статуа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 18:00:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png статуа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Туристи во Италија соборија статуа стара 150 години поради фотографија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-turisti-vo-italija-soborija-statua-stara-150-godini-poradi-fotografija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-turisti-vo-italija-soborija-statua-stara-150-godini-poradi-fotografija/#respond Sat, 05 Aug 2023 18:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=863454

Група млади германски туристи, кои позирале за да ги објават фотографиите на социјалните мрежи, се обвинети дека собориле вредна статуа во вила во северна Италија, изјави менаџерот на вилата, Бруно Голферини. Двајца од групата се качиле на фонтаната за да ја гушнат скулптурата „Домина“ на уметникот Енрике Бути, а едниот од нив ја турнал статуата висока 1,70 метри која паднала на земја, рече Голферини. Голферини рече дека поднел жалба до локалната полиција против сите 17 германски туристи кои биле во групата што ја изнајмила вилата. Тие во меѓувреме ја напуштиле Италија, а целиот настан е снимен на надзорните камери. Статуата е стара околу 150 години, а нејзината вредност се проценува на околу 200.000 евра, вели Голферини и додава дека поправката е отежната поради дополнителните оштетувања на плочките во фонтаната. „Домина беше на некој начин жена која ја штитеше вилата. За жал, има неуки кои прават такви работи“, вели Голферини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-turisti-vo-italija-soborija-statua-stara-150-godini-poradi-fotografija/feed/ 0
Пронајдена статуата на индиска божица украдена во 1971 година- завршила во аукциска куќа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdena-statuata-na-indiska-bozica-ukradena-vo-1971-godina-zavrshila-vo-aukciska-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdena-statuata-na-indiska-bozica-ukradena-vo-1971-godina-zavrshila-vo-aukciska-kukja/#respond Tue, 09 Aug 2022 15:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=716185

Статуа на индиската божица Парвати од 12 век, украдена во 1971 година од храм во индиската држава Тамил Наду, е пронајдена во Њујорк. Според индиската полиција, статуата е пронајдена во приватната аукциска куќа Бонамс и веќе е подготвена документација за нејзино враќање. Од Бонамс засега не го коментираша случајот. Статуата висока 52 сантиметри, една од пет статуи што претходно исчезнаа од индискиот храм. Изминатите неколку години, Индија ги зајакна напорите да ги врати статуите на божества и други антиквитети украдени или прошверцувани од нејзините храмови. Индискиот премиер Нарендра Моди во февруари информираше дека од 2014 година во земјата успешно се вратени „над 200 статуи на божества“. Пред две години, Велика Британија на Индија ѝ врати три бронзени статуи, украдени пред повеќе од 40 години од храм во Тамил Наду.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdena-statuata-na-indiska-bozica-ukradena-vo-1971-godina-zavrshila-vo-aukciska-kukja/feed/ 0
Статуа на Ленин повторно во Хеническ, украински град близу Крим – окупиран од Русите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/statua-na-lenin-povtorno-vo-henichesk-ukrainski-grad-blizu-krim-okupiran-od-rusite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/statua-na-lenin-povtorno-vo-henichesk-ukrainski-grad-blizu-krim-okupiran-od-rusite/#respond Tue, 19 Apr 2022 06:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=665104

Статуа на поранешниот Советски лидер, Владимир Ленин, повторно е поставена во украинскиот град Хеническ, окупиран од Русија. Информацијата е потврдена од фотографии, објавени на социјалните мрежи, а Си-Ен-Ен ја утврди нивната веродостојност. Речиси седум години поминаа откако статуа од Ленин се отстрани, како дел од напорите за „декомунизација“. На фотографиите објавени на Фејсбук, може да се види новата статуа пред зградата на регионалниот совет. Се гледа и руско знаме на покривот од објектот. Оригиналната статуа на Ленин се отстрани по наредба од градскиот совет на 16 јули, 2015 година, според податоци на локалните медиуми. Како што се пишува, Хеническ бил еден од последните градови во регионот со статуа на Ленин. Јури Соболевски, украински регионален заменик за Херсон, ја потврди информацијата на Фејсбук. „Орките во Херсонскиот регион ги продолжуваат нивните експерименти со враќање назад во времето“, напиша Соболевски, користејќи „сленг“ термин за руски војници. Црвени знамиња, споменици од советската ера, набројува Соболевски. „И сето тоа во позадина на влошена хуманитарна криза, сериозно сузбивање на несогласувањето и манифестациите на граѓанската позиција. Нивниот мотив е апсолутно транспарентен – тие (делуваат како паразити) на носталгичните чувства на населението“ пишува во неговата објава на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/statua-na-lenin-povtorno-vo-henichesk-ukrainski-grad-blizu-krim-okupiran-od-rusite/feed/ 0
ФОТО: Откриена статуата на Дaјана https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-otkriena-statuata-na-dajana/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-otkriena-statuata-na-dajana/#respond Fri, 02 Jul 2021 07:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=530823

