старбакс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 18:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png старбакс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработени во Старбакс колективно го напуштиле објектот откако нивниот колега бил неправедно отпуштен (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboteni-vo-starbaks-kolektivno-go-napushtile-objektot-otkako-nivniot-kolega-bil-nepravedno-otpushten-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboteni-vo-starbaks-kolektivno-go-napushtile-objektot-otkako-nivniot-kolega-bil-nepravedno-otpushten-video/#respond Mon, 22 Aug 2022 18:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=722307

Кога станува збор за, многумина омилениот напиток - кафето, американскиот гигант Старбакс важи за еден од најпопуларните брендови. Но, се чини дека меѓучовечките односи во внатрешноста на компанијата значително го нарушуваат угледот. На ТикТок профилот „Starbucks Workers United“, кој го води организацијата која им помага на работниците на Старбакс ширум САД, се појави снимка која ја открива лошата страна на овој бренд, но и покажува неверојатно единство помеѓу колегите. Објавата која е прегледана над 26 милиони пати покажува како вработените колективно го напуштиле споменатиот објект бидејќи нивниот колега Сем Амато бил неправедно отпуштен по 13 години работа.
@sbworkersunited @Starbucks is this what you want to be known for? #starbucks #unionbusters #howardschultz #mellodyhobson #workersrights ♬ No Hands (feat. Roscoe Dash & Wale) - Waka Flocka Flame
„Кога целиот објект излегува откако раководството неправедно го отпушта вашиот колега затоа што е синдикален лидер“, стои во описот на објавата под која следеа бројни коментари. Меѓу другото, луѓето му изразиле поддршка на Сем, но и го пофалиле овој неверојатен потег. „Мислам дека луѓето не сфаќаат колку е тешко ова да се направи - вие сте храбри и заслужувате свој синдикат“, беше еден од коментарите. Фановите на овој бренд признаа и дека тоа „ги натерало да размислат дали и понатаму ќе им биде омилен“, додека некои од претходните вработени во Старбакс се потсетиле на нивното искуство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboteni-vo-starbaks-kolektivno-go-napushtile-objektot-otkako-nivniot-kolega-bil-nepravedno-otpushten-video/feed/ 0
Уште еден голем бренд си оди од Русија – Старбакс прекинува со работа во оваа земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-golem-brend-si-odi-od-rusija-starbaks-prekinuva-so-rabota-vo-ovaa-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-golem-brend-si-odi-od-rusija-starbaks-prekinuva-so-rabota-vo-ovaa-zemja/#respond Tue, 08 Mar 2022 21:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=643650

Старбакс е уште еден меѓународен бренд кој прекинува со работа во Русија поради воената агресија на оваа земја врз Украина. Ланецот кафулиња, чие седиште е во Сиетл, Вашингтон, а е познат низ целиот свет се реши на ваков чекор откако претходно и Мекдоналдс официјално објави дека ја суспендира работата во Русија. Тоа значи дека компанијата ќе прекине со испорака на своите производи, а носителот на лиценцата во Русија привремено ќе ги затвори сите локали. Околу 2 000 вработени, како што наведува извршниот директор Кевид Џонсон, ќе добијат финансиска поддршка. За разлика од Мекдоналдс кој поседува 850 локали низ Русија, Старбакс вкупно во Русија и Украина има 130 лиценцирани кафулиња. Аналитичарот Ендрју Чарлс, како што пренесува „Си-ен-би-си“, посочува дека оваа компанија има мала изложеност на рускиот пазар односно приходот кој доаѓа од Русија е само еден отсто од вкупниот глобален приход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-golem-brend-si-odi-od-rusija-starbaks-prekinuva-so-rabota-vo-ovaa-zemja/feed/ 0
Уште поголем бакшиш:100.000 долари за вработениот во „Старбакс“ кој одби да послужи жена без маска https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-odbil-da-ja-usluzi-zenata-bez-maska-pa-dobi-bakshish-od-80-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-odbil-da-ja-usluzi-zenata-bez-maska-pa-dobi-bakshish-od-80-000-dolari/#respond Thu, 02 Jul 2020 07:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=367132

