статут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 16:52:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png статут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти предложи нов нацрт-статут на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-predlozhi-nov-natsrt-statut-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-predlozhi-nov-natsrt-statut-na-zso/#respond Wed, 03 May 2023 16:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=830272

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја објави својата верзија на нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (Заедница на српски општини - ЗСО) и додаде дека „фундаментално не се согласува“ со Нацрт-статутот што синоќа беше претставен во Брисел од страна на Управувачкиот тим. "Фундаментално не се согласувам со нацртот. Тој ја претставува желбата за Република Српска на Косово", напиша Курти на Твитер. Според неговите зборови, Статутот на ЗСО треба да произлезе од авторитетот на конвенциите на Советот на Европа, односно од Рамковната конвенција, како и да обезбеди можност припадниците на српската заедница во Косово да ги промовираат и заштитат своите интереси преку рамката на самоуправување. Во верзијата на Курти се наведува дека ЗСО ќе промовира нетериторијален проект, каде функционално би биле претставени сите Срби на Косово, врз основа на правото на глас и принципите предвидени со Уставот на Косово, во согласност со принципот на еднаквост пред законот и недискриминација. Врз основа на него, се додава, сите Срби на Косово би го оствариле своето право на слободно здружување заради заштита или застапување за политички, национални, културни, социјални, економски и други права и цели. ЗСО, според предлогот на Курти, би обезбедил директен канал за комуникација со Владата на Косово, меѓу другото и преку учество во Консултативниот совет на заедниците. Се додава дека ќе обезбеди можност да се финансира од буџетот на косовската Влада, меѓународни организации, институции на трети земји и донации, вклучително и од Србија, но дека се мора да помине во процедурите и прописите на Министерството за финансии на Косово. Треба да ја предвиди можноста за соработка со сите институции, вклучително и општините, со цел да се поддржи нејзината работа и мисија за своите членови. „Во целост ги признава уставните карактеристики на Република Косово, како што се почитувањето на независноста, единствениот институционален систем, територијалниот интегритет на Републиката и ќе придонесе за негова целосна реализација во пракса“, се наведува во нацрт-статутот на Курти. ЗСО, се додава во предлогот, ќе ги користи постојните закони за давање можности за одредени непрофитни услуги, формирање здруженија од областа на културата, уметноста, науката и образованието, како и студиски и други здруженија за изразување, негување и развој на српскиот идентитет, со закони кои се во сила на Косово. Во нацртот се наведува дека ќе обезбеди процедура за регистрација кај надлежниот орган на Владата на Косово за администрација и општи процедури за усогласување со законите кои важат во Косово, како и дека ќе обезбеди и промовира почитување на политичкиот плурализам, правото на говор, слобода на здружување и право на слободна заштита на политичкиот и верскиот идентитет на Србите во Косово. Проектот, како што се додава во предлогот на Курти, како придружна обврска, треба да ја персонифицира заедничката определба на Косово и Србија да останат искрени и посветени на обезбедување дека нивните немнозински заедници ги исполнуваат истите стандарди за заштита на човековите права. „Стандарди кои се заеднички за демократските и обединети општества и кои никого не оставаат зад себе“, се додава во нацрт-законот предложен од косовскиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-predlozhi-nov-natsrt-statut-na-zso/feed/ 0
Со одлука на косовскиот министер Красниќи разрешен Управувачкиот тим за изработка на статутот на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/#respond Wed, 03 May 2023 15:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=830238

Косовскиот министер за локална самоуправа, Ељберт Красниќи, денеска донесе одлука за разрешување на Управувачкиот тим за изработка на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО). Управувачкиот тим за изготвување на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) на вчерашната средба меѓу косовскиот премиер Аљбин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го презентираше нацрт-статутот, кој, според косовските власти, е во спротивност со договорот од 2013 година, одлуката на Уставниот суд и Уставот на Косово. „По вчерашната презентација во Брисел на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, според надлежностите што му се дадени на Управувачкиот тим во Брисел со договорите од 2013 и 2015 година, овој тим сега и самиот е без статус“, напиша Красниќи на Фејсбук. Во Управувачкиот тим членуваа Данијела Вујичич, Јелена Боловиќ, Игор Каламар и Дејан Радојковиќ. По синоќешната средба косовскиот премиер изјави дека нацрт-статутот презентиран од Управувачкиот тим е суштински некомпатибилен со Уставот на Косово. -Изразив став дека таков нацрт, тоа што го слушнавме и прочитавме, е суштински некомпатибилно со уставноста, законитоста, човековите права, европските вредности, малцинските права според европските стандарди, и покрај тоа ќе бидеме заинтересирани да најдеме решение, изјави Курти во Брисел. Тој додаде дека на средбата предложил нацрт-визија во однос на членот 7 од основниот договор, имајќи го предвид членот 10 како треба да бидат вредностите и принципите, рамката која го регулира прашањето за немнозинските или малцинските заедници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/feed/ 0
ФФМ заедно со ФИФА и УЕФА почна со ревизија на Статутот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-zaedno-so-fifa-i-uefa-pochna-so-revizija-na-statutot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-zaedno-so-fifa-i-uefa-pochna-so-revizija-na-statutot/#respond Wed, 01 Dec 2021 12:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=602501

