стечај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 09:35:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стечај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: ЕЛЕМ не одговара дали по стечајот на ЕЛЕМ ТУРС со новата фирма не директорува шоферот и другар на Васко Ковачевски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-elem-ne-odgovara-dali-po-stechajot-na-elem-turs-so-novata-firma-ne-direktoruva-shoferot-i-drugar-na-vasko-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-elem-ne-odgovara-dali-po-stechajot-na-elem-turs-so-novata-firma-ne-direktoruva-shoferot-i-drugar-na-vasko-kovachevski/#respond Sat, 15 Apr 2023 09:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=824199

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одгворарајќи на новинарско прашање по денешната пресконференција прашува дали ЕЛЕМ или сега ЕСМ фатени во зафати по теркот на мрачната приватизација, не одговараат дали на вработените 200 лица им е прекинато вработувањето на неопределено време и дали им се дадени договори за времено вработување по теркот „земи или остави“? Стоилковски исто така, потенцира дека тие не одговорија за долгот на ЕЛЕМ ТУРС кон 100-тина доверители? - И можеби најинтересно, од ЕЛЕМ или сега ЕСМ не одговорија дали од стечајот на ЕЛЕМ ТУРС не создадоа две нови фирми со иста дејност, едната водена од кадар на ДУИ а втората е доделена на СДС со директор личниот другар и шофер на Васко Ковачевски, до вчера, генерален директор на ЕЛЕМ? – вели тој. Стоилковски нагласи дека без овие конкретни одговори, ДУИ и СДС потврдуваат дека ЕЛЕМ ТУРС е уште една жртва на мрачната приватизација и обид туристичките капацитети на Попова Шапка, Маврово, во Дојран, Струга и Охрид, да завршат во партиски раце, потврдуваат раскрчмување на државниот имот од последната државна компанија, на штета на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-elem-ne-odgovara-dali-po-stechajot-na-elem-turs-so-novata-firma-ne-direktoruva-shoferot-i-drugar-na-vasko-kovachevski/feed/ 0
Бројот на барања за стечај во ЕУ во вториот квартал е зголемен за 2,2 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-baranja-za-stechaj-vo-eu-vo-vtoriot-kvartal-e-zgolemen-za-2-2-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-baranja-za-stechaj-vo-eu-vo-vtoriot-kvartal-e-zgolemen-za-2-2-otsto/#respond Fri, 19 Aug 2022 09:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=720947

За 2,2 отсто е зголемен бројот на пријави за стечај во Европската унија во периодот април-јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат. „Според сезонски прилагодените податоци, бројот на барања за прогласување банкрот во вториот квартал од 2022 година е зголемен за 2,2 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во еврозоната во однос на првиот квартал“, се вели во извештајот на агенцијата, без да се прецизираат бројки. Според Евростат, четврти квартал по ред се зголемува бројот на пријави за стечај. Латвија забележа најголем пораст на пријавите во извештајниот период, при што бројот на компании кои поднесоа барање за стечај скокна за 74,4 отсто. Следува Белгија која забележа раст од 14,7 отсто и Данска (11,9 отсто). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-baranja-za-stechaj-vo-eu-vo-vtoriot-kvartal-e-zgolemen-za-2-2-otsto/feed/ 0
Ел Салвадор оди во стечај, откако стана прва земја со биткоин за национална валута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/el-salvador-odi-vo-stechaj-otkako-stana-prva-zemja-so-bitkoin-za-nacionalna-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/el-salvador-odi-vo-stechaj-otkako-stana-prva-zemja-so-bitkoin-za-nacionalna-valuta/#respond Sun, 15 May 2022 21:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=677124

