стапка на невработеност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 06:27:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стапка на невработеност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пад на стапката на невработеност во ЕУ во август https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-stapkata-na-nevrabotenost-vo-eu-vo-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-stapkata-na-nevrabotenost-vo-eu-vo-avgust/#respond Tue, 03 Oct 2023 06:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=884457

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Еврозоната во август 2023 година изнесуваше 6,4 отсто, а на ниво на цела ЕУ беше 5,9 проценти, што претставува намалување како во споредба со претходниот месец, така и на годишно ниво, соопшти Европската статистичка служба – Евростат. Во јули годинава стапката на невработеност во Еврозоната изнесуваше 6,5 отсто, а во август 2022 година 6,7 проценти, додека на ниво на Унијата јулската овогодишна стапка беше 6,0 отсто, а ланската августовска 6,1 проценти. Според проценките на Евростат, како што јави дописникот на МИА од Брисел, во август 2023 година во ЕУ имало 12,837 милиони невработени лица, од кои 10,856 милиони биле во земјите од Еврозоната. Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во ЕУ се намалил за околу 112.000, а во Еврозоната за околу 107.000. Споредено со август минатата година бројот на невработени лица во ЕУ е намален за околу 335.000, а во Еврозоната за околу 407.000. Од вкупниот број невработени во ЕУ во август годинава, 2,687 милиони биле млади на возраст под 25 години, од кои 2,194 милиони живееле во Еврозоната. Со ова стапката на невработени млади луѓе во ЕУ изнесувала 14,0 отсто и останала непроменета во споредба со претходниот месец, додека во Еврозоната таа била 13,8 проценти, што претставува намалување споредено со јули 2023 година кога изнесуваше 13,9 отсто. Во апсолутни бројки, цифрата на невработени млади лица во август годинава е намалена за околу 10.000 на месечно ниво во ЕУ и за отколку 24.000 во Еврозоната. Споредно, пак, со август 2022 година бројот на млади кои биле без работа е намелен за околу 141.000 во ЕУ и за околу 145.000 во Еврозоната. Во август годинава, стапката на невработеност кај жените во ЕУ изнесувала 6,2 отсто, а кај мажите 5,7 проценти, со што и двете стапки останале непроменета во споредба со јули 2023 година. Во Еврозоната, пак, стапката на невработеност кај жените била 6,7 отсто, а кај мажите 6,1 проценти што е намалување на месечно ниво за 0,1 процентен поен и на двете стапки. Овие податоци се пресметани врз основа на глобално стандардизираната дефиниција за невработеност на Меѓународната организација на трудот (МОТ), која како невработени ги смета оние лица кои немаат вработување и активно бараат работа во последните четири недели, при што се достапни за да започнат со работење во рок од најмногу две недели. За целосен преглед на состојбата на пазарот на трудот во ЕУ и во Еврозоната, податоците за невработеноста се надополнети и со други показатели, како работници ангажирани со скратено работно време кои бараат целосно вработување, лица кои бараат работа, но не се достапни за работен ангажман во рок од две недели, како и лица кои се достапни за вработување, но не бараат работа. Евростат најави дека податоците за стапката на вработеност и невработеност во ЕУ и Еврозоната за третиот квартал од 2023 година ќе ги објави на 15 декември.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-stapkata-na-nevrabotenost-vo-eu-vo-avgust/feed/ 0
Стапката на невработеност во Хрватска највисока во изминатите 15 месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stapkata-na-nevrabotenost-vo-hrvatska-najvisoka-vo-izminatite-15-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stapkata-na-nevrabotenost-vo-hrvatska-najvisoka-vo-izminatite-15-meseci/#respond Wed, 24 Jun 2020 09:34:07 +0000 https://kurir.mk/?p=361915

Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска се зголеми за 0,1 процентни поени во мај во однос на април, на 9,5 проценти, што е највисоко ниво во последните 15 месеци, според објавените официјални податоци. Растот на стапката на невработеност на почетокот на туристичката сезона не е вообичаен во споредба со претходните движења на хрватскиот пазар на трудот, се наведува во анализата на Рајфајзен банка Австрија. Според најновите податоци на хрватската Служба за вработување, бројот на регистрирани невработени на крајот на мај изнесувал 157.839, што е за 1.395 лица (-0.9 отсто) помалку отколку во април, додека активното население било 1.664.801 лица и било за 22.127 помалку (-1.3 отсто). Регистрираната стапка на невработеност претставува сооднос на бројот на невработени со активното население, така што горенаведената динамика на овие два индикатори последователно доведе до зголемување на регистрираната стапка на невработеност на месечна основа, се објаснува во анализата. На годишна основа, стапката на регистрирана невработеност се зголеми за 2,5 процентни поени во мај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stapkata-na-nevrabotenost-vo-hrvatska-najvisoka-vo-izminatite-15-meseci/feed/ 0
Невработеност во ЕУ е три пати пониска од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nevrabotenost-vo-eu-e-tri-pati-poniska-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nevrabotenost-vo-eu-e-tri-pati-poniska-od-makedonija/#respond Thu, 01 Aug 2019 14:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=225532

