старт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 08:00:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png старт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПСЖ го има најлошиот старт на сезоната во ерата на катарските сопственици https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pszh-go-ima-najloshiot-start-na-sezonata-vo-erata-na-katarskite-sopstvenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pszh-go-ima-najloshiot-start-na-sezonata-vo-erata-na-katarskite-sopstvenitsi/#respond Sat, 16 Sep 2023 08:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=878597

Пари Сен-Жермен синоќа загуби од Ница (2:3) во 5. коло од францускиот шампионат. Парискиот тим има осум бода (две победи и две нерешени) од пет натпревари и се наоѓа на 3. место во поредокот. Осумте бодови на ПСЖ од првите пет кола се најслабиот резултат во ерата на катарските сопственици на клубот. На 31 мај 2011 година, „Qatar Sports Investments“ (QSI) купи 70 отсто од акциите на ПСЖ, а една година подоцна стана единствен сопственик на клубот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pszh-go-ima-najloshiot-start-na-sezonata-vo-erata-na-katarskite-sopstvenitsi/feed/ 0
Новата НБА сезона стартува на 19 октомври https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novata-nba-sezona-startuva-na-19-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novata-nba-sezona-startuva-na-19-oktomvri/#respond Thu, 29 Jul 2021 07:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=543339

Кошаркарската НБА лига објави дека новата 2021/22 сезона ќе почне на 19 октомври, а финалето на разигрувањето за титулата би требало да заврши најдоцна до 19 јуни 2022 година. Четири денови подоцна, на 23 јуни идната година, треба да се одржи драфтот. Идентично како и во минатата сезона, во која шампионската титула ја освои екипата на Милвоки, повторно ќе се игра таканаречениот „плеј ин“ во кој тимовите ќе разигруваат за пласман во плејофот. јавија американските медиуми. Шесте најдобри екипи од секоја конференција ќе обезбедат директен пласман во разигрувањето за титулата, додека по четири екипи (пласирани од 7. до 10. место) ќе разигруваат за преостанатите две места во секоја од НБА конференциите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/novata-nba-sezona-startuva-na-19-oktomvri/feed/ 0
Од денеска во Македонија стартува пријавувањето за вакцинирање против корона вирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-vo-makedonija-startuva-prijavuvanjeto-za-vakciniranje-protiv-korona-virus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-vo-makedonija-startuva-prijavuvanjeto-za-vakciniranje-protiv-korona-virus/#respond Wed, 10 Feb 2021 06:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=466570

