српски туристи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 13:55:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png српски туристи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српските туристи заинтересирани велигденските и првомајските праници да ги поминат во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskite-turisti-zainteresirani-veligdenskite-i-prvomajskite-pranitsi-da-gi-pominat-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskite-turisti-zainteresirani-veligdenskite-i-prvomajskite-pranitsi-da-gi-pominat-vo-makedonija/#respond Mon, 10 Apr 2023 13:55:51 +0000 https://kurir.mk/?p=822476

Српските туристи се многу заинтересирани за патување во странство за време на претстојните велигденски и првомајски празници, а според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија ЈУТА, Александар Сеничиќ, овој интерес е уште поголем отколку во годините пред Ковид, при што срспките граѓани повеќето планираат да патуваат во европските земји, но и во Охрид и Скопје, јави дописникот на МИА од Белград. -Најголем интерес во европските градови е пред се за најевтините патувања со автобус. Тука имаме различни патувања од две до пет до шест ноќевања во зависност од дестинацијата, а најинтересни градови се Истанбул, Солун, Софија, Темишвар, Прага, Виена, но и градовите од северна Италија како и оние од нашата непосредна околина, изјави Сеничиќ за Танјуг. Тој додаде дека во соседството на Србија, за туристите од Србија најинтересни се градовите во Македонија, Охрид и Скопје, кои ги посетуваат или во комбинирани тури или самиот Охрид, како и Црна Гора. Според него, постои голем интерес и за градски тури во Босна и Херцеговина, Требиње, Сараево, Бања Лука, Мостар. -Повеќето луѓе ќе бидат на вакви патувања со оглед на ниските цени кои се движат од 30 до 39 евра и до 200 евра, во зависност од дестинацијата и должината на престојот, рече Сеничиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskite-turisti-zainteresirani-veligdenskite-i-prvomajskite-pranitsi-da-gi-pominat-vo-makedonija/feed/ 0
ФОТО: Србите се соочуваат со проблеми во Македонија, не ги добиват ветените картички за патарина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-srbite-se-soochuvaat-so-problemi-vo-makedonija-ne-gi-dobivat-vetenite-kartichki-za-patarina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-srbite-se-soochuvaat-so-problemi-vo-makedonija-ne-gi-dobivat-vetenite-kartichki-za-patarina/#respond Sat, 10 Jul 2021 14:04:49 +0000 https://kurir.mk/?p=534818

Српските туристи кои преку Македонија одлучиле да летуваат во Грција наидуваат на проблеми на македонскиот граничен премин. Имено, извесна Билјана преку социјалните мрежи предупредува дека на македонската граница не ја добила најавената картичка за патарините кои им беше ветена од македонската Влада. -На македонска граница се случува туристи од Србија да не ја добијат картичката за патарина. Бидете упорни, барајте го шефот на смена, немојте лесно како нас да поверувате дека немаат или дека не знаат. Конкретно на 28 јуни влеговме во Македонија и кога прашавме за картичка, граничарот ни кажа дека нема и дека тоа не се големи пари. Мислевме дека ќе добиеме на првата патарина, го продолживме патот, но сфативме дека сме измамени, по пренесува своето искуство една жена. Инаку, најавено беше дека М-Смарт картички за електронско плаќање патарина ќе им бидат давани на српските туристи кои ќе поминуваат низ Македонија на пат за Грција од 15 јуни до 15 август. Картичките на српските туристи ќе им бидат давани на граничниот премин Табановце. Владата вети ослободување од плаќање патарина за српските туристи како благодарност за донираните вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-srbite-se-soochuvaat-so-problemi-vo-makedonija-ne-gi-dobivat-vetenite-kartichki-za-patarina/feed/ 0
Oд денеска бесплатна патарина по Коридор 10 за српските туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-besplatna-patarina-po-koridor-10-za-srpskite-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-besplatna-patarina-po-koridor-10-za-srpskite-turisti/#respond Tue, 15 Jun 2021 08:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=523569

Започна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи. Туристите од Србија кои од денеска ќе транзитираат низ коридор 10 на пат кон Грција, на граничниот премин Табановце ќе добијат М-смарт картичка за патарините. На картичките има пари колку што чинат сите патарини во двата правца. Српските туристи ќе треба да ги отчукаат на наплатните рампи и без никаков трошок да го поминат Коридорот 10 низ нашата држава. Како што информираат од Владата за „Вечер.прес“, од вкупно планираните 200 илјади картички, во првата количина Јавното претпријатие за државни патишта изработило 65.000 и ги предало на МВР. Оттаму додаваат дека картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои ќе имаат можност да ги надополнуваат преку системот е кард, со не помалку од 300 денари, за следен влез на територијата на Македонија. Српските граѓани ќе добиваат бесплатни М-Смарт картички при влез во нашата држава до 15 август, а за тоа од државниот буџет се планирани 2,8 милиони евра. Оваа привилегија е предвидена само за српските граѓани кои патуваат по Коридорот 10. Бесплатните патарини без обезбедени како гест на благодарност кон српските граѓани кои први се понудија да им дозволат бесплатно вакцинирање на Македонците во Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-besplatna-patarina-po-koridor-10-za-srpskite-turisti/feed/ 0
Благодарност за вакцините: Српските туристи нема да плаќаат паркинг во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarnost-za-vakcinite-srpskite-turisti-nema-da-plakjaat-parking-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarnost-za-vakcinite-srpskite-turisti-nema-da-plakjaat-parking-vo-ohrid/#respond Thu, 10 Jun 2021 12:14:35 +0000 https://kurir.mk/?p=521538

