Ставрос Теодоракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Jan 2019 17:07:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ставрос Теодоракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Теодоракис: Нема да гласаме за доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-nema-da-glasame-za-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-nema-da-glasame-za-doverba-na-vladata/#respond Tue, 15 Jan 2019 17:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=152598

Лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис за време на обраќањето во грчкиот Парламент порача дека тој и неговите пратеници ќе гласаат против доверба на Владата, бидејќи во поголемиот дел од најважните или како што рече, СОС поглавја за земјата, Владата не постигнала успех, јави дописничката на МИА од Атина. -Нашата црвена линија беше само една. Не даваме глас за доверба на Владата. Тоа континуирано го повтори Политичкиот совет, го кажа во повеќе различни наврати и пратеничката група. Едногласно, сите пратеници. А тоа, неодамна беше ратификувано и на нашиот конгрес. Дека Река останува во опозиција и ненадејно не се претвора во власт. Не се спојува со никој, не го заменува Каменос додека одмора, не ги наградува грешките од толку години, рече Теодоракис и објасни дека до вчера сите во пратеничката група биле едногласни во однос на оваа одлука. Дел од говорот тој посвети на неговиот, сега веќе поранешен, сопартиец, Спирос Данелис кој откако реши да ја поддржи Владата беше избришан од пратеничката група на Река. -Она што го правите не е криминал, туку е нешто полошо, тоа е грешка. Во криминалот може да постои страст, може да има инстинкт, може да постои непромисленост. Но, во грешката има размислување, постои разгледување, постои пресметка, рече Теодоракис обраќајќи му се на Данелис. Во однос на обвинувањата дека пратеникот од Река бил поткупен, Теодоракис категорично демантираше. -Сакам да бидам категоричен. Не е поткупен. Ниту се пазареше за пари, ниту за фотелја. Сигурен сум за тоа. Но, тоа не ја прави помала неговата грешка, објасни лидерот на Река.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-nema-da-glasame-za-doverba-na-vladata/feed/ 0
Теодоракис: Ако Каменос не го поддржи Договорот од Преспа, треба да се оди на избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-ako-kamenos-ne-go-poddrzi-dogovorot-od-prespa-treba-da-se-odi-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-ako-kamenos-ne-go-poddrzi-dogovorot-od-prespa-treba-da-se-odi-na-izbori/#respond Thu, 13 Sep 2018 14:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=100508

Без поддршка од коалициониот партнер Независни Грци, не постои владино мнозинство и потребни се избори, смета лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис во однос на несогласувањата во грчката Влада околу Договорот од Преспа. - Ако господинот Каменос и Независни Грци не ја поддржат одлуката на Владата за македонското прашање, јасно е дека не постои Влада, јасно е дека не постои владино мнозинство и треба да одиме на избори, рече Теодоракис и објасни дека сите овие години што се во политиката го прават она што е патриотски правилно, а нивната политика не ја идентификуваме со СИРИЗА и Независни Грци. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прес-конференцијата во рамките на 83. Меѓународен саем во Солун, првиот човек на Река, прашан за договорот меѓу Македонија и Грција, се осврна на ширењето на исламизмот,  но и на Турција на Балканот. - Турците ги модернизираат двата аеродрома кај нашите соседи, во Скопје и Охрид и имаат многу конкретно барање до владата на Скопје, да изградат воена авионска база. Поставив едно прашање до сите и не добив одговор од никој. Ќе го дозволиме тоа? Ќе дозволиме проширување на исламскиот лак во Скопје, во Албанија?, го повтори Теодоракис неговиот став и додаде дека според него, „Грција треба да ги предводи напорите на малите балкански земји да ја сретнат Европската унија“. Лидерот на партијата Река, во почетното обраќање пред новинарите, говореше за промените што треба да се направат во Грција, во повеќе области, но и дека на земјата и е потребна патриотска политика. - Што можеме да промениме? Потребна ни е патриотска политика. Не моја и твоја, туку заеднички исцртана или барем по еден елементарен консензус. Бренд името Македонија, во културата во производите, се должи на грчката Македонија. Да одиме напред, без страв. Грција што ја сакаме е орел, не е ној, рече Теодоракис, на почетокот од прес конференцијата, пренесе МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teodorakis-ako-kamenos-ne-go-poddrzi-dogovorot-od-prespa-treba-da-se-odi-na-izbori/feed/ 0
Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-ustavite-lesno-se-menuvaat-no-ne-i-megjunarodnite-dogovori-so-eu-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-ustavite-lesno-se-menuvaat-no-ne-i-megjunarodnite-dogovori-so-eu-i-nato/#respond Tue, 24 Apr 2018 12:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=45397

