српска опозиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Mar 2023 16:49:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png српска опозиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За српската опозиција договорот од Охрид е предавсто и измама на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-srpskata-opozitsija-dogovorot-od-ohrid-e-predavsto-i-izmama-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-srpskata-opozitsija-dogovorot-od-ohrid-e-predavsto-i-izmama-na-graganite/#respond Mon, 20 Mar 2023 14:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=814198

Според реакциите на српската опозиција на догорот меѓу Србија и Косово во Охрид, тој преставува предавство, доведување во заблуда на граѓаните, отварање на пат кон Голема Албанија, а десно ориентираните и проруски партии најавија протест закажан за 24 март, јави дописникот на МИА од Белград. -Вучиќ немилосрдно повторува дека не го потпишал договорот. Нашите граѓани мора да знаат дека овој договор не мора ни да се потпише, бидејќи веќе е прифатен како платформа за преговори во кои Вучиќ е наголемо вклучен. Нашата историја не памети ваква измама на граѓаните, изјави поранешниот српски претседател и лидер на СДС, Борис Тадиќ. „Велосипедот, европското тркало на Србија, ќе се врти само ако се стисне задниот педал, што претставува имплементација на косовскиот договор. Главно поглавје во преговорите со ЕУ сега е 35-то поглавје. Напредокот на Србија на европскиот пат сега е нераскинливо условен од нејзината соработка околу Косово. А сето тоа го испреговара државникот (Александар Вучиќ), напиша претседателот на движењето СРЦЕ и поранешен претседателски канидат“, Здравко Понош. Во редовите на опозицијата има и такви кои се убедени дека Србија нема алтернатива и дека нејзината европска иднина ја чека само доколку го прифати договорот. -Она што е клучното прашање за Србија сега е - не дали го прифаќа договорот, договорот е конечен и непроменлив, тоа го знаеме и овој договор е одраз на политичката реалност што ја создадоа лошите политики на претходните 20 и повеќе години и тука ништо нема да се промени. Прашањето за нас е дали прифаќаме да бидеме дел од политичкиот простор што го создадоа ЕУ и САД - оние кои го нудат овој договор или ние тоа го одбиваме, праша Павле Грбовиќ, претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Лидерот на Народната Партија (НС), Вук Јеремиќ порача дека прифаќањето на европскиот план ја отвора вратата за создавање Голема Албанија и дека - доколку итно не се отфрли - немирите и конфликтите може да бидат иднината што ја чека Србија. Двери, НАДА и Заветници, кои протестираа пред зградата на РТС, каде го блокираа сообраќајот, со пароли „НЕ на капитулацијата“ повикува на отфрлање на договорот. -Затоа нашите барања се многу јасни: единствениот начин да се спречи нешто што никој не го сака е оставка на Вучиќ, Александар Вучиќ мора да си замине, да се распишат вонредни избори на сите нивоа, рече Милош Јовановиќ од ДСС од коалицијата НАДА. „Ова е капитулација, ова е велепредавство и ова е криминален чин. Се што е договорено синоќа не е во согласност со Уставот на Србија. Сега имаме обврска да го спречиме целосното спроведување, односно верификацијата и создавањето на овој договор – меѓународен договор, односно договор кој би ја обврзал Србија, бидејќи последиците би биле, катастрофални и политички и правно. Овој анекс што беше договорен во Охрид е анекс за создавање на голема Албанија“, рече Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски од Заветници. Покрај вонредните избори, дел од опозицијата бара и таканаречен „референдум за опстанок на Србија“, а „државотворната опозиција“ најавува и општа блокада на државата на 24 март.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-srpskata-opozitsija-dogovorot-od-ohrid-e-predavsto-i-izmama-na-graganite/feed/ 0
Српската опозиција бара информации за сите уапсени на протестите, назначување нов кризен штаб и објективност на РТС https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-bara-informacii-za-site-uapseni-na-protestite-naznachuvanje-nov-krizen-shtab-i-objektivnost-na-rts/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-bara-informacii-za-site-uapseni-na-protestite-naznachuvanje-nov-krizen-shtab-i-objektivnost-na-rts/#respond Sat, 11 Jul 2020 17:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=374191

Опозицијата обединета во Сојуз за Србија (СзС) инсистира на итно исполнување на барањата кои ќе обезбедат заштита на здравјето и достоинството на граѓаните, меѓу кои е итно ослободување на неоправдано уапсените граѓани за време на протестите, соопшти денеска Сојузот. СзС побара информации за сите уапсени за да можат да добијат соодветна правна заштита, како и информации за состојбата на сите повредени. – Бараме итно назначување на нов, деполитизиран кризен штаб (за борба против епидемијата на коронавирусот), на кој луѓето ќе му веруваат. Овој Кризен штаб ја изгуби довербата поради тоа што неговите одлуки беа диригирани од страна на Александар Вучиќ, а многу од неговите членови мора да кривично да одговараат, соопшти СзС. СЗС го повтори барањето за утврдување одговорност на полициските функционери, раководителите на жандармеријата и други безбедносни служби „кои употребија брутална сила против граѓаните кои го искажаа својот револт поради незадоволството од ситуацијата во земјата“. Опозицијата го повика јавниот медиумски сервис РТС да известува „за барањата и протестите на граѓаните објективно, вистинито и навремено“. – Веќе петти ден граѓаните протестираат, барајќи да не бидат понижувани со режимските лаги и ограничувањата на основните граѓански слободи. Злоупотребата на епидемијата е капка што ја прелеа чашата. Ние, како и досега, и денеска ќе бидеме со граѓаните и ќе инсистираме на исполнување на овие барања, наведува Сојуз за Србија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-bara-informacii-za-site-uapseni-na-protestite-naznachuvanje-nov-krizen-shtab-i-objektivnost-na-rts/feed/ 0
Српската опозиција донесе декларација за бојкот на изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-donese-deklaracija-za-bojkot-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-donese-deklaracija-za-bojkot-na-izborite/#respond Sun, 02 Feb 2020 08:33:28 +0000 https://kurir.mk/?p=298097

