станбен кредит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 10:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png станбен кредит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кредитирањето на домаќинставата зголемено за 7,6 отсто, раст кај станбените кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kreditiranjeto-na-domakjinstavata-zgolemeno-za-7-6-otsto-rast-kaj-stanbenite-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kreditiranjeto-na-domakjinstavata-zgolemeno-za-7-6-otsto-rast-kaj-stanbenite-krediti/#respond Fri, 21 Oct 2022 10:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=748940

Кредитите на домаќинствата во септември се зголемени за 0,7% на месечно ниво. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се повисоки за 7,6%, како резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со малку поизразен придонес на кредитите во денари, покажуваат податоците на Народната банка. Во септември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,8% и 0,9%, соодветно, при годишен раст од 6,7% и 12,9%, соодветно.
Според ревидираните податоци, кај автомобилските кредити е остварен месечен пад од 0,5%, при годишен раст од 0,8%. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад за 0,1%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 2,0% на месечна основа, а се непроменети на годишна основа. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за 1,2% на месечно ниво и 17,1% на годишно ниво.са Кредитите на корпоративниот сектор, остварија месечен раст од 1,1%, а годишен од 12,6%. Нагорната промена по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со малку поголем придонес на кредитите во странска валута.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kreditiranjeto-na-domakjinstavata-zgolemeno-za-7-6-otsto-rast-kaj-stanbenite-krediti/feed/ 0
Раст на потрошувачките и станбени кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-potroshuvachkite-i-stanbeni-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-potroshuvachkite-i-stanbeni-krediti/#respond Fri, 19 Aug 2022 10:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=720964

Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,4 проценти и 13,5 проценти, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка. Минатиот месец автомобилските кредити на граѓаните бележат месечен и годишен пад од 1,4 проценти и 6,4 проценти, соодветно, а кредитите одобрени на кредитни картички забележале месечен раст од 0,2 проценти, при годишен пад за 1,6 проценти. Негативните салда на тековните сметки во јули се намалени за 1,3 проценти на месечна основа, при годишен раст од 2,6 проценти, додека кредитите одобрени врз други основи, забележале месечен и годишен пад од 1 процент и 19,1 процент, соодветно. Во јули, вкупните кредити на домаќинствата се со месечен раст од 0,5 проценти, во поголем дел, како што информира НБ, под влијание на зголеменото кредитирање во странска валута, при раст и на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на домаќинствата бележат раст од 7,6 проценти, којшто во услови на повисоки кредити во денари и во странска валута, е поизразен кај кредитирањето во денари. На годишна основа, вкупните депозити во јули годинава бележат раст од 2,3 проценти, кој во целост се должи на повисоките депозити на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,7 проценти, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор. Вкупните депозити на домаќинствата, во јули, се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво. Промената се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад. На годишна основа е забележан раст од 5,2 процент, во најголем дел под влијание на повисоките краткорочни депозити во странска валута, при забележан раст и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, а при остварен пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари. Во јули, кај вкупните кредити е забележан месечен раст од 0,5 проценти, како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, при малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,7 проценти, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор. -Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5 проценти, во целост како резултат на повисоките кредити во странска валута, при забележан пад на кредитите во денари. Годишниот раст изнесува 12,1 процент и е резултат на зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, коешто е поизразено кај кредитите во денари, информира Народната банка. Како што наведуваат, во јули годинава вкупните депозити се зголемени за 0,9 проценти на месечна основа, поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст изнесува 2,3 проценти и во целост се должи на повисоките депозити на секторот „домаќинства“. Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемени за 1,7 проценти на месечна основа. Нагорната промена пред сè, се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, со позитивен придонес и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при остварено намалување на депозитните пари. На годишна основа, остварен е пад од 2,9 проценти, којшто произлегува од намалувањето на сите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута кои бележат раст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rast-na-potroshuvachkite-i-stanbeni-krediti/feed/ 0
По поскапувањето на недвижностите, банките во ЕУ ги заоструваат условите за станбен кредит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-poskapuvanjeto-na-nedviznostite-bankite-vo-eu-gi-zaostruvaat-uslovite-za-stanben-kredit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-poskapuvanjeto-na-nedviznostite-bankite-vo-eu-gi-zaostruvaat-uslovite-za-stanben-kredit/#respond Tue, 29 Mar 2022 08:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=654961

По предупредувањето на ЕУ за „прегреаност“ на пазарот на недвижности, банките ги зголемија резервите за да се заштитат од можни проблеми при отплатата на кредитите, пишува загрепски „Вечерњи лист“. Централната банка оваа седмица воведува нова мерка со која се зголемува антицикличниот заштитен слој на капиталот во банките од нула на 0,5 отсто. Со одлуката се наложува банките да ги зголемат сопствените резерви за да се заштитат од можни проблеми со отплатата на кредитите во иднина. До зголемување на стапката на заштита дојде по предупредувањето на европскиот регулатор кој идентификувал системски ризици и „прегревање“ на пазарот на недвижнини во Хрватска, со поголем и побрз раст на цените на становите и куќите отколку кај другите економски показатели. Покрај Хрватска предупредувања за идентични ризици се упатени и до Бугарија, Унгарија, Лихтенштајн и Словачка, со препораки да преземат мерки за справување со состојбите, додека на Австрија и на Германија им се дадени конкретни препораки за ладење на прегреаниот пазар. Врз основа на социо-демографските и економските движења германската Бундесбанка проценува дека недвижностите во германските градови се за 15 до 50 отсто поскапи отколку што навистина вредат. Што точно ќе донесат посочените препораки во реалноста најдобро се гледа во примерот на Австрија која воведе значајни ограничувања за станбените кредити. Според новиот закон, ратата на станбен кредит во Австрија не смее да надмине 40 отсто од месечната плата, може да се земе на најдолг рок од 35 години, а сопствениот удел е вратен на 10 или 20 отсто од вредноста на кредитот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-poskapuvanjeto-na-nedviznostite-bankite-vo-eu-gi-zaostruvaat-uslovite-za-stanben-kredit/feed/ 0