Интернет страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, треба да профункционира од денеска. -Секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. Освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“. Утврдено е како ќе се спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19. Капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години. – Засега се пријавени четири илјади работници, од коишто околу две илјади се во Скопје, останатите се во другите градови. Таму вакцинацијата ќе се спроведува во пунктови по примерот на вакцинацијата за сезонски грип, така што еве сега во првиот момент кога вакцините ќе стигнат може и практично да започне процесот на вакцинација, нагласи Филипче. Во согласност со капацитетот на здравствениот кадар, во некои поликлиники и здравствени домови ќе има по повеќе вакцинални пунктови кои ќе работат во две смени за да може да се имунизираат поголем број граѓани. – Конкретно, конкретен пример, поликлиниката „Јане Сандански“, две смени во три пункта, што значи дека 240 луѓе на ден ќе може да се вакцинираат согласно физичките параметри на просторот – влез, излез, немешање, еден одреден период од 10-15 минути коишто после вакцинација граѓаните треба да почекаат заради евентуална појава на алергиска реакција, што е вообичаена постапка при вакцинација, се прави тој распоред, додаде Филипче. Директор на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски вчера посочи дека направиле план во соработка со Министерството, со Комисијата и со Комитетот за имунизација. – Како што спомна министерот, во трите поголеми поликлиники „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“ работното време ќе биде од 8 до 20 часот. Во останатите четири клиники ќе работат во попладневните часови со боксови, со капацитетите коишто располагаме и мислам дека 22 позиции се доволни во овој момент да опфатиме се, додаде Исјановски. До крајот на февруари во државава се очекува да пристигнат 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Во март се очекуваат вакцините на „АстраЗенека“ согласно КОВАКС механизмот. Премиерот Зоран Заев завчера најави дека следната недела можно е да пристигнат и вакцини од „Фајзер“. Додека се чекаат првите вакцини против Ковид-19, во државата состојбата со коронавирусот и натаму се стабилизира. Вчера од направени 2863 тестирања, беа регистрирани 476 нови случаи. Починаа девет лица, а 407 пациенти беа регистрирани како оздравени. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, на оздравени 85.846, а на починати 2.955. Активни се 6.546 случаи, најмногу во Скопје – 3256, по што следат Охрид – 368, Кавадарци – 360, Куманово – 255, Тетово – 235, Делчево – 202. Во другите градови има под 200 активни случаи. На инфективните оддели во земјава се лекуваат 591 пациент со Ковид-19, од кои во болниците низ државата 326, а во главниот град 265. Во ковид-центрите има околу 490 празни болнички кревети. Во Скопје околу 90 слободни болнички легла. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 69 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, на ГАК три пациентки. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Завчера лабораторијата на МАНУ утврди присуство на мутираниот сој од Велика Британија на Ковид-19 кај 45 пациенти. Надлежните од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека наредниов период очекуваат зголемување на бројот на нови случаи на британскиот сој, бидејќи тој многу побрзо се шири, односно е позаразен во однос на претходниот. Министерството за здравство смета дека засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките по појавата на британскиот сој кај нас, но се следи состојбата и се прават интензивни анализи на типот на вирусот. Досега во светот се заразија над 107 милиони жители, 2,3 милиони починаа, а оздравеа 79 милиони. Првите случаи на коронавирус беа регистрирани во декември 2019 година во Вухан, а епидемијата потоа се прошири во целиот свет. Истражителите на СЗО, кои од пред извесно време во Вухан, и кинеските експерти вчера соопшти дека животното од кое потекнува коронавирусот не е пронајдено и оти нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу порано пред да биде откриен. Преносот од животното е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“, изјави шефот на делегацијата кинески научници, Лианг Ваниан. – Нема доволно докази за да се утврди дека САРС-КоВ-2 се проширил во Вухан пред декември 2019 година, рече Лианг. Шефот на делегацијата на СЗО, Питер Бен Ембарек, пак изјави дека пренесувањето на коронавирус од првото животно, а потоа и од второ животно како посредник пред да се прошири на луѓето, е „најверојатната“ хипотеза. -Сепак, тоа бара „поконкретно и насочено истражување“, рече тој. Ембарек исто така оцени дека хипотезата оти коронавирусот „избегал“ од лабораторија е „крајно неверојатна“. -Исклучително неверојатно е коронавирусот да почнал по инцидент во лабораторија во Кина, изјавија вчера истражители на Светската здравствена организација, кои веќе неколку дена се обидуваат да го расветлат потеклото на коронавирусот во Кина. Истражувачите веруваат дека најверојатната причина за првичното избувнување на инфекцијата од коронавирусот е „скокање на вирусот“ од животно врз човек. Ова значи дека идните истраги нема да се фокусираат на лабораториски инцидент како можна причина за појавата на инфекцијата со коронавирусот. Научниците откриле и дека коронавирусот циркулирал во региони надвор од Вухан пред првиот пријавен случај на инфекција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-vo-makedonija-startuva-prijavuvanjeto-za-vakciniranje-protiv-korona-virus/feed/ 0
Пораз за шампионот Лејкерс на стартот на новата НБА сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraz-za-shampionot-lejkers-na-startot-na-novata-nba-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraz-za-shampionot-lejkers-na-startot-na-novata-nba-sezona/#respond Wed, 23 Dec 2020 08:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=446968