Невработеноста во земјава е три пати повисока од европскиот просек. Процентот на невработени во Македонија е 17, 8 , а според последниот извештај на Еуростат во земјите членки на Унијата просекот е 6,3 проценти. Според домашните експерти за да се достигнат европските бројки на земјава ќе и бидат потребни повеќе години. Нивото на инвестиции сеуште не е доволно, а на економскиот развој треба уште многу да се работи. Вработувањето главно е во јавната администрација и мал дел во приватните фирми. Според извештајот на Еуростат со најниска невработеност во Унијата е Чешка. Таму само 1,9 отсто од жителите се без работам. Со највисока Грција 17, 6. Според бројките може да се види дека невработеноста во земјава е повисока и од најлошо рангираната членка на ЕУ. Во споредба пак со земјите од Западен Балкан, Македонија подобро стои од БИХ и Косово кои имаат највисоки стапки на невработеност. Најмал процент на невработеност има во Албанија и Србија. ИЗВОР: СИТЕЛ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nevrabotenost-vo-eu-e-tri-pati-poniska-od-makedonija/feed/ 0
САД: Најниска стапка на невработеност од 1969 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najniska-stapka-na-nevrabotenost-od-1969-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najniska-stapka-na-nevrabotenost-od-1969-godina/#respond Sat, 04 May 2019 15:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=194136

Стапката на невработеност во САД во април падна на најниско ниво во изминатите 49 години, покажуваат податоците на американското Министерство за труд. Стапката на невработеност падна од 3,8 на 3,3, што според официјалните податоци е најниско ниво уште од декември 1969 година, јави Би-Би-Си. Податоците за платите покажуваат дека просечните примања се зголемувале со годишна стапка од 3,2 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najniska-stapka-na-nevrabotenost-od-1969-godina/feed/ 0
Македонија на дното: Најголема стапка на невработеност меѓу земјите од поранешна Југославија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-na-dnoto-najgolema-stapka-na-nevrabotenost-megju-zemjite-od-poraneshna-jugoslavija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-na-dnoto-najgolema-stapka-na-nevrabotenost-megju-zemjite-od-poraneshna-jugoslavija/#respond Thu, 03 Jan 2019 11:46:41 +0000 https://kurir.mk/?p=147824

Македонија 2018-та година ја заврши со убедливо најголема стапка на невработеност од сите екс-југословенски републики, објави Анадолија. Невработеноста во Македонија во претходните 12 месеци е намалена за 2,1 процент, но земјата со 20,8 отсто невработеност најлошо котира во регионот кога станува збор за пазарот на трудот. Најголем успех во намалувањето на невработеноста во 2018-та постигна БИХ. Иако забележа највисоко редуцирање од дури 5,1 проценти, Босна и Херцеговина останува претпоследна во регионот со стапка од 18,4 проценти. Невработеноста е исто така намалена за 3,3 отсто во Црна Гора лани, но сепак е генерално висока со вкупна стапка од 14,1 % од работоспособното население. Со остварената стапка на невработеност од само 5,0 отсто, Словенија е најдобра во регионот кога станува збор за пазарот на трудот. Словенците минатата година забележа намалување на стапката на невработеност од 2,8 отсто, а со тоа достигна најниско ниво на невработеност во последните десет години (од 2008 година). Хрватска и Србија се единствените две земји каде што се зголемила невработеноста во 2018-та за разлика од почетокот на истата година. Стапката на невработеност во Хрватска изнесува 9,4 отсто, што е малку повисока отколку на почетокот на годината, а минимално е полоша и во Србија која минатата година заврши со стапка на невработеност од 11,3 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-na-dnoto-najgolema-stapka-na-nevrabotenost-megju-zemjite-od-poraneshna-jugoslavija/feed/ 0