стара јакна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 10:51:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стара јакна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Купила стара јакна, а внатре – дневник на една несреќна љубов https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kupila-stara-jakna-a-vnatre-dnevnik-na-edna-nesrekna-lubov/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kupila-stara-jakna-a-vnatre-dnevnik-na-edna-nesrekna-lubov/#respond Tue, 16 May 2023 10:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=834769

Тиктокерката Маја Зомер сподели лична приказна за необично откритие во кожна јакна купена во продавница за стари, користени, но добро сочувани производи. (Погледни видео) - Сè уште не можам да верувам што имам во моите раце. Оваа кожна јакна ја најдов во продавница за употребени работи. Совршено ми одговараше, па ја купив и си ја однесов дома, вели таа. Дома ја прегледала јакната и џебовите биле полни со дребнулии, меѓу кои и мал, стар бележник - дневник на една несреќна љубов. - На првата страница од овој мал дневник пишуваше: „Четврток, 11 ноември 1971 година“... Мојот сон е да ја знам историјата зад облеката. Тоа е како временска капсула од 1971 година и со секакви потресни записи во дневников од претходниот сопственик, продолжи наоѓачката. „Помина една недела, а Дајан не ми се јавила, ниту ми прати СМС“, вели непознатиот маж, а во следниот запис вели: „Денеска ќе беше нашата деветта годишнина и 10 години заедно. Сам се опијанив“. Маја во претходните записи открива и подробности од последните заеднички денови на двојката. „Дајан и јас водевме љубов утрово. Ја однесов на појадок, а потоа на работа. Не знаев дека тоа ќе биде последниот пат што ќе ја видам“, пишува несреќното момче. Во еден џеб Маја пронашла и три сребрени долари од 1921 година, а во другите - шише канадско виски од 1966 година, календар со пораки и други лични работи. „Се надевам дека никогаш нема да ја завршам оваа книга. Можеби Дајан ќе се врати пред да ја завршам“, вели момчето во еден од дневничките записи. Видеото е прегледано 4,6 милиони пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kupila-stara-jakna-a-vnatre-dnevnik-na-edna-nesrekna-lubov/feed/ 0