стари лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 06:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стари лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Недела на грижа за стари лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedela-na-griza-za-stari-lica-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedela-na-griza-za-stari-lica-2/#respond Mon, 14 Nov 2022 06:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=759981

Црвениот крст на Град Скопје од денеска до 20 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која ќе се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Во рамки на Неделата на грижа за стари лица ќе се организираат повеќе активности: предавање во Здружение на пензионери Карпош, информативни точки на локациите Зелен пазар, пазар Буњаковец и ТЦ Бисер (пунктови за мерење притисок, ниво на шеќер во крв и сатурација). Ќе се организира посета на домовите за стари лица „Мајка Тереза“ и „Идила“, прошетка и заедничко дружење во Стара скопска чаршија со корисници од домашни услови, фризерски и козметички услуги во дневените центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“ и Сарај во соработка со Средното училиште „Димитар Влахов“, посета на Македонски народен театар, предвање и посета на планетариум, собирна акција на зимница. Централниот настан ќе се одржи во ТЦ Веро Џамбо на 19 ноември 2022 година од 10:00 до 14:00 преку организација на хуманитарен базар и промоција на актуелните активности во дневните центри како што се практично вежбање на Чиконг вежби, штандови за креативна и сликарска работилница. Овој сервис е поддржан од страна на Град Скопје, Албиз Фондацијата и Швајцарски Црвен крст. -Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 180 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedela-na-griza-za-stari-lica-2/feed/ 0
Трагедија во Бугарија: Четири жртви при пожар во дом за стари и изнемоштени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-bugarija-chetiri-zrtvi-pri-pozar-vo-dom-za-stari-i-iznemoshteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-bugarija-chetiri-zrtvi-pri-pozar-vo-dom-za-stari-i-iznemoshteni-lica/#respond Sun, 08 May 2022 15:08:04 +0000 https://kurir.mk/?p=673639

Четири лица загинаа при пожар во дом за стари и изнемоштени лица во бугарскиот град Варна, соопшти локалната полиција. Загинаа тројца мажи на возраст од 70 до 73 години и една 88-годишна жена, пишува весникот „Новините“. Две лица се хоспитализирани, од кои едното се наоѓа во критична состојба. Од домот се евакуирани 20 луѓе. Полицијата ги истражува причините за пожарот, а началникот на полицијата во Варна, Атанас Михов изјави дека 53-годишен штитеник на домот за стари лица е осомничен дека го подметнал пожарот. Осомничениот, кој бил сместен во просторијата каде што избувнал пожарот, е сместен во болница поради психијатриски надзор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-bugarija-chetiri-zrtvi-pri-pozar-vo-dom-za-stari-i-iznemoshteni-lica/feed/ 0
Се одбележува „Неделата на грижа за стари лица” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-odbelezuva-nedelata-na-griza-za-stari-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-odbelezuva-nedelata-na-griza-za-stari-lica/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:19:06 +0000 https://kurir.mk/?p=594581

Црвен крст на град Скопје од 15-21 ноември ја одбележува „Неделата на грижа за стари лица”. Истата се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Со следење на мерките за заштита од КОВИД-19 во рамките на неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и тоа: функционирање на мобилни тимови на територија на Град Скопје за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена и леков, информативни точки, посета на старски дом „Мајка Тереза“ и ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. „13 Ноември”, посета на кино, информативна работилница за лица во трето доба за нивното запознавање со правата од социјална и здравствена заштита, дистрибуција на пакети за социјално ранливи лица во трето доба, информаривно видео за работата на мобилните тимови за доближување на дејноста. Овој сервис е поддржан од страна на Градот Скопје, Албиз Фондацијата и Швајцарски Црвен крст. Целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 200 стари лица во домашни услови и повеќе од 1000 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. Активностите ги проведуваат медицински персонал и волонтери на Црвен крст на град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-odbelezuva-nedelata-na-griza-za-stari-lica/feed/ 0
Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/obezbedeni-neguvateli-za-starite-lica-od-opshtina-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/obezbedeni-neguvateli-za-starite-lica-od-opshtina-kisela-voda/#respond Tue, 02 Nov 2021 14:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=589772

