сск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 12:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССК: Законот за солидарен данок упатува многу погрешен сигнал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-zakonot-za-solidaren-danok-upatuva-mnogu-pogreshen-signal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-zakonot-za-solidaren-danok-upatuva-mnogu-pogreshen-signal/#respond Thu, 21 Sep 2023 12:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=880304

Сојузот на стопански комори смета дека со Законот за солидарен данок се дава еден многу погрешен сигнал и уште еднаш ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе и се приклучат на Стопанската комора во негово оспорување пред Уставниот суд или ќе поединечно ќе реагираат. -Уште еднаш ќе го разгледаме во кој правец ќе оди нивното оспорување, дали заедно со нив или поединечно, меѓутоа ние веќе во многу наврати дадовме изјави дека сметаме дека овој данок дава еден многу погрешен сигнал, и едноставно предизвикува еден преседан, кој до сега не се случил да вие наметнувате одредени даночни оптоварувања надвор од пресметковниот период, создавате правна несигурност, им праќате погрешен сигнал на сите оние кои работат и инвестираат во економијата, рече Ангелоски. Во однос на сегашната даночна реформа тој вели дека е убеден дека ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, за што постојат меѓународни финансиски институции кои детектираат дека околу 20 нешто проценти е сива и 20 проценти црна. -Така што, нашата економија се состои пола од официјална и можеби уште толку од неофицијална, смета Ангелоски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-zakonot-za-solidaren-danok-upatuva-mnogu-pogreshen-signal/feed/ 0
ССК организира средба на тема „Актуелна економска состојба и Данок на солидарност” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-organizira-sredba-na-tema-aktuelna-ekonomska-sostojba-i-danok-na-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-organizira-sredba-na-tema-aktuelna-ekonomska-sostojba-i-danok-na-solidarnost/#respond Wed, 19 Jul 2023 05:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=857883

Сојузот на стопански комори денеска организира средба на тема „Актуелна економска состојба и Данок на солидарност”. Како што информираат од ССК, на средба ќе присуствуваат Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Комората, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-organizira-sredba-na-tema-aktuelna-ekonomska-sostojba-i-danok-na-solidarnost/feed/ 0
Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов нов потпретседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promena-vo-rakovodstvoto-na-ssk-romeo-kostadinov-nov-potpretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promena-vo-rakovodstvoto-na-ssk-romeo-kostadinov-nov-potpretsedatel/#respond Wed, 12 Jul 2023 08:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=855697

Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов е нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, информираат од ССКМ. Сојузот на стопански комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на комори. Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. - Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата „Еуро Консалт Плус“, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората, велат од ССКМ. Досегашните потпретседатели Горан Ѓорѓиевски, Орце Симов, Сашо Дукоски, Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promena-vo-rakovodstvoto-na-ssk-romeo-kostadinov-nov-potpretsedatel/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски на средба со ССК за актуелните економски состојби и предизвиците пред инфраструктурните проекти и инвестиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zhivo-mitskoski-na-sredba-so-ssk-za-aktuelnite-ekonomski-sostojbi-i-predizvitsite-pred-infrastrukturnite-proekti-i-investitsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zhivo-mitskoski-na-sredba-so-ssk-za-aktuelnite-ekonomski-sostojbi-i-predizvitsite-pred-infrastrukturnite-proekti-i-investitsii/#respond Mon, 08 May 2023 10:58:13 +0000 https://kurir.mk/?p=831783

Денес (08.05.2023) во 12:00 часот во просториите на Сојузот на стопански комори (ул. Црвена скопска општина бр.10), претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со претставници на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претставниците на Сојузот на стопански комори.

Средбата ќе биде на тема „Актуелните економски состојби и предизвиците пред инфраструктурните проекти и инвестиции“.

Предвидена е изјава за медиуми  во 13:30 часот.

Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zhivo-mitskoski-na-sredba-so-ssk-za-aktuelnite-ekonomski-sostojbi-i-predizvitsite-pred-infrastrukturnite-proekti-i-investitsii/feed/ 0
ССК: Аптеките да не трпат финансиски последици од хакерскиот напад на ФЗО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-aptekite-da-ne-trpat-finansiski-posleditsi-od-hakerskiot-napad-na-fzo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-aptekite-da-ne-trpat-finansiski-posleditsi-od-hakerskiot-napad-na-fzo/#respond Mon, 20 Feb 2023 14:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=802770

Во насока на обезбедување на континуирана здравствена заштита сите аптеките во нашата земја обезбедија непречено издавање на лекови иако во периодот од 05.02.2023 година се работеше со невалидни податоци за осигурување поради онеспособувањето на електронскиот систем на Фондот за здравствено осигурување. Трите најрелевантните фармацевски здруженија, Фармацевската комора, Здружението на приватни аптеки и Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија изразуваат разбирање за состојбата во која се најде здравствениот систем, а која можеше дополнително да ескалира доколку беше стопирано и издавањето на лекови. Соопштението на Сојузот на стопански комори  го пренесуваме во продолжение: Здруженијата по одржан состанок, до Фондот за здравствено осигурување упатија барање да нема одбивање, односно непризнавање на рецепти за издадени лекови доколку дополнително се утврди дека во периодот после 05.02.2023година до целосно враќање на системот во функција, во некои промени се изгуби основот за осигурувањето, бидејќи системот не ја обезбедуваше таа информација. Потенцираме и дека од моментот на паѓање на системот до 14.02.2023 година, немаше никакви насоки за постапување, односно за издавање на рецепти, а кога ги добивме упатствата беа неприменливи, бидејќи се бараше проверката на осигурувањето да се прави преку допис по електронска пошта од аптеката до ФЗО, кој потоа информација ќе бара од Управата за јавни приходи и кога ќе ја добие ќе ја врати назад. Во упатствата од ФЗО се предвидува рецептите да се издаваат комерцијално, доколку не може да се провери осигурувањето, а пациентите потоа да ги рефундираат парите што е невозможно бидејќи аптеката за тоа треба да издаде потврда за дефицитарност што не беше случај. Фондот исто така неколку пати преку соопштение јавно истакнуваше дека треба да продолжи непреченото издавање на лекови на рецепт и во услови кога податоците за осигурениците не се апдејтираат. Имајќи во предвид дека аптеките покажаа разбирање за сериозноста и драматичноста на состојбата во која се најде Фондот и одговорија на ниво на својата задача излегувајќи во пресрет на потребите на пациентите, очекуваме дека и ФЗО нема да ги одбие рецептите бидејќи тие се издадени од матичните лекари, односно нивно стручно мислење. Во спротивно може да се најдеме во ситуација осигурениците да не можат да го подигнат потребниот лек.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-aptekite-da-ne-trpat-finansiski-posleditsi-od-hakerskiot-napad-na-fzo/feed/ 0
ССК: Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-frantsija-go-otvora-evropskiot-pat-za-makedonskata-vinska-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-frantsija-go-otvora-evropskiot-pat-za-makedonskata-vinska-industrija/#respond Wed, 18 Jan 2023 11:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=788875

