станбени згради – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Dec 2021 13:54:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png станбени згради – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЗА ТРИ НЕДЕЛИ 10 ПОЖАРИ ВО ТЕТОВО: Најчеста причина поради оџаците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/za-tri-nedeli-10-pozari-vo-tetovo-najchesta-prichina-poradi-odzacite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/za-tri-nedeli-10-pozari-vo-tetovo-najchesta-prichina-poradi-odzacite/#respond Mon, 20 Dec 2021 13:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=610870

Зачестија пожарите во станбените објекти поради појава на оган во оџаците, а таков пример имаше утринава во селото Лешок. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица огнот целосно е изгаснат и нема повредени лица. Во тетовската полиција за овие три изминати недели од декември регистрирани се девет пожари, од кои осум во објекти, поради што Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до граѓаните за поголема внимателност. – Последното заладување, односно осетното опаѓање на дневните, а посебно на ноќните температури деновиве и на тетовско-гостиварското подрачје во голема мерка ја интензивира грејната сезона, а со тоа се зголемија и можностите за избувнување пожари, пред сè како резултат на човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќи или станбени згради. Апелираме да не се оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се присутни во домовите или работните простории, особено не греалки, клима уреди или печки на дрва. Зашто, доволна е само мала искра да пламне голем пожар со сериозни материјални и други последици, порача портпаролот Марјан Јосифоски. Од пожарната постојано апелираат да се проверат и исчистат оџаците, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на повеќе електрични апарати наеднаш. – Голем проблем и опасност за појава за пожари се несоодветните делови од мебел кои се користат за греење. Затоа апелираме такви материјали да не се користат, да се чистат оџаците посебно во зградите, изјави Ука Алити, командир на тетовската пожарна. Причинувањето пожар на одреден начин претставува кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое согласно членот 288 од Кривичниот законик е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години, а доколку тоа е направено од небрежност ова дело се санкционира со парична или затворска казна до три години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/za-tri-nedeli-10-pozari-vo-tetovo-najchesta-prichina-poradi-odzacite/feed/ 0
Зголемени трошоците во градежништвото за нови станбени објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanbeni-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanbeni-objekti/#respond Wed, 01 Sep 2021 14:35:36 +0000 https://kurir.mk/?p=557943

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2021 година се повисоки за 6,5 отсто во споредба со првото тримесечје, соопшти Државниот завод за статистика. Трошоците за материјали се зголемени за 8,1 процент, а трошоците за вработените за 3,2 отсто. Во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 12,5 отсто, трошоците за материјали за 13,7 и трошоците за вработените за 9,9 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-troshocite-vo-gradeznishtvoto-za-novi-stanbeni-objekti/feed/ 0
Мирен протест денеска во Кисела Вода: „Стоп за бетонизацијата на Расадник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miren-protest-deneska-vo-kisela-voda-stop-za-betonizacijata-na-rasadnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miren-protest-deneska-vo-kisela-voda-stop-za-betonizacijata-na-rasadnik/#respond Sat, 19 Sep 2020 09:45:07 +0000 https://kurir.mk/?p=405472

Во близина на седиштето на Општина Кисела Вода, на булеварот „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи мирен протест под слоганот „Стоп за бетонизацијата на Расадник“. Протестот, кој се најавува дека ќе започне во 12:30 часот е во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода. Ваквата реакција доаѓа по новиот Детален урбанистички план Градска четврт Ј14 Расадник со кој се предвидува во Расадник да никнат 100 станбени згради со 8.000 жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miren-protest-deneska-vo-kisela-voda-stop-za-betonizacijata-na-rasadnik/feed/ 0