Продавач вработен во „Старбакс“  беше вербално нападнат од жена затоа што одбил да ја послужи бидејќи таа не носела маска, па поради тоа добил бакшиш од 80.000 долари по овој чин. Лен Гутерез (24) работел за време на неговата вообичаена смена во „Старбакс“ продавницата во Сан Диего кога влегла гостинка без маска на лицето. Кога ја прашал дали има маска таа веднаш почнала да го навредува и пцуе. Таа веднаш објавила по социјалните мрежи слика од продавачот Гутерез и пишала дека била одбиена во „Старбакс“ затоа што не носела маска. Жената се надевала деа ќе добие симпатии од читателите но се случило токму обратното. Голем број од коментарите биле критики на нејзина сметка, дури еден од сведоците решил да му помогне на Лен преку популарниот сајт за донации „Гофандми“. Онлајн кампањата, која имаше цел да достигне  до 1.000 долари, многу брзо ја надминала бројката па во наредните денови достигнала и повеќе 100.000 долари. А трендот за неносење маски продолжува и кога друга незадоволна жена се огласила во маркет „Трејдер Џоус“ бидејќи ја одбиле да ја послужат затоа што и таа не носела маска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-odbil-da-ja-usluzi-zenata-bez-maska-pa-dobi-bakshish-od-80-000-dolari/feed/ 0
Вработен во Старбакс добил „интернет бакшиш“ од речиси 100.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboten-vo-starbaks-dobil-internet-bakshish-od-rechisi-100-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboten-vo-starbaks-dobil-internet-bakshish-od-rechisi-100-000-dolari/#respond Wed, 01 Jul 2020 06:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=366347

Вработен во кафетеријата Старбакс во Сан Диего, Калифорнија, одбил да услужи жена која не сакала да носи заштитна маска. Истиот потоа, откако видео-снимката од тој настан се рашири на Фејсбук, доби речиси 100.000 долари „бакшиш” собран од поддржувачите на херојот од секојдневието. Ленин Гутјерес (24) бил на смена кога во кафулето влегла жената без маска. Ја прашал – дали има маска за лице, по што таа веднаш го нападнала, а притоа и го снимила сето тоа. Но, откако незадоволната гостинка го постирала видеото на Фејсбук, добила реакции што сигурно не ги очекувала… Како што јави телевизијата Ен-Би-Си, жената добивала и смртни закани од непознати луѓе. Како резултат на тоа, набргу се појавила и страница на „Гоу-фанд-ми“ за донации и помош на Ленин Гутјерес, со видеото на неа. До денеска, се собрани над 98.700 долари. Во описот е наведено дека 100 отсто од паричните средства ќе одат на сметка на Гутјерес. Се дознава дека негов сон било да стане професионален танчер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboten-vo-starbaks-dobil-internet-bakshish-od-rechisi-100-000-dolari/feed/ 0
Старбакс затвора 8.000 локали, еве зошто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/starbaks-zatvora-8-000-lokali-eve-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/starbaks-zatvora-8-000-lokali-eve-zoshto/#respond Tue, 29 May 2018 18:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=59879

Американскиот ланец на кафетерии, Старбакс ќе затвори повеќе од 8.000 локали во Соединетите Американски Држави за вработените да можат да поминат обука за расни предрасуди. По инцидентот во април, кога двајца црни мажи беа уапсени во еден локал на Старбакс во Филаделфија, челниците на таа компанија се извинија и се состанаа со двајцата мажи, но исто така ангажираа експерти за да направат план за обики на 175.000 вработени. Во четиричасовната работилница, работниците ќе имаат прилика најпрво да се запознаат со историјата на граѓанските права од шеесетите години од минатиот век па се до денес, а исто така, на таа тема ќе биде прикажан и документарен филм. Старбакс на овој потег се одлучи за да ги смири реакциите во јаноста, откако вработен повика полиција зашто мажите, кои немале не консумирале ништо, одбиле да го напуштат локалот откако им било забрането да го користат тоалетот. Видео-снимката од апсењето е објавено на социјалните мрежи и предизвика бес поради расизмот. Старбакс повторно се најде на насловните страници овј месец откако вработен напишал расна навреда на шолјата за кафе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/starbaks-zatvora-8-000-lokali-eve-zoshto/feed/ 0