срушена зграда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Nov 2022 21:32:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png срушена зграда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се урна зграда во Багдад откако претходно се запали: Најмалку 20 лица се повредени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-zgrada-vo-bagdad-otkako-prethodno-se-zapali-najmalku-20-lica-se-povredeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-zgrada-vo-bagdad-otkako-prethodno-se-zapali-najmalku-20-lica-se-povredeni-video/#respond Sun, 06 Nov 2022 21:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=756609

Најмалку 20 лица, меѓу кои и шефот на Дирекцијата за цивилна одбрана на Ирак, се повредени откако денеска се запали комерцијална зграда во Багдад, а потоа се урна, објави ирачката државна новинска агенција. Ирачката новинска агенција објави дека директорот за цивилна одбрана Кадим Бохан, заедно со неколку пожарникари, биле на местото на настанот кога се урнала зградата, пренесе АП. Засега нема информации за загинати лица, а причината за пожарот се уште не е позната.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-zgrada-vo-bagdad-otkako-prethodno-se-zapali-najmalku-20-lica-se-povredeni-video/feed/ 0
Од срушената зграда во Мајами пронајдена и последната жртва – вкупно 98 загинати лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srushenata-zgrada-vo-majami-pronajdena-i-poslednata-zrtva-vkupno-98-zaginati-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srushenata-zgrada-vo-majami-pronajdena-i-poslednata-zrtva-vkupno-98-zaginati-lica/#respond Tue, 27 Jul 2021 08:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=542380

Конечниот број на загинати при уривање на станбена зграда во Мајами е 98 лица, потврди градоначалникот на округот Мајами-Дејд откако беа пронајдени и идентификувани останките на последната жртва, која сè уште беше наведена како исчезната. Остатоците од последната жртва ги пронашла екипа за спасување на 20 јули, по што форензичарите се обиделе да ја идентификуваат, соопштија официјалните лица. Потрагата по жртви во урнатините на станбен комплекс во предградитое на Мајами заврши минатиот петок. Градоначалничката Даниела Левин Кава на прес-конференција рече дека операцијата за спасување и потрагата по жртвите е „најголемата акција за итни случаи во државата. -Денес можам да пријавам дека е идентификувана последната жртва и дека семејството е известено, додаде таа. Откривањето на остатоците од последната позната жртва потврди дека при уривањето на зградата на 24 јуни загинаа 98 жртви рано изутрината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srushenata-zgrada-vo-majami-pronajdena-i-poslednata-zrtva-vkupno-98-zaginati-lica/feed/ 0
Од срушената зграда во Мајами извлечени уште 6 тела: Бројот на жртви се искачи на 60 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srushenata-zgrada-vo-majami-izvlecheni-ushte-6-tela-brojot-na-zrtvi-se-iskachi-na-60/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srushenata-zgrada-vo-majami-izvlecheni-ushte-6-tela-brojot-na-zrtvi-se-iskachi-na-60/#respond Thu, 08 Jul 2021 16:28:43 +0000 https://kurir.mk/?p=534068

Спасувачките екипи кои трагаа по урнатините на зградата во Мајами, Флорида, извлекоа тела на уште шест жртви, со што вкупниот број на жртви достигна 60, соопштија денеска властите. Уште околу 80 лица се водат како исчезнати, во несреќата што се случи на 24 јуни, пренесува Танјуг. Претходно беше објавено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на катната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на телата на жртвите, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините да е сè уште жив. Промената дојде денес, две недели откако зградата во Сурфајд делумно се сруши на 24 јуни. Помошникот на пожарникарскиот службеник во Мајами Дејд, Раид Џадалах, изјави на брифингот дека начинот на кој паднала зградата и подот се наредени едни врз други, оставиле многу малку простор во кој некој може да преживее, објави Гласот на Америка. Тој рече дека последниот познат аларм како знак на живот пристигнал во првите часови по уривањето на зградата и дека оттогаш кучињата трагачи, сонарот и камерите немаат регистрирано никакви знаци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srushenata-zgrada-vo-majami-izvlecheni-ushte-6-tela-brojot-na-zrtvi-se-iskachi-na-60/feed/ 0
Бројот на жртви при уривање на станбена зграда во Мајами се искачи на 46: Од урнатините беа извлечени уште 10 тела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-pri-urivanje-na-stanbena-zgrada-vo-majami-se-iskachi-na-46-od-urnatinite-bea-izvlecheni-ushte-10-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-pri-urivanje-na-stanbena-zgrada-vo-majami-se-iskachi-na-46-od-urnatinite-bea-izvlecheni-ushte-10-tela/#respond Wed, 07 Jul 2021 15:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=533459

