Старо Нагоричане – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 16:38:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Старо Нагоричане – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожар во село Руѓинце, Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-selo-rugintse-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-selo-rugintse-staro-nagorichane/#respond Tue, 05 Sep 2023 15:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=874847

Неколку екипи од противпожарни единици од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово го гасат пожарот што избувна попладневно кај село Руѓинце општина Старо Нагоричане. Ветерот го отежнува гаснењето, од ЦУК е побарано да се ангажира и хеликоптер и ЕР трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Неколку куќи и викендици се загрозени. - На терен сме повеќе екипи, информирана е и ЦУК ќе пратат и воздушна поддршка. Гори нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски. Пожарот првин избувнал во високата трева и се проширил кон мешовитата шума. Ветерот само го отежнува гаснењето. - Ненадејниот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него. Поради загрозувањето на куќи и викендички и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-vo-selo-rugintse-staro-nagorichane/feed/ 0
Пожар во Старо Нагоричане, горел објект со огревни дрва и трупци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-vo-staro-nagorichane-gorel-objekt-so-ogrevni-drva-i-trupci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-vo-staro-nagorichane-gorel-objekt-so-ogrevni-drva-i-trupci/#respond Sun, 24 Jul 2022 09:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=709496

Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаселе пожар на помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце, соопштија денеска од РЦУК – Куманово. – Пожарот е пријавен околу 15:30 часот. Го гасеа две екипи со две возила, првично беше локализиран во 19.30, а целосно изгаснат во 21.30 часот, кога се врати и последната екипа, изјави командирот на ТППЕ – Старо Нагоричане, Далибор Трајковски. Кумановската противпожарна единица, изминатово деноноќие гасела пожар во месноста „Ливади“ во населбата Карпош, каде горела сува трева и ѓубре. Пожарникарите од Куманово интервенирале и на опожарен автомобил во село Романовце. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-vo-staro-nagorichane-gorel-objekt-so-ogrevni-drva-i-trupci/feed/ 0
Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zachestija-pozarite-na-otvoreno-vo-opshtina-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zachestija-pozarite-na-otvoreno-vo-opshtina-staro-nagorichane/#respond Fri, 25 Mar 2022 09:12:30 +0000 https://kurir.mk/?p=653113

Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот. -Пожарот се прошири поради силниот ветер во маалите кои се во близина на границата со Р. Србија. Успеавме да го изгасиме, изјави командирот, Далибор Трајковски. Екипите на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале на уште еден пожар во село Стрезовце каде горело суви гранки, дрвја, сува трева. Последнава недела во оваа општина регистрирани се шест пожари во повеќе села и маали во оваа рурална општина.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zachestija-pozarite-na-otvoreno-vo-opshtina-staro-nagorichane/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ: Починал 51. годишник откако паднал од покрив на куќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-staro-nagorichane-pochinal-51-godishnik-otkako-padnal-od-pokriv-na-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-staro-nagorichane-pochinal-51-godishnik-otkako-padnal-od-pokriv-na-kukja/#respond Wed, 24 Nov 2021 11:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=599264

Педесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане починал изведувајќи градежни активности на покрив од куќа, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 14:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на покривот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото, информираше полицијата. Полицијата извршила увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-staro-nagorichane-pochinal-51-godishnik-otkako-padnal-od-pokriv-na-kukja/feed/ 0
Објавени конечните резултати од локалните избори за Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/#respond Tue, 09 Nov 2021 13:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=593190

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, по завршување на сите постапки, ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане. Во вториот круг од изборите во Желино победи кандидатот на Движењето Беса Блерим Сејди, во Брвеница ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски, во Студеничани ДПА Азем Садики, во Старо Нагоричане Коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ Жаклина Јовановска. Општинските изборни комисии треба веднаш да ги објават резултатите и да ги достават до ДИК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/feed/ 0
Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане гласањето се спроведува тековно https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane-glasanjeto-se-sproveduva-tekovno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane-glasanjeto-se-sproveduva-tekovno/#respond Sun, 17 Oct 2021 14:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=580825

Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 28,56 проценти од обработените 87, 40 проценти. – Сега засега гласањето се одвива тековно, имаме поситни техники проблеми, но тие веднаш се решаваат, изјави Димковиќ Гласањето се спроведува тековно и во општина Липково. – Сѐ е тековно, полека се надминаа техничките проблеми со апаратите за отпечаток на прст- информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири . Во Липково право на глас имаат 26 042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 15 часот е 19,99 проценти. Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3 262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места. – Тековно си оди гласањето, рече членот на ОИК Старо Нагоричане, Мирослав Славковски. Според ДИК, излезноста во оваа рурална општина до 15 часот е 39,17 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane-glasanjeto-se-sproveduva-tekovno/feed/ 0
Тече гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/teche-glasanjeto-vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/teche-glasanjeto-vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane/#respond Sun, 17 Oct 2021 08:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=580469

Тече изборниот процес во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Спроед податоците на ДИК, досега се обработени извесен процент на избирачки места во трите општини кои се менуваат од минута во минута. -Имаме технички проблеми со уредите за биометриска идентификација. Екипите за техничка поддршка постојано се на терен, изјави претседателката на ОИК, Димковиќ. Гласањето се спроведува тековно и во општина Липково. Технички проблеми на почетокот од гласањето имало со апаратите за отпечаток на прст, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири која посочи дека веќе се надминуваат. Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 места. Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места. -Имаме проблеми со фингерпринтовите на некои места, рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/teche-glasanjeto-vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane/feed/ 0
Жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане се уште не е пронајдена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zenata-za-koja-se-tvrdi-deka-izgorela-vo-pozar-vo-staro-nagorichane-se-ushte-ne-e-pronajdena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zenata-za-koja-se-tvrdi-deka-izgorela-vo-pozar-vo-staro-nagorichane-se-ushte-ne-e-pronajdena/#respond Mon, 09 Aug 2021 12:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=548371

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека се уште не е пронајдена жената за која се тврдеше дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане. – Се уште не. Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е засега единствената потенцијална жртва. Ние изразуваме сочувство до сопругот и до семејството на жената доколку е почината. Но, некако одвнатре се надеваме дека е жива и дека успеала да побегне од огнената стихија, рече Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали е жената пронајдена. Директорот на ЦУК упати апел до граѓаните особено да бидат внималтени при ракување со алат којшто искри. – Сечењето на железо може да фрли искра што може да предизвика пожар со трагични последици. Жиците за кои апелиравме до ЕВН и МЕПСО, зависи во чија надлежност се, онаму каде што може да се затегнат. Ние не сакаме нив да ги обвиниме за неодоговорност, едноставно жешкото време прави жиците да се продолжат за неколку сантиметри, а ветерот кој што постојано дува придонесува тие да се допрат и да летаат искри кои потоа ја палат сувата трева. Значи превенцијата е најбитнот фактор. Ако некој пожар сме спечиле, ние однапред сме ја завршиле работата. По настанувањето на пожарот работите се комплицираат, истакна Ангелов. Тој наведе дека сите граѓани се дел од системот за управување со кризи и се должни кога ќе наидат на мал оган да го изгаснат без при тоа самите себе си да се изложуваат на опасност. Околу тоа, од каде доаѓа помошта за справување со пожарите Ангелов рече дека неколку дена дејствувале хеликоптерите од Србија, за кои претпоставуваат дека се упатиле кон Атина. – Деновиве дејствува и романски авион кој има многу голема носивост и што дејствува со таканаречени водни бомби. Се уште проценуваме какви се резултатите од неговото користење, но факт е дека помага и тоа многу. Но, носечкиот товар падна врз армиските хеликоптери. Посебна благодарност до сите припадници на Армијата, особено до пилотите кои го ризикуваат нивниот живот, особено на овие високи температури за да помогнат да се изгнасат пожарите. Противпожарни служби во овој момент имаме од Австрија и од Словенија, а тимот од Бугарија замина поради проблеми кај нив дома. Посебна благодарност до сите овие држави, посочи Ангелов. Тој информираше дека доколку дојде до ескалација стојат на располагање и НАТО и ЕУ механизми, преку кои може итно да се добие и дополнителна помош. – Во овој момент оваа помош е доволна за да можеме да се справиме со кризата, бидејќи треба да водиме сметка дека гори насекаде, потенцираше Агелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zenata-za-koja-se-tvrdi-deka-izgorela-vo-pozar-vo-staro-nagorichane-se-ushte-ne-e-pronajdena/feed/ 0
МВР се уште не може да потврди дали има жртва во пожарот во Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-ushte-ne-moze-da-potvrdi-dali-ima-zrtva-vo-pozarot-vo-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-ushte-ne-moze-da-potvrdi-dali-ima-zrtva-vo-pozarot-vo-staro-nagorichane/#respond Thu, 05 Aug 2021 07:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=546457