Биткоинот и другите криптовалути сè уште не се опоравија од неодамнешниот пад и единствената земја во светот која целосно ги легализира криптовалутите како средство за плаќање - Ел Салвадор, може да банкротира. Минатиот септември, салвадорскиот претседател Најиб Букеле објави дека земјата ќе биде првата што ќе го прифати биткоинот како законско средство за плаќање, заедно со американскиот долар. Ел Салвадор нема национална валута од 2001 година и наместо тоа го користи американскиот долар. Со префрлање на биткоин, тој стана неофицијална национална валута, иако жителите сè уште го претпочитаат американскиот долар во секојдневниот живот. Се проценува дека државата поседува 2.301 биткоини, што е околу 70 милиони долари по тековните цени. Но, по минатомесечните цени тоа би било околу 92 милиони долари, по цените во декември 2021 година околу 115 милиони долари по цените од минатиот ноември, кога биткоинот вредеше најмногу во историјата, до 156 милиони долари. Проблемот е очигледен - цената варира премногу, а нејзиниот остар пад сериозно ја поткопува финансиската стабилност на Ел Салвадор. Претседателот Букеле, сепак, не се откажува, па неодамна на Твитер објави дека Ел Салвадор купил 500 биткоини за 30.744 долари. Оттогаш цената уште повеќе падна (во моментот е околу 28.800 долари), па и после таа трансакција Ел Салвадор засега е во минус. За таа трансакција биле потрошени вкупно 15,37 милиони долари, а тие биткоини сега вредат околу 14,40 милиони долари. Ел Салвадор е единствената земја што го усвои биткоинот како своја официјална валута, еднаква на доларот, и почна да гради национална финансиска инфраструктура околу него. Тоа е воведено на прилично произволен начин, без собраниска расправа, консултации со синдикатите или деловните кругови. Практично диктаторски, но претседателот на Салвадор, Најиб Букеле сака да го нарекуваат „најкул диктатор на светот“. Во март годинава е најавено дека Ел Салвадор ќе издаде т.н вулканска обврзница да собере 1 милијарда долари за да се изгради Биткоин Сити. Тоа треба да биде град во кој биткоинот ќе се „рудари“ и треба да се одржуваат приходите од таа активност. Идејата е градот, и ископувањето биткоин во него, да се напојува со електрична енергија што ќе се добие со користење на геотермална енергија од еден од дваесетина вулкани во Ел Салвадор. Накратко, Букеле планира целосно да ја врзе судбината на целата земја и нејзините 6,5 милиони жители со судбината на биткоинот. Ако неговата цена порасне во следните десет години, сѐ ќе биде во ред. Ако падне, Ел Салвадор ќе банкротира. На почетокот на овој месец, кредитната агенција Мудис го намали рејтингот на Ел Салвадор за две нивоа, на Caa3 со негативни прогнози. Тоа е длабоко во статусот „ѓубре“ и претставува висок кредитен ризик, т.е. висок ризик од банкрот. Во јануари 2023 година, Ел Салвадор треба да собере 800 милиони долари во обврзници, што значи дека државата потоа ќе треба да им ја плати таа сума на инвеститорите. Доколку не го стори тоа, започнува 30-дневен грејс-период во кој се уште може да го плати долгот, по што следува стечај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/el-salvador-odi-vo-stechaj-otkako-stana-prva-zemja-so-bitkoin-za-nacionalna-valuta/feed/ 0
Компанијата задолжена за гасовод меѓу Русија и Германија оди во стечај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-zadolzena-za-gasovod-megju-rusija-i-germanija-odi-vo-stechaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-zadolzena-za-gasovod-megju-rusija-i-germanija-odi-vo-stechaj/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=653272

Компанијата „Северен тек 2“, задолжена за истоимениот гасовод меѓу Русија и Германија, наскоро ќе покрене стечајна постапка, изјави лидерот на компанијата Матијас Варниг за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“. Непосредно пред рускиот напад на Украина, Германија го стопираше проектот. САД воведоа санкции за компаниите и највисоките членови на управата, додека самата компанијата потоа ги отпушти сите вработени. Германскиот канцелар Олаф Шолц на 22 февруари соопшти дека Германија го суспендира „Северен тек 2“ како одговор на руското признавање на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина. Шолц побара од германското регулаторно тело да ги прекине постапките за обезбедување на потребните дозволи за негова изградба. Украина и САД го поздравија таквиот потег на Берлин, а следниот ден американскиот претседател Џо Бајден нареди воведување санкции против „Северен тек 2“ и целосната управа на компанијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-zadolzena-za-gasovod-megju-rusija-i-germanija-odi-vo-stechaj/feed/ 0
Компанијата која ги произведува „Моцарт куглите“ поднесе барање за стечај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-koja-gi-proizveduva-mocart-kuglite-podnese-baranje-za-stechaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-koja-gi-proizveduva-mocart-kuglite-podnese-baranje-za-stechaj/#respond Tue, 30 Nov 2021 09:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=601792