Опозицијските партии обединети во коалицијата Сојуз за Србија (СзС) и други партии меѓу кои и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) кои имаат донесено одлука за бојкот на пролетните парламентарни и локални избори во Србија, синоќа во Комбанк Арена во Белград усвоија Декларација во која се обврзуваат дека „секој обид за формирање влада заснована врз резултатите од лажните избори ќе се смета за чин на соборување на уставниот поредок“, јави дописникот на МИА од Белград. – Ние таквата власт ќе ја сметаме за нелегитимна и против неа ќе се бориме со секаков вид на отпор и граѓанска непослушност. Ќе ја продолжиме борбата за слободни медиуми и за слободни и фер избори со сите расположиви законски средства со цел демократизација на Србија, се наведува во Декларацијата. Во неа се додава и „дека ќе се спротивстават на насилството, особено на секој екстремизам поврзан со режимот“. – Ние се обврзуваме на солидарност во заштитата на сите ранливи граѓани кои се погодени од моќта на власта поради поинакво мислење или критичко дејствување и ќе дадеме помош и заштита. Ќе продолжиме да соработуваме со сите организации и поединци кои имаат иста цел. Ќе ги продолжиме разговорите со претставниците на ЕУ и на други земји и организации кои ги поддржуваат демократските вредности, слободата на медиумите и слободни избори, стои во Декларацијата. Како што се наведува во Декларацијата на опозицијата, тие на граѓаните им ветиле „бојкот на узурпираниот парламент, што го имаат исполнето, а сега се исполнува и бојкотот на изборите, како што беше ветено“. „Ние им ветуваме на граѓаните дека Србија ќе добие слободни и фер избори и ние тоа ќе го исполниме. Одиме во бојкот. Во бојкот за Србија“, се заклучува во Декларацијата. На собирот се обрати претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас. – Треба да им овозможиме на граѓаните кога некој ќе ги праша како си, да кажат добро сме. Велат дека српската опозиција донела одлука да оди на бојкот. Не. Српската опозиција донесе одлука да го послуша својот народ, рече Ѓилас. На собирот во Комбанк арената се обратија и лидерот на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, претседателот на Движењето за слободни граѓани (ПСГ), Сергеј Трифуновиќ, лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ, потпретседателот на Демократската странка (ДС) Драгана Ракиќ и други. Декларацијата на собирот беше прочитана од страна на лидерот на Движењето за пресврт, Јанко Веселиновиќ, а присутните ја усвоија едногласно со подигање на гласачките ливчиња на кои пишуваше „Бојкотирам“. По собирот, со кој е означен почетокот на кампањата на бојкот на изборите, присутните се упатија на протестната прошетка на плоштадот „Никола Пашиќ“ па се до зградата на РТС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-donese-deklaracija-za-bojkot-na-izborite/feed/ 0
Српската опозиција го бојкотира и Собранието на Град Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-go-bojkotira-i-sobranieto-na-grad-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-go-bojkotira-i-sobranieto-na-grad-belgrad/#respond Mon, 25 Feb 2019 11:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=168025

Одборниците од редовите на српската опозиција во Собранието на Град Белград ја бојкотираат денешната седница, согласно „Договорот со народот“, со кој се обврзаа дека ќе ги напуштат државните и локалните собранија и најавија дека од сега ќе разговараат само директно со граѓаните. Како што јави дописникот на МИА од Белград, опозициските одборници поставија транспарент пред белградската градска администрација на кој пишува „Еден од пет милиони“, што е мото на граѓанските протести, и најавија дека нема да влезат во зградата. Заменик-координаторот на Одборничката група на Сојузот за Србија (СзС) и потпретседател на Народната партија (НС), Никола Јовановиќ изјави дека опозицијата жестоко се борела во Градското собрание и најави дека против системот ќе се борат уште посилно. -Сметаме дека е поважно да се биде со народот на улица, отколку во сала со оние кои го гледаат Белград само како плен и кои го мразат, изјави Јовановиќ. Одборникот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Павле Грбовиќ нагласи дека претставниците на Српската напредна партија (СНС) на претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе мора да учестваат сами на „срамна седница“, бидејќи опозициските претставници ќе ги бојкотираат сите следни седници на градското Собрание. -ПСГ се приклучи на Асоцијацијата на слободни одборници и учествуваше во нејзиното формирање. Целта на оваа Асоцијација е да се отстрани пречката меѓу граѓаните и опозициските одборници, еднаш засекогаш, рече Грбовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-opozicija-go-bojkotira-i-sobranieto-na-grad-belgrad/feed/ 0