стефано пиоли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 06:30:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стефано пиоли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пиоли за ремито со Борусија: Создававме шанси, но ни недостасуваше ефикасност https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-za-remito-so-borusija-sozdavavme-shansi-no-ni-nedostasuvashe-efikasnost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-za-remito-so-borusija-sozdavavme-shansi-no-ni-nedostasuvashe-efikasnost/#respond Thu, 05 Oct 2023 06:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=885357

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги искажа своите впечатоците по синоќешните 0:0 со Борусија Дортмунд во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. - Во првото полувреме не игравме многу технички. Потоа имавме неколку шанси, но ни недостасуваше ефикасност. Штета, сакавме да победиме. Тоа беше вистински натпревар од европските купови, со многу светли моменти. Се обидуваме да ги преточиме нашите идеи во игра, во Европа темпото на натпреварите е високо. Борусија Дортмунд има силен тим, но ние направивме добра работа, изјави Пиоли по натпреварот. На другиот натпревар од 2. коло во групата Ф, Њукасл го победи ПСЖ со 4:1. Њукасл е прв со 4 бода, ПСЖ има 3, Милан 2, Борусија Дортмунд 1. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-za-remito-so-borusija-sozdavavme-shansi-no-ni-nedostasuvashe-efikasnost/feed/ 0
Пиоли: Јувентус е фаворит за освојување на Скудетото https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-juventus-e-favorit-za-osvojuvane-na-skudetoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-juventus-e-favorit-za-osvojuvane-na-skudetoto/#respond Sat, 30 Sep 2023 04:02:16 +0000 https://kurir.mk/?p=883468

Тренерот на фудбалскиот клуб Милан Стефано Пиоли го смета Јувентус за фаворит во трката за титулата во Серија А. Во калчо лигата веќе се одиграни шест кола по кои лидери се миланските ривали Интер и Милан со по 15 бода по што следи „старата дама“ со 13 поени. -Првенството? Според мене четири екипи ќе се борат за титулата, а фаворит е Јувентус. Зошто? Затоа што немаат европски обврски, -истакна Пиоли кој го подготвува својот тим за соочувањето со Лацио. -Моменталната ситуација на табелата не значи ништо, важно е само како ќе се подготвиме за натпреварот и каков ќе биде нашиот пристап. Задоволен сум од тоа како изгледавме на последните два натпревари, -порача стратегот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-juventus-e-favorit-za-osvojuvane-na-skudetoto/feed/ 0
Пиоли: Разочарани сме од поразот од Интер, но подготвени сме за натпреварот со Њукасл https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-razocharani-sme-od-porazot-od-inter-no-podgotveni-sme-za-natprevarot-so-nukasl/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-razocharani-sme-od-porazot-od-inter-no-podgotveni-sme-za-natprevarot-so-nukasl/#respond Tue, 19 Sep 2023 07:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=879367

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е уверен дека неговите избраници ќе се издигнат по тешкиот пораз (1:5) во саботата од Интер и дека подготвени ќе влезат на натпреварот со Њукасл на отворањето на Лигата на шампионите. - Концентрирано се подготвуваме за овој предизвик. Бевме многу разочарани од поразот од Интер, но за среќа ја имаме Лигата на шампионите. За овој предизвик се подготвуваме со фокус и внимание бидејќи знаеме колку е силна оваа група. Ќе биде убаво да се види Тонали повторно. Ова ќе биде интересно за сите. Пораснавме и победувавме заедно. Му посакуваме се најдобро. Њукасл ме напаѓа како класичен англиски тим. Физички силен, игра интензивно, врши притисок врз противникот. Има високи играчи кои се особено опасни при нафрлените топки, изјави Пиоли. Екипите вечер од 18:45 часот ќе играат на „Сан Сиро“ во Милано во рамките на 1. коло Ф-група на Лигата на шампионите. Во оваа група се натпреваруваат и екипите на ПСЖ и Борусија Дортмунд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-razocharani-sme-od-porazot-od-inter-no-podgotveni-sme-za-natprevarot-so-nukasl/feed/ 0
Стефано Пиоли одби да им се извини на навивачите на Милан по поразот од Интер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-odbi-da-im-se-izvini-na-navivachite-na-milan-po-porazot-od-inter/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-odbi-da-im-se-izvini-na-navivachite-na-milan-po-porazot-od-inter/#respond Sun, 17 Sep 2023 05:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=878739