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), заедно со УЕФА и ФИФА денеска во Скопје го почнаа најавениот процес на разгледување и ревизија на Статутот на ФФМ согласно стратешкиот план на федерацијата и праксата на добро раководење. Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА веќе работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. Како што соопшти ФФМ, според претставниците на УЕФА и ФИФА, целта е да се дојде до решение кое ќе овозможи „посилен Статут – подобра организација“, а силна појдовна основа е актуелниот Статут на ФФМ, исто така базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. – Согласно стратешкиот план на ФФМ, еден од носечките столбови, добро раководење го предвидува проектот за ревидирање на Стаутот и понатамошните активности во однос на реформи во регулативите на Фудбалската федерација на Македонија. Како што и планиравме, веднаш по завршување на квалификациските натпревари, заедно со нашите партнери ФИФА и УЕФА го започнавме процесот на ревизија на Статутот со однапред утврдени работни групи. Многу сме задоволни од овој работен состанок затоа што е дел од основниот столб, доброто раководење и од овој процес ќе произлезат голем дел на иницијативи и активности кои ќе се имплементираат согласно утврдената динамика. Остануваме посветени на поставените активности и однапред утврдените цели“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-zaedno-so-fifa-i-uefa-pochna-so-revizija-na-statutot/feed/ 0
Мицкоски: Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително квалитетен и реформски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-noviot-statut-na-vmro-dpmne-e-iskluchitelno-kvaliteten-i-reformski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-noviot-statut-na-vmro-dpmne-e-iskluchitelno-kvaliteten-i-reformski/#respond Thu, 30 Jul 2020 22:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=384033

Во вечерашната дебатна емисија "Што не е јасно?" на Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој се осврна на моменталната политичка ситуација, одржаните предвремени парламентарни избори, како и за очекувањата по изборите и можните коалицирања и обезбедувањето парламентарно мнозинство. Мицкоски потенцираше дека новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е крајно демократкси, модерен и напреден. Истиот ќе овозможи многу поголема рамноправност во сите структури на партијата, како и ќе ги ограничи т.н партиски функционери во однос на должината на мандатите, како и ингеренциите. "Партијата одлучи да направи нов статут кој ќе претставува едно револуционерно, реформско и европско дело. Истиот е изработен по примерот на статутите на неколку сестрински партии од ЕПП, кои во изминатите години преку таквите статути создадоа силни партии кои сега раководат со државните институции. Голем број на ингеренции се изменети со новиот статут и истиот ќе даде поголема важност на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ. Овој статут по одредено време ќе докаже дека ВМРО-ДПМНЕ е крајно демократизирано", вели Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се води по европските принципи, вредности и се темели врз вистинските вредности кои се водилка на политичката партија. Со новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ се овозможува шанса секој еден член да придонесува онолку колку што сака, секој еден член да може да креира во партијата и да учествува во најразлични партиски структури, заврши Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-noviot-statut-na-vmro-dpmne-e-iskluchitelno-kvaliteten-i-reformski/feed/ 0
Експертите, познавачите и ветераните согласни: ВМРО-ДПМНЕ направи позитивен исчекор со реформата на Статутот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekspertite-poznavachite-i-veteranite-soglasni-vmro-dpmne-napravi-pozitiven-ischekor-so-reformite-na-statutot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekspertite-poznavachite-i-veteranite-soglasni-vmro-dpmne-napravi-pozitiven-ischekor-so-reformite-na-statutot/#respond Wed, 22 Jul 2020 10:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=379560