Туристите од Србија кои летово ќе го посетат Охрид нема да плаќаат паркинг. Ова денеска го најави градоначалникот Константин Георгиески при посетата на Белград, додавајќи дека ваквата одлука ќе ја предложи на усвојување на Советот на Општина Охрид како знак на благодарност за донираните вакцини од Србија. Ослободувањето од плаќање паркинг доаѓа откако Владата донесе одлука српските туристи да не плаќаат патарини, но само на коридорот 10 кон Грција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarnost-za-vakcinite-srpskite-turisti-nema-da-plakjaat-parking-vo-ohrid/feed/ 0
Српските туристи нема да плаќаат патарина во Македонија, еве колку пари ќе чини мерката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskite-turisti-nema-da-plakjaat-patarina-vo-makedonija-eve-kolku-pari-kje-chini-merkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskite-turisti-nema-da-plakjaat-patarina-vo-makedonija-eve-kolku-pari-kje-chini-merkata/#respond Tue, 25 May 2021 17:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=515030

Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година, информираат од Влада. Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Македонија преку Граничниот премин Табановце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskite-turisti-nema-da-plakjaat-patarina-vo-makedonija-eve-kolku-pari-kje-chini-merkata/feed/ 0
Негативни тестовите на српските туристи на грчкиот остров Евиа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negativni-testovite-na-srpskite-turisti-na-grchkiot-ostrov-evia/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negativni-testovite-na-srpskite-turisti-na-grchkiot-ostrov-evia/#respond Fri, 10 Jul 2020 09:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=373130

Негативни се сите 87 тестови направени на туристите од Србија сместени во Едипсос на грчкиот остров Евија, откако двајца од групата завчера беше потврдено дека се заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на приморското место, Јанис Конѕиас, преку социјалните мрежи објави дека резултатите на туристите се негативни и додаде дека „Едипсос останува отворен и covid free“. Групата туристи, на островот Евиа пристигнале во саботата, завчера беше потврдено дека брачен пар што е дел од групата е позитивен на новиот коронавирус, а мажот беше хоспитализиран во болницата во градот Ламиа, по што започна тестирањето на сите српски туристи. Во изминатите денови, зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, особено кај посетителите што доаѓаат на летен одмор во земјата. Вчера беа соопштени 50 нови случаи, од кои 24 кај туристи. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денеска свика состанок со надлежните министри за да разговараат за текот на оперативниот план за контроли на влезните точки во Грција. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negativni-testovite-na-srpskite-turisti-na-grchkiot-ostrov-evia/feed/ 0
Српски туристи позитивни на Ковид-19 летуваат во Грција, дел од нив хоспитализирани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpski-turisti-pozitivni-na-kovid-19-letuvaat-vo-grcija-del-od-niv-hospitalizirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpski-turisti-pozitivni-na-kovid-19-letuvaat-vo-grcija-del-od-niv-hospitalizirani/#respond Wed, 08 Jul 2020 08:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=371479

Најмалку тројца српски туристи се во карантин, а двајца во болница, додека летниот одмор го поминуваат во Грција, односно на Халкидики и Евиа, откако добиле позитивни резултати на тестот за Ковид-19, а кај јужниот сосед пристигнале пред да се забрани влез за државјани на Србија. Веројатно бројот на заразени српски туристи кои во овој момент се наоѓаат во Грција е поголем, со оглед на тоа дека завчера беше соопштено дека 20 посетители од Србија се позитивни на Ковид-19, но грчките медиуми во изминатите 24 часа се задржуваат на два конкретни случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Брачен пар, кој со група од околу 80 туристи во саботата пристигнале на островот Евиа е позитивен на новиот коронавирус и е хоспитализиран во болницата во градот Ламиа, објавија локалните медиуми. Мажот имал благи симптоми на Ковид-19 и побарал помош од болницата на островот, по што, според информативниот портал „Ламиарепорт“ бил упатен, со такси возило, во болницата во Ламиа што се наоѓа на околу 80 километри од туристичкото место каде што летувале Србите. Во Ламиа, брачниот пар бил тестиран, а по позитивните резултати, сопругот бил хоспитализиран, надлежните започнале со проверка на контактите и потрага по таксистот. На  Халкидики, тројца српски туристи, сместени на две различни локации добиле позитивни тестови од анализите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата) и веднаш се ставени во карантин. Според онлајн изданието на весникот „Етнос“, двајца од тројцата туристи се брачен пар со малолетно дете, асимптоматски и сакале да се вратат во Србија, меѓутоа согласно протоколите, сопственикот на туристичкиот објект додека не добие зелено светло од Националната организација за јавно здравје, не може да им ги врати пасошите на туристите, бидејќи во спротивно ќе биде казнет со 5.000 евра за прекршување на карантинот. Од понеделникот до 15 јули, со одлука на грчката Влада, во Грција е забранет влез за српски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpski-turisti-pozitivni-na-kovid-19-letuvaat-vo-grcija-del-od-niv-hospitalizirani/feed/ 0