Британските принцови Вилијам и Хари зaeднo ја открија статуата на покојната принцеза Дaјана и по тој повод изјавија дека секој ден мислат на мајка им која го сменила светот на подобро. Свеченоста на откривањето на статуата се одржа во реновираната градина на палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на принцезата Дaјана. Настанот го означи првото заедничко појавување на браќата по погребот на нивниот дедо – принцот Филип, што се одржа на 17 април годинава. Градината на Кенсингтон беше едно од омилените места на принцезата Дaјана. „Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер. Овие квалитети ја направија извор на добрина за целиот свет. Таа успеа да промени голем број животи на подобро“, се вели во изјавата на синовите на Дaјана. Тие велат дека се надеваат дека статуата „засекогаш ќе остане симбол на нејзиниот живот и наследство“. Мал број гости присуствуваа на откривањето на статуата, а меѓу нив беше и братот на Дaјана, Чарлс Спенсер. Инаку, Хари неколкупати истакнуваше дека е во сложени односи со неговиот брат, но и оти, покрај тоа, тој е најблиската личност во неговиот живот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-otkriena-statuata-na-dajana/feed/ 0
Бразилците градат статуа на Исус, поголема од онаа во Рио: Ќе биде готова до крајот на годината (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilcite-gradat-statua-na-isus-pogolema-od-onaa-vo-rio-kje-bide-gotova-do-krajot-na-godinata-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilcite-gradat-statua-na-isus-pogolema-od-onaa-vo-rio-kje-bide-gotova-do-krajot-na-godinata-foto-video/#respond Sun, 11 Apr 2021 13:45:49 +0000 https://kurir.mk/?p=495635

Во градот Енкантад се гради статуа на Исус Христос, која, според сите проценки, ќе биде поголема од онаа во Рио де Жeнеиро, а со тоа и најголемата во Бразил. Работата на изградбата на статуата Христос Заштитник, како што ќе се нарече, започна во 2019 година, а оваа грандиозна креација е висока 43 метри. Во вторникот, на 6 април, главата беше поставена и рацете беа раширени, што му даде форма на споменикот. Статуата е изградена од бетон и железо, а работите се очекува да завршат до крајот на оваа година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilcite-gradat-statua-na-isus-pogolema-od-onaa-vo-rio-kje-bide-gotova-do-krajot-na-godinata-foto-video/feed/ 0
Гигантска статуа на Исус Христос, поголема од таа во Рио де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gigantska-statua-na-isus-hristos-pogolema-od-taa-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gigantska-statua-na-isus-hristos-pogolema-od-taa-vo-rio-de-zeneiro/#respond Sat, 10 Apr 2021 16:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=495369

Гигантска нова статуа на Исус Христос, која се гради во јужниот дел на Бразил, ќе се издигне уште повисоко од споменикот на Христос Спасителот, кој гледа кон Рио де Жeнеиро. Оваа недела на статуата, која се гради од 2019 година во градот Енкантадо, државата Рио Гранде до Сул, и беа поставени глава и раширени раце. Завршувањето на споменикот е планирано за крајот на оваа година, соопшти Здружението на пријатели на Христос, кое ја координира работата. – Ова е ден за празнување, за посветеност, изјави Гилсон Конзати, локален советник и син на Адроалдо Конзати, политичарот кој е идеен творец. Адроалдо Конзати беше градоначалник на Енкантадо, а почина минатиот месец поради компликации од коронавирусот. Статуата, која ќе се вика Христос Покровителот, ќе биде висока 43 метри, вклучувајќи го и нејзиниот пиедестал, што ја прави една од највисоките статуи на Исус Христос со раширени раце. Должината од едната до другата рака ќе изнесува 36 метри, ќе има затворен лифт и набљудувачка тераса кон врвот. За споредба, Христос Спасителот е висок 38 метри, вклучувајќи ја и платформата, а растојанието од рака до рака е 28 метри. Во октомври оваа година ќе биде одбележан 90-ти роденден. Енкантадо, град со 22.000 жители, се наоѓа на 145 километри северозападно од главниот град на државата Порто Алегре. Проектот има за цел да инспирира вера и да го промовира туризмот во областа, тврдат неговите организатори. Буџетот на проектот од 350.000 американски долари е целосно финансиран од донации, наведува Здружението на пријатели на Христос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gigantska-statua-na-isus-hristos-pogolema-od-taa-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0
Шпанија: Отстранета последната статуа на диктаторот Франсиско Франко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-otstraneta-poslednata-statua-na-diktatorot-fransisko-franko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-otstraneta-poslednata-statua-na-diktatorot-fransisko-franko/#respond Wed, 24 Feb 2021 07:21:16 +0000 https://kurir.mk/?p=473044

