, денеска оцени дека ѕвечкањето со оружје и повикувањето на судири е најопасната опција. Според Српска Листа на изјавата на Тахири би требало да реагираат сите политички претставници во Приштина, но и меѓународни претставници, посебно КФОР, Еулекс, Европската унија и УНМИК. -Како во претходните децении да немаше доволно судири, страдања и патење, па Едита Тахири, каков парадокс, зборуваше на собир каде тема беше учество на жените во мировните процеси, повикува на судири, негирајќи можност за изнаоѓање компромисно, одржливо и мирно решение за проблемот на Косово и Метохија, се наведува во соопштението на Српска Листа. Во соопштението уште се изразува надеж дека изјавата на Тахири ќе наиде на најширока можна осуда, но и дека Обвинителството во Косово ќе почне постапка против неа, бидејќи ги вознемирува граѓаните и поттикнува омраза. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-reagira-na-izjavata-na-tahiri-deka-kje-ima-vojna-ako-srbija-ne-go-priznae-kosovo/feed/ 0
Српска листа се враќа во Владата на Харадинај по Самитот во Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-vrakja-vo-vladata-na-haradinaj-po-samitot-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-vrakja-vo-vladata-na-haradinaj-po-samitot-vo-sofija/#respond Wed, 16 May 2018 13:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=54884

Најголемата српска партија во Косово,  Српска листа, се очекува да се врати во косовската Влада веднаш по Самитот на Европската унија и Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Софија, пишува „Газета Експрес“, наведувајќи дека оваа партија, практично, во ниеден момент не ги напушти функциите во Владата на Рамуш Харадинај. Извори на порталот во партијата, како што јави дописникот на МИА од Приштина, потврдиле дека формалното враќање ќе се направи како „гест на добра волја на претседателот на Србија Александар Вучиќ, како доказ дека Србија се залага за регионална соработка“. Партијата на косовските Срби, која сите дејствија ги презема во тесна координација со официјален Белград и со Вучиќ, кај кого често оди на консултации, објави дека излегува од Владата по апсењето и протерувањето од Косово на директорот на српската Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ. Со образложение дека влегол илегално во земјата односно не ги почитувал воспоставените процедури за вакви посети, косовските специјалци, во спектакуларна акција, на 26 март годинава го уапсија Ѓуриќ во северна Митровица и со лисици на рацете го протераа од Косово. Ова апсење предизвика бурни реакции во Србија, а Српска листа објави дека ја напушта Владата и ќе дејствува како опозиција. Меѓутоа, според „Газета Експрес“, тоа воопшто не се случи и министрите од оваа партија секојдневно одеа на работа во своите кабинети и ги извршуваа министерските должности. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-vrakja-vo-vladata-na-haradinaj-po-samitot-vo-sofija/feed/ 0
Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-otkaza-od-ednostranoto-proglasuvanje-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-otkaza-od-ednostranoto-proglasuvanje-na-zso/#respond Thu, 19 Apr 2018 15:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=43245

Најголемата партија на косовскиет Срби, Српската листа, денеска соопшти дека се откажува од едностраното формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), што претходно го најави за 20 април. Ваквата најава уследи по денешната средба во Звечани на претставници на Српската листа со членовите на работната група што ја формираше косовската Влада, со задача да го подготови статутот на ЗСО. Претставникот на Српката листа, Игор Симиќ изјави дека партијата останува отворена за разговори и решенија кога станува збор за формирање на Заедницата, во согласност со Договорот во Брисел, што го постигнаа Белград и Приштина. Игор Симиќ - Многумина очекува дека денеска ние ќе тргнеме онака како што Србите често дејствуваат, прво со срцето, а потоа со разумот. Но, овојпат ќе дејствуваме со разум, со цел утре никој да не ги обвинува Србите дека презеле едностани одлуки. Чекавме пет години, ќе почекаме уште три и пол месеци, изјави Симиќ. Со сличен став вчера излезе и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе чека работната група да ја заврши својата работа во рок од три и пол месеци и дека ЗСО да биде формирана согласно Бриселскиот договор. Рамуш Харадинај Претходно денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ултиматумот на Српската листа за еднострано формирање на ЗСО нема да има никаков ефект, најавувајќи дека Заедницата ќе биде воспоставена врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово. - Ситуацијата е сменета. Косово е на пат кон изготвување на Статутот на ЗСО. Ултиматумот паѓа во вода, рече Харадинај на прес-конференција по денешната седница на неговата Влада. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-se-otkaza-od-ednostranoto-proglasuvanje-na-zso/feed/ 0
Харадинај се огласи за одлуката на Српска листа да ја напушти косовската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-se-oglasi-za-odlukata-na-srpska-lista-da-ja-napushti-kosovskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-se-oglasi-za-odlukata-na-srpska-lista-da-ja-napushti-kosovskata-vlada/#respond Tue, 27 Mar 2018 13:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=33626

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изрази надеж дека партијата Српска листа ќе ја преразгледа одлуката за напуштање на неговата Влада. - Едностраните мерки и прекинот на соработката не се добра работа, изјави Харадинај по вонредната седница на косовскиот Совет за национална безбедност. Седницата на Советот беше одржана по вчерашниот инцидент во Косовска Миторовици и денешната одлука на Српска листа за напуштање на Владата и за самостојно формирање на Заедницата на српски општини. - Тоа е избрзана и штетна најава. Видовте што се случи вчера кога нема комуникација. Подобро е се да вратиме на маса и да одиме напред. Уверен сум дека ќе најдеме заеднички јазик, наместо да дејствуваме еднострано, рече Харадинај. Во врска со најавата на Српска листа дека утре во Косовска Митровица ќе се одржи седница на претставници на сите 10 општини во Косово со мнозинско српско население, на која ќе се договораат за формирањето на ЗСО, Харадинај потседи дека пред неколку дена рекол оти досега „не се занимавал со Заедницата на српски општини“. - Имав поважни работи. Имавме доста проблеми и се уште не сум запознат (со ЗСО), рече Харадинај. Осврнувајќи се на изјавата на директороот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ дека не знае дали ќе продолжи бриселскиот дијалог, Харадинај изјави дека во интерес на Приштина е тој да продолжи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-se-oglasi-za-odlukata-na-srpska-lista-da-ja-napushti-kosovskata-vlada/feed/ 0