стандарди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 May 2022 11:16:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стандарди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕП: Турција продолжува да се оддалечува од стандардите на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-turcija-prodolzuva-da-se-oddalechuva-od-standardite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-turcija-prodolzuva-da-se-oddalechuva-od-standardite-na-eu/#respond Thu, 12 May 2022 11:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=675625

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент го усвои извештајот за Турција, во кој се констатира дека не може да се преговара за членство со оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел. Со 54 гласови за, седум против и 13 воздржани, членовите на комисијата за надворешни работи оцени дека нема напредок во Турција во делот на ЕУ реформите и дека не може да се одмрзнат преговорите за членство во ЕУ, додека нема јасен напредок. Европратениците сметаат дека во последните две години Турција конзистентно се оддалечува од ЕУ и покрај неколку позитивни настани во односите меѓу ЕУ и Турција. Европскиот Парламент останува загрижен и поради влошените односи на Турција со нејзините соседи членки на ЕУ. Човековите права исто така се оценети како влошени во Турција, се жали поради административните и законските притисоци врз граѓанското општество, новинарите и бранителите на човековите права. Пратениците ја повикаа Европската комисија да ја зголеми финансиската помош за чинителите кои работат на демократија и човекови права во Турција. Европратениците сепак ја поздравија улогата на Турција во војната во Украина и нејзината волја посредува помеѓу Киев и Москва. Поради ова е важно ЕУ и Турција да имаат добра соработка во делот на безбедноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-turcija-prodolzuva-da-se-oddalechuva-od-standardite-na-eu/feed/ 0
Лесниот пешадиски баталјон оспособен за извршување на својата мисија според НАТО-стандардите за борбена готовност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lesniot-peshadiski-bataljon-osposoben-za-izvrshuvanje-na-svojata-misija-spored-nato-standardite-za-borbena-gotovnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lesniot-peshadiski-bataljon-osposoben-za-izvrshuvanje-na-svojata-misija-spored-nato-standardite-za-borbena-gotovnost/#respond Fri, 08 Apr 2022 13:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=660393

По вчерашните активности на теренската вежба „Блесок-22“ и завршување на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, заврши оценувањето на Лесниот пешадиски баталјон (ЛПБ), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО. Генералштабот на Армијата информира дека на денешното соопштување на оценката од страна на набљудувачите и директорот на оценувањето, беше истакнато дека сите предвидени активности, согласно листата на инциденти, се извршени на највисоко професионално ниво и официјалната оценка е „борбено оспособен за извршување на својата мисија“. – Директорот на националниот тим оценувачи, полковник Ивица Цветковски, како заклучок на целиот спроведен процес од страна на оценувачите врз основа на увидот во извршувањето на задачите, истакна дека Лесниот пешадиски баталјон како НАТО цел на способност, според стандардите за оценување на борбената готовност на копнените сили на Здружената команда за операции на НАТО, е способен за извршување на својата мисија. Од страна на главниот претставник на тимот од НАТО набљудувачи кој го следеше процесот и примената на методологијата на оценување, потполковник Тимо Колман денеска, на иницијалното соопштување на оценката, истакна дека задачата на тимот кој го предводи е согледување на подготвеноста на декларираната единица во исполнување на оперативните приоритети на НАТО во согласност со стандардите на оценување, информира ГШ на Армијата. Колман истакна дека како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија има извршено солидно планирање и подготовка на оценувачкиот процес, за што говори фактот дека ги има исполнето повеќе од потребните 50 проценти сертифицирани оценувачи, според стандардите на НАТО, што е извонредно достигнување. -За Република Северна Македонија ова е првата единица оценувана според стандардите на оценување на борбена подготвеност, како членка на НАТО. Јас сум одушевен од посветеноста и професионалноста на тимот за оценување, рече Колман. Согласно НАТО-процедурите и стандардите, од 4 до 8 април во касарната „Јане Сандански“ во Штип и на армискиот полигон „Криволак“ оценувањето го спроведе национален тим за оценување составен од 27 оценувачи, од кои 23 оценувачи сертифицирани од страна на НАТО, при што беа оценети 16 настани и 42 инциденти. – За време на вежбата, Лесниот пешадиски баталјон ја покажа подготвеноста за извршување на комплексни и сложени борбени задачи, согласно листата на инциденти.Во рамки на сценариото, од страна на баталјонот, беа демонстрирани процедури при сценирани инциденти за време на изведување на патролирање, конвој, набљудувачница, обезбедување база, кордон и пребарување, како и постапки при непријателски пропагандни активности и дезинформации, артилериски напад на база, медицинска евакуација, справување со толпа и нападни операции со баталјон. Притоа од страна на оценувачите се оценуваа процедурите и извршувањето на задачите, односно се демонстрираа тактичките способности за остварување на мисијата која ја има единицата, соопшти ГШ. Оценувањето на Лесниот пешадиски баталјон е прво оценување на поголем состав на Армијата на Република Северна Македонија, по нашето полноправно членство во НАТО, со кое, како што наведува Генералштабот, „ја докажуваме нашата подготвеност во исполнувањето на преземените обврски од целите на способности на армиските капацитети“. По завршеното оценување, единици од состав на лпб в понеделник, на денот на високи гости, пред армискиот и државниот врв ќе изведат тактичка вежба на која ќе го демонстрираат нивото на оспособеност и обученост за извршување на борбени задачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lesniot-peshadiski-bataljon-osposoben-za-izvrshuvanje-na-svojata-misija-spored-nato-standardite-za-borbena-gotovnost/feed/ 0
ЕУ ги хармонизира стандардите за медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-harminizira-standardite-za-medicinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-harminizira-standardite-za-medicinska-oprema/#respond Wed, 25 Mar 2020 15:04:25 +0000 https://kurir.mk/?p=322049