Последната статуа на поранешниот шпански диктатор Франсиско Франко е отстранета вчера од градските порти на Малиља, шпанската енклава во Мароко. Работници со багери и тешки дупчалки ја урнаа и платформата на која се наоѓаше споменикот. Статуата, која беше поставена три години по смртта на Франко (1892-1975), ја истакнуваше неговата улога како командант на Шпанската легија во Римската војна – конфликтот меѓу Шпанија и Франција со племињата Бербери во Мароко во 20-те години на минатиот век. – Ова е историски ден за Малиља, истакна Елена Фернандес Тревино, задолжена за образование и култура во енклавата, каде локалното Собрание го изгласа отстранувањето на споменикот, додавајќи дека тоа е „единствената статуа посветена на диктаторот, која се уште се наоѓа на јавен простор“. Крајно десничарската партија Вокс гласала против таквиот потег, тврдејќи дека статуата ја славела воената улога на Франко, а не неговата диктатура. Со шпанскиот Закон за историско сеќавање од 2007 година се овозможува отстранување на сите симболи поврзани со режимот на Франсиско Франко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-otstraneta-poslednata-statua-na-diktatorot-fransisko-franko/feed/ 0
Манчестер сити ќе постави статуа во чест на Давид Силва https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-kje-postavi-statua-vo-chest-na-david-silva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-kje-postavi-statua-vo-chest-na-david-silva/#respond Mon, 17 Aug 2020 17:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=391756

Во чест поранешниот играч од средниот ред на Манчестер сити, Давид Силва, клубот ќе подигне подигната статуа на својот стадион. Претседателот на бордот на директори на „граѓаните“ Халдон ал Мубарак соопшти дека статуата ќе се наоѓа на матичниот стадион „Етихад“. Исто така, на теренот за тренинг, Сити ќе направи специјален мозаик посветен на шпанскиот фудбалер. Давид Силва се приклучи на Манчестер сити во 2010 година од Валенсија и помина 10 години во англискиот клуб. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-kje-postavi-statua-vo-chest-na-david-silva/feed/ 0
Турист седнал врз статуата „Паулина Боргезе“ во Италија и по грешка ѝ ги скршил прстите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turist-sednal-vrz-statuata-paulina-borgeze-vo-italija-i-po-greshka-gi-skrshil-prstite-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turist-sednal-vrz-statuata-paulina-borgeze-vo-italija-i-po-greshka-gi-skrshil-prstite-video/#respond Wed, 05 Aug 2020 16:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=386776

Средовечен турист од Австрија бил уапсен во Италија, бидејќи бил фатен на безбедносната камера како седнува врз статуата „Паулина Боргезе“ во музејот Гипсотека Кановијана во Посањо и како ненемарно ѝ ги крши прстите на скулптурата стара повеќе од 200 години. Италијанските власти соопштија дека туристот сакал да се фотографира седејќи врз скулптурата на венецијанскиот вајар Антонио Канова, а при обидот да стане, тој го оштетил уметничкото дело и си заминал како ништо да не се случило. Сè уште не е завршена проценката на штетата на скулптурата која е извајана во периодот помеѓу 1804 и 1808 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turist-sednal-vrz-statuata-paulina-borgeze-vo-italija-i-po-greshka-gi-skrshil-prstite-video/feed/ 0
Го пипкаат неговиот полов орган за среќа, а некои отидоа и предалеку со понудите: Фановите опседнати со Кристијано Роналдо (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-pipkaat-negoviot-polov-organ-za-srekja-a-nekoi-otidoa-i-predaleku-so-ponudite-fanovite-opsednati-so-kristijano-ronaldo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-pipkaat-negoviot-polov-organ-za-srekja-a-nekoi-otidoa-i-predaleku-so-ponudite-fanovite-opsednati-so-kristijano-ronaldo-foto/#respond Thu, 03 Jan 2019 18:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=148055

Статуата на Кристијано Роналдо поставена во неговиот роден град Фунчал во 2014 година е прилично голем мамец за туристите. Многу фанови застануваат да се фотографираат со истата, а посебно им е интересен еден нејзин дел. Скулптурата ја има направено португалскиот вајар Рикардо Велоза од бронза и е тешка 800 килограми, а висока околу 2,5 метри, а по се изгледа таа носи и среќа. Ова ќе ви го кажат ако ги прашате многубројните туристи кои се почесто го допираат неговиот полов орган верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа. Но, некои од нив поминаа и чекор понатаму, а тоа заклучете го самите од фотографиите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-pipkaat-negoviot-polov-organ-za-srekja-a-nekoi-otidoa-i-predaleku-so-ponudite-fanovite-opsednati-so-kristijano-ronaldo-foto/feed/ 0