стартер за срце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Jun 2021 12:09:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стартер за срце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најнови детали за здравствената состојба на Ериксен, значи ли ова крај на кариерата? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/najnovi-detali-za-zdravstvenata-sostojba-na-eriksen-znachi-li-ova-kraj-na-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/najnovi-detali-za-zdravstvenata-sostojba-na-eriksen-znachi-li-ova-kraj-na-karierata/#respond Thu, 17 Jun 2021 08:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=524641

Репрезентацијата на Данска на социјалните мрежи објави нови детали за здравствената состојба на Кристијан Ериксен. Според објавата на Ериксен ќе му биде вграден уред кој ќе помогне срцето да работи нормално по срцевиот удар кој го преживеа. Лекарот од репрезентацијата, Мортен Боесен остварил контакт со кардиологот во болницата каде е хоспитализиран фудбалерот. -Откако Кристијан помина низ различни прегледи на срцето, одлучено е дека тој треба да има имплант ICD (таканаречен  стартер за срце). Овој уред е неопходен по срцев удар поради нарушувања на ритамот на работење на срцето. Кристијан го прифати решението и планот е потврден од специјалисти на национално и меѓународно ниво, и сите препорачуваат ист третман, се вели во кусото соопштение. Од данската федерацијата побараа во следниот период сите да му дадат мир и приватност на Ериксен и неговото семејство. За потсетување, Ериксен доживеа срцев удар на теренот на првиот натпревар од Европското првенство против селекцијата на Финска. Фудбалерот беше реанимиран и итно пренесен во болница. По ваквите здравствени резултати се уште не е познато дали Ериксен ќе ја заврши фудбалската кариера, но тоа е можност која и натаму останува отворена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/najnovi-detali-za-zdravstvenata-sostojba-na-eriksen-znachi-li-ova-kraj-na-karierata/feed/ 0