Со два натпревара одиграни ноќеска беше отворена новата сезона во најсилна кошаркарска лига на светот. Бранителот на трофејот, Лос Анџелес лејкерс, загуби од градскиот ривал ЛА клиперс, додека Бруклин забележа убедлива победа над Голден Стејт. Резултати: Бруклин – Голден Стејт 125;99 Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс 109:116. Богата програма со дури 13 натпревари е предвидена за вечер по полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraz-za-shampionot-lejkers-na-startot-na-novata-nba-sezona/feed/ 0
Почнува македонското кошаркарско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-makedonskoto-kosharkarsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-makedonskoto-kosharkarsko-prvenstvo/#respond Sat, 31 Oct 2020 08:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=422903

По речиси едномесечно одлагање, за денес е закажан стартот на македонската кошаркарска Прва лига. Коронавирусот беше причина за поместувањето на почетокот кој првично беше закажан за 3 октомври. Но, пандемијата уште на стартот одложи два меча. Средбата во Гевгелија меѓу Кожув и Пелистер нема да се одигра поради позитивни на вирусот во таборот на битолчани, додека Вардар и Црн Дрим немаа да играат по позитивен тест на играч кај вардарци. Другите две предвидени средби за денес се: Академија ФМП – Гостивар ТФТ – Куманово. Двата натпревара ќе се играат во Скопје со почеток во 18 часот. Два дуела се закажани за утре: МЗТ Скопје Унибанка – Еуро Никел (почеток 16 часот) Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 18 часот). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-makedonskoto-kosharkarsko-prvenstvo/feed/ 0
Реал ја почнува сезоната во Ла Лига од второто коло, Барса – од третото https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-ja-pochnuva-sezonata-vo-la-liga-od-vtoroto-kolo-barsa-od-tretoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-ja-pochnuva-sezonata-vo-la-liga-od-vtoroto-kolo-barsa-od-tretoto/#respond Tue, 18 Aug 2020 17:13:54 +0000 https://kurir.mk/?p=392324

Почетокот на кампањата 2020/21 во Шпанија ќе биде викендот на 12/13 септември, но ниту шампионите Реал Мадрид, ниту Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља нема да играат во првото коло од Примера. Поради нивните обврски на европските турнири во август, овие екипи ќе се приклучат подоцна. „Белите“ започнуваат од второто коло, а Барса, Атлетико и Севиља – од третото. Шпанија уверува дека ќе има натпревари околу Божиќ и на 30 декември – ден пред новогодишната ноќ. Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во познат формат оваа година – со четири екипи во јануари. Во него ќе настапат Реал, Барса и двете баскиски екипи – Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, кои сè уште не играле во финалето на Кралскиот Куп. Нивното барање е финалето да се игра пред публика. Се шпекулира дека ова ќе биде прва средба со публика во Шпанија и ќе биде околу Божиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-ja-pochnuva-sezonata-vo-la-liga-od-vtoroto-kolo-barsa-od-tretoto/feed/ 0
Фудбалот се враќа во Европа, стартуват уште 13 првенствата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalot-se-vrakja-vo-evropa-startuvat-ushte-13-prvenstvata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalot-se-vrakja-vo-evropa-startuvat-ushte-13-prvenstvata/#respond Sun, 17 May 2020 13:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=346970

Вчера фудбалот се врати на едно од најдобрите првенства на Стариот континент. Германската Бундеслига ги продолжи натпреварите, иако пред празни трибини, поради пандемијата на КОВИД-19. Надежта е дека наскоро ќе можеме да гледаме натпревари од повеќето други европски првенства. Сè уште нема официјални датуми за продолжување на шампионатите во Англија, Италија и Шпанија, но сите три Лиги работат на обновување на натпреварите до средината на јуни. „Проектот рестарт“ за Премиер лигата се надева дека првиот натпревар ќе може да се одигра на 12 јуни. За истиот ден се борат во Ла Лига, додека во Италија се надеваат дека тоа може да се случи еден ден подоцна – на 13 јуни. Единствено од петте најдобри првенства кое нема да заврши е Лига 1 на Франција, каде веќе ставија крај. Слична е ситуацијата во Белгија, Холандија, Кипар и Малта. Сепак, во 13 други земји, покрај Германија и Фарските острови, каде веќе се рестартирани првенствата, веќе има специфични датуми за продолжување на дуелите, освен ако, се разбира, не се случи итна состојба поврзана со инфекцијата. Датумите се официјални, а во наредните денови повеќе земји треба да изготват специфичен распоред за обновување. Распоред: Естонија – 19 мај Чешка – 23 мај Унгарија – 23 мај Данска – 28 мај Полска – 29 мај Израел – 30 мај Србија – 30 мај Албанија – 2 јуни Австрија – 2 јуни Бугарија – 5 јуни Хрватска – 5 јуни Романија – 5 јуни Исланд – 13 јуни]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalot-se-vrakja-vo-evropa-startuvat-ushte-13-prvenstvata/feed/ 0
За една недела почнува ТВ серијата „Зоки Поки“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/za-edna-nedela-pochnuva-tv-serijata-zoki-poki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/za-edna-nedela-pochnuva-tv-serijata-zoki-poki/#respond Mon, 27 Apr 2020 11:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=338007