Милан загуби во градското дерби од Интер со 5:1, што е најтежок пораз на Росонерите од Нераѕурите во последните 49 години. Од далечната 1974 година Интер не се радувал со 5:1 против соседот, а тоа се случи вечерва. Не само што загуби со 5:1, туку Милан ги загуби сите пет дерби дуели од Интер одиграни во 2023 година. Прв пат во историјата на ова ривалство, Нераѕурите имаат пет победи по ред. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше разочаран, но не чувствуваше потреба да се извини на навивачите на Росонерите. „Интер е силен тим и тоа воопшто не е изненадување. Сепак, резултатот е многу повисок и нереален во однос на тоа што го покажавме на теренот. Не мислам дека треба да им се извинам на навивачите на Милан. Дали мислите дека намерно загубивме дерби од Интер со 5:1? И ние сме разочарани исто како што и навивачите се. Треба да се извиниш за нешто само ако го направиш намерно и е лошо“, рече Пиоли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-odbi-da-im-se-izvini-na-navivachite-na-milan-po-porazot-od-inter/feed/ 0
Пиоли: Почетокот е добар, но тимот допрва треба да се воигрува https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-pochetokot-e-dobar-no-timot-doprva-treba-da-se-voigruva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-pochetokot-e-dobar-no-timot-doprva-treba-da-se-voigruva/#respond Sun, 27 Aug 2023 08:52:13 +0000 https://kurir.mk/?p=871418

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го сподели своето мислење за изданието на неговите избраници во синоќешната победа над Торино (4:1) во 2. коло од италијанскиот фудбалски шампионат. - Покажавме знаци на напредок во однос на првиот натпревар. Играчите допрва треба да воспостават меѓусебно разбирање, подобро да се воиграат, но почетокот веќе може да се нарече добар. Ова лето потпишавме играчи кои ги исполнуваат нашите барања, кои се способни да играат напаѓачки и активно. Тоа е нашиот стил на игра. Некогаш работите одат подобро, некогаш полошо, но никогаш не се откажуваме, изјави Пиоли по натпреварот. Милан има максимални шест бода по два одиграни натпревара во Серија А. Торино освои само еден од можните шест бода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-pochetokot-e-dobar-no-timot-doprva-treba-da-se-voigruva/feed/ 0
Стефано Пиоли ќе добие отказ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-ke-dobie-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-ke-dobie-otkaz/#respond Tue, 16 May 2023 08:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=834693

Италијанските медиуми пишуваат дека Стефано Пиоли ќе добие отказ на крајот на сезоната. „ТВ Дело Спорт“, пишува дека еден од газдите на Милан, Гери Кардинале веќе почнал да бара нов тренер. Според овој тој сака Антонио Конте да биде новиот тренер на Милан. Конте е без клуб откако се раздели со Тотенхем оваа пролет, а во кариерата веќе беше шампион на Италија со Јувентус и Интер. Пиоли минатата година ја освои Серија А, што беше 19. шампионска титула во историјата на клубот. Минатата есен тој го продолжи договорот со Милан до 2025 година, но оваа сезона резултатите не се добри. Милан на три кола пред крајот е на петтото место во Серија А, а во полуфиналето од Лигата на шампионите загуби со 2:0 од градскиот ривал Интер во првиот натпревар како домаќин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-ke-dobie-otkaz/feed/ 0
Пиоли: Никој не верува дека Милан може да се пласира во финалето, но… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-nikoj-ne-veruva-deka-milan-mozhe-da-se-plasira-vo-finaleto-no/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-nikoj-ne-veruva-deka-milan-mozhe-da-se-plasira-vo-finaleto-no/#respond Tue, 16 May 2023 04:46:30 +0000 https://kurir.mk/?p=834524

