стакло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 11:43:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стакло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова се’ уште не сте го виделе: Toyota Supra вози на „стаклени“ тркала (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-ushte-ne-ste-go-videle-toyota-supra-vozi-na-stakleni-trkala-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-ushte-ne-ste-go-videle-toyota-supra-vozi-na-stakleni-trkala-video/#respond Tue, 20 Jun 2023 11:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=847802

Луѓето денес се подготвени да направат се за клик повеќе, па и да монтираат „стаклени тркала“ на спортски автомобил. Токму тоа го направил сопственикот на „Toyota Supra“. Станува збор за четвртата генерација во црвена боја, автомобил кој со својата појава предизвикува интерес осигурува популарност на социјалните мрежи. Меѓутоа, ваквата „Supra“ е и повеќе од магнет за нови кликови. Верувале или не, оваа „Supra“ вози на сосема транспарентни тркала, ако овие плочи воопшто може така да се наречат. Јасно е дека со овој додаток автомобилот не добива ништо. Сосема е сигурно дека не се премногу употребливи, а уште помалку комфорни. Сеедно, ваквата примена на поликарбонат обезбедила создавање на снимка која досега е прегледана повеќе од 4,3 милиони пати на ТикТок.
@rota.do.caos Supra Glass Tires #accident #smash #carros #desafio #acidente #batida #car ♬ Sea Of Problems - Sped Up - Glichery
А ако мислите дека овие тенки плочи ќе се скршат под масата на „Supra“, посебно кога силно ќе се стисне на гасот и тркалата ќе излизгаат, би можеле да се изненадите. Во секој случај, поимот „burnout“ со мирис на поликарбонат доби сосема нова смисла. „Супрата“, барем засега, преживеала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-ushte-ne-ste-go-videle-toyota-supra-vozi-na-stakleni-trkala-video/feed/ 0
ЕДНОСТАВЕН ТРИК со кој ќе ги соберете и најситните ПАРЧИЊА СТАКЛО кога ќе ви се скрши нешто! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednostaven-trik-so-koj-ke-gi-soberete-i-najsitnite-parchina-staklo-koga-ke-vi-se-skrshi-neshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednostaven-trik-so-koj-ke-gi-soberete-i-najsitnite-parchina-staklo-koga-ke-vi-se-skrshi-neshto/#respond Thu, 23 Feb 2023 08:26:37 +0000 https://kurir.mk/?p=804023

Колку пати ви се случило да скршите нешто стаклено, а потоа да ве фати паника како ќе го исчистите сето тоа без да оставите парчиња на подот? Едноставен трик за овој проблем лежи во обична батериска ламба. Вклучете ја батериската ламба и исклучете или блокирајте ја светлината во просторијата каде што се случила несреќата. Ставете ја ламбата ниско до подот и секое парче скршено стакло ќе блесне на светлината, дури и најситните. Пробајте, функционира.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednostaven-trik-so-koj-ke-gi-soberete-i-najsitnite-parchina-staklo-koga-ke-vi-se-skrshi-neshto/feed/ 0
Над 1500 угостителски објекти вклучени во проект за собирање селектирано стакло кое се рециклира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-1500-ugostitelski-objekti-vklucheni-vo-proekt-za-sobiranje-selektirano-staklo-koe-se-reciklira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-1500-ugostitelski-objekti-vklucheni-vo-proekt-za-sobiranje-selektirano-staklo-koe-se-reciklira/#respond Fri, 21 Oct 2022 07:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=748802

Стаклениот амбалажен отпад може да биде реупотребен и сите да придонесеме кон поздрава и еколошка животна средина, соопшти компанијата Пакомак, која веќе неколку години го реализира проектот „Are You Recycling“, преку кој се собира селектираното стакло и тоа се рециклира. Во овој проект, како што посочуваат од Пакомак, се вклучени над 600 угостителски објекти од Скопје и уште над 900 од останатите градови. Тоа се објекти кои се истакнуваат со висока еколошка свест и кои покажуваат активна грижа за животната средина. Оваа година по својот придонес би ги истакнале скопските ресторани „Дукат” „Скопски мерак”, „Мош” „Еквилибриум”, „Рагуза”, катна гаража, битолскиот ресторан „Ловец”, штипскиот „Мал одмор” и многу други благодарение на чија вклученост во проектот месечно се собираат над 220 тони стаклен амбалажен отпад кој потоа се пренесува во фабриките за рециклирање на стакло. Тоа се количини на стаклен отпад кои предходно завршуваа во депониите кои што имаат ограничен капацитет.
– Станува збор за угостителски објекти кои имаат голема свесност за важноста да се селектира отпадот. Со ова се овозможува повторно создавање на над 600.000 шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат шишиња, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината. Оваа активност досега се покажа како многу ефикасна, а од самите угостители не бара голем ангажман, освен високо ниво на еколошка култура која посакуваме да ја имаме и кај секое домаќинство во државава, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак, кој ги повикува сите угостителски објекти да се приклучат, истакнувајќи дека иднината на успешните угостители не е само во квалитетот на услугата што ја нудат, туку и во нивната одговорност кон зачувување на средината во која работат. Проектот има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Станува збор за собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 50 отсто од стаклото.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-1500-ugostitelski-objekti-vklucheni-vo-proekt-za-sobiranje-selektirano-staklo-koe-se-reciklira/feed/ 0
НАЈЛЕСЕН НАЧИН ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СТАКЛОТО ОД РЕРНА? Отстранете ја маснотијата без никаков проблем! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najlesen-nachin-za-chistenje-na-stakloto-od-rerna-otstranete-ja-masnotijata-bez-nikakov-problem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najlesen-nachin-za-chistenje-na-stakloto-od-rerna-otstranete-ja-masnotijata-bez-nikakov-problem/#respond Thu, 09 Jun 2022 13:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=688939