Првата епизода од долгоочекуваната телевизиска серија „Зоки Поки“ почнува наредниот понеделник, 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ. Како што соопшти денеска продукцијата „Кино Око“, серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. Од продукцијата информираат дека улогите ќе ги толкуваат Матеј Зимбаков – Гоки, Матеј Настевски – Зоки Поки, Анастасија Аневска – Лидија и Матео Матоски – Боки. Покрај детската екипа, во серијата ќе играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. -Додека го чекаме наредниот понеделник, се запознаваме со Матеј Зимбаков, малиот актер кој го игра Гоки. Матеј е четвртооделенец во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој обожава да игра видео игри, да црта и да пее. Во кратко видео со прашања и одговори, Матеј зборува за предметите во школо кои ги сака најмногу и најмалку, открива кој спорт му е омилен, за кого навива, која видео игра е најдобра за него, дали бира ванила или чоколадо, која книга и лик од книга му оставиле најмногу впечаток, дали има симпатија и други забавни детали, се наведува во соопштението на „Кино Око“. По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/za-edna-nedela-pochnuva-tv-serijata-zoki-poki/feed/ 0
Еве кога почнуваат големите лиги- во уште едно од топ 5 првенствата ВАР технологија од оваа сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-koga-pochnuvaat-golemite-ligi-vo-ushte-edno-od-top-5-prvenstvata-var-tehnologija-od-ovaa-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-koga-pochnuvaat-golemite-ligi-vo-ushte-edno-od-top-5-prvenstvata-var-tehnologija-od-ovaa-sezona/#respond Fri, 20 Jul 2018 15:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=79204

Откако заврши Светското фудбалско првенство во Русија, каде шампион беше Франција, моментално фудбалски активности во Европа имаат тимовите од помалите лиги, кои играат квалификации за европските натпреварувања. Но, она што сите вистински фудбалски фанови го чекаат е почетокот на големите фудбалски првенства. Први со играње почнуваат во Англија и Франција и тоа во ист ден, во петок на 10-ти август. Лига 1 ја отвораат Марсеј и Тулуз, а новото издание на Премиер лигата почнува со средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер. Првото големо дерби се игра два дена подоцна на Емирејтс, каде на гости кај Арсенал пристигнува Манчестер Сити. Една недела подоцна започнуваат Ла Лига и Серија А, иако распоредот ќе се денеска, односно на 24-ти јули. Последна која почнува е Бундес лигата. Германското првенство почнува на 24 август, а сезоната тргнува една недела порано кога на распоредот е првото коло од германскиот куп. Следната сезона ќе биде историска за Шпанија, каде за прв пат ќе се користи ВАР системот на сите првенствени натпревари. Но, видео анализите нема да бидат во Премиер лигата, каде клубовите гласаа против воведување на преглед на снимките. Лигата требаше двотретинско мнозинство за воведување на ВАР, но дури 20 клубови гласаа против, затоа што сметаат дека системот треба уште да се развива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-koga-pochnuvaat-golemite-ligi-vo-ushte-edno-od-top-5-prvenstvata-var-tehnologija-od-ovaa-sezona/feed/ 0