стара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Jan 2023 10:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина најстарата Американка: Имала 115 години, ги надживеала своите деца, а ова била тајната на нејзината долговечност https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-najstarata-amerikanka-imala-115-godini-gi-nadziveala-svoite-deca-a-ova-bila-tajnata-na-nejzinata-dolgovechnost/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-najstarata-amerikanka-imala-115-godini-gi-nadziveala-svoite-deca-a-ova-bila-tajnata-na-nejzinata-dolgovechnost/#respond Sun, 08 Jan 2023 11:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=784650

Беси Хендрикс, најстарата личност во Америка, почина на 115-годишна возраст, објавија американските медиуми. Беси беше официјално најстарата личност во Соединетите Американски Држави и четврта најстара личност на светот, според податоците на Геронтолошката истражувачка група. Хендрикс починала во вторникот во Центарот за нега Шеди Оукс во Лејк Сити, Ајова. Таа е родена на 7-ми ноември 1907 година и надживеала 2 од своите 5 деца, а нејзиното најстаро дете има 90 години. Својот последен роденден го прославила во старечки дом, а кога наполнила 110 години изјавила дека тајната на долгиот и успешен живот е напорната работа, наведуваат медиумите. Моментално најстарата личност на светот е Французинката Лусил Рандон, која има 118 години. Инаку, најдолговечната личност некогаш исто така била Французинка. Станува збор за Жан Калмен, која починала на 122-годишна возраст во 1997 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-najstarata-amerikanka-imala-115-godini-gi-nadziveala-svoite-deca-a-ova-bila-tajnata-na-nejzinata-dolgovechnost/feed/ 0
83-годишна бабичка нападната во својот дом во скопско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/83-godishna-babichka-napadnata-vo-svojot-dom-vo-skopsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/83-godishna-babichka-napadnata-vo-svojot-dom-vo-skopsko/#respond Wed, 09 Mar 2022 17:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=644254

На 08.03.2022 во 16:00 часот во Полициска станица Гази Баба, М.М.(83) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека на 07.03.2022 околу полноќ, едно лице во куќата ја нападнало со тврд предмет и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/83-godishna-babichka-napadnata-vo-svojot-dom-vo-skopsko/feed/ 0
Дали треба да ѝ дадете шанса на старата љубов? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-treba-da-dadete-shansa-na-starata-ljubov/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-treba-da-dadete-shansa-na-starata-ljubov/#respond Wed, 06 Oct 2021 11:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=573968

Родендените, семејни прослави, доаѓањето на новата година… ова се моменти кога ако сме сингл најчесто нѐ поттикнуваат да размислуваме што сме постигнале, кои луѓе сме ги задржале околу себе, а кои сме ги изгубиле… Секако, помислуваме и на некоја стара љубов. Ако ви се пружа шанса да ја обновите врската со некоја стара љубов, убаво размислете дали е тоа најдобрата одлука за вас или само не сакате да сте сами. По извесно време од раскинувањето повторно сте во контакт со бившиот партнер и меѓу вас повторно има „искри“? Ова се неколку насоки во кои треба да размислувате кога одлучувате дали да ѝ дадете шанса на старата љубов. Залужувате да бидете среќни Понекогаш животните околности нѐ одвојуваат од саканите личности. Понекогаш некој од партнерите прави грешка и се разделуваат бидејќи другиот знае дека не може ни да прости, ни да заборави. Во секој случај, водете се по своите правила. Заслужувате да бидете среќни, но не по цена на нешто подрагоцено – почитувањето кон себе си. Ако причината за разделбата не е нешто што ги крши вашите лични убедувања, размислете уште еднаш и дајте ѝ шанса на среќата со старата љубов. Не одете по полесниот пат Лесно е да се каже „збогум“ и да заминете, особено ако сте биле повредени. Но, ако инстинктот ви кажува дека бившиот искрено се извинил, се покајал, се сменил или е подготвен да се смени, послушајте го. Можеби првиот пат врската не била успешна бидејќи не сте биле подготвени да се прифатите такви какви што сте или сте станале. Влезете во нова авантура со стариот партнер, но не бидете наивни. Сега е поинаку Во насока на претходниот совет, многу е важно да знаете како вие сте се промениле во периодот откако раскинавте. Дали подобро се запознавте себе си? Дали сте построги или поблаги кон себе си и другите? Дали ги средивте своите приоритети? А во однос на поранешниот партнер – дали од дистанца сфативте повеќе работи за него, дали ја преиспитавте врската? Ако уште имате исти цели и сте подготвени да се борите за таа врска, направете го големиот чекор. Љубов или нешто друго? Ако обновување на врската со старата љубов е нешто на кое мислите веќе некое време, а не е резултат само на осаменоста околу празниците или на вашиот роденден, тука има нешто повеќе од моментална заблуда. Секако, пред да направите некој голем чекор, бидете сигурни во вашата одлука и проверете во каква ситуација е вашиот поранешен партнер. Не е фер да го разнишувате неговиот свет, ако не сте сигурни во своите чувства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dali-treba-da-dadete-shansa-na-starata-ljubov/feed/ 0