стаорци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 15:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стаорци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стаорци изеле 200 килограми запленет канабис: Полицијата се правда „мали се и не се плашат од нас“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/staorci-izele-200-kilogrami-zaplenet-kanabis-policijata-se-pravda-mali-se-i-ne-se-plashat-od-nas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/staorci-izele-200-kilogrami-zaplenet-kanabis-policijata-se-pravda-mali-se-i-ne-se-plashat-od-nas/#respond Sat, 26 Nov 2022 15:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=766957

Полицијата во Индија обвини стаорци за исчезнување на речиси 200 килограми канабис, запленети од дилер, кои се чувале во полициска станица. -Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се задржи дрогата од нив, рекол претставник на полицијата пред судот во државата Утар Прадеш. Судот побара од полицијата да покаже докази, т.е. конфискуван канабис, на судењето на уапсените дилери. За ситуацијата да биде уште покомична, пред судот беа наведени уште три случаи во кои стаорци биле обвинети за уништување запленета дрога. Судијата Санџај Чаудари изјавил дека полицијата му кажала дека во полициската станица во областа Матура има 700 килограми запленета марихуана, но се покажало дека недостасуваат 195 килограми. -Полицијата изјави дека единствениот начин да се зачува е да се продава на аукција на истражувачки лаборатории или медицински фирми кои имаат владини дозволи да го поседуваат, рече судијата Чаудари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/staorci-izele-200-kilogrami-zaplenet-kanabis-policijata-se-pravda-mali-se-i-ne-se-plashat-od-nas/feed/ 0
ВИДЕО: Наезда од стаорци во населба Аеродром, општината молчи https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-naezda-od-staorci-vo-naselba-aerodrom-opshtinata-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-naezda-od-staorci-vo-naselba-aerodrom-opshtinata-molchi/#respond Mon, 10 Aug 2020 12:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=388826

Видеото кое до нашата редакција го испратија загрижени граѓани од општина Аеродром покажува за тоталната неспособност на Златко Марин како прв човек на општина Аеродром. Имено на видеото се гледа еден стаорец, а граѓаните кои ни го испратија ова видео ни рекоа дека неколку минути претходно глетката била ставична поради големиот број на стаорци. Претходно истиот овој проблем се појави и во зградите во Ново Лисиче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-naezda-od-staorci-vo-naselba-aerodrom-opshtinata-molchi/feed/ 0
Наезда на стаорци во Париз, на градот му се заканува инвазија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naezda-na-staorci-vo-pariz-na-gradot-mu-se-zakanuva-invazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naezda-na-staorci-vo-pariz-na-gradot-mu-se-zakanuva-invazija/#respond Mon, 01 Oct 2018 18:00:51 +0000 https://kurir.mk/?p=109220

Париз се соочува со наезда на стаорци, а дел од граѓаните за тоа ја обвинуваат градоначалничката Ан Идалго, која според нејзините политички опоненти повеќе се грижи за активностите за заштита на животната средина, отколку за јавната чистота. Иако стаорците не се непозната појава во историјата на францускиот главен град, сепак парижани изминатите неколку години се жалат на нивните зачестени појави. Во меѓувреме се појавија видео снимки од групи на стаорци како се движат низ кантите за ѓубре и градините долж Сена, а често можат да се видат и низ парковите. „Њујорк тајмс“ во 2016 година објави дека француската престолнина се соочува со најголемата криза со стаорци изминативе неколку децении, а локалните власти потврдија дека нивниот број се зголемил и дека во 2017 година издвоиле 1,5 милиони евра за решавање на овој проблем. Според дел од граѓаните ако проблемот не биде наскоро решен на градот му се заканува инвазија. Тие наведуваат дека 2018 досега е најлоша што се однесува на бројот на стаорци, а некои жителите на долните катови ставаат метални мрежи на прозорците за да се заштитат. Поради ова Жефроа Булар од Републиканската партија формираше и волонтерска бригада за борба против стаорците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naezda-na-staorci-vo-pariz-na-gradot-mu-se-zakanuva-invazija/feed/ 0
Ужасна глетка на убавите плажи: Кога туристите го видоа ова, им се згрози одморот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-gletka-na-ubavite-plazi-koga-turistite-go-vidoa-ova-im-se-zgrozi-odmorot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-gletka-na-ubavite-plazi-koga-turistite-go-vidoa-ova-im-se-zgrozi-odmorot-video/#respond Mon, 20 Aug 2018 10:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=89866

На 10 плажи ширум Барселона кренати се жолти знаменца зошто водата нанесе куп мртви староци. Глодарите се пронајдени во водата и на песокот по обилните дождови кои го погодија ова подрачје. Надлежните служби побрзаа да ја исчистат плажата, а стаорците и останатото ѓубре го собираа со големи мрежи. Имаше и храбри капачи кои и покрај грозните глетки запливаа во морето. Сепак, најголемиот дел од туристите беа згрозени. Барселона е едно од најпопуларните туристички дестинации на светот, а годишно го посетуваат околу 30 милиони туристи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-gletka-na-ubavite-plazi-koga-turistite-go-vidoa-ova-im-se-zgrozi-odmorot-video/feed/ 0
Стаорците ги загрозуваат коралните гребени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/staorcite-gi-zagrozuvaat-koralnite-grebeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/staorcite-gi-zagrozuvaat-koralnite-grebeni/#respond Fri, 13 Jul 2018 20:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=76516

Стаорците не се животни кои би ги поврзале со коралните гребени, но научниците тврдат дека тие животни директно ги загрозуваат овие екосистеми. Тим кој работи на архипелагот Чагос у Индискиот океан открил дека стаорците на островите прават големи проблеми за коралните гребени. -Стаорците ја уништуваат популацијата на морските птици што ја намалува количината на измет од птици – што е природно ѓубриво за коралите и така го нарушуваат здравиот екосистем околу островот, се вели во студијата. Островите Чагос се природна лабораторија од големи размери. Архипелагот е ненаселен, но некои острови станаа домови за стаорци кои до брегот стигнел со бродови. Професорот Ник Грејем од Универзитетот од Ланкастер објаснува дека островите без стаорци се бучни, полни со птици и препознатливи по карактеристичниот мирис од изметот на морските птици. -Ако отидете на остров каде што има стаорци, морските птици скоро и да ги нема, вели Грејем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/staorcite-gi-zagrozuvaat-koralnite-grebeni/feed/ 0