Некои устави можат лесно одново да се сменат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис и додава дека Движењето за промена, во чија коалиција е и неговата партија, бара решение со сложено име за севкупна употреба со конкретни гаранции врз основа на Меѓународен договор дека запира иредентистичката политика. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Теодоракис во интервју за грчкото радио 247, објасни зошто акцентот не го става на уставната ревизија, туку на еден договор со ЕУ и НАТО. - Некои устави може лесно да се сменат, посебно во Скопје, ги нема нашите одредби. Со едно мнозинство, утре, една „лоша влада“ може одново да го смени Уставот и повторно да има иреденистички глупости. Што не може да се промени? Не може да се промени Меѓународен договор на земјата со Европската унија и НАТО. Затоа ние бараме и мислиме дека е во интерес на Грците, нашите соседи, да се обврзат меѓу себе, туку да се обврзат со Европската Унија и НАТО, вели Теодоракис и објаснува дека со еден ваков договор, ако некој во иднина сака да смени нешто и да не ги задржи обврските, тогаш ја доведува во опасност позицијата во ЕУ и НАТО. Лидерот на Река, вели дека треба да се реши проблемот со името и изрази надеж дека доколку решението е патриотско и во рамките на позициите на партијата, тогаш може да добие поддршка од грчкиот парламент. - Ако решението е она што го побара Река, а да бидеме искрени тоа е и решение што го бара мнозинството од политичкиот систем, затоа што нашето решение е решението што го има кажано и Бакојани и СИРЗА, тоа е решение, да речеме патриотско. Ако дојде ова патриотско решение мислам дека ќе добие големо мнозинство во парламентот, вели Теодоракис за грчкото радио, пренесе МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-ustavite-lesno-se-menuvaat-no-ne-i-megjunarodnite-dogovori-so-eu-i-nato/feed/ 0
Коѕијас, Венизелос и Теодоракис ги детализираа позициите: Промена на Уставот, име без превод за севкупна употреба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-venizelos-i-teodorakis-gi-detaliziraa-poziciite-promena-na-ustavot-ime-bez-prevod-za-sevkupna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-venizelos-i-teodorakis-gi-detaliziraa-poziciite-promena-na-ustavot-ime-bez-prevod-za-sevkupna-upotreba/#respond Wed, 28 Mar 2018 10:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=33857

