српска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 12:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png српска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српската полиција трага по Македонец: Неговата девојка е пронајдена мртва, а тој исчезнал откако го пријавил случајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-policija-traga-po-makedonec-negovata-devojka-e-pronajdena-mrtva-a-toj-ischeznal-otkako-go-prijavil-sluchajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-policija-traga-po-makedonec-negovata-devojka-e-pronajdena-mrtva-a-toj-ischeznal-otkako-go-prijavil-sluchajot/#respond Wed, 06 Apr 2022 12:17:39 +0000 https://kurir.mk/?p=659193

Саманта В.(31) е пронајдена мртва во стан во Власотинце, а полицијата се уште интензивно трага по нејзиното момче, државјанин на Македонија. Смртта на несреќната девојка била пријавена синоќа околу 22 часот. -Постои сомнеж дека Саманта била мртва неколку дена, но дека момчето дури синоќа го пријавило случајот во полиција. Таа беше пронајдена во кревет во локва крв и покриена со ќебе, но не можеше точно да се утврди од што починала, па наредена е обдукција, вели изворот за српските медиуми. Македонскиот државјанин кој бил момче на Саманта после тоа исчезна, а полицијата трага по него. Тој се уште не е осомничен, но потребно е да даде изјава. На местото каде со години живеела Саманта В., велат дека биле изненадени од нејзината смрт. „Таа е од Власотинце, а еве неколку години беше во брак со мојот братучед. Имаат две деца, работеше во фабрика, но се разведоа и таа се врати во родниот град“ - вели братучедот на поранешниот сопруг на починатата. „Слушнавме дека е пронајдена мртва, но не знаеме ништо, дали е убиена или штотуку починала. За смртта нејзиниот поранешен сопруг бил известен од полиција, во селото доаѓала патрола“ - објаснува роднината. Како што вели Саманта не ја видела речиси две години. -Ги остави децата во селото, братучед ми се прежени, а Саманта некако се оддалечи од нас. Еднаш ја запознавме со еден дечко, веројатно Македонец, зборуваше културно и продолжи понатаму. Многу ни е жал, најлошото за нас е што не знаеме како го загубила животот, додава роднината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-policija-traga-po-makedonec-negovata-devojka-e-pronajdena-mrtva-a-toj-ischeznal-otkako-go-prijavil-sluchajot/feed/ 0
Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-carina-sprechi-shverc-na-zlaten-nakit-kaj-makedonski-drzavjanin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-carina-sprechi-shverc-na-zlaten-nakit-kaj-makedonski-drzavjanin/#respond Mon, 21 Feb 2022 15:02:06 +0000 https://kurir.mk/?p=634420

Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград. Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска и Србија, пристигнало возилото „шкода октавиа“ ВРС, со швајцарски регистарски таблички, со кое четири лица патувале од Швајцарија кон Северна Македонија. На јасно поставеното прашање на цариниците дали имаат што да пријават, па дури и на конкретното прашање дали со себе носат вредни предмети што треба да се пријават, сите патници одговорија дека со себе носат само личен багаж. Сепак, деталниот преглед ги демантираше нивните тврдења, бидејќи по прегледот на багажот, во два куфери покрај личните работи, била спакувана и поголема количина златен накит, кој никој не го ни спомнал. Станува збор за 716 грама разновиден накит, за кој како сопственик се пријавил патникот кој седел на задното седиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-carina-sprechi-shverc-na-zlaten-nakit-kaj-makedonski-drzavjanin/feed/ 0
Најмалку 40 уапсени во акција на српската полиција против криминални групи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-40-uapseni-vo-akcija-na-srpskata-policija-protiv-kriminalni-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-40-uapseni-vo-akcija-na-srpskata-policija-protiv-kriminalni-grupi/#respond Wed, 16 Jan 2019 06:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=152734

Најмалку 40 лица се уапсени во акција на српската полиција во реоните на градовите Крагуевац и Аранѓеловац, против, како што наведоа полициски извори, „организирани криминални групи и кланови“. При акцијата се извршени претреси на 20-тина домови, при што се запленти „големо количество наркотици“, огнено оружје, муниција и панцири. Уапсените се осомничени за трговија со наркотици и оружје, за изнуди и за измами. Според српската државна телевизија РТС, станува збор за акција против три криминални групи, од кои две од Крагуевац и една од Аранѓеловац. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-40-uapseni-vo-akcija-na-srpskata-policija-protiv-kriminalni-grupi/feed/ 0
Чистка во врвот на српската полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chistka-vo-vrvot-na-srpskata-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chistka-vo-vrvot-na-srpskata-policijata/#respond Tue, 31 Jul 2018 15:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=83231

Српските медиуми денеска информираат дека во врвот на српската полиција направена е чистка на повеќе високи функционери и службеници. Полковникот Горан Драговиќ разрешен е од позицијата командант на српската жандармеријата. Исто така, разрешени се и началникот на полициската управа на градот Белград Веселин Милиќ, како и началникот на комуналната полиција во Белград Никола Ристиќ, на чие место е поставен Иван Дивац од редовите на српското МВР. Како што информираат медиумите Горан Драговиќ кариерата ќе ја продилжи во српската дипломатија. Сменетиот началник на полициската управа на градот Белград Веселин Милиќ во март годинава зборуваше за медиумите за безбедносната ситуација во Белград, која, според извештаите од црните хроники и секојдневните настани на улиците на главниот град, е далеку од идилична. Смените во врвот на полицијата потврдени се од српското МВР, но не се наведуваат причините за нивната смена. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chistka-vo-vrvot-na-srpskata-policijata/feed/ 0