Милан доживеа пораз од Интер од 2-0 во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите, но има уште еден меч на кој можат да ги поправат работите и истиот е закажан за денес од 21 часот. Многумина не веруваат дека „росонерите“ имаат сила и моќ да се вратат во игра и обезбедат финале во Истанбул, но тренерот Стефано Пиоли има сосема поинаков став и верува дека неговата екипа ќе има што да покаже против градските ривали. -Тие се подготвуваат на најдобар можен начин, имаат голема одлучност, да бидат подобри од првиот натпревар и да го добијат мечот. Не е лесно да се подготвувате за утре, но имаме важна цел на ум: да го добиеме натпреварот за да се пласираме во финалето како што никој не предвидува. Сега повеќе од кога било, никој не верува дека Милан може да го достигне финалето. Знам дека можеме да играме одличен натпревар.Ние сакаме да настапиме на високо ниво. Нивото од второто полувреме нема да биде доволно, имаме можност да го подигнеме. Тоа е долг натпревар, сакаме да го започнеме добро, а потоа да останеме во него и да ги искористиме нивните грешки.Не сме разговарале за Специја, само за утре. Ова се мечеви што некои играчи сонуваат да ги доживеат. Знаеме дека започнуваме со минус, но имаме квалитет за пресврт, -порача Пиоли кој порача дека Милан мора да биде екстра внимателен при прекините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-nikoj-ne-veruva-deka-milan-mozhe-da-se-plasira-vo-finaleto-no/feed/ 0
Пиоли: Мора да веруваме и во реваншот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-mora-da-veruvame-i-vo-revanshot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-mora-da-veruvame-i-vo-revanshot/#respond Thu, 11 May 2023 04:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=832917

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не беше расположен на средбата со новинарите по поразот во полуфиналето од Лигата на шампионите. Интер го совлада градскиот ривал како гостин со 0-2 и дојде до голема предност пред реваншот следниот вторник.Стефано Пиоли верува дека неговиот тим уште има шанси да ја сврти инерцијата во полуфиналето на Лигата на шампионите, особено ако се врати Рафаел Леао. „Факт е дека Интер играше подобро во првото полувреме и постигна два гола, Милан се наметна и беше подобар во вториот дел, но не постигна гол.Ова е фудбал на високо ниво. Интер има повеќе квалитет и беше поефикасен во првите 45 минути, а ние направивме премногу грешки за ова ниво. Сакавме поинаков резултат, но мора да продолжиме да веруваме, бидејќи сè може да се промени во реваншот“, рече Пиоли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-mora-da-veruvame-i-vo-revanshot/feed/ 0
Пиоли: Лигата на шампионите ја забораваме, сега го насочуваме вниманието кон првенството https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-ligata-na-shampionite-ja-zaboravame-sega-go-nasochuvame-vnimanieto-kon-prvenstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-ligata-na-shampionite-ja-zaboravame-sega-go-nasochuvame-vnimanieto-kon-prvenstvoto/#respond Sun, 23 Apr 2023 13:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=826627

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги откри своите размислувања за претстојните настапи на неговиот тим. Тој призна дека не е задоволен од моменталната позиција на Милан во Серија А. - Ја забораваме Лигата на шампионите и го насочуваме вниманието кон првенството. Мора да работиме напорно, не сме задоволни од моменталната наша позиција на табелата, изјави Пиоли. Интер ќе се соочи со Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите. Средбата ќе се одржи на 9 мај. Во Серија А, Милан се наоѓа на 5.место со 53 бода од 30 натпревари. Денес од 18 часот Милан ќе го пречека Лече. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-ligata-na-shampionite-ja-zaboravame-sega-go-nasochuvame-vnimanieto-kon-prvenstvoto/feed/ 0
Пиоли: Ретко кој може да ја чита играта на таков начин https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-retko-koj-mozhe-da-ja-chita-igrata-na-takov-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-retko-koj-mozhe-da-ja-chita-igrata-na-takov-nachin/#respond Wed, 19 Apr 2023 04:39:11 +0000 https://kurir.mk/?p=825194

Милан успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите по цели 16 години, а Стефано Пиоли е прв тренер на кој му успеа такво нешто по Карло Анчелоти. Пиоли очекувано е горд на своите фудбалери и покрај фактот што неговата екипа мораше да игра дефанзивно во голем дел од мечот. – Мислам дека минималната предност од првиот натпревар на еден начин ни даде предност, но на друг значеше одредена блокада на реваншот. Со оглед на враќањето на Осимен, решивме да играме подефанзивно и да не им оставиме простор од кој би можеле да ни наштетат, – рекол Пиоли. Тој го истакнал Раде Круниќ поради неговиот ефект со извршените дефанзивни задачи. – Не се многу фудбалерите кои можат да ја читаат играта како Раде, без разлика дали е во напад или одбрана. Мора да бидете трпеливи и да се соочите со притисокот, а ние денеска успеавме, – вели Пиоли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pioli-retko-koj-mozhe-da-ja-chita-igrata-na-takov-nachin/feed/ 0