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) за надворешни односи и претседател на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим реализира посета на познатиот вински регион Болен, Јужна Франција како гостин на винаријата „Шато де Гурдон“ чиј сопственик е македонската винарија „Тиквеш“. Директорот на „Тиквеш“ Светозар Јаневски и Керим остварија повеќе значајни средба меѓу кои и со градоначалникот на Болен Антони Зилио, заменик на градоначалникот Андре Вигли и претседателот на Унијата на претприемачи на Болен Жан Мишел Луи. Керим истакна дека Франција е наш важен економски партнер како и политички поддржувач на патот на нашата земја кон членството во ЕУ, потенцирајќи дека овие добри релации треба да се искористат за унапредување на соработката во секторот на винската индустрија. -Инвестицијата на „Тиквеш“ во француската винаријата „Шато де Гурдон“ е добар пример на градење мостови меѓу компаниите од овој сектор од двете земји кои го отвораат патот на македонските винарии кон пазарот на Европската Унија. Во таа насока договорено е продлабочување на економските односи помеѓу македонските и француските компании како и посета на Македонија од страна на француските компании од регионот на Болен. Овие соработки даваат дополнителен поттик за раст на трговската размена, посебно за зголемување на македонскиот извоз, рече Керим. Земајќи предвид дека еден од стратешки извозни земјоделски производи на нашата земја е виното, Сојузот во рамките на меѓународните активности овозможува стратешка поддршка на винскиот сектор во земјава преку организирана промоција на меѓународните вински настани, вмрежување и лобирање за унапредување на поврзаните индустрии како земјоделството, туризмот, во соработка со домашните, но и со странски релевантни институции. -Во делот на производство на вино во нашата земја од 2005 година наваму започна т.н. револуција во винскиот сектор во земјава, пред сѐ со приватизацијата на дел од винариите, инвестирањето во нова технологија и отворањето нови модерни винарии. Сепак, целосниот потенцијал сѐ уште не е искористен, бидејќи е потребно да се зголеми извозот на амбалажирано вино коe се извезува со додадена вредност, што придонесува кон целокупен раст на секторот, зголемување на вредноста како на виното, така и на грозјето како суровина, наведува ССК.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-frantsija-go-otvora-evropskiot-pat-za-makedonskata-vinska-industrija/feed/ 0
„Фокус“: Како Арсовска со навреди и закани ја терала извршната директорка да си оди од ССК? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-kako-arsovska-so-navredi-i-zakani-ja-terala-izvrshnata-direktorka-da-si-odi-od-ssk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-kako-arsovska-so-navredi-i-zakani-ja-terala-izvrshnata-direktorka-da-si-odi-od-ssk/#respond Fri, 14 Oct 2022 09:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=745205

