Стефан Ловен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jul 2021 14:08:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стефан Ловен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефан Ловен повторно избран за шведски премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefan-loven-povtorno-izbran-za-shvedski-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefan-loven-povtorno-izbran-za-shvedski-premier/#respond Wed, 07 Jul 2021 14:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=533436

Шведскиот премиер, Стефан Ловен, денеска повторно е избран за премиер, добивајќи доволно голема поддршка на гласањето во парламентот, девет дена откако се повлече од функцијата откако му беше изгласана недоверба, јави ДПА. Ловен поднесе оставка минатата недела, откако парламентот му изгласа недоверба, откако една недела претходно поддршката му ја повлече партијата Левица по спорот околу изнајмувањето на нови згради. Лидерот на партијата Модерате, Улф Кристерсон, прв се обиде да формира нова влада, но не успеа, оставајќи му на Ловен повторно да ја преземе власта. Ова беше првпат еден шведски премиер да биде сменат со вакво гласање. Социјалдемократот Ловен (63) премиер на Шведска е од 2014 година, додаде ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefan-loven-povtorno-izbran-za-shvedski-premier/feed/ 0
Ловен доби мандат за нов обид да формира влада во Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loven-dobi-mandat-za-nov-obid-da-formira-vlada-vo-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loven-dobi-mandat-za-nov-obid-da-formira-vlada-vo-shvedska/#respond Thu, 01 Jul 2021 13:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=530592

Вршителот на должноста премиер на Шведска Стефан Ловен доби мандат уште еднаш да се обиде да формира нова влада, соопшти денеска претседателот на Парламентот, Андреас Норлен. Тој рече дека ќе биде можно да се гласа за новата влада следната недела. Претходно, кандидатот за нов премиер на Шведска, ултрадесничарот Улф Кристерсон објави дека се откажува од обидот за формирање влада по падот на левоцентристичката влада. – Парламентарни услови за формирање нова влада на десниот центар не постојат, потврди Кристерсон на прес-конференција. Со оглед на сегашниот парламентарен состав, се очекуваше Кристерсон да се избори да добие потребна парламентарна поддршка. Во неговиот последен обид да придобие некои членови на Парламентот да го поддржат, Кристерсон вчера вети амбициозен пакет реформи насочен кон рурален развој, кој беше одбиен од група центристи со што ги поткопаа неговите планови за формирање влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loven-dobi-mandat-za-nov-obid-da-formira-vlada-vo-shvedska/feed/ 0
Стефан Ловен реизбран за премиер на Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefan-loven-reizbran-za-premier-na-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefan-loven-reizbran-za-premier-na-shvedska/#respond Fri, 18 Jan 2019 09:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=153715

Шведскиот Парламент денеска го избра лидерот на Социјалдемократската работничка партија (САП), Стефан Ловен за премиер на Шведска, јави ДПА.
Со изборот на Ловен се става крај на четиримесечната политичка криза во која западна Шведска по изборите одржани лани во септември, на кои ниту еден од двата големи блока не освои мнозинство во Парламентот. Ловен, кој е на чело на шведската Влада од октомври 2014 година, по ланските избори поднесе оставка на функцијата и од тогаш беше вршител на должноста премиер. Реизборот на Ловен уследи откако минатата недела социјалдемократите постигнаа договор со Партијата на центарот и Либералите за формирање нова Влада. Партијата на центарот (Ц) и Либералите (Л) на септемвриските избори беа дел од десноцентристичкиот блок предводен од конзервативната Умерена партија (М) на Улф Кристершон, но претходниве месеци одбија да ги поддржат неговите обиди за формирање малцинска влада, која би зависела од поддршката на екстремо десничарската и антимигрантска партија Шведски демократи (СД). Согласно договорот, новата влада на Ловен ќе биде малцинска, составена од неговата САП и Еколошката партија на зелените (МП), но ќе биде поддржана од центристите и либералите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefan-loven-reizbran-za-premier-na-shvedska/feed/ 0
Шведскиот премиер бара крај на блоковската политика во Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-premier-bara-kraj-na-blokovskata-politika-vo-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-premier-bara-kraj-na-blokovskata-politika-vo-shvedska/#respond Thu, 27 Sep 2018 11:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=106882

