ССНМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 14 Oct 2023 10:00:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ССНМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССНМ и ЗНМ: Го осудуваме однесувањето на владините претставници кон новинарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-go-osuduvame-odnesuvaneto-na-vladinite-pretstavnitsi-kon-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-go-osuduvame-odnesuvaneto-na-vladinite-pretstavnitsi-kon-novinarite/#respond Sat, 14 Oct 2023 10:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=888751

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудуваат односот на премиерот Димитар Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Битиќи кон колегата од Алфа ТВ, Матеја Петровски. Едно навидум едноставно прашање, кое треба да добие едноставен одговор, од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, беше искористено од вицепремиерот Битиќи за некоректно однесување кон репортер коj одговорил на владината покана за следење на денешниот настан. На новинарско прашање упатено до премиерот Ковачевски во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори дали остануваат на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори и дали се спремни како влада ако не успеат изборите целата држава да биде во рацете на политичката партија ДУИ, вицепремиерот Битиќи го напушти пресот, а премиерот Ковачевски истакна дека прашањето било апсолутно некоректно. Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници и Здружението на новинари на Македонија предупредуваат дека овој начин на комуникација, мора да запре затоа што новинарските прашања се професионална задача на репортерите, а одговорите се обврска на избраните функционери кои им ги должат на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-go-osuduvame-odnesuvaneto-na-vladinite-pretstavnitsi-kon-novinarite/feed/ 0
ССНМ бара стриктна примена на Казнениот законик за напаѓачот врз екипата на Алсат М https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-bara-striktna-primena-na-kazneniot-zakonik-za-napagachot-vrz-ekipata-na-alsat-m/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-bara-striktna-primena-na-kazneniot-zakonik-za-napagachot-vrz-ekipata-na-alsat-m/#respond Mon, 21 Aug 2023 18:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=869328

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро го осудува денешниот напад врз телевизиската екипа на Алсат М додека снимала во Старата чаршија во Скопје. Соопштението на ССНМ го пренесуваме во продолжение: Нападот врз две новинарки и снимателот од Алсат М додека извршувале работна задача ССНМ го смета за напад и закана врз сите новинари и медиумски работници во земјава за нивно слободно и непречено информирање на јавноста. Дополнително, нападот не бил само вербален туку и физички при што снимателот на Алсат М се здобил и со телесни повреди што за ССНМ ова е еклатантен пример за примена на Кривичниот законик според кој напад врз новинар за време на извршување на работни задачи ќе се третира како напад врз службено лице и соодветно ќе се казни. ССНМ во тој контекст ја поздравува брзата реакција на МВР за идентификување и приведување на напаѓачот, но бара целиот случај да има и своја судска завршница и бара од надлежните институции да постапат понатаму во случајот. ССНМ е на став дека само со брзо постапување на институциите по ваквите случаи и соодветно казнување на сторителите може да се стави крај на, се позачестените, како вербални, така и физички напади врз новинарите и да се промени праксата на неказнивост на сторителите. ССНМ освен што ги повикува институциите брзо да реагираат на ваквите напади, истовремено ги охрабрува сите колеги да пријавуваат вакви и слични случаи до надлежните институции и до новинарските организации бидејќи само така ќе може да се подобри севкупната безбедност на медиумските работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-bara-striktna-primena-na-kazneniot-zakonik-za-napagachot-vrz-ekipata-na-alsat-m/feed/ 0
ССНМ и ЗНМ го осудија попречување на работата на новинарска екипа од Телма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-go-osudija-poprechuvane-na-rabotata-na-novinarska-ekipa-od-telma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-go-osudija-poprechuvane-na-rabotata-na-novinarska-ekipa-od-telma/#respond Thu, 27 Jul 2023 20:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=860942