Пред четири месеци „Фокус“ објави дека актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, на 12 мај годинава била повикана на разговор во полициска станица за опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на стопански комори, Кристина Стојановиќ. Како што веќе објави Фокус, извршната директорка, само 15 часа пред да и биде запалено возилото на крајот на февруари, добила заканувачка порака, која и била оставена во автомобилот, во која се барало веднаш да го напушти ССК, зашто во спротивно животот ќе и стане пекол. „Имаш рок до четврток. Фино и културно. Ако не напуштиш, животот пекол ќе ти стане. Ќе ве масакрираме“, се наведуваше во пораката. Понатаму, од тоа што е наведено во пораката, може да се сфати дека тој што и ги упатува заканите, и дава последна опомена да се повлече од раководното место, со оглед на тоа што не „послушала“ во изминатиот период од кога било побарано од неа. -Заплетот на приказната, кој завршува со запалено возило во скопски Аеродром, почнува многу порано, поточно уште во декември лани, кога од раководството на Сојузот на стопанските комори било побарано да поднесат оставки и да ги напуштат функциите. Се почнува со телефонски повици од непознати лица и писма со смртни закани упатени на првите двајца луѓе во бизнис – комората, претседателот Трајан Ангеловски и Стојановиќ. Раководните структури поминале голгота за целиот овој период, како што велат, исполнет со страшни трауми. Запаленото возило требало да втера страв во коски и да ја постигне замислената цел – првите луѓе да го напуштат кормилото на бизнис комората! Осум месеци по подметнатиот пожар во автомобилот, отворен е предмет во Јавното обвинителство, каде што се уште работат на случајот. Нашите извори тврдат дека тие располагаат со фотографии, пораки, телефонски повици, како и со последната порака оставен во веќе опожарениот автомобил, со која се дава, како што пишува „последната опомена“ пред да биде запалено возилото. Тоа веќе на некој начин било и остварување на досегашните закани. Кривичната пријава, која моментално се води против непознат сторител, опфаќа две кривични дела, и тоа „Загрозување на сигурноста“ според член 144, како и „Предизвикување општа опасност“, пишува Фокус. ДЕТАЛИ ОД ПОЛИЦИСКИОТ ЗАПИСНИК Сепак „Фокус“ успеа да направи увид во полицискиот записник, во кој се објаснети сите случувања што му претходеле на палењето на автомобилот на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори. Според нивните сознанија, заканите почнуваат на 9 февруари годинава, кога извршната директорка, како што е наведено, го чекала своето малолетно дете од тренинг, кога добила телефонски повик, на кој првиот пат не се јавила, за подоцна поточно по само две минути да одговори на телефонскиот повик. Како што е наведени понатаму во записникот, на телефон и се јавило непознато машко лице, кое почнало да ја навредува со погрдни зборови и да и вели да си оди од таму каде што дошла. Кога таа прашала со кого разговара, телефонскиот повик бил прекинат. Фокус објавува дека според нивните сознанија полицискиот записник е направен на 25 февруари годинава, поточно веднаш откако било пријавено дека е опожарено возилото. Во него се објаснува дека три дена порано, на паркинг просторот во близина на зградата каде што живеела, на рачката од нејзиниот автомобил ПМВ, марка „мерцедес“ забележала бело ливче хартија, на кое и било напишана заканувачка порака, односно последното предупредување. Но, што се се случувало претходно и низ какви трауми поминала извршната директорка, која во записникот тврдела дека е уплашена за нејзиниот и живот на нејзиното семејство? Во самиот записник може да се забележи дека пред да почне голготата, на еден од состаноците на Управен одбор, лицето Драган Митковски, претседател на Сметководствена комора, за кој веќе објавивме дека е еден од поблиските соработници на Арсовска, побарал разрешување на извршната директорка, која на оваа функција била назначена од август, лани. Истиот ден, Стојановиќ на својот мобилен телефон на апликацијата „Сигнал“ добила порака од градоначалничката на Скопје, каде што е запишан и телефонскиот број од кој ја бара, кој се совпаѓа со тој што го користи Арсовска. „Добро утро, после она што си дозволила Трајан да го прави, топло ти препорачувам уште денес да се повлечеш од ССК“, по што за кратко време и се јавила на телефон на истата апликација и разговорот се движел во истата насока. Според полицискиот записник, Арсовска повторно ја замолила да ја напушти функција и да му каже на претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, да си замине и тој од здравствени причини, бидејќи можело да му се случи нешто лошо. Овој разговор цело време го слушал и сопругот на извршната директорка. Дури еден месец подоцна, поточно на 26 јануари 2022 година, Арсовска повторно и испратила порака на извршната директорка, објави неделникот. „Од тебе порасипано створење во животот не сум видела. Нека ти е среќа“, се наведува во пораката, со која „Фокус“ располага. И од увидот во самиот записник може да се забележи дека раководството на ССК покренало ревизија за работењето од претходната година додека Арсовска се уште била претседател, за што, како што веќе објавивме, била и главната причина зошто било побарано од нив да ги напуштат раководните позиции. Ревизијата на работењето во ССК, со кое претходно управувала Арсовска, веќе било во тек и првичниот рок за потпишување бил на 28 февруари годинава, периодот и кога бил запален автомобилот. објавениот текст е дел од сторијата која е објавена во неделникот Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-kako-arsovska-so-navredi-i-zakani-ja-terala-izvrshnata-direktorka-da-si-odi-od-ssk/feed/ 0
ССК: Да се овозможи инсталирање фотоволтаици паралелно со обезбедувањето дозволи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/#respond Wed, 05 Oct 2022 13:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=741403

Во услови на прогласена кризна состојба, да се дозволи поставување фотоволтаични панели паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи и целокупната документација, бара Сојузот на стопански комори (ССК). Според Сојузот, голем број компании се подготвени да инвестираат во фотоволтаици и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување дозволи. -Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет, а ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ги намалат и енергетската зависност и сметките за електрична енергија, наведува ССК. Владата и надлежните институции, оценува Сојузот, треба брзо и ефикасно да постапат и да преземат се што е во нивна надлежност за создавање подобри услови за работење на бизнисите во услови на криза. -Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка. Енергетската криза му задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите веќе почна да предизвикува затворање на одредени производни капацитети. Уште во август доставивме 14 барања за мерки од кои со најголемо значење се тие за ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата преку фондови наменети за енергетска кризна состојба како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството, наведува ССК. Во рамки на пакетот мерки што го подготви Сојузот во соработка со експерти беше и барањето за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите. -Со цел да се дестимулира употребата, потребно е да се воведе дополнителен данок за користење енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност, треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење, истакнува ССК. Сојузот предлага и мерки за зголемување на енергетската ефикасност, меѓу кои оданочување со повисок данок на стариот тип светилки со вжарено влакно кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни, во Законот за градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително да постои обврска за монтирање енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на крововите. Потребно е и да се класифицираат новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел од комуналните давачки да се одредува според енергетска класа на објектот, дополнува ССК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/feed/ 0
ССК: Правото на сопственост е неприкосновено, да се најде фер решение за топланите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-pravoto-na-sopstvenost-e-neprikosnoveno-da-se-najde-fer-reshenie-za-toplanite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-pravoto-na-sopstvenost-e-neprikosnoveno-da-se-najde-fer-reshenie-za-toplanite-vo-skopje/#respond Mon, 03 Oct 2022 14:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=740503

