српски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 16:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png српски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Учесници на протестот го блокираа сообраќајница пред зградата на српскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchesnitsi-na-protestot-go-blokiraa-soobrakajnitsa-pred-zgradata-na-srpskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchesnitsi-na-protestot-go-blokiraa-soobrakajnitsa-pred-zgradata-na-srpskiot-parlament/#respond Fri, 12 May 2023 16:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=833578

Учесниците на протестот „Србија против насилството“ блокираа сообраќајница пред зградата на српскиот парламент во пресрет на новиот протестен собир организиран од проевропската опозиција, јави Бета. Според претходните најави на организаторите, собирот ќе биде без говорници и ќе заврши со блокада на мостот Газела, а ќе бидат прочитани и истите барања како оние изнесени на протестот на 8 мај. Протестот организиран од Демократската партија, Народната партија, Зелениот левичарски фронт/Не го давиме Белград, Заедно и Партијата за слобода и правда/Движење на слободни граѓани/Синдикат Слога/Движење за пресврт, како што претходно изјавија тие партии, не е партиски. Најавено е дека и вечерашниот протест како и претходниот ќе помине без говори и партиски симболи, а со „најголема почит и сочувство со болката поради невидените трагедии“, две масовни убиства во Србија во кои загинаа 17 и повеќе од 20 беа ранети. Меѓу барањата изнесени на протестот на 8 мај се разрешување на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, директорот на БИА Александар Вулин, одземање на националните фреквенции од телевизиите што промовираат насилство, укинување на емисии што промовираат насилство и закажување седница на Собранието на Србија на тема безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchesnitsi-na-protestot-go-blokiraa-soobrakajnitsa-pred-zgradata-na-srpskiot-parlament/feed/ 0
Конституиран новиот српски Парламент, реакции на опозицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstituiran-noviot-srpski-parlament-reakcii-na-opozicijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstituiran-noviot-srpski-parlament-reakcii-na-opozicijata/#respond Mon, 03 Aug 2020 12:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=385504

Со полагање на заклетва на народните пратеници денеска во Белград е конституиран новиот српски Парламент, јави дописникот на МИА од Белград. Со седницата претседаваше најстарата пратеничка Смилја Тишма (91г.) која претходно констатираше дека комисијата за верификација направила извештај за спроведените избори и дека сите 250 пратенички уверенија се во согласност со извештајот на РИК, како и дека се исполнети условите за потврдување на мандатите на сите пратеници. Тишма соопшти дека пратениците ќе бидат информирани за датумот на одржување на седницата дополнително. Како што кажа таа, пратениците сега имаат обврска да формираат пратенички клубови и да ја предадат таа одлука, како и имињата на претседателот и заменик-претседателот на пратеничкиот клуб. Заседанието се одржа со мерки за заштита од епидемијата на коронавирус. Според резултатите од изборите, кои беа бојкотирани од поголемиот дел на опозицијата собрани околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС), листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на Српската напредна партија (СНС) има 188 пратеници, листата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Единствена Србија (ЈС) има 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ има 11 пратеници. Останатите пратенички места им припаднаа на малцинските партии во Србија. Од конституирањето на новото свикување на Собранието започна рокот од 90 дена за формирање на новата српска Влада, која според српскиот претседател Александар Вучиќ, треба да биде формирана до крајот на овој месец. Учесниците на протестот, кој го организираше опозициското движење Доста Беше (ДЈБ), меѓу кои беше и расчинетиот калуѓер Антоније Давидовиќ фрлаа јајца и домати во зградата пред Домот на Народното собрание на Србија, кога ги видоа пратениците како излегуваат од него. По конституирањето на собранието, од опозицијата реагираше и Мариника Тепиќ, потпретседателка на Партијата за слобода и правда (ССП), која пред Собранието, изјави дека „опозицијата која ги бојкотираше изборите, со зборови, се бореше да покаже дека во Србија има едноумие и еднопартиска држава“. Таа додаде дека единството на опозицијата е единствениот можен пат и дека до „слободни избори“ сите мора да одат заедно, затоа што ова нелегитимно собрание не може да преживее повеќе од една година до година и половина. Реагираше и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој изјави дека „денес, нема смисла да учествува во риалити, добро е да се види како изгледа Собранието на Србија без опозиција, да се соголи диктатурата и да се види како пратениците даваат заклетва на Вучиќ“. Во соопштението потпишано од Иницијативниот одбор на Собранието на слободна Србија се наведува тие ќе бидат место каде што ќе се слушнат различни мислења на различни политички и социјални групи, кои целосно ја изгубија можноста да ги артикулираат своите политички ставови преку официјалните институции. Формирањето на Собранието на слободна Србија беше иницирано од повеќе интелектуалци, како алтернативно тело чија цел е да ги собере сите граѓани кои сакаат да создадат подобра, демократска Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstituiran-noviot-srpski-parlament-reakcii-na-opozicijata/feed/ 0
Конститутивна седница на српскиот Парламент ќе се одржи во понеделник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-srpskiot-parlament-kje-se-odrzi-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-srpskiot-parlament-kje-se-odrzi-vo-ponedelnik/#respond Sat, 01 Aug 2020 11:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=384742

Конститутивната седница на Собранието на Србија, на која ќе бидат потврдени мандатите на народните пратеници, ќе се одржи в понеделник на 3 август. Претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, ја свика првата седница на Собранието за понеделник, со почеток во 10 часот. На агендата на Собранието, покрај потврдувањето на мандатите на пратениците, е изборот и на претседател на Националното собрание, избор на заменик претседател, именување на генерален секретар на Националното собрание и избор на членови на работни тела. Изборите за пратеници на Собранието на Србија се одржаа на 21 јуни, а српското Собрание има 250 пратеници. Според резултатите од изборите, листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на Српската напредна партија (СНС) ќе има 188 пратеници, листата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Единствена Србија (ЈС) освоија 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ ќе има 11 пратеници. Останатите пратенички места им припаднаа на малцинските партии во Србија. Девет пратеници доби Сојузот на Унгарците во Војводина, четири мандати има листата на Муамер Зукорлиќ, која беше во коалиција со Демократската партија на Македонците, кои нема да влезат во Собранието, додека листата на Албанската демократска алтернатива ќе има три места. Листата на СДА на Санџак на Сулејман Угjанин ќе има ист број на пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-srpskiot-parlament-kje-se-odrzi-vo-ponedelnik/feed/ 0
Драма пред српскиот Парламент: Маж со бомба се заканува дека ќе се разнесе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-pred-srpskiot-parlament-maz-so-bomba-se-zakanuva-deka-kje-se-raznese/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-pred-srpskiot-parlament-maz-so-bomba-se-zakanuva-deka-kje-se-raznese/#respond Thu, 29 Mar 2018 12:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=34183

Вооружен маж со пиштол и бомба се заканува дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија. Според српските медиуми 63-годишниот мажот е поранешен припадник на српската армија. Во тек се преговори со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-pred-srpskiot-parlament-maz-so-bomba-se-zakanuva-deka-kje-se-raznese/feed/ 0