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан. „Припадници на МВР по наводна наредба на одговорните во Министерството за правда денеска упорно и вулгарно го попречуваа јавувањето во живо на новинарот Павле Беловски од Телма, иако тој беше надвор од просториите во кои се одржуваше седницата на Судскиот совет и никако не ја попречуваше работата на советот во која учествуваше и оценувачката мисија на Европската унија на чие чело е поранешниот судија на хрватскиот Врховен суд, Бранко Хрватин. Заради неможноста да се обезбедат минимум услови, јавувањето во живо во централните вести на ТВ Телма беше прекинато, а јавноста остана скусена за елементарна и важна информација. Тоа што загрижува повеќе е дека припадниците на полицијата или во овој случај одговорните во Министерството за правда сосема непотребно предизвикаа инцидент кој отвора дилеми околу желбата за транспарентност во државните органи. ССНМ и ЗНМ реагираат и на неколкукратното легитимирање на новинарите, иако тоа не е пракса и има димензии на понижувачки однос, и најавуваат постапка пред внатрешната контрола на МВР, пријава за одговорните лица во Министерството за правда и во Судскиот совет, но и информирање на меѓународните новинарски асоцијации“, се вели во реакцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-go-osudija-poprechuvane-na-rabotata-na-novinarska-ekipa-od-telma/feed/ 0
ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-najostro-go-osuduvaat-poprechuvaneto-na-rabotata-na-novinarskata-ekipa-na-tv-telma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-najostro-go-osuduvaat-poprechuvaneto-na-rabotata-na-novinarskata-ekipa-na-tv-telma/#respond Thu, 27 Jul 2023 17:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=860878

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан. Нивното соопштение го пренесуваме во целост: Припадници на МВР по наводна наредба на одговорните во Министерството за правда денеска упорно и вулгарно го попречуваа јавувањето во живо на новинарот Павле Беловски од Телма, иако тој беше надвор од просториите во кои се одржуваше седницата на Судскиот совет и никако не ја попречуваше работата на советот во која учествуваше и оценувачката мисија на Европската унија на чие чело е поранешниот судија на хрватскиот Врховен суд, Бранко Хрватин. Заради неможноста да се обезбедат минимум услови, јавувањето во живо во централните вести на ТВ Телма беше прекинато, а јавноста остана скусена за елементарна и важна информација. Тоа што загрижува повеќе е дека припадниците на полицијата или во овој случај одговорните во Министерството за правда сосема непотребно предизвикаа инцидент кој отвора дилеми околу желбата за транспарентност во државните органи. ССНМ и ЗНМ реагираат и на неколкукратното легитимирање на новинарите, иако тоа не е пракса и има димензии на понижувачки однос, и најавуваат постапка пред внатрешната контрола на МВР, пријава за одговорните лица во Министерството за правда и во Судскиот совет, но и информирање на меѓународните новинарски асоцијации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-najostro-go-osuduvaat-poprechuvaneto-na-rabotata-na-novinarskata-ekipa-na-tv-telma/feed/ 0
И новинарите бараат повисоки плати, вработените во МИА на предупредувачки протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-novinarite-baraat-povisoki-plati-vrabotenite-vo-mia-na-predupreduvachki-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-novinarite-baraat-povisoki-plati-vrabotenite-vo-mia-na-predupreduvachki-protest/#respond Wed, 26 Jul 2023 14:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=860305

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите. Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата. Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА). Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум. Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори. ССНМ ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници дава безрезервна поддршка на своите членови и на сите вработени новинари и медиумски работници во МИА и потсетува дека основен предуслов за слободно и професионално новинарство е стабилна социо-економска состојба на новинарите и медиумските работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-novinarite-baraat-povisoki-plati-vrabotenite-vo-mia-na-predupreduvachki-protest/feed/ 0
ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/#respond Mon, 20 Feb 2023 15:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=802794

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. -Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира. Укажуваме дека професионалните еснафски организации никогаш нема да прифатат ваков начин на комуникација во јавниот простор. Без оглед на тоа што лицата, во конкретниов случај, ниту биле, ниту се наши членови, чувствуваме потреба да предупредиме дека ова може да остави сериозни последици на јавноста, посебно на младата публика. Говорот на омраза како и говорот што поттикнува насилство и креира предрасуди не е и не смее да биде нормален во јавната комуникација. Во вакви ситуации нужно е надлежните институции да преземат итни мерки со цел да покаже дека не се толерира неказнивност при груба злоупотреба на јавниот говор во интернет просторот. Оттука, ја поздравуваме брзата и транспарентна реакција на МВР и Обвинителството и очекуваме во најбрз рок да има судска постапка со која ќе се покаже дека ваков тип на злоупотреби подлежат на санкции. Освен ова, укажуваме дека одговорноста за тоа кој и каква содржина за публиката креира ја имаат компаниите кои преку платена реклама своите производи ги промовираат на вакви платформи. Рекламерите треба да знаат дека имаат општествена одговорност и дека свесно поддржување на вакви содржини ги прави соучесници во промоција на искривени вредности во нарушувањето на граѓанските права. Затоа потребно е тие јавно да се оградат од ваквиот јавен наратив, да ја преиспитаат својата соработка и во иднина да внимаваат каде се рекламираат, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/feed/ 0
ССНМ бара Владата под итно да престане со дискредитација на новинарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-bara-vladata-pod-itno-da-prestane-so-diskreditatsija-na-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-bara-vladata-pod-itno-da-prestane-so-diskreditatsija-na-novinarite/#respond Thu, 02 Feb 2023 16:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=795347

