стари луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jul 2023 15:19:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стари луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италија е земја со најмногу 100-годишници во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-e-zemja-so-najmnogu-100-godishnitsi-vo-svetot-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-e-zemja-so-najmnogu-100-godishnitsi-vo-svetot-2/#respond Sun, 09 Jul 2023 15:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=854638

Италијанскиот Национален завод за статистика денеска објави дека во земјата, бројот на луѓе на возраст од 100 години и повеќе, лани достигнал рекордно високо ниво. Според податоците, стогодишниците на Апенинскиот Полуостров денес се трипати повеќе од почетокот на 21. век, па од јануари оваа година, тој број достигнал речиси 22.000 – повеќето се жени. И просечната возраст во Италија се зголемила од 45,7 години на 46,4 години, за времето од почетокот на 2020 до 2023 година. Тоа значи, просечната возраст на населението во оваа земја расте побрзо од просекот на Европската Унија. На другата страна на демографската слика, податоците покажуваат дека раѓањата паднале на историски најниско ниво – 393.000 во 2022 година. Ова е најниската стапка на наталитет од обединувањето на Италија пред повеќе од 150 години. Заводот за статистика очекува населението со над 80 години да се зголеми за 35 отсто во споредба со 2021 година и да надмине осум милиони луѓе во 2041 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-e-zemja-so-najmnogu-100-godishnitsi-vo-svetot-2/feed/ 0
Повеќе од половина од богатите луѓе очекуваат да доживеат сто години и работат за комотна старост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-polovina-od-bogatite-lugje-ochekuvaat-da-doziveat-sto-godini-i-rabotat-za-komotna-starost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-polovina-od-bogatite-lugje-ochekuvaat-da-doziveat-sto-godini-i-rabotat-za-komotna-starost/#respond Mon, 23 Apr 2018 16:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=45045

Повеќе од половина од богатите луѓе во светот очекуваат да доживеат сто години и речиси две третини планираат да работат подолго за да си обезбедат комотна старост, покажува едно истражување на компанијата УБС Инвестор воч. Компанијата, која следи повеќе од 5.000 луѓе во светот со имот од најмалку еден милион долари, констатира дека 90 проценти од нив го прилагодуваат своето трошење на очекуваната долговечност и инвестираат долгорочно, со цел да си обезбедат подобар живот во староста. Според истражувањето, секој четврти испитаник во САД и Велика Британија вели дека не менува ништо во финансиска смисла, што укажува на пропусти  во планирањето на пензионирањето во двете главни светски економии, додека расте очекуваниот животен век, особено меѓу најбогатите. Резултатите покажуваат дека идните стогодишници треба да планираат за 30 до 40 години пензиониран живот, што значи создавање и задржување на богатството преку сите превирања на пазарот и одлучување како подобро да го распределат својот имот со наследниците. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-polovina-od-bogatite-lugje-ochekuvaat-da-doziveat-sto-godini-i-rabotat-za-komotna-starost/feed/ 0