Бројот на жртвите при рушењето на станбена зграда во Сурфајд во близина на Мајами достигна 46 денес, бидејќи од урнатините беа извлечени уште 10 тела. Помошникот на пожарникарата во Мајами-Даде, Рид Јадалах, на приватниот состанок им соопштил на членовите на семејството на жртвите дека спасувачите извлекле уште 10 тела од урнатините. Тој додаде дека досега се идентификувани 32 жртви, пренесува АП, според Танјуг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-pri-urivanje-na-stanbena-zgrada-vo-majami-se-iskachi-na-46-od-urnatinite-bea-izvlecheni-ushte-10-tela/feed/ 0
Од урнатините во Мајами извлечени уште четири тела: Продолжувањето на акцијата е неизвесно заради временските непогодби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-urnatinite-vo-majami-izvlecheni-ushte-chetiri-tela-prodolzuvanjeto-na-akcijata-e-neizvesno-zaradi-vremenskite-nepogodbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-urnatinite-vo-majami-izvlecheni-ushte-chetiri-tela-prodolzuvanjeto-na-akcijata-e-neizvesno-zaradi-vremenskite-nepogodbi/#respond Tue, 06 Jul 2021 14:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=532911

Уште четири тела беа извлечени од урнатините на една зграда во близина на Мајами, со што вкупниот број жртви се зголеми на 32, објави денеска помошникот началник на противпожарната единица Мајами-Даде, Рид Јадалах. Тој информација им ја пренесе на членовите на семејствата на жртвите за време на состанокот зад затворени врати, пренесува АП. Јадалах додаде дека спасувачите сè уште трагаат по останките на жртвите. Интензивираните напори за спасување од срушената зграда во Јужна Флорида се соочуваат со нови предизвици поради временските непогоди, бидејќи тропска бура се приближува кон оваа држава. Најновите прогнози покажаа дека тропската бура Елза се движи кон запад, претежно ја штеди Јужна Флорида, но областа околу урнатиот објект доживеа грмотевици, а се очекува уште еден ден на немирно време. Остатоците од делумно срушената зграда во Мајами вчера беа срушени на земја поради можно пристигнување на тропската бура Елза, која го напушти брегот на Куба, а метеоролозите најавуваат дека наскоро ќе достигне до западниот брег на Флорида. Прославата на Денот на независноста во Мајами беше откажана, а истрагата сепак не даде одговор на прашањето што предизвика уривање на зградата на 12 ката, но инженерите укажаа на структурните недостатоци што може да ја предизвикаат оваа несреќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-urnatinite-vo-majami-izvlecheni-ushte-chetiri-tela-prodolzuvanjeto-na-akcijata-e-neizvesno-zaradi-vremenskite-nepogodbi/feed/ 0
Расте бројот на жртви во Мајами: Уште 3 тела пронајдени во урнатини на срушената зграда на Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-majami-ushte-3-tela-pronajdeni-vo-urnatini-na-srushenata-zgrada-na-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-majami-ushte-3-tela-pronajdeni-vo-urnatini-na-srushenata-zgrada-na-florida/#respond Mon, 05 Jul 2021 16:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=532357

Уште три тела беа пронајдени денес во урнатините на делумно срушената зграда во околината на Мајами, па вкупниот број на жртви сега е 27. Телата беа пронајдени откако потрагата по преживеаните продолжи по уривањето на преостанатиот дел од зградата во Сурфајд, им рече на членовите на семејството помошникот началник на противпожарната единица Мајами-Даде, Рид Јадалах, пренесе АП, според Танјуг. Спасувачките екипи денеска добија „зелено светло“ за да продолжат со операцијата за потрага по можни преживеани во урнатините на 12-катната зграда што се сруши на 24 јуни, а која беше срушена до темелите во неделата поради доаѓањето на тропското невреме Елса. Тие веднаш започнаа со расчистување на урнатините за да можат специјалните тимови да се пробијат до подземната гаража, што е можно место каде сè уште има преживеани. По влегувањето во гаражата би било можно подиректно да се испитаат пасусите и дупките во кои, како што се верува, биле заробени 121 лице. Полицијата во Мајами вчера го пронајде телото на Дејвид Епштајн (58), за кого се знае дека е еден од 24-те жители кои паднаа во урнатините по уривањето на дел од високата зграда на 24 јуни, но по првите неколку часа по трагедијата, никој не беше пронајден жив. Поради доаѓањето на тропската бура Елза, придружена со силни ветрови, уривањето на зградата беше забрзано. Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба во Флорида поради доаѓањето на Елза, што создаде услови за доделување на федерална помош за загрозената област. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-majami-ushte-3-tela-pronajdeni-vo-urnatini-na-srushenata-zgrada-na-florida/feed/ 0
Расте бројот на жртви во Мајами: 12 тела пронајдени во рушевините од урнатата зграда, 149 исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-majami-12-tela-pronajdeni-vo-rushevinite-od-urnatata-zgrada-149-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-majami-12-tela-pronajdeni-vo-rushevinite-od-urnatata-zgrada-149-ischeznati/#respond Wed, 30 Jun 2021 08:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=529717

