ставрев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jan 2020 09:45:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ставрев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судство пуштено на најјако со предизборно „ТНТ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudstvo-pushteno-na-najjako-so-predizborno-tnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudstvo-pushteno-na-najjako-so-predizborno-tnt/#respond Wed, 15 Jan 2020 09:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=289906

Случајот ТНТ и официјално почна од почеток, иако е неизвесно на кој начин ќе почне судскиот процес ТНТ. Адвокати на обвинитите реагираат на бројни пропусти во досегашното водење на рочиштата. Како пример го наведуваат тоа што на голем дел од доказите на судењата биле читани само насловите, што за нив е неприфатливо. Затоа доколку денес има рочиште, одбраната и обвинетите заедно ќе одлучат за барањето на судијата процесот да се врати на повторно судење, но без повторно изведување на доказите туку само нивно читање. За адвокатот Страшевски подобро да се изведат повторно, но ќе прифати како ќе одлучи мнозинството и нема да прави опструкции. Има два начини. Едно да се изведат, второ да се читаат. По мене подобро да се изведат повторно меѓутоа ако се согласат сите и јас би се согласил, затоа што јас на пример само два часа имав извршено увид во постапката и од доказите не знам ништо. И едното и другото како ќе одлучат мнозинството јас ќе прифатам, нема да правам опструкции, зашто во интерес ни е да ја докажеме правдата и вистината, изјави Страшевски Судијата Огнен Ставрев најави дека случајот се враќа од почеток со нови поротници. На вчерашното рочиште единствено не беше присутен поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски. Неговиот адвокат рече дека преку неговата сопруга бил известен дека не добил уредна покана. На тоа се спротистави судијата, кој убедуваше дека курир дошол во неговиот дом, но оти никој не му отворил. Затоа судијата нареди Трајковски утре да биде стражарно доведен во судот.Трајковски самиот се појави денеска во судот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudstvo-pushteno-na-najjako-so-predizborno-tnt/feed/ 0
Милошоски: Судскиот совет да поведе постапка за несовесно работење на судијата Ставрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-sudskiot-sovet-da-povede-postapka-za-nesovesno-rabotenje-na-sudijata-stavrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-sudskiot-sovet-da-povede-postapka-za-nesovesno-rabotenje-na-sudijata-stavrev/#respond Tue, 14 Jan 2020 09:34:04 +0000 https://kurir.mk/?p=289354

Антонио Милошоски преку својот Фејсбук профил побара преземање на постапка против судијата Ставрев. За повторување на постапката на случајот „ТНТ“, Републичкиот судски совет (РСС) треба да поведе постапка за нестручно работење на судијата Ставрев, вели пратеникот Милошоски преку својот Фејсбук профил. „Деновиве случајот ТНТ освен по својата содржина, стана актуелен и по писмената оставка на судијата – поротник, заради спреченост преку истек на мандат и законски навршени години. Со тоа судењето почнува од почеток и ќе трае уште две години. И доколку се слушаат изјавите на странките во спорот и нивните застапници тогаш се извлекуваат различни заклучоци за тоа кој е одговорен за ваквиот пропуст во постапката. Но, законот за кривична постапка е прецизен и одговорноста за ваквиот суштински пропуст во судењето за предметот “ТНТ” ја лоцира кај судијата Огнен Ставрев, како претседател на судечкиот совет. Според членот 349 од ЗКП точно претседателот на судечкиот совет Ставрев имал одговорност да побара од претседателот на судот (Џолев) да определи еден или двајца судии – поротници како замена, доколку е веројатно дека главната расправа ќе трае подолго. А со толку многу докази, вештачења, бројот на обвинети и уште поголемиот број на сведоци, како и со имањето на податоците за возраста на поротничката, судијата Ставрев можел и морал да знае дека главната расправа за “ТНТ” ќе трае подолго. Затоа, повторувањето на постапката за „ТНТ” е исклучива грешка на судијата Ставрев, заради неговото лошо менаџирање и ненавременото и немарно вршење на судската функција во водењето на постапката. Согласно тоа, сега на потег е Републичкиот судски совет, кој согласно членот 75 од Законот за судовите, по иницијатива од Претседателот на РСС Киро Здравев, треба да поведе постапка за нестручно/ненавремено работење на судијата Огнен Ставрев. На таков начин судските тела самостојно ќе покажат капацитет за примена на законите кои се однесуваат на судиите и со тоа ќе ги намалат прозивките за „ветинг” кој други надворешни фактори би им го наметнувале на судиите како независна власт“, напиша Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-sudskiot-sovet-da-povede-postapka-za-nesovesno-rabotenje-na-sudijata-stavrev/feed/ 0