станбени кредити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Dec 2022 11:05:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png станбени кредити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмногу се земаат потрошувачки и станбени кредити, зголемени негативните салда на картичките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najmnogu-se-zemaat-potroshuvachki-i-stanbeni-krediti-zgolemeni-negativnite-salda-na-kartichkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najmnogu-se-zemaat-potroshuvachki-i-stanbeni-krediti-zgolemeni-negativnite-salda-na-kartichkite/#respond Wed, 21 Dec 2022 11:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=778537

Кредитите на домаќинствата во ноември годинава забележаа раст од 0,5% на месечно ниво, што во поголем дел се објаснува со зголеменото кредитирање во странска валута, соопшти Народна банка. На годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемија за 7,5%, под влијание на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута. Во ноември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, забележаа месечно зголемување од 0,5% и 1,1%, додека годишните стапки на раст изнесуваат 6,6% и 12,9%. Автомобилските кредити остварија месечен и годишен раст од 6,3% и 9,1%. Кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 0,8%. Во ноември, негативните салда на тековните сметки, забележаа месечен и годишен раст од 2,7% и 1,6%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,9% и 17,1% на месечна и на годишна основа. Депозитите на домаќинствата, пак, во ноември се непроменети на месечна основа. Годишниот раст од 5,3% во најголем дел е резултат на зголемените краткорочни депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на остварен пад на долгорочните и на краткорочните депозити во денари. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najmnogu-se-zemaat-potroshuvachki-i-stanbeni-krediti-zgolemeni-negativnite-salda-na-kartichkite/feed/ 0