стечајна постапка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 13:06:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стечајна постапка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворена стечајна постапка за АД „Баргала“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-stechajna-postapka-za-ad-bargala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-stechajna-postapka-za-ad-bargala/#respond Mon, 08 May 2023 13:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=831838

Отворена е стечајна постапка за поранешниот гигант АД „Баргала“ - Штип што произведуваше чевли. Стечајниот управник на денешното судско рочиште во Основниот суд - Штип предложи на барање на доверителите стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип, бидејќи сметката е блокирана, а како побарувачи се јавуваат над 50 вработени, потоа АД „Македонија осигурување“ и Комерцијална банка, а на кои побарувањата од должникот АД „Баргала“ изнесуваат над 3,5 милиони евра. Судијата Емил Пилатов најави дека извештајот од денешното рочиште ќе се достави за три дена до странките во процесот. Стечајниот управник Пепи Панев вели дека според Законот за стечај, ќе тече рок од 45 дена за да подготви извештај. Во меѓувреме, очекува доверителите да ги пријават своите побарувања. Тој појаснува дека овој рок е од 15 дена од објавувањето на решението за отворање на стечајот. Првично е договорен датумот 4 јули за првата средба на Советот на доверители. Советот на доверители ќе се изјасни дали компанијата може да се реорганизира или имотот ќе оди на продажба. На ова рочиште ќе се решава и дали ќе остане стечајниот управник или ќе се бара друг појаснува судијата Емил Пилатов. Познатата штипска фабрика „Баргала“ - Штип пред една деценија беше гигант и имаше околу 1.400 работници, произведуваше чевли за познати светски брендови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-stechajna-postapka-za-ad-bargala/feed/ 0
Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка“ закажано на 8 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prvoto-rochishte-za-stechajnata-postapka-za-eurostandard-banka-zakazano-na-8-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prvoto-rochishte-za-stechajnata-postapka-za-eurostandard-banka-zakazano-na-8-oktomvri/#respond Mon, 17 Aug 2020 10:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=391578

Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје ќе ја води стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје, а првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври годинава, информираат денеска од Основниот граѓански суд Скопје. – Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ – 123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје. По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат, се вели во соопштението од Основен граѓански суд Скопје. Народната банка на 12 август годинава ја затвори „Еуростандард банка“ АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење и најави дека за неа од судот ќе побара стечајна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prvoto-rochishte-za-stechajnata-postapka-za-eurostandard-banka-zakazano-na-8-oktomvri/feed/ 0
Отворена стечајна постапка за штипската градежна компанија „Бетон“  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-stechajna-postapka-za-shtipskata-gradezna-kompanija-beton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-stechajna-postapka-za-shtipskata-gradezna-kompanija-beton/#respond Tue, 02 Jul 2019 15:03:07 +0000 https://kurir.mk/?p=214803

Судијата од Основниот суд во Штип, Маја Џорлева на денешното рочиште донесе одлука да се отвори стечајна постапка за компанијата „Бетон“ АД Штип. Оваа одлука доаѓа по барањето на тројца доверители, односно фирми. Според извештајот на привремениот стечаен управник, трите фирми од Бетон побаруваат над 76 милиони 760 илјади денари  или над 1.233.000 евра. Судијата и портпаролот на Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова изјави дека на денешното рочиште присуствувале доверителите кои го доставиле барањето и привремениот стечаен управник. -На денешното рочиште отворена е стечајна постапка врз имотот на должникот – градежната компанија „Бетон“ АД Штип. Оваа одлука за отворање на стечајна  постапка ќе биде објавена во Службен весник. Одлуката ќе биде објавена и на огласна табла во Основниот суд во Штип, а стечајниот управник ќе ја објави одлуката и во два весници, истакна Неткова. Откако судијата од Основниот суд во Штип ќе ја објави одлуката во Службен весник во рок од 15 дена, побарувања ќе може да достават и други фирми, банки, институции и вработени. Стечајниот управник во наредниот период ќе има задача да направи и попис на команијата „Бетон“ со цел да ја утврди неговата вредност со која ќе се подмируваат побарувањата кон доверителите. „Бетон“ од Штип во изминатите десет години беше еден од најголемите корисници на тендерите за проектот „Скопје 2014“. Градеше вкупно седум објекти, а заработи 55 милиони евра. Оваа фирма беше споменувана и во „бомбите“. Проблемите во градежната компанија почнаа од лани при изградбата на новата Клиничка болница во Штип, кога вработените ја прекинуваа работата заради неисплатени плати по што кон крајот на 2018 година, грчката фирма „Интеркат“ го раскина договорот со „Бетон“ кој во овој случај беше подизведувач во изградбата на болницата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-stechajna-postapka-za-shtipskata-gradezna-kompanija-beton/feed/ 0