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во Владата, на која тој ги нападна новинарите, омаловажувајќи ја нивната работа, професионалност и компетентност, и напаѓајќи го нивниот интегритет. Во продолжение го пренесуваме соопштението на ССНМ: Во делот предвиден за новинарски прашања Бектеши денеска наместо да одговори околу цените на природниот гас поставено од новинарката од Канал 5, ја обвини за поставување на туѓи новинарски прашања, а на укажувањето на новинарот од Телма ТВ дека на министерот не му е првпат да коментира новинарски прашања и оти тоа е безобразно од негова страна, Бектеши му одговори дека новинарите не се на прес-конеференцијата да коментираат туку да прашуваат. ССНМ смета дека арогантниот и омаловажувачки однoс на Бектеши кон новинарите денеска не само што е скандалозен и неприфатлив, туку и ја отежнува работата на новинарите и медиумските работници и може да предизвика самоцензура, непријателско однесување кон нив, загрозување на нивната безбедност, како и нарушување на нивниот интегритет. Синдикатот бара од функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници и да престанат да се впуштаат во оцена за тоа како, и за која цел, тие поставуваат прашања за кои постои јавен интерес. Денешниот неприфатлив однос на Бектеши кон новинарите е само уште еден во низата на неприфатливи однесувања на политичарите кон нив. кои зачестија во изминатиот период и за кои ССНМ смета деке е време да престанат. ССНМ сака да ги потсети политичарите и државните функционери дека нивната сензитивност кон новинарските прашања треба да биде многу висока, особено на прашања кои се однесуваат на нивните одлуки кои имаат импликации на буџетот и трошењето на народните пари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-bara-vladata-pod-itno-da-prestane-so-diskreditatsija-na-novinarite/feed/ 0
ССНМ: Работата на премиерот не е да ја оценува уредувачката политика на медиумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-rabotata-na-premierot-ne-e-da-ja-otsenuva-ureduvachkata-politika-na-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-rabotata-na-premierot-ne-e-da-ja-otsenuva-ureduvachkata-politika-na-mediumite/#respond Mon, 16 Jan 2023 15:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=788026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски со која тој се впушти во квалификација и ревидирање на уредувачката политика на одредени медиуми. Нивната реакција ја пренесуваме во продолжение: Прашан да ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети со која тој ги обвини ТВ Алфа и ТВ Телма дека се „непријатели на Албанците“, премиерот Ковачевски рече: „Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика која тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“. Сметаме дека државните функционери, особено кога се работи за најмоќната државна позиција, мораат да внимаваат на искажаниот збор бидејќи, вперувањето со прст од различни причини кон одредени медиуми ги става во незавидна позиција медиумските професионалци, кои потоа се цел на разни напади, говор на омраза и слично. Ваквото етикетирање на медиумите претставува и напад врз слободата на изразување и слободата на медиумите, односно врз новинарите и медиумските работници, што не смее да се случува во едно демократско општество. Предочуваме, дека јавноста односно граѓаните не смее никој да ги потценува и тие се оние кои го носат крајниот суд за тоа дали одреден медиум си ја врши добро или не работата која е од јавен интерес.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-rabotata-na-premierot-ne-e-da-ja-otsenuva-ureduvachkata-politika-na-mediumite/feed/ 0
ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во ОЈО за заштита на новинарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-ssnm-baraat-posebno-oddelenie-vo-ojo-za-zashtita-na-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-ssnm-baraat-posebno-oddelenie-vo-ojo-za-zashtita-na-novinarite/#respond Fri, 27 May 2022 10:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=682355