Компанијата „Салцбург чоколадо“, позната по производство на „Моцарт куглa“, поднела до судот барање за стечај. Поради овој неочекуван потег, синдикалците заедно со работниците и менаџментот планираат да разговараат за ситуацијата и да ги информираат вработените. Иако изминатите години, компанијата бележи добивка, минатата година од пандемијата била тешко погодена. Поради намалениот број на туристи, манифестации и прослави дошло до пад на продажбата на чоколадите, а со тоа и на познатите „Моцарт кугли“. Падот на заработката малку бил компензиран во новата работна година, но недоволно за да се покрие огромната загуба. -Актуелниот локдаун и значителниот раст на цените на суровините, енергијата, платите, логистичките трошоци, материјали за пакувањето се само дел од причините, вели директорот Кристијан Шигерл додавајќи дека компанијата на вработените не може да им ги исплати ноевмриските плати, ниту божиќниот додаток. Компанијата е основана во 1897 година под името „Рајсигл фабрика за слатки“ во Салцбург, а потоа е преселена во 1956 година во Гредиг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompanijata-koja-gi-proizveduva-mocart-kuglite-podnese-baranje-za-stechaj/feed/ 0
Во Германија предупредување за бран стечаи на компании поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-predupreduvanje-za-bran-stechai-na-kompanii-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-predupreduvanje-za-bran-stechai-na-kompanii-poradi-pandemijata/#respond Sat, 02 Jan 2021 09:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=451239

Претседателот на Германскиот институт за економски науки (DIW), Марсел Фрачер, очекува, како последица на кризата со коронавирусот, бран на стечаи на компании. „Вториот бран ќе биде потежок“, изјави тој за весникот „Аугсбургер алгемајне“. Колку подолго трае брано, вели тој, толку повеќе компании ќе ги достигнат границите на нивната способност да преживеат. „Прашањето не е дали бранот на инфекции ќе доведе до стечај на компаниите, туку кога“, подвлече Фрачер. Според германските медиуми, шефот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермаер, исто така, за агенцијата ДПА изјави дека очекува исчезнување на околу 600.000 работни места во Германија поради последици од Ковид-19. Според него, најтешко ќе бидат погодени секторот за воздушен транспорт и туризам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-predupreduvanje-za-bran-stechai-na-kompanii-poradi-pandemijata/feed/ 0
Кривична пријава за шест физички и пет правни лица од Прилеп, го оштетиле државниот буџет за околу 3,5 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-shest-fizichki-i-pet-pravni-lica-od-prilep-go-oshtetile-drzavniot-budzet-za-okolu-3-5-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-shest-fizichki-i-pet-pravni-lica-od-prilep-go-oshtetile-drzavniot-budzet-za-okolu-3-5-milioni-denari/#respond Sat, 17 Oct 2020 11:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=417527