  Во време на партиското опаѓање и кризата што ги зафати политичките партии, во Македонија, Европа и светот, ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за реформи: реформи на партиското организирање и реформи во политичкото дејствување, вели за Курир аналитичарот Сотир Костов, според кого за актуелните политички предизвици, на планот на партиско организирање, политичко дејствување и предлагање и реализирање на политики и мерки за нивно ефикасно спроведување, ВМРО-ДПМНЕ вчера и изненади со нов концепт на организирање, функционирање и водење делотворна политика. „Партијата вчера ги објави промените на партискиот статут, што значат суштинска реформа на организирањето и функционирањето на партијата, на нов начин, модерен и современ, на дејствување на членовите и функционерите на партијата – во самата партија, во институциите на системот во државата и на јавната, домашна и меѓународна, политичка сцена. Опсегот на предложените мерки е широк, а содржината на високо ниво на квалитет. Се менува статутот на партијата при што  се проширува и зацврстува внатрепартиската демократија, се воведуваат нови тела на организирање(Совет наинтелектуалци, ветерани на партијата) и дејствување и се ограничуваат мандатите. Унапредена е внатрепартиската демократија: непосреден избор на кандидатите за градоначалници и советници и подемкратски избор на претседателите на општинските комитети. Воведен е нов и вистински вредносен систем за ликот и активноста на секој член: способностите, умеењето и капацитетите на поединецот се ставени на преден план. Притоа решавачка да биде довербата кај членството, личниот углед и минатиот труд. За мене оваа мерка и новина е и најважна: Се воведува вредносен систем во кој принципите се се. Тоа значи преку искреност, чесност, интегритет и одговорност, ќе се гради доверба кај членството, симпатизерите и граѓаните избирачи, “ посочува Костов за Курир. Од  рестриктивните мерки треба  да се истакнат ограничување на мандатите на претседателот на општинскиот комитет и на претседателот на партијата, цени поранешниот јавен обвинител, чин кој значи побрз и поредовен проток на способни кадри и свежи идеи, проекти и концепти. „Тоа еден вид зајакнување на внатрепартиската динамика и динамизирање и планирање на активноста(визија, идеи, проекти, мерки, цели) во период од два циклуса – 4 плус 4 години. Сосема доволно да се создаде визија, да се предложат нови идеи, да се воведат иновативни и креативни алатки, преку кои ќе се спроведуваат мерки, проекти и цели, а притоа тие да бидат ефикасни и делотворни“, посочува аналитичарот. „Сето ова за мене е целосна реконцептуализација на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и активен и доминантен чинител, како во внатрешната политика, така и на планот на активноста и настапот на Македонија на меѓународен план. Со  овие реформски зафати, сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ го издига на многу повисоко ниво демократските способности и натпреварувачкиот карактер и способностите на членовите и партиските раководители, но и партијата во целост. Тоа мора да резултира со поголем политички и демократски натпреварувачки капацитет на политичката сцена, поголема и помоќна презентација од и кон граѓаните избирачи, и подобра подготвеност и позиција за политичко и демократско договарање“, оценува Костов во изјавата за Курир. Тој смета дека со обзнанувањето на овој нов концепт на организирање и политичко настапување и  дејствување, ВМРО-ДПМНЕ ги издигна на највиско ниво четирите димензии и чинители на нова модерна партија: ја зајакнува политичката натпреварувачка способност, наспротив партиската затвореност;  овозможува многу поголема достапност(медиуми, граѓани, јавност) наспротив енкапсулацијата;  ја зајакнува пресудноста како политички субјект, наспротив маргинализацијата и нерелевантноста; и конечно се справува со ранливоста(внатрпартиски тензии и одбивање на надворешните деструктивни неосновани напади), а ја зголемува отпорноста и сигурноста на демократското дејствување. Новите промени и според првиот генерален секретар на партијата, Борис Змејковски,  се повеќе од потребни.   Според Змејковски, со Унијата на ветерани се дава должна почит на оние кои го понесоа првиот товар во Македонија и оние кои се бореа за идеалите на државата и партијата. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ, вели Змејковски, за многубројното членство значи споделување на заедничката идеологија. Со новиот Статут, вели Змејковски за Курир,  се демократизира партијата и се доведува на ранг на европските партии . И поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник, Антонио Милошоски, согласен дека дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ од страна на Централниот комитет претставуваат негова модернизација и заслужуваат да бидат поздравени. „Значаен чекор напред во непосредната внатрепартиска демократија е воведувањето на непосреден избор од страна на членството на идните кандидати за општински советници, и идните кандидати за градоначалници. Минатиот труд, личниот углед, довербата кај членството и капацитетот на кандидатот да се носи со обврските на овие позиции ќе добијат на тежина“, посочува Милошоски. Позитивно го оценува и чинот на ограничување на мандатот ан претседателот на партијата. „Формирањето на Форум на интелектуалци како и Унија на ветерани е многу корисно бидејќи овие две тела се очекува да го зголемат опсегот на делување во рамките на своите целни групи и од истите да се добиваат корисни идеи, проекти и совети, посочи Милошоски, според кој титуларните функции “почесен претседател, почесен градоначалник, почесен премиер” и слично, немаат некоја суштинска кадровска улога и подобро е за секого честа да си ја задржи кај членството и граѓаните, наместо истата да биде врамена во плакета . И еден од основачите на партијата, Мане Јаковлески, изјави дека од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ до денес се бараше начин како да се зајакне учеството на секој еден член во крајната партиска политика, што се постигна со новиот Статут. Донесен е најдемократскиот статут на ВМРО-ДПМНЕ, остварена е мислата на Драган Богдановски и на сите основачи кои прерано не напуштија, но и на сите нас кои со помош на Христијан Мицкоски дојдовме до тука, посочи Јаковлески. Потенцира и дека статутот кој вечерва беше изгласан е на ниво на статутите на ЦДУ и другите наши сестрински партии. „Мицкоски со статутот ја враќа Унијата на Ветерани и овозможува, ние Ветераните преку една клетка, еден партиски орган унисоно да делуваме и твориме. Македонија во ВМРО-ДПМНЕ со овој статут ја доби најдемократската партија. Партија која ја гарантира родовата застапеност, младинската вклученост и почитта кон основачите и ветераните“, вели Јаковлески.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekspertite-poznavachite-i-veteranite-soglasni-vmro-dpmne-napravi-pozitiven-ischekor-so-reformite-na-statutot/feed/ 0
Милошоски: Дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ претставува модернизација и внатрепартиска демократија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dopolnuvanjata-na-statutot-na-vmro-dpmne-pretstavuva-modernizacija-i-vnatrepartiska-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dopolnuvanjata-na-statutot-na-vmro-dpmne-pretstavuva-modernizacija-i-vnatrepartiska-demokratija/#respond Wed, 22 Jul 2020 09:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=379498

Дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ од страна на Централниот комитет претставуваат негова модернизација и заслужуваат да бидат поздравени, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. -Значаен чекор напред во непосредната внатрепартиска демократија е воведувањето на непосреден избор од страна на членството на идните кандидати за општински советници, и идните кандидати за градоначалници. Минатиот труд, личниот углед, довербата кај членството и капацитетот на кандидатот да се носи со обврските на овие позиции ќе добијат на тежина. -Ограничувањето на мандатите на Претседателот на партијата и претседателите на ОК е нов значаен исчекор, со кој за прв пат актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ става до знаење дека долговечноста на партиската функцијата не е цел сама за себе, туку дека партијата има доволно ресурси за редовно освежување на кадровските постави. Ваквиот циклус ќе внесува нова внатрепартиска динамика и кадровски натпревар, што ќе биде значајна демократска алатка за мотивација на активните членови. - Формирањето на Форум на интелектуалци како и Унија на ветерани е многу корисно бидејќи овие две тела се очекува да го зголемат опсегот на делување во рамките на своите целни групи и од истите да се добиваат корисни идеи, проекти и совети. - И за крај, во рамките на секоја партија или држава, сосема доволна чест, обврска и престиж е некој да биде претседател на партијата, на државата, на владата, градоначалник или министер, па затоа титуларните функции "почесен претседател, почесен градоначалник, почесен премиер" и слично, немаат некоја суштинска кадровска улога и подобро е за секого честа да си ја задржи кај членството и граѓаните, наместо истата да биде врамена во плакета, вели во својата објава Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-dopolnuvanjata-na-statutot-na-vmro-dpmne-pretstavuva-modernizacija-i-vnatrepartiska-demokratija/feed/ 0
Усвоен нов статут на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-nov-statut-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-nov-statut-na-uklo-bitola/#respond Wed, 11 Jul 2018 13:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=75623

Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, го усвои новиот Статут на УКЛО-Битола. Од УКЛО-Битола информираат дека новиот Статут е усогласен со Законот за високото образование, во соодветна простапка и по е спроведена утврдена процедура. - Пред денешното усвојување на новиот Статут претходеше зголемената динамика на органите и телата на УКЛО, спроведена јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат предлози и мислења. По завршувањето на оваа фаза Комисијата за нормативна дејност прифати Предлог-Статут на УКЛО, кој потоа беше утврден од Ректорската управа, а сега веќе усвоен и од Сенатот, информираат од УКЛО-Битола. Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во предвидениот рок ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија кое со одлука дава согласност на Статутот. Според ректорот Сашо Коруновски, усвојувањето на Статутот е особено важно за УКЛО, зашто го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование, обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-nov-statut-na-uklo-bitola/feed/ 0
УКИМ ќе го менува Статутот за да се усогласи со новиот закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukim-kje-go-menuva-statutot-za-da-se-usoglasi-so-noviot-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukim-kje-go-menuva-statutot-za-da-se-usoglasi-so-noviot-zakon/#respond Sat, 05 May 2018 10:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=50213

