стефан спировски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 04:59:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стефан спировски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефан Спировски ќе игра во кипарскиот шампионат https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefan-spirovski-ke-igra-vo-kiparskiot-shampionat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefan-spirovski-ke-igra-vo-kiparskiot-shampionat/#respond Thu, 06 Jul 2023 04:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=853320

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски немаше успешна епизода во Пјуник, па беше јасно дека ќе си замине од Ерменија и ќе побара нов предизвик во кој ќе ја врати кариерата на вистински пат. Тој од понудите кои стигнаа на негова адреса ја избра онаа од Кипар каде ќе игра за Етникос Ахна. Ова за него е враќање во оваа земја со оглед на тоа што во сезоната 2020/2021 настапуваше во АЕК Ларнака. Македонскиот репрезентативец во досегашната кариера освен во нашата земја има настапувано уште во Бугарија, Израел, Унгарија и Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefan-spirovski-ke-igra-vo-kiparskiot-shampionat/feed/ 0
Спировски потпиша за Пјуник https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-potpisha-za-pjunik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-potpisha-za-pjunik/#respond Fri, 02 Sep 2022 17:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=728008

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски како слободен играч се пресели во ерменскиот шампион Пјуник, откако претходно си замина од унгарски МТК. Спировски потпиша договор на една година со Пјуник, каде што ќе му се приклучи на уште еден македонски фудбалер Марјан Радески, па ќе играат заедно во групната фаза на Конференциската лига.
Овој 32-годишен фудбалер има богата интернационална кариера, односно играше за екипите на Мариупол, АЕК Ларнака, Ференцварош, Хапоел Тел Авив и други, додека во македонскиот шампионат го носеше дресот на Вардар, Пелистер и Работнички.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-potpisha-za-pjunik/feed/ 0
Спировски: Мора да ја одиграме нашата игра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-mora-da-ja-odigrame-nashata-igra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-mora-da-ja-odigrame-nashata-igra/#respond Thu, 07 Oct 2021 18:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=574959

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски смета дека во модерниот фудбал повеќе однапред впишани бодови за фаворитите. „Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел“, рече играчот од средниот ред на македонската фудбалска репрезентацијс. На претходните три натпревари Македонија одигра три ремија иако беше подобриот тим во дуелите со Ерменија, Исланд и Романија. „Во септемвриските дуели ни недостигаше малку среќа, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не нè посака. На тие три дуели можевме да освоиме сигурно четири бода повеќе“, додаде Спировски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-mora-da-ja-odigrame-nashata-igra/feed/ 0
Спировски уверен дека Македонија е на пат да направи нешто големо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-uveren-deka-makedonija-e-na-pat-da-napravi-neshto-golemo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-uveren-deka-makedonija-e-na-pat-da-napravi-neshto-golemo/#respond Wed, 22 Sep 2021 10:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=566821

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски е уверен дека националниот тим предводен од селекторот Благоја Милевски има сили и квалитет да се избори за уште едно учество на големо натпреварување. – Иако резултатски можеби не ги оправдавме очекувањата на македонските навивачи, сметам дека сме на вистински правец повторно да направиме нешто големо и Македонија да игра на големо натпреварување. Но, секако треба да сфатиме дека тимот е тој што го победува и најтешкиот и најсилниот противник. Ако сите се ставиме во функција на тимот и дишеме како едно тогаш сме на правиот пат, изјави Спировски за веб-страницата на ФФМ. Тој е задоволен од соработката со новиот селектор за кого има само пофални зборови. – Прв пат сме заедно, но веднаш се забележува неговата принципиелност во работата, како тренер, но и како човек, а тоа го потврдуваат и моите колеги кои веќе работеле со него. Мислам дека како тим ќе соработуваме добро во иднина. Спировски истакнува дека подготовката за натпреварите е она што посебно ги прави задоволни фудбалерите во репрезентацијата, а се однесува на тактичката анализа за натпреварите, инструкциите кои ги добива секој фудбалер посебно и анализа на противникот до најситните детали. – Подготовката за натпреварите е различна. Ние знаеме дека секој тренер има свој методи на работа. Овој селектор и неговите соработници ни ги доловуваат и најситните детали. Се внимава и посветува внимание на секој сегмент од играта, од недостатоците и слабите страни на противникот, па сè до нашата поставеност. Секој од нас знае што треба да прави на кој било дел од теренот, додава Спировски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-uveren-deka-makedonija-e-na-pat-da-napravi-neshto-golemo/feed/ 0
Стефан Спировски: Веруваме во себе и спремни сме https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefan-spirovski-veruvame-vo-sebe-i-spremni-sme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefan-spirovski-veruvame-vo-sebe-i-spremni-sme/#respond Fri, 28 May 2021 16:01:39 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516211

Фудбалерот на македонската фудбалска репрезентација и член на АЕК Ларнака Стефан Спировски, вели дека не чувствуваат посебен притисок заради учеството на ЕП, туку веруваат во себе и се подготвени одново да ја израдуваат Македонија. „Сите собири со репрезентацијата ни се исти, немаме никаков притисок дека сега се подготвуваме за ЕП. Првпат сме на ваков собир и ова голем момент за сите нас и со нетрпение го очекуваме. Немаме поголем притисок, веруваме во себе и спремни сме да ја израдуваме нацијата. Еуфоријата од претходните успеси е веќе минато за нас, сега се стремиме кон нови цели. Добро се подготвуваме, пред дебито ќе одиграме две пријателски средби и чекор по чекор и со малку среќа зошто и да не ја поминеме групата. Искрено немам посебна трема, можеби само таа позитивната. Ќе одиме таму и ќе уживаме на натпреварите и ќе пробаме да оствариме што подобар резултат и да се вратиме задоволни и радосни од тоа натпреварување“, рече Спировски]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefan-spirovski-veruvame-vo-sebe-i-spremni-sme/feed/ 0
Спировски: Целосно сме фокусирани на Лихтенштајн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-celosno-sme-fokusirani-na-lihtenshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-celosno-sme-fokusirani-na-lihtenshtajn/#respond Wed, 10 Oct 2018 06:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=113092

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Стефан Спировски, дуелот со Лихтенштајн го гледа како убава можност да се продолжи победничката серија во групата од Лигата на нации. Тој вели дека националниот тим подготвен ќе го дочека саботниот дуел. - Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата, изјави Спировски за веб страницата на ФФМ. Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври со почеток во 20:45 на „Филип Втори“. По првите две рунди во Група 4 Дивизија Б, Македонија води со шест бодови, Лихтенштајн и Ерменија имаат по три, Гибралтар е без освоен бод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-celosno-sme-fokusirani-na-lihtenshtajn/feed/ 0