Европската комисија усвои одлука за усогласување на стандардите за медицинска опрема, што треба да им овозможи на производителите да пласираат производи со високи перформанси на заедничкиот европски пазар со цел заштита на пациентите, здравствените работници и граѓаните. Претставници на Европската комисија наведуваат дека хармонизираните стандарди играат главна улога во моменталната пандемија на коронавирусот, бидејќи тие се однесуваат на критични делови од опрема како што се медицински маски за лице, хируршки завеси, заштитни одела, средства за пеерење, дезинфекција и стерилизација. Тие исто така наведуваат дека употребата на овие стандарди ќе им овозможи на производителите на медицинска опрема и други заинтересирани економски чинители да се прдржуваат до здравствените и безбедносните услови на законодавството на ЕУ, земајќи ги предвид најсовремените технички решенија. – Со овие мерки го забрзуваме влегувањето на безбедна, основна медицинска опрема и уреди на пазарот на ЕУ. Овие уреди се клучни за здравјето на нашите лекари со цел да продолжат да спасуваат животи, изјави еврокомесарката за здравство н Стела Киријакидес. ЕУ претходно распиша три тендери за заедничка набавка на медицинска опрема, која вклучува заштитни маски, респиратори и лабораториска опрема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-harminizira-standardite-za-medicinska-oprema/feed/ 0
Царовска во Валандово пуштила во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/#respond Sat, 14 Dec 2019 14:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=277553

Без потпис од надзорот и без технички прием, локалната власт во Валандово со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пуштиле во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената која ја има и условите кои требало да овозможува градинката. Станува збор за објектот детската градинка "Калинка" во Валандово, чиј што проект за реконструкција на истата е поднесен на 22.04.2016 година. Општина Валандово е носител на овој проект од ИПА за меѓугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Грција-INTERREG,во кој учествуваат 5 партнери: Општина Валандово, Општина Серес, Општина Радовиш, Општина Лерин и CERTH-грчка државна лабораторија за испитување на хемиски и биолошки процеси. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.478.000 евра, од кои 390.000 евра се одобрени во месец април 2017 година,во време кога со општината сеуште раководи ВМРО-ДПМНЕ. Но, Реконструкцијата ДГ "Калинка" во Валандово не е изведена во согласност со проектот и предвидените позиции во проектната документација, а министерката Царовска изврши посета на објектот со цел промоција на успешно реализиран проект од локалната власт на СДСМ во општина Валандово. Дека не е извршена и изведена реконструкцијата за чија намена се дадени средства од европските фондови говорат неколку факти и тоа: -Целосно не е довршена кровната конструкција,наместо целосно да се замени парното греење со 2 нови котели на пелети и нови радијатори,старите радијатори се само префарбани и оставени се старите котели на нафта. -Не се поставени фотоволтаици на кровот кои се предвидени во проектната документација и дополнително,направени се многу отстапувања при градењето,односно реконструкцијата на објектот во однос на проектната документација со која објектот на детската градинка требаше да биде модернизирана во целосно енергетски ефикасен објект и да бидат извршени реконструкции на повеќе позиции во внатрешноста на градинката. -Објектот и дворното место се во катастрофална состојба и наместо дечињата да добијат еден нов современ простор за дневен престој,добија простор за сместување од кој нивните родители веќе почнаа да се сомневаатдека може да добијат одредени заразни болести. Царовска и општина Валандово ја пуштиле во употреба градинката најверојатно поради жестокиот притисок на родителите кои беа принудени своите деца да ги испраќаат со несоодветен превоз до градинките во другите населени места во општината. Општината со соработка со министерството не беа способни да реализираат и да ги запазат роковите дури и на обезбеден проект од претходната локална власт,па објектот го пуштија во употреба без да го завршат во целост,без да ја извршат реконструкцијата согласно проектната документација, без потпис од надзорот и без технички прием. Од галеријата на фотографии може да се увиди во каква состојба е градинката, па тука се поставува прашањето дали станува збор за злоупотреба на средства од европските фондови и дали општина Валандово ќе сноси одговорност доколку се утврди дека тоа е така? Надлежните институции треба да извршат надзор соодветно на нивните надлежности и да известат зошто се трошат европските пари за проект кој не е ни приближно оспособен од предвиденото во проектната документација, како и да утврдат дали навистина станува збор за злоупотребени средства за објект којшто не е реконструиран според превидените средства и документација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/feed/ 0