Секоја домаќинка има свој докажан трик за чистење на рерната и отстранување на масните наслаги кои се насобрале од подготовката на храната. Сепак, што и да користите за чистење на рерната , веруваме дека ќе сакате да го испробате овој метод, за кој многумина тврдат дека е поефикасен од сода бикарбона и оцет или силни средства за одмастување и жица за стругање. Се што ви треба е таблета за миење садови (или две) и сад со топла вода. Користете само таблети кои не се гел таблети. Потопете ја таблетата во вода и чувајте ја натопена доволно долго за да впие малку вода, но не премногу долго за да не почне да се распаѓа. Потоа едноставно тријте ја вратата со таблетот, не ви треба сунѓер! Движете ја таблетата со дланката со кружни движења за да ги отстраните дамките и маснотиите. Ако таблетата почне да се суши, натопете ја повторно. Овој трик е одличен за чистење на стаклото на вратата од рерната, но ефикасен е и на метална рамка, може да биде потребен само посилен притисок. Кога ќе завршите, избришете ги остатоците од таблетата и нечистотијата со влажна крпа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najlesen-nachin-za-chistenje-na-stakloto-od-rerna-otstranete-ja-masnotijata-bez-nikakov-problem/feed/ 0
Прилепчанец нападнат со стакло https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-napadnat-so-staklo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-napadnat-so-staklo/#respond Sun, 24 Apr 2022 18:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=667446

На 23.04.2022 во 23:00 часот Б.Т.(48) од Прилеп пријавил дека околу 20:40 часот во угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат од С.С. со стаклен предмет. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-napadnat-so-staklo/feed/ 0
Едноставен трик со кој никогаш нема да ви се замаглува стаклото во кола (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednostaven-trik-so-koj-nikogash-nema-da-vi-se-zamagluva-stakloto-vo-kola-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednostaven-trik-so-koj-nikogash-nema-da-vi-se-zamagluva-stakloto-vo-kola-video/#respond Thu, 29 Oct 2020 10:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=422042

Постои паметно решение за кое не ви треба ниту труд ниту пари. Најголем проблем за возачите во текот на есента и зимата кога температурите се ниски, се замаглените стакла, особено ако се брзаме некаде. Постои паметно решение за кое не ви треба ниту труд ниту пари. Земете една чорапа од дома, па ставете песок во неа, а потоа затворете ја и врзете чвор. За да бидете сигурни дека нема да се скине, врз чорапата ставете ја и другата чорапа од парот. Ставете го ова под седиштето или на шалтаблата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednostaven-trik-so-koj-nikogash-nema-da-vi-se-zamagluva-stakloto-vo-kola-video/feed/ 0
Тринаесетгодишно момче физички нападното во Лептокарија, други момчиња го сечеле со стакло https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trinaesetgodishno-momche-fizichki-napadnoto-vo-leptokarija-drugi-momchinja-go-sechele-so-staklo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trinaesetgodishno-momche-fizichki-napadnoto-vo-leptokarija-drugi-momchinja-go-sechele-so-staklo/#respond Sat, 13 Oct 2018 14:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=114534

Во текот на вчерашниот ден во 16:30 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници донеле 13-годишно момче, кое било пронајдено во Трговскиот центар Лептокарија. Момчето изјавило дека физички нападнало други деца, кои пак го изгребале односно му нанеле повреди со стакло, информираат од МВР. За настанот бил известен Јавен обвинител, а во полициската станица била повикана и мајката на момчето, на која и било предадено детето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trinaesetgodishno-momche-fizichki-napadnoto-vo-leptokarija-drugi-momchinja-go-sechele-so-staklo/feed/ 0