За прашањето со името, можностите за решение и договорот што најмногу би и одговарал на Атина, говореа шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис на презентацијата новата книга под наслов „Македонското прашање“, на историчарот, писател, поранешен советник на неколку грчки премиери и поранешен претседател на грчкото „Друштво за македонски студии“ Никос Мерѕос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, темата на книгата, во комбинација со актуелноста на проблемот со името и преговорите што се во тек, беа повод говорниците да се осврнат на грчките позиции и перспективите за договор. Во преполниот амфитеатар во една од зградите на Министерството за надворешни работи на Грција, тројцата грчки политичари детално и опширно се осврнаа на спорот со името, а во однос на позициите и Коѕијас и Венизелос и Теодоракис, со идентичен став: сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав. Шефот на грчката дипломатија, во неговиот речиси 40 минутен говор, направи историска ретроспектива на проблемот со името, рече дека географската област Македонија не и припаѓа само на Грција, туку на четири држави, Објасни дека името Македонија за нашата земја постои 70 години, како дел од различни политички ентитети. Никос Коѕијас, ги повтори позициите на официјална Атина за сложено име со географска одредница, без иредентистички елементи, што нема да навреди ниту една од двете страни. Секако, не испушти да спомене дека неопходна е и промена на македонскиот Устав. Поранешниот претседател на ПАСОК, кој воедно беше и вицепремиер и министер за надворешни работи во претходната грчка Влада, Евангелос Венизелос, за прв пат рече дека името би требало да биде „по можност непреведено“, сложено за севкупна употреба, односно и во внатрешноста и во меѓународните и билатералните односи, дури и со оние земји кои веќе ја имаат признато Македонија под уставното име. Како професор по уставно право, Венизелос, детално и опширно ги анализираше правните и политички димензии на решението, односно како да се обезбедат правни и политички гаранции во евентуалниот договор меѓу двете земји. Тој смета дека еден Меѓународен договор, гарантиран од Советот за безбедност на ОН има поголема тежина, но вели дека сепак, потребни се и уставни промени во Македонија, пренесе МИА. Лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, рече дека е потребно да се изнајде решение, да не се повторат грешките од минатото и да се изгуби шансата што постои за затворање на проблемот. Упати критики до грчката Влада, велејќи дека наместо единствена позиција, има две и пол линии. Едната на премиерот, другата на министерот за одбрана и „една различна нијанса на министерот за надворешни работи во одбрана на линијата на премиерот“. Теодоракис ги повтори позициите на неговата партија, за сложено име со јасни обврзувања за отстранување на иредентизмот, особено од учебниците. Авторот на книгата, Никос Мерѕос, во кусото обраќање ја спомена посетата на групата македонски студенти на Солун, во март 2016 година. Околу 100 македонски студенти, заедно со седуммина  професори со цел подобро запознавање, градење доверба и пријателство, меѓу младите, но и воспоставување соработка меѓу академските заедници, беше во тридневна посета на грчкиот град, по покана на невладината „Друштво за македонски студии“, чиј прв човек, во минатото, беше токму Мерѕос.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-venizelos-i-teodorakis-gi-detaliziraa-poziciite-promena-na-ustavot-ime-bez-prevod-za-sevkupna-upotreba/feed/ 0
Теодоракис: Сакаме решение на спорот со името, но под одредени услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-sakame-reshenie-na-sporot-so-imeto-no-pod-odredeni-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-sakame-reshenie-na-sporot-so-imeto-no-pod-odredeni-uslovi/#respond Thu, 22 Mar 2018 12:35:07 +0000 http://kurir.mk/?p=32194

Сложено име за севкупна употреба, но и бришење на „агресивниот дух кон Грците“ од Уставот, учебниците и секојдневниот живот во соседната земја, се позициите на лидерот на партијата „Река“, Ставрос Теодоракис за прашањето за името. Во интервју за грчката телевизија „Скај“ Теодоракис вели дека неговата партија, како и Движењето за промена, во кое членуваат Река, заедно со ПАСОК, сакаат да се реши проблемот, „затоа што не е толку голем колку што го претставуваат“. Меѓутоа, тој поставува и одредени предуслови за решение. -Едно сложено име за севкупна употреба, паралелно со конкретни обврски од нашите соседи дека ќе има бришење во нивниот Устав и во учебниците. Многу инсистирам на учебниците затоа што тие ја градат свеста, дека од нивното секојдневие, од нивната култура, ќе се избрише овој агресивен дух кон Грците и кон грчката Македонија, вели Теодоракис за „Скај“. Лидерот на Река одби директно да одговори каква ќе биде позицијата доколку договорот дојде во грчкиот Парламент. Гласањето, според него, ќе зависи од самиот предлог и што тој точно ќе содржи, збор по збор, јави диписникот на МИА од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-sakame-reshenie-na-sporot-so-imeto-no-pod-odredeni-uslovi/feed/ 0
Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/#respond Mon, 12 Feb 2018 09:29:58 +0000 http://kurir.mk/?p=20650

Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу кои и прашањето за името и случајот со фармацевтската компанија Новартис. - Ние се осмелуваме и ја преземаме одговорноста и велиме дека го прифаќаме терминот Горна Македонија, непреведено како што им беше предложено на нашите соседи. Бараме да ги променат нивните учебници, бараме да се ослободат од иредентизми, но им велиме, кога сето ова ќе се направи, ќе си подадеме раце и ќе се договориме, затоа што како што рече Ками, а тоа важи и за нив и за нас: „Премногу ја сакам мојата татковина за да бидам националист“, рече Теодоракис. Во однос на протестите за „одбрана на Македонија“, лидерот на Река, истакна дека тие немаат никакви заеднички точки со говорниците и слоганите од собирите, со оние кои бранат „една исплашена Грција, Грција што секаде гледа заговори“. - Грција нема да доминира на Балканот затоа што ќе става вето. Ќе доминира, ако доминира, како примарна сила во економијата и културата, рече Ставрос Теодоракис, пренесува МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/feed/ 0