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Т.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намерно предизвикување стечај“ и „оштетување и повластување на доверители“, против Е.Ц.(46), Ф.Т.(27), Е.Т.(30), О.Х.(33) и Д.Н.(27), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намерно предизвикување стечај“, во врска со „помагање“ и „оштетување и повластување на доверители“, во врска со „помагање“ и против пет правни лица од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намерно предизвикување стечај“ и „оштетување и повластување на доверители“. Како што информира МВР, во периодот од 2014 до 2019 во Прилеп, првопријавениот, како корисник на деловни простории под закуп, континуирано стопанисувал со два угостителски објекта. За да избегне плаќање на даноци, придонеси и други јавни давачки од дејноста која ја врши, тој основа фирми и подружници на две адреси на негово име и на други лица, ангажирани како помошен персонал, со намера да ги доведе во заблуда инспекциските органи дека врши дејност согласно законските прописи и дека води деловни книги, за да плаќа задолжителни обврски кон државата, даноци по разни основи. -Секогаш кога одредена фирма ќе создаде обврски за плаќање кон државата, прикажано во тековното работење или задолженија по извршени контроли од УЈП, тој секогаш располагал со нова фирма и дејноста ја префрлал и ја водел на новата фирма. Претходната фирма, оптоварена со обврски со помош на лицата на кои се регистрирани фирмите, со предлог за стечај, од причина што нема имот – се ликвидираат, или пак, остава Централен регистар по службена должност да ги избрише по член 552-а и 552-б од Законот за трговско друштво, со што била предизвикана вкупна материјална штета 3.464.054 денари на Буџетот на Република  Македонија, се вели во соопштението од МВР.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-shest-fizichki-i-pet-pravni-lica-od-prilep-go-oshtetile-drzavniot-budzet-za-okolu-3-5-milioni-denari/feed/ 0
Десетици компании во Јапонија во стечај поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-kompanii-vo-japonija-vo-stechaj-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-kompanii-vo-japonija-vo-stechaj-poradi-kovid-19/#respond Wed, 08 Apr 2020 09:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=329057

Најмалку 42 компании во Јапонија во февруари почнале стечајна постапка наведувајќи го како причина ширењето на новиот коронавирус, јави денеска јапонската државна телевизија. Вкупно 70 проценти од компаниите што се во стечај се од секторите туризам и угостителство. Јапонските власти воведоа вонредна состојба во седум региони, вклучувајќи ги Токио и Осака. Во нив живеат вкупно 55 милиони луѓе. Жителите беа замолени да не ги напуштаат своите домови без посебна потреба. Во Јапонија во моментов има повеќе од 5,1 илјади потврдени случаи на коронавирус, од кои околу 700 се патници и членови на екипажот на крузерот „Дајмонд принцес“. Повеќето случаи – 1,1 илјади, се меѓу жителите на Токио. Во Јапонија се регистрирани 109 смртни случаи од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-kompanii-vo-japonija-vo-stechaj-poradi-kovid-19/feed/ 0
Стечајните постапки во мирување додека трае вонредната состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stechajnite-postapki-vo-miruvanje-dodeka-trae-vonrednata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stechajnite-postapki-vo-miruvanje-dodeka-trae-vonrednata-sostojba/#respond Tue, 24 Mar 2020 06:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=321063

Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која стапува во сила Законот за стечај за време на вонредна состојба. Според Уредбата, сите почнати стечајни постапки – претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. -На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање стечајна постапка или поведување претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, наведува Владата]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stechajnite-postapki-vo-miruvanje-dodeka-trae-vonrednata-sostojba/feed/ 0
Вработените во Фени: Да се стави крај на стечајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-vo-feni-da-se-stavi-kraj-na-stechajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-vo-feni-da-se-stavi-kraj-na-stechajot/#respond Thu, 29 Nov 2018 11:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=133567

