српско собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 09:51:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png српско собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Барањето за вонредни избори ќе биде прифатено со воодушевување, тврди спикерот на српскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-za-vonredni-izbori-ke-bide-prifateno-so-voodushevuvane-tvrdi-spikerot-na-srpskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-za-vonredni-izbori-ke-bide-prifateno-so-voodushevuvane-tvrdi-spikerot-na-srpskiot-parlament/#respond Tue, 05 Sep 2023 09:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=874731

Претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ денеска изјави дека иницијативата на опозицијата за вонредни парламентарни избори ќе биде прифатена со ентузијазам и оти одговор на тоа барање ќе добијат во најбрз можен рок. -За тоа барање ќе ги известам надлежните органи - Владата на Србија, претседателот и ќе добијат одговор во најкус можен рок, можеби за 30 дена, рече Орлиќ на прес-конференција во салата на Собранието, по опозицијата од истото место најави дека ќе ја блокира работата на парламентот и побара одржување парламентарни избори. Пратеникот Небојша Зеленовиќ, од пратеничката група во српскиот Парламент,  „Морамо - Заједно“, денеска изјави дека по поставувањето пратенички прашања и барањето информации, опозицијата, која е организатор на протестот „Србија против насилството“, „ќе влезе во блокада на работата на Собранието“ Тој нагласи дека „четири месеци власта молчи за барањата од протестот“. „Секој ден има насилство околу нас. Се понудивме да разговараме во парламентот, купивте време, дури ни гласањето не беше одобрено. Ние побаравме разговор, а вие понудивте контра митинг“, рече Зеленовиќ на собраниската седница. Тој изјави дека изборите се „излез од кризата“. Бараме итно распишување на вонредни парламентарни и избори во Белград до крајот на оваа година како прв чекор на опозицијата по промената на прогресивниот режим да ги исполни барањата на граѓаните, најавија организаторите на протестот „Србија против насилството“. Како што истакна претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, барањата на граѓаните кои протестираат не се исполнети. - Ќе бараме парламентарни избори, заедно со оние во Белград. Со успех на парламентарните избори можеме да ги исполниме барањата на протестот. Бараме поддршка од граѓаните за да добиеме поддршка на парламентарните избори и да ги исполниме тие барања и да ги стабилизираме социјалните услови, посочи Лутовац. Тој додаде дека на вчерашната средба се договориле кои чекори ќе се преземат за исполнување на барањата на граѓаните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-za-vonredni-izbori-ke-bide-prifateno-so-voodushevuvane-tvrdi-spikerot-na-srpskiot-parlament/feed/ 0
Инцидент пред српското собрание: Протест на Двери и напади врз министри и пратеници (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incident-pred-srpskoto-sobranie-protest-na-dveri-i-napadi-vrz-ministri-i-pratenici-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incident-pred-srpskoto-sobranie-protest-na-dveri-i-napadi-vrz-ministri-i-pratenici-video/#respond Fri, 08 May 2020 11:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=343520

Лидерот на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ, со неколку пратеници и поддржувач, денес ги „блокираа“ скалите на влезот во српското собрание и во еден момент ги нападнаа министрите и пратениците на владеачкото мнозинство при влезот во зградата. Како што јави дописникот на МИА од Белград, протестот заврши околу 11.20 часот, а лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ порача дека е дојдено времето за време за бунт и ги повика граѓаните ширум Србија да излезат на улиците во сабота во 19 часот и да формираат протестни колони со велосипеди, автомобили и моторцикли. Поддржувачите на Обрадовиќ и Двери свиркаа и држеа транспаренти „Долу владата“, „Дали короната зависи од изборите“, носат српски знамиња и партиски симболи и порачуваат дека Претседателот на Србија го „предал Косово“. Претходно, Обрадовиќ имаше „вербален дуел“ со министерот за здравство, Златибор Лончар, каде му порача дека ќе „оди во затвор“. Реагираше собраниското обезбедување, а Обрадовиќ потврди дека немало физичко насилство. Пред Лончар, во парламентот беше пристигнат лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, на кого собраните му извикуваа „уа“. Пратениците на Двери тврдат дека пратеникот Милован Дрецун физички ја нападнал нивната колешка Марија Jaњушевиќ, а пратеникот Марјан Ристичевиќ е снимен во зградата со искината јакна. Приврзаниците на Обрадовиќ го нападнаа и навредуваа и лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП) Чедомир Јовановиќ, порачувајќи му дека не е опозиционер, бидејќи нема да ги бојкотира изборите на 21 јуни. Синојќа во организација на Граѓанскиот отпор, околу илјада граѓани со лидерите на Сојусот за Србија (СзС) потестираа, удирајќи во тенџериња и свиркајќи пред зградата на претседателството на Србија. Претходно партиите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), го обновија решението за бојкот на парламентарните и локални избори на 21 јуни. Денес, лидеот на Движењето на слободни граќани (ПСГ) Сергеј Трифуновиќ, кој беше на синоќешниот сотанок на опозицијата, изјави дека оваа партија донесла одлука сепак да излезе на изборите. Видеото од инцидентот можете да го погледнете на Телеграв.рс]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incident-pred-srpskoto-sobranie-protest-na-dveri-i-napadi-vrz-ministri-i-pratenici-video/feed/ 0
Скандал во српското Собрание: Долен веш и физички напад на министерка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-vo-srpskoto-sobranie-dolen-vesh-i-fizichki-napad-na-ministerka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-vo-srpskoto-sobranie-dolen-vesh-i-fizichki-napad-na-ministerka/#respond Wed, 29 Jan 2020 16:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=296518

Дискусијата за измените на Законот за планирање и изградба во српскиот парламент денес протекна на работ на инцидент и физичка расправија меѓу пратениците на Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ и министерката за градежништво и транспорт, Зорана Михајловиќ од владеачката Српска напредна странка (СНС). Речиси три часа радикалите ја обвинуваа министерката дека е шпион и предавник, дека работи против интересите на државата и дека е крајно време српскиот претседател Александар Вучиќ да ја отстрани од владата. Министерката повеќе пати беше почестена со епитетите- „крадец“, а и беа подарени и розови памучни гаќички за да, како што кажаа, да ја комплетира гардеробата. Одговорот на министерката беше дека станува збор за гола радикална лага, што беше испишано на транспарентот што го покажа од министерското место во парламентот. Радикалите потоа го скинаа транспарентот. -Тоа што дофрлуваа радикалите јас не можам да го повторам, а потоа тројца заменици на СРС, Вјерица Радета, Филип Стојановиќ и Ружица Николиќ, дојдоа до мене и ме нападнаа. Ова е неприфатливо. Како се нарекува ова? Извинете, што друго ќе ни се случи за да кажеме дека имало насилство во Собранието, праша Михајловиќ, порачувајќи дека ќе продолжи да се бори против насилството од секаков вид, како што тоа го правела и досега. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-vo-srpskoto-sobranie-dolen-vesh-i-fizichki-napad-na-ministerka/feed/ 0