стабилна состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 16:03:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стабилна состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По тешкиот пад, норвешкиот ски скокач Танде во стабилна состојба https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-teshkiot-pad-norveshkiot-ski-skokach-tande-vo-stabilna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-teshkiot-pad-norveshkiot-ski-skokach-tande-vo-stabilna-sostojba/#respond Fri, 26 Mar 2021 16:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=488281

Здравствената состојба на норвешкиот ски скокач Даниел Андре Танде, кој вчера доживеа тежок пад на скокалницата во Планица, е стабилна и тој се наоѓа во болница во Љубљана. – Последните медицински прогнози се добри, се надеваме дека утре ќе биде уште подобар и оти веќе ќе може да комуницира со нас. Состојбата беше навистина тешка, Даниел беше во многу лоша состојба по падот, изјави денеска Клас Бреде Братен, спортскиот директор на норвешкиот тим во скијачки скокови. Братен особено ја потенцираше брзината со која на Танде му беше пружена помош, наведувајќи дека норвешкиот ски скокач бил пренесен во болница во Љубљана за само 59 минути по инцидентот. Танде на вчерашниот тренинг на скокалницата во Планица доживеа страшен пад, откако непосредно по скокот загуби контрола врз скиите по што падна на главата и со тешки повреди итно беше пренесен во болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-teshkiot-pad-norveshkiot-ski-skokach-tande-vo-stabilna-sostojba/feed/ 0
Макрон е во стабилна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-e-vo-stabilna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-e-vo-stabilna-sostojba/#respond Mon, 21 Dec 2020 13:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=446254

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и понатуму има одредени симптоми карактеристични за Ковид-19, но неговата состојба е стабилна, изјави портпаролот на Владата, Габриел Атал. Макрон (43) на 17 декември објави дека е позитивен на новиот коронавирус и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила. Тој ги извршува должностите преку видео врска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-e-vo-stabilna-sostojba/feed/ 0
Решено барањето на млекопроизводителите за откуп на млекото во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба стабилна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/resheno-baranjeto-na-mlekoproizvoditelite-za-otkup-na-mlekoto-vo-debar-i-centar-zupa-bezbednosnata-sostojba-stabilna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/resheno-baranjeto-na-mlekoproizvoditelite-za-otkup-na-mlekoto-vo-debar-i-centar-zupa-bezbednosnata-sostojba-stabilna/#respond Thu, 19 Mar 2020 12:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=318945 Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Притоа, додаваат оттаму, локалната самоуправа, во соработка со Центарот за управување со кризи и другите надлежни субјекти во кризниот штаб, го реши вчерашното барање на група млекопроизводители за изнаоѓање начин за откуп на нивното млеко.

Во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа, од МВР информираат дека не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти и не се регистрирани сообраќајни незгоди.

– Непречено продолжуваат активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа и во координација со локалната самоуправа, со кризниот штаб, со Центарот за управување со кризи и се во насока на контрола на целото подрачје, посебно на угостителските и другите јавни објекти – маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници. Целта е доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на коронавирусот, се наведува во соопштението.

Од МВР соопштуваат дека на терен без проблеми и застои се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Непречено се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.

– Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, стои во соопштението.

МВР апелира до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот Ковид-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, додаваат, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/resheno-baranjeto-na-mlekoproizvoditelite-za-otkup-na-mlekoto-vo-debar-i-centar-zupa-bezbednosnata-sostojba-stabilna/feed/ 0