Се уште нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за тоа дали во Македонија има прва жртва од пожарите кои беснеат низ земјата. Според информациите кои Курир утринава ги доби од МВР, полициските екипи се уште не можат да извршат увид. Од МВР велат дека нивните екипи се на терен, но моменталните услови не дозволуваат да влезат во опожарената куќа и утврдат дали внатре има тело. Очекуваат дека во текот на денот објектот ќе биде доволно оладен за да можат да влезат и да започнат со увидот. До тогаш Министерството не може да даде официјална потврда за жртва. Како што вчера објавија медиумите, жената обидувајќи се да се засолни од оганот се заклучила во куќата и не успеала да се извлече. – Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Борис кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-ushte-ne-moze-da-potvrdi-dali-ima-zrtva-vo-pozarot-vo-staro-nagorichane/feed/ 0
АКТИВНИ 9 ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Критично во Старо Нагоричане и Пехчево, Ангелов вели ќе ги контролираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-9-pozari-vo-makedonija-kritichno-vo-staro-nagorichane-i-pehchevo-angelov-veli-kje-gi-kontroliraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-9-pozari-vo-makedonija-kritichno-vo-staro-nagorichane-i-pehchevo-angelov-veli-kje-gi-kontroliraat/#respond Wed, 04 Aug 2021 09:39:30 +0000 https://kurir.mk/?p=546054

Девет пожари во моментоов е активни во земјава, а најсериозна е состојбата околу селото Дренак кое се наоѓа во општина Старо Нагоричане. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вели дека состојбата се менува од час во час. -Ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави за МИА Ангелов. Состојбата е најкритична околу селото Дренак, а во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш армиски хеликоптер. Сериозна е и состојбата околу Пехчево. -Тука утрово делуваше хеликоптер на Армијата, кој што се повлече за дотур на гориво и истиот повторно ќе се врати да дејствува, да продолжи со гаснење на пожарот околу тоа село, изјави Ангелов. Други активни пожари во овој момент има во Валандово, во месноста Погана, кој исто така зафаќа поголема површина со ниско стеблесто растение. Потоа, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, пожар има и во Прилеп, поточно на Плетвар, и уште еден пожар во Делчево. Исто така, и пожарот во Кочани што гори веќе трет ден таму е упатен голем човечки потенцијал и имаат контрола врз него. Во однос на пожарот во Валандово, пожарот се шири во различни правци, затоа што ветрот на едно место дува во една насока, а на само 500 метри, дува во друга насока. Но, Ангелов напомена дека имаат контрола врз ситуацијата. -Дури имавме ситуација, конкретно во Валандово, во текот на вчерашниот ден јас ја посетив Гевгелија и Валандово односно двата пожари, со свои очи да видам што се случува на терен, за пожарот во Валандово има една карактеристика дека на одредено место ветрот дува во една насока, а само 500/600 метри понатамау дува во друга насока. Пожарот се шири во различни правци, но генерално имаме контрола врз ситуацијата. Ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси и верувам доколку не се појават нови пожари во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави Ангелов за МИА. Како што посочи, од Србија веќе има четири хеликоптери, но бидејќи гаснат на туѓа територија, во придружба се со еден наш армиски хеликоптер. Тој посочи дека е побарана и помош и Словенија и Грција, но дополнително ќе информира кога би требало да пристигне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-9-pozari-vo-makedonija-kritichno-vo-staro-nagorichane-i-pehchevo-angelov-veli-kje-gi-kontroliraat/feed/ 0