старосна граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 13:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png старосна граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британската влада нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 68 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-nema-da-ja-zgolemi-starosnata-granitsa-za-penzionirane-na-68-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-nema-da-ja-zgolemi-starosnata-granitsa-za-penzionirane-na-68-godini/#respond Thu, 30 Mar 2023 13:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=818165

Британската влада денеска соопшти дека во овој момент нема намера да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија на 68 години. „Сегашните услови за зголемување од 67 на 68 (години) нема да се променат и владата нема намера да ги менува постојните закони пред завршувањето на наредната ревизија“, рече државниот секретар за работа и пензии Мел Страјд. Во моментов, најрана возраст кога Британците можат да почнат да примаат пензија од јавните фондови е 66 години. Предвидено е старосната граница да се зголеми на 67 години меѓу 2026 и 2028 година, а потоа на 68 години меѓу 2044 и 2046 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-nema-da-ja-zgolemi-starosnata-granitsa-za-penzionirane-na-68-godini/feed/ 0
Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-shtrajk-poradi-predlogot-za-zgolemuvane-na-starosnata-granitsa-za-penzionirane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-shtrajk-poradi-predlogot-za-zgolemuvane-na-starosnata-granitsa-za-penzionirane/#respond Thu, 19 Jan 2023 11:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=789312

Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта и други јавни служби се затворени. На аеродромот „Орли“ во Париз во просек се откажува еден од пет лета. Во париското метро само една од двете линии со автоматизирани локомотиви без возачи работи нормално. Се очекува неколку десетици илјади луѓе да се најдат на улиците на Париз, но и во другите градови низ Франција, каде ќе биде присутна и полицијата во случај да се појават ултралевичарски саботери. Според предлогот што претходно овој месец го претстави премиерката Елизабет Борн, од 2027 година луѓето ќе треба да имаат 43 години стаж за да добијат целосна пензија, наместо досегашните 42 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-shtrajk-poradi-predlogot-za-zgolemuvane-na-starosnata-granitsa-za-penzionirane/feed/ 0
Познато е која е идеалната разлика во години: Колкава е веројатноста за развод според возраста на вашиот партнер? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poznato-e-koja-e-idealnata-razlika-vo-godini-kolkava-e-verojatnosta-za-razvod-spored-vozrasta-na-vashiot-partner/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poznato-e-koja-e-idealnata-razlika-vo-godini-kolkava-e-verojatnosta-za-razvod-spored-vozrasta-na-vashiot-partner/#respond Thu, 21 Jan 2021 12:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=458063

Во врските во кои старосната граница е пет години веројатноста за развод е 18 отсто, додека партнерите кај кои разликата е 10 години, имаат 39 отсто веројатност за прекин на врската. Најлоши резултати, односно 90 отсто веројатност за прекин имаат оние парови каде разликата е 20 или повеќе години. Најдобрата разлика меѓу партнерите е една година, па таквите парови имаат само 3 проценти шанса за прекин. Експертите веруваат дека причина за ваквите резултатите е фактот што луѓето во различни делови од животот сакаат различни работи и имаат поинакви животни вредности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poznato-e-koja-e-idealnata-razlika-vo-godini-kolkava-e-verojatnosta-za-razvod-spored-vozrasta-na-vashiot-partner/feed/ 0
Се бара зголемување на старосната границата за пензионирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-bara-zgolemuvanje-na-starosnata-granicata-za-penzioniranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-bara-zgolemuvanje-na-starosnata-granicata-za-penzioniranje/#respond Thu, 04 Oct 2018 18:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=110873

За една година да се зголеми старосната граница за пензионирање ќе предложи Бизнис заедницата. Ова доаѓа откако новиот Стратешки план на ПИОМ покажа дека дупката во Фондот ќе се продлабочува. Тој минус ќе мора да се покрие од државниот буџет, пренесе Сител. -Минимално зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив. Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков. Бошков вели дека веќе е намалено нивото на одржливост на пензискиот фонд. -Доколку се зголеми бројот на пензионери до 2020 на 335 или 337 илјади, тогаш тие 550 милиони што се трошат во моментот за помал број на пензионери ќе се зголеми, вели Бошков. Според  планот, бројот на пензионери за три години ќе се зголеми за 15 илјади, и ќе изнесува  над 335 илјади. Со тоа ќе се зголемат и трошоците за пензии. Годинава по овој основ треба да се исплатат 880 милиони евра, а во 2021. -  една милијарда евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-bara-zgolemuvanje-na-starosnata-granicata-za-penzioniranje/feed/ 0
Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-nema-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-nema-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje/#respond Fri, 13 Apr 2018 09:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=40045

Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Царовска на прес-конференција во Владата информира за сработеното во изминатите 11 месеци. Рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата, обезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална работа и се вработени 486 лица на неопределено време во градинките, отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица и е завршена реконструкцијата на 30-те центри за социјална работа кои опслужуват повеќе од 200.000 граѓани. Покрај капиталните и проектите за детска заштита, се подготвуваат нови закони за социјална заштита и за работни односи, се работи и на нов европски закон за недискриминација, а со Оперативниот план кој овозможува да аплицираат и социјалните претпријатија, како и граѓанските организации, се предвидени една милијарда денари за вработување. - Од капиталните инвестиции годинава, почната е изградбата на современ центар за аутизам во Скопје, на два дневни центра за лица со интелектуална попреченост во Куманово, на еден дневен центар за Даунов синдром во Скопје и на Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп. Обезбедени се и две станбени единици во Неготино и село Тимјаник, а се проширува и капацитетот на Општинскиот дом во Берово, подвлече Царовска. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“, Царовска нагласи дека е преземено се што беше во рамки на Министерството. Сменет е директорот во „25 Мај“, а едно лице од „Ранка Милановиќ“ е суспендирано по итна постапка. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-nema-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje/feed/ 0
КСС е против зголемување на старосната граница за пензионирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-e-protiv-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-e-protiv-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje/#respond Tue, 13 Feb 2018 11:51:15 +0000 http://kurir.mk/?p=21083

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) не го поддржува предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање, затоа што смета дека тоа нема значително да придонесе кон зголемување на пензискиот фонд, како и дека негативно ќе влијае врз работниците, компаниите и економијата. Зголемувањето на придонесите за два отсто би можело да се прифати доколку постои консензус со организациите на работодавачите преку разгледување на краткорочните и долгорочните импликации од реформата. - Македонија како земја која се наоѓа на последно место во Европа според „одржливиот квалитет на живот“, а како дел од индикаторите кои го определуваат квалитетот на живот се распространетоста на болестите, стапката на невработеност, очекуваниот животен век, состојбата на животната средина, не смее да дозволи работникот дополнително да се оптоварува и со зголемување на старосната граница за пензионирање. Напротив треба да се воведе бенифициран стаж за трудоинтензивните нископлатени работни места и да се воведе можност за предвремено пензионирање под други услови, се вели во соопштението од КСС. Оттаму сметаат дека е потребно системски да се работи на унапредување на одржливоста на пензискиот систем и тоа преку повеќе политиким како што се зголемување на стапката на вработување преку активните мерки и тоа вработување на работни места надвор од најниско платените, преку намалување на обемот на неформалната економија со различните форми на стимулирање и поддршка на формализација на неформалните економски активности со што стапката на вработени наспроти пензионерите ќе се зголемува. КСС исто така, смета дека зголемување на пензиите треба да има, во одржливи рамки бидејќи во минатото, а и денес дел од нив се социјални категории. - Во Македонија повеќе од половина од пензионерите се приматели на минималната пензија, а само околу 5 отсто се приматели на пензија повисока од просечната плата. Стареењето на населението не треба да се гледа како главен проблем за одржливоста на пензискиот фонд, треба да се донесат стратегии за поттикнување и на третиот столб со цел зголемување на неговото влијание врз пензиските приходи, се вели во соопштението. Согласно одредени анализи со отпочнување на исплатата на пензиите од вториот и третиот пензиски столб, првиот столб ќе биде растеретен и најодржлив, а во меѓувреме треба да се изнајде модул за одржливост на пензискиот фонд во следните 15 години преку најразлични одржливи мерки, а притоа да се води сметка тие да немаат влијание врз стопанството и економијата, а особено со мерки за намалување на невработеноста што секако е главниот параметар за одржливост. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-e-protiv-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje/feed/ 0