Бројот на загинати во урната зграда на Флорида недалеку од Мајами се искачи на 12, изјави градоначалникот на округот Мајами-Дејд, Левин Кава. Според неа, други 149 лица се водат како исчезнати, додека судбината на 125 лица е позната, пренесува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг. Сè уште се испитува што довело до рушење на катната зграда пред пет дена, но вниманието е насочено кон структурните оштетувања наведени во извештајот на инженерите од 2008 година, објавен од градските власти на Сурфајд, според Ројтерс. Во тој извештај, инженерите утврдиле значителна структурна штета околу базенот во зградата и влошување на цементот во подземната гаража. Дванаесеткатницата е изградена во 1981 година и има 130 апартмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-majami-12-tela-pronajdeni-vo-rushevinite-od-urnatata-zgrada-149-ischeznati/feed/ 0
За пеколот кој ја очекува зградата се предупредувало пред три години – еве која е причината за уривањето на зградата во Мајами https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-pekolot-koj-ja-ochekuva-zgradata-se-predupreduvalo-pred-tri-godini-eve-koja-e-prichinata-za-urivanjeto-na-zgradata-vo-majami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-pekolot-koj-ja-ochekuva-zgradata-se-predupreduvalo-pred-tri-godini-eve-koja-e-prichinata-za-urivanjeto-na-zgradata-vo-majami/#respond Sat, 26 Jun 2021 17:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=528321

Градежниот експерт, Френк Морабито, уште пред три години предупредил дека има докази за големи структурни оштетувања на бетонската плоча под базенот и пукнатини во подземната гаража на зградата во Сурсфајд, која се сруши пред два дена, објави денеска „Њујорк тајмс“. 12-катната зграда се сруши ненадејно рано утрото во четвртокот, а размерот на катастрофата сè уште не е познат. Досега е потврдена смртта на најмалку четири лица. Според „Њујорк Тајмс“, консултантот Френк Морабито во 2018 година учествувал во изработката на планови за реконструкција, која требло да започне наскоро, пренесува „Ројтерс“. Најголемиот дел од штетата најверојатно бил предизвикан од долгогодишната изложеност на корозивни ефекти од солениот воздух долж брегот на Јужна Флорида. Консултантот во извештајот не навел дека зградата е изложена на ризик од уривање, но нагласил дека е потребна реконструкција со цел да се зачува структурниот интегритет на објектот. Спасувачките екипи вчера цел ден трагаа по луѓе кои се водат како исчезнати по уривањето на станбена зграда, која спонтано се сруши рано утрото во четвртокот. Оттогаш, тие не престанаа да бараат преживеани во урнатините, додека се појавуваат детали за луѓето кои се водат како исчезнати. Преживеале 102 лица, од кои 35 биле спасени од остатоците од зградата, а двајца од под урнатините. По најмалку 159 од нив сè уште се трага, иако тоа се податоци што се менуваат од час во час. За жал, за четворица со сигурност е потврдено дека се мртви, соопшти каналот Еј-би-си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-pekolot-koj-ja-ochekuva-zgradata-se-predupreduvalo-pred-tri-godini-eve-koja-e-prichinata-za-urivanjeto-na-zgradata-vo-majami/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Се урна зграда во која имало стотина деца, десетици се мртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-se-urna-zgrada-vo-koja-imalo-stotina-deca-desetici-se-mrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-se-urna-zgrada-vo-koja-imalo-stotina-deca-desetici-se-mrtvi/#respond Wed, 13 Mar 2019 13:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=174302

Се стравува дека десетици деца се мртви откако денеска се урна трикатна зграда во нигерискиот град Лагос, во која имало и училиште. Портпаролот на националната служба за вонредни ситуации Ибрахим Фаринлој рече дека засега нема точна бројка за загинатите во инцидентот. На најгорниот кат функционирало основно училиште, а објектот бил користен и за домување и во него имало неколку апартмани. Локалните медиуми информираат дека под урнатините на зградата се заробени голем број лица, меѓу кои и околу 100 деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-se-urna-zgrada-vo-koja-imalo-stotina-deca-desetici-se-mrtvi/feed/ 0