Сојузот на стопански комори ги повикува институциите на државата транспарентно да остварат дијалог со сопственикот на топланите Исток и Запад, компанијата Адора Инженеринг и безусловно да го решат прашањето во врска со топланите за навремено да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје. Само на овој начин државата ќе покаже дека имаме институции и владее правото во оваа држава, бидејќи и компанијата, а и граѓаните трпат огромни штети.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение:

Ги повикуваме, Регулаторната комисија за енергетика, ЕСМ АД Скопје и Владата како координатор на целиот процес во оваа кризна состојба да се најде праведно и фер решение за користење на топланите преку договор за закуп, кој нема да биде на штета на компанијата или со откуп на топланите од страна на ЕСМ АД. Јавно ја поддржуваме нашата членка Адора Инженеринг, за која, како што може да се разбере од целата комуникација само сака да си ги наплати финансиските долгови, кои законски и следуваат.

Во обид да најде решение прифатливо за сите засегнати страни истакнуваме и дека од компанијата Адора Инженеринг се доставени околу 100 дописи до надлежните институции, од нив 29 се до стечајниот управник, 25 до Регулаторната комисија за енергетика, 10 до ЕСМ АД, 4 до Владата. На сите овие дописи институциите останаа неми на потребата за решавање на проблемот и важноста на истиот и кон приватната домашна компанија, Адора инженеринг и пред сè јавниот интерес и општото добро за граѓаните.

Потенцираме дека правната несигурност и непостоењето на заштита на приватната сопственост е еден од важните фактори кои ограничувачки делуваат на поттикнување на домашни и странски инвестиции, со што директно се кочи економскиот развој на државата.

Сојузот на стопански комори на Македонија јавно ги повикува надлежните институции да го почитуваат принципот на владеењето на правото, како и со Устав загарантираното правото на располагање со приватна сопственоста и во најкус можен рок да овозможат остварување на владение од страна на „Адора Инженеринг“ на топланите во Скопје, кои се купени во транспарентна постапка на јавно наддавање.

Имено иако компанијата се стекна со сопственост врз топланите Исток и Запад во градот Скопје во септември 2021 година, се уште нема владение врз имотот за кој што плати 9,26 милиони евра со сите давачки. На наддавањето Адора Инженеринг даде највисока понуда и ги купи топланите Исток и Запад за што навремено ја исплати целосната сума. И покрај тоа, пoради административни, институционални и други системски недоследности, како инвеститор, Адора Инженеринг не може и до ден денес, веќе 13 месеци од продажбата да го оствари правото на сопственост врз објектите на топланите и покрај тоа што ги употребија сите  правни механизми за тоа. Адора Инженеринг е принудена да финансира и дел од работењето на топланите со свои основни средства, а во исто време за тоа не може да добие ниту владение, ниту надомест. Адора Инженеринг трпи огромни финансиски и штета врз угледот на компанијата поради неможноста да го запише имотот што го купила под хипотека во корист на банката од која е обезбеден кредитот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-pravoto-na-sopstvenost-e-neprikosnoveno-da-se-najde-fer-reshenie-za-toplanite-vo-skopje/feed/ 0
Мицкоски на работен состанок во ССК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-raboten-sostanok-vo-ssk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-raboten-sostanok-vo-ssk/#respond Wed, 28 Sep 2022 07:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=738328

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе одржи работен состанок со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски. Работниот состанок ќе се одржи во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија, а фокус ќе биде енергетска криза, состојбите во реалниот сектор и можностите за намалување на негативните ефекти. По завршување на средбата најава е изјава од Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-raboten-sostanok-vo-ssk/feed/ 0