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ заедно со претседателот на Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) Павле Беловски денеска имаа средба со шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски. На состанокот Чадиковски истакна дека од исклучителна важност за унапредување на заедничката соработка и комуникација е формирање на ново одделение во рамки на ОЈО, кое ќе биде задолжено само за постапување по предмети кои се однесуваат на повреда на правата на новинарите и на медиумските работници, на нивната безбедност, како и на експлицитниот говор на омраза кон нив. Од страна на Беловски беше потенцирано дека и покрај тоа што безбедноста на новинарите и медиумските работници во изминатиот период во државава е подобрена, останува фактот дека перцепцијата за степенот на неказнивост на напаѓачите кон новинарите и медиумските работници останува на високо ниво и ова е потребно да се промени. Драган Секуловски, директорот на ЗНМ истакна дека ОЈО има обврска да ги следи препораките на Советот на Европа за поголема заштита на новинари, посебно ПрепоракаCM/Rec (2016)41 од Комитетот на министри до земјите членки за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери. Според оваа препорака, Македонија како земја членка на Совет на Европа има обврска да создаде механизми за заштита на медиумските работници кога нивните права се нарушени а додека се очекува да се изгласаат измените на Кривичниот закон, ова посебно одделение во ОЈО кое ќе работи за заштита на новинарите е добар модел, истакна Секуловски. Покрај ова, Секуловски укажа со цел да се намали степенот на неказнивост потребно е ОЈО да ги истражи старите случаи во кои се бележат закани по животот на новинарите како и да биде проактивно во случаи кога новинарите се предмет на експлицитен говор на омраза и закани на социјалните мрежи. Шефот на Скопското обвинителство Гаврил Бубевски го истакна своето задоволство дека овие конструктивни предлози од страна на еснафските здруженија се прифатливи и во идниот период како институција ќе се обидат во брзо време да одговорат позитивно на барањата на ЗНМ и ССНМ. На денешниот состанок исто така се разговараше за унапредување на транспарентноста за работата на обвинителите, назначување на лица од обвинителството кои ќе работат на случаи кои се однесуваат само на предмети каде се вклучени новинари и медиумски работници како и подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес и можноста да биде потпишан заеднички меморандум за соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-ssnm-baraat-posebno-oddelenie-vo-ojo-za-zashtita-na-novinarite/feed/ 0
ССНМ и ЗНМ: „Несмасна“ пракса на истражните органи во случаи со новинари  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-nesmasna-praksa-na-istraznite-organi-vo-sluchai-so-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-nesmasna-praksa-na-istraznite-organi-vo-sluchai-so-novinari/#respond Wed, 25 May 2022 13:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=681400

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираат на постапувањето на Основното јавното обвинителство (ОЈО) и Министерството за внатрешни работи (МВР), овој пат поврзано со Весна Јовановска-Дојчиновска, уредник во Телма Телевизија. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Обвинител при скопското обвинителство отворил предмет по пријава за говор на омраза на граѓанин кон друг граѓанин, и со цел да ја истражи и поткрепи пријавата со докази издал наредба МВР да ги обезбеди емитуваните аудио и видео материјали од Телма телевизија, но и наредба за информативен разговор со уредничката Весна Јовановска-Дојчиновска. Полицијата неколку пати ја побарала на домашна адреса, но без да соопшти детали за што точно треба да се јави во полициска станица. Оттука, ССНМ и ЗНМ ја оценуваат за проблематична постапката преку која МВР, но и ОЈО инволвираат новинари кога постапуваат во случаите без истите да ги информираат зошто се повикуваат на службени разговори. Потенцираме дека сите меѓународни регулативи, стандарди и препораки укажуваат на тоа дека кога органите на прогонот веќе постапуваат во случај кој вклучува новинар, тоа треба да го направат на начин што преземените овластувања не смеат да имаат ефект на заплашување, заканување или ограничување на слободата на новинарите и медиумите. Дополнително, МВР и ОЈО најмалку што можат да сторат е да стапат во контакт и да ги разјаснат околностите на транспарентен начин, во спротивно ова може сериозно да влијае врз условите во кои новинарите си ја вршат својата работа. Овој случај е уште еден аргумент зошто е потребно посебно одделение во рамки на ОЈО кое ќе третира предмети и случаи во кои се инволвираат новинари и медиумски работници. Потсетуваме дека потребата од континуирана едукација и усовршување на знаењето на обвинителите во заштита на новинарите е обврска на државата како членка на Советот на Европа. Укажуваме дека и кој било граѓанин доколку е незадоволен од начинот на известување во медиумите на располагање ги има саморегулативните механизми. Секоја друга форма и законска можност примената од правосудните органи може да води кон цензура и самоцензура, но и одредена форма на заплашување и предизвикување страв, со што се става црна дамка на демократското владеење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-i-znm-nesmasna-praksa-na-istraznite-organi-vo-sluchai-so-novinari/feed/ 0