Да се стави крај на стечајот на ФЕНИ. Доста ни е неизвесност и несигурност. Не можеме да тргнеме напред се додека не излеземе од стечајот. Зошто непотребно се пролонгира стечајната постапка, се дел од пораките и барањата што вработени на ФЕНИ ги испраќаат до судот и надлежните органи. Неодамнешната одлука на судот за враќање на планот за реорганизација поднесен од ГСОЛ/ Еуроникел, а изгласан и потврден од 98 отсто од доверителите, предизвика големо разочарување кај вработени кои постојано се во исчекување на конечно решавање на нивната состојба и иднина. Затоа, непосредно пред новото рочиште во велешкиот суд, тие бараат да се стави крај на стечајот, да може ФЕНИ да работи во полн капацитет и со тоа да се подобри и нивниот статус. „И покрај тоа што редовно земаме плата, сепак не се чувствуваме ослободени од неизвесноста а како резултат на стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај кристално чистата ситуација. Посебно кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета по нас вработените, а и за самата компанија. Затоа, бараме од Судот и од надлежните органи што поскоро да се заврши стечајната постапка и оваа неизвесност за нашата иднина. Бараме сигурност и трајно вработување и нема да дозволиме ова измачување да продолжи и некој да си поигрува со нашите животи“, вели Трипче Силев вработен во ФЕНИ индустри. Работниците велат дека состојбата е далеку подобра од пред стечајот, но сепак стечајната постапка спречува за повисока плата и трајно вработување. „Работиме нормално и со нормално производство, плата се зема редовно а се исплаќа и К15. Единствен проблем ни претставува стечајот, имаме договори месец за месец, неизвесноста се одразува и на нас, никој не знае што ќе биде. Не е јасно зошто се одолговлекува толку долго кога новиот инвеститор ги има подмирено сите долгови кон вработените и доверителите. После излегување од стечајот за нас ќе следи трајно вработување и зголемување на платите, иако сега се далеку подобри од порано. Заради статусот ‘во стечај’ не може да се склучат долгорочни договори со соработниците и со тоа да се добие подобра цена. Се на се, стечајот лошо и негативно се одразува на се и сите поврзани со фабриката“, вели Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација на ФЕНИ индустри. „Работата и платите се нормализирани, но заради продолжувањето на стечајната постапка не можеме да тргнеме напред. Се сè одвива нормално, а нас не ни е јасно зошто стечајот толку се пролонгира. Се надеваме дека оваа неизвесност конечно ќе заврши и судот ќе го прифати планот за реорганизација, за да може да работиме со полна пареа“, вели Душко Јорданов, вработен во ФЕНИ. За синдикалната организација на ФЕНИ, одлуката на Апелацискиот суд да го врати планот назад во судот во Велес претставува играње со судбината на 800 вработени и со нивните семејства и загрозување на нивната егзистенција. „Во изминативе месеци, откако се појави новиот инвеститор, ГСОЛ, сите наши барања поврзани со вработените во Фени се исполнети, сите вработени се задржани на работа и редовно земаат плата. Тоа значеше дека стечајната постапка е успешна, фабриката рестартирана и немаше потреба целата постапка да почне одново. Најголемиот доверител во ФЕНИ, ГСОЛ, односно нивната компанија во Македонија, Еуроникел овозможи комбинатот да продолжи со работа. Редовно комуницираме и договараме конкретни чекори како да се постигне колективен договор и понатаму да се подобруваат работните услови и бенефиции. Единствена пречка во исполнување на овие барања, што се реткост некоја компанија во Македонија да ги има имплементирано, е се уште активниот стечај. Со излегувањето и официјално од стечајот, за нас се отвара можност заеднички да ги решаваме барањата со инвеститорот“, велат од синдикатот на ФЕНИ. Случајот на ФЕНИ индустри според многумина е издвоен како позитивна стечајна приказна затоа што штетата по работниците беше минимална, а истовремено се одвива производниот процес. Такво е мислењето и на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството– СИЕР. „Без оглед на сите проблеми, случајот на ФЕНИ мора да се издвои како најпозитивен споредено со сите други, бидејќи постапката се спроведе релативно брзо, без големи последици, а работниците останаа цело време на работа, редовно остваруваа приходи, ги наплатија сите неисплатени побарувања, така што штетата по нив беше навистина минимална. Работниците со нетрпение очекуваат да го заменат статусот на стечаен работник со редовен работен однос, тие не се чувствуваат ослободени од неизвесноста заради стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај толку чиста ситуација. Нејасно е зошто е пролонгирањето кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета на работниците и на фабриката“, вели Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-vo-feni-da-se-stavi-kraj-na-stechajot/feed/ 0