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во рок од три месеци треба да направи промени на Статутот со што ќе се усогласи со Законот за високо образование, што го изгласа Собранието пред три дена како дел од пакетот реформски закони. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски денеска изјави дека периодот за усогласување е кус и оти секогаш има можност за подбрување на секој закон. - Како Универзитет имаме законска обврска да се усогласиме со новиот Закон. Тоа значи дека во најскоро време треба да направиме промени, во рок од три месеци, што сметам дека е малку време да се усогласиме со новиот Закон односно да направиме промени во Статутот, изјави  Јанкуловски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Денот на високото образование на УКИМ што се одржува во кампусот на техничките факултети. Главни цели на Законот за високо образование, што беше усвоен пред три дена  од Собранието како дел од пакетот на реформски закони, се квалитетот на образованието и автономија на универзитетите. Новини што ги донесува законот се формирање агенција за квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одборот за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми). Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите – од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор – со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати. За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образование, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukim-kje-go-menuva-statutot-za-da-se-usoglasi-so-noviot-zakon/feed/ 0
Мицкоски: Очекувам до крајот на овој месец, евентуално средината на февруари да заврши процесот за промена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ochekuvam-do-krajot-na-ovoj-mesec-eventualno-sredinata-na-fevruari-da-zavrshi-procesot-za-promena-na-statutot-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ochekuvam-do-krajot-na-ovoj-mesec-eventualno-sredinata-na-fevruari-da-zavrshi-procesot-za-promena-na-statutot-na-vmro-dpmne/#respond Fri, 12 Jan 2018 22:21:22 +0000 http://kurir.mk/?p=10193

Во вечерашното интервју на телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека промената на статутот на партијата има еден претходен процес, а тоа е процес кога мора да имаме одредена навигација, во кои делови и што сакаме да промениме во статутот. -Вие не можете да влезете во една авантура, да менувате во статутот поедини делови ако не знаете кој ќе биде резултатот на крај и што ви е на вас навигацијата во сето тоа. Поради тоа ние во изминатиов период, успеавме да добиеме статут и на неколку наши сестрински партии од Германија, Австрија, Франција, од соседството, Хрватска, Словенија, соседна Србија и Бугарија, уште неколку статути. Истите тие се анализираат, работни групи и статутарната комисија работат на изедначување на она што се вели наша желба и она што е реалност, изјави Мицкоски. Мицкоски кажа дека изборот на лидер не е дел кој треба да се менува во статутот, тој секако е демократски според него. -Суштината е како ние структурите во пониските нивоа од партијата, како општинските комитети бидат избрани на директни, на непосредни избори од страна на членовите на партијата. Така што, можеби ние тука би интервенирале за да го зголемиме нивото односно демократскиот капацитет за избор на партиските функционери во општинските комитети ширум Македонија. Можеби тука би интервенирале, бидејќи гледаме дека сестринските партии во таа насока го гледаат начинот на избор на претседателите на општински комитети, тие различно се викаат во различни држави, изјави Мицкоски. Тој напомена дека тука ја гледа потребата за менување на статутот на ВМРО-ДПМНЕ. -Просецот трае, не е завршен, очекувам да заврши крајот на овој месец, евентуално средината на февруари. Јавноста ќе биде запознаена со сите статутарни измени, во кој дел е интервенирано. ВМРО-ДПМНЕ во минатото беше пионер на сите иновации што се однесуваат на политичката сцена, еве прва партија која што целосно влегува во едно зголемување на демократскиот капацитет на тој документ. Така што, мислам дека треба да бидеме пример и останатите политички субјекти да го следат тој пример, а ќе имам една јавна презентација пред вас новинарите, еден брифинг, чисто да се знае во кој дел ние имаме интервенирано, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ochekuvam-do-krajot-na-ovoj-mesec-eventualno-sredinata-na-fevruari-da-zavrshi-procesot-za-promena-na-statutot-na-vmro-dpmne/feed/ 0