Шведскиот в.д. премиер Стефан Ловен денеска изјави дека има подобрена политичка клима во земјата и дека може да се изнајде решение за состојбата која настана откако ниту еден од политичките блокови не успеа да обезбеди мнозинство на неодамнешните парламентарни избори. Ловен, кој ја предводи Социјалдемократската партија, остана на должноста премиер иако му беше изгласана недоверба во Парламентот, во кој претставник на конзервативната Умерана партија (Модератерна) беше избран за спикер. Добрите изборни резултати на десничарската националистичка партија Шведски демократи ги ослабнаа двете водечки групации - блоковите на социјалдемократите и на десниот центар и доведоа до политички застој. - Постојат многу потенцијални можности за излез од политичкиот ќорсокак. Тие предвидуваат да престанеме со блоковската политика и да овозможиме одделните партии да соработуваат меѓу себе, што може да се постигне доколку има малку повеќе волја меѓу лидерите, изајви Ловен, алудирајќи на можност за широка коалиција. И социјалдемократите и Модератерна имаат по неколку помали партии кои гравитираат околу нив и кои го надополнуваат нивното мнозинство во Парламентот. Блокот на Ловен имаше еден од историски најлошите резултати и освои 144 пратеници, додека блокот на Модератерна има 143, а СД располага со 62 мандати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-premier-bara-kraj-na-blokovskata-politika-vo-shvedska/feed/ 0
Шведскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Ловен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-parlament-mu-izglasa-nedoverba-na-premierot-loven/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-parlament-mu-izglasa-nedoverba-na-premierot-loven/#respond Tue, 25 Sep 2018 08:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=105582

Шведскиот Парламент денеска му изгласа недоверба на премиерот Стефан Ловен, јави ДПА. „За“ доверба на Ловен се изјаснија 142 пратеници од левицата, додека 204 претаставници на десноцентристичките партии и екстремистичката антимигрантска партија Шведски демократи гласаа „против“. Гласањето доверба на актуелниот премиер во Парламентот е задолжително по одржувањето парламентарни избори во Шведска. Согласно законот, гласањето се спроведува најдоцна во рок од две недели по конститутивната седница на новиот состав на Парламентот, која се одржа вчера. На изборите во Шведска на 9 септември левоцентристичкиот владејачки блок на Ловен освои 144 места, а десноцентристичката опозициска Алијанса -143 во 349-члениот Парламент. Со ваквиот распоред на силите партијата Шведски демократи, која има 62 пратеници, ќе има клучна улога во формирањето на новата влада по изгласаната недоверба на Ловен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-parlament-mu-izglasa-nedoverba-na-premierot-loven/feed/ 0
Шведскиот парламент утре ќе гласа за доверба на премиерот Стефан Ловен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-parlament-utre-kje-glasa-za-doverba-na-premierot-stefan-loven/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-parlament-utre-kje-glasa-za-doverba-na-premierot-stefan-loven/#respond Mon, 24 Sep 2018 15:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=105281

Шведскиот Парламент утре ќе гласа за доверба на премиерот Стефан Ловен по изборите од 9 септември. Според законот, гласањето треба да се одржи најдоцна во рок од две недели по првата седница на новиот состав на парламентот, која се одржа денеска. Новоизбраниот претседател на Парламентот Андреас Норлен соопшти дека на средба на шефовите на парламентарните групи било одлучено гласањето за доверба да се одржи утре во 09. 30 часот, по локално време. На изборите во Шведска на 9 септември левоцентристичкиот блок на Ловен доби 144 места, а десноцентристичката Алијанса - 143, во 349-члениот парламент. За смена на Ловен на Алијансата и треба поддршка од националистичката антиимигрантска партија „Шведски демократи", која има 62 пратеници. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskiot-parlament-utre-kje-glasa-za-doverba-na-premierot-stefan-loven/feed/ 0