Тече обуката за негуватели за стари лица кои ги ангажира Општина Кисела Вода во соработка со УНДП. Преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Се грижиме за возрасните”, беа избрани невработени лица кои ќе им помагаат на стари лица кои живеат сами и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности. До крајот на месец мај, еднаш до два пати неделно, во времетраење од два до четири часа ќе се грижат околу одржување на хигиената во домот, набавка на прехранбени производи и лекови, придружба при посета на лекар, фризер, прошетка, плаќање сметки и други потреби кои ги имаат старите лица. Дополнително, ќе им биде обезбедена и психо-социјална поддршка за да се надмине чувството на страв, немоќ, немотивираност и неизвесност, кои особено се зголемени кај повозрасните во последниот период како последица на ситуацијата со КОВИД-19. Со цел да се намали нивната исклученост од социјалните контакти, онаму каде што постојат услови за тоа, ќе бидат подучени како се користи технологија за онлајн комуникација. На овој начин, тие преку корисење на социјалните медиуми ќе можат да остварат виртуелни средби со семејството, пријателите и врсниците, информираат од Општина Кисела Вода. Изборот на старите лица кои ќе ја добиваат услугата, го прави Општина Кисела Вода заедно со Здружението на пензионери-Кисела Вода, со кое беше потпишан Меморандум за соработка. За времетраењето на обуката и работното ангажирање, негувателите ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари, бруто износ. Средствата се обезбедени преку финансиско партнерство на локалната самоуправа со УНДП, каде УНДП учествува со 80% од финансирањето. Општина Кисела Вода, преку Секторот за локален економски развој го спроведува овој проект во соработка со УНДП уште од 2015 година. Преку него, досега беа времено ангажирани дефектолози, негуватели, логопеди, лични и образовни асистенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/obezbedeni-neguvateli-za-starite-lica-od-opshtina-kisela-voda/feed/ 0
Задолжителна вакцинација на вработените во домовите за стари лица и здравствените работници во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-domovite-za-stari-lica-i-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-domovite-za-stari-lica-i-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija/#respond Mon, 12 Jul 2021 17:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=535672

Задолжителна вакцинација за вработените во домовите за нега на стари лица и за здравствените работници, можност, припадниците на армијата да се вакцинираат во нивните единици и влез само за вакцинирани во местата за забава на затворено, се четирите одлуки на грчката Влада што преку видео порака до граѓаните ги соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека овие мерки ќе го ограничат ширењето на вирусот „пред повторно здравствениот систем да биде под опасада“. За вработените во домовите за нега на стари лица, вакцинацијата веднаш станува задолжителна, а оние кои нема да се вакцинираат по 16 август ќе бидат на принуден одмор. За втората категорија, здравствените работници, како во државниот така и во приватниот сектор, задолжителната вакцинација ќе важи од 1 септември, а Мицотакис истакна дека „е незамисливо, на пример, невакцинирана медицинска сестра да се грижи за пациент со карцином“. Паралелно изрази увереност дека со оваа одлука се согласува голем дел од општеството, но и ги повика партиите да дадат поддршка. Третата одлука се однесува на вооружените сили, односно на редовните војници кои ќе имаат можност да се вакцинираат во нивните единици. Иако се споменуваше дека внатрешните делови на угостителските објекти ќе бидат „мешани“ или „чисти“ по избор на сопствениците, сепак Мицотакис соопшти дека кафулињата, рестораните, баровите, кината, театрите и слично од петок до крајот на август, на затворено, ќе работат, исклучиво за вакцинирани лица и со зголемен, но одреден број на гости. Тој додаде дека ова значи дека во текот на летото забавувањето, без разлика дали е на отворено или во затворен простор, ќе се однесува само на гости кои седат на маса, а стоењето ќе биде забрането, за да се спречи ширење на вирусот. Грчкиот премиер истакна дека станува збор за четири опции кои се во корист на здравјето на вработените, а истовремено се и одлуки што им даваат слободи на оние кои имаат право на тоа. – Земјата нема повторно да се затвори поради ставот на некои. Ќе им даде слобода на многу и заштита на сите. Бидејќи во опасност не е Грција, туку невакцинираните Грци, порача Мицотакис. Во десетминутната видео-порака до граѓаните, грчкиот премиер посочи дека „операцијата Слобода“ односно процесот на имунизација се шири низ целата држава и „се доближува до целта, во текот на летото да е вакцинирано 70 отсто од полнолетното население“, но сепак, истакна дека појава на Делта сојот и процентот граѓани кои сè уште се двоумат за вакцинирањето го спречуваат брзото и дефинитивно справување со пандемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-domovite-za-stari-lica-i-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija/feed/ 0
Шведска не успеа да ги заштити корисниците на домови за стари лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-ne-uspea-da-gi-zashtiti-korisnicite-na-domovi-za-stari-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-ne-uspea-da-gi-zashtiti-korisnicite-na-domovi-za-stari-lica/#respond Tue, 24 Nov 2020 13:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=433746

Шведскиот инспекторат за здравство и социјална заштита (ИВО) денеска соопшти дека открил сериозни недостатоци во грижата за штитениците на домовите за стари лица во кои илјадници луѓе починале од Ковид-19. Коронавирусот ги „опустоши“ домовите на стари лица во првиот бран на пандемијата, поради што премиерот Стефан Лофвен во мај призна дека земјата не успеала да ги заштити своите постари граѓани. – Во својата истрага, ИВО утврди сериозни недостатоци на регионално ниво кога станува збор за згрижувањето што се обезбедува на луѓето што живеат во домови за стари лица, изјави Софија Валстром, генералната директорка на ИВО. ИВО информира дека ниту еден од 21 шведски регион не бил доволно одговорен околу лекувањето на заразени жители на домови, при што една петтина од пациентите немале индивидуална лекарска процена. После затишјето во текот на летото, инциденцата на коронавирус повторно се зголеми за време на вториот бран на пандемијата. Корисниците на домовите за стари лица сочинуваат речиси половина од над 6.400 смртни случаи од Ковид-19 во Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-ne-uspea-da-gi-zashtiti-korisnicite-na-domovi-za-stari-lica/feed/ 0
Еве кој витамин е клучен за помагање кај старите лица против корона-зараза https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-koj-vitamin-e-kluchen-za-pomaganje-kaj-starite-lica-protiv-korona-zaraza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-koj-vitamin-e-kluchen-za-pomaganje-kaj-starite-lica-protiv-korona-zaraza/#respond Thu, 12 Nov 2020 09:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=428355

Редовното внесување на витамин Д и омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирусот. Ова, според неодамнешно истражување на Универзитетот на Цирих, Швајцарија. Овие додатоци може да се најдат, на пр., во рибиното масло. Научниот труд посочува дека земањето на такви намирници значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, човекот има многу поголеми шанси за закрепнување. Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна оти земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе. – Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, помнење и моторни функции, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е Ковид-19, вели професорот. Во испитувањата се вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години. Околу 11 насто од нив беа поотпорни на инфекции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-koj-vitamin-e-kluchen-za-pomaganje-kaj-starite-lica-protiv-korona-zaraza/feed/ 0
Над 80.000 стогодишници живеат во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-80-000-stogodishnici-ziveat-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-80-000-stogodishnici-ziveat-vo-japonija/#respond Tue, 15 Sep 2020 07:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=403342

Бројот на жителите кои имаат над 100 години, во Јапонија надмина 80.000 луѓе. Ова, според официјални податоци на јапонското Министерство на здравје, труд и благосостојба. Поточно, во Јапонија во мигов живеат 80.450 лица повозрасни од 100 години – 9.176 луѓе повеќе од лани. Забележително е што 88 отсто – или вкупно 70.975 од нив се жени. Највозрасната Јапонка има 117 години и живее во префектурата Фукуока. Највозрасниот маж пак, има 110 години и живее во префектурата Нара. Во земјата лани, оваа бројка првпат надмина 70.000 лица. Стручни претпоставки говорат дека до 2053 година вкупното население на Јапонија, коешто сега изнесува околу 127 милиони луѓе, ќе се редуцира до 100 милиони, а до 2065. – до 88 милиони. Околу 38 насто од нив ќе бидат на возраст од над 60 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-80-000-stogodishnici-ziveat-vo-japonija/feed/ 0
Грција: истрага на Обвинителство за ширењето на коронавирусот во дом за стари лица во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-istraga-na-obvinitelstvo-za-shirenjeto-na-koronavirusot-vo-dom-za-stari-lica-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-istraga-na-obvinitelstvo-za-shirenjeto-na-koronavirusot-vo-dom-za-stari-lica-vo-solun/#respond Thu, 13 Aug 2020 11:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=390202

За потврдените 36 позитивни случаи во дом за нега на стари лица во Солун, ќе се спроведе прелиминарна истрага во однос на тоа дали постои одговорност врз основа на конкретен член од Кривичниот законик за прекршување на мерките за спречување на ширењето на заразна болест, јави дописничката на МИА од Атина. Домот за стари лица во Солун е седум дена во карантин, а најмалку седум лица се хоспитализирани. Шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас вчера итно замина за Солун за одблиску да ја види ситуацијата, рече дека 33 случаи се кај лица згрижени во домот, а останатите три случаи се кај персоналот, додека пак вирусот го пренел еден од вработените. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Циодрас објаснил дека лице од семејството на вработениот бил на концерт за време на одморот на Халкидики, таму се заразил со вирусот и го пренел на вработениот кој заразил уште 35 лица во домот. Медиумите во Грција во текот на вчерашниот ден пишуваа дека на конкретниот концерт на Халкидики се заразиле голем број лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-istraga-na-obvinitelstvo-za-shirenjeto-na-koronavirusot-vo-dom-za-stari-lica-vo-solun/feed/ 0
Драматична состојба во домовите за стари лица во Англија поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dramatichna-sostojba-vo-domovite-za-stari-lica-vo-anglija-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dramatichna-sostojba-vo-domovite-za-stari-lica-vo-anglija-poradi-koronavirusot/#respond Tue, 05 May 2020 15:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=342027

Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација“ и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика. Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот коронавирус, е потврден во домовите за стари и изнемоштени лица од 10 април до 1 мај, од кои 2.044 се регистрирани во послената недела од минатиот месец, покажуваат податоците кои се однесуваат само за Англија. – Бројот на починати во земјата на дневна основа полека се намалува, што охрабрува, истакна Ник Стрип, аналитичар од Заводот за статистика, додавајќи дека болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dramatichna-sostojba-vo-domovite-za-stari-lica-vo-anglija-poradi-koronavirusot/feed/ 0