стефанова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Feb 2020 12:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стефанова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судскиот совет се разбуди: Ќе ја истражува вмешаноста на Кацарска во „Империја“ или ќе ја „пере“ од одговорност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-se-razbudi-kje-ja-istrazuva-vmeshanosta-na-kacarska-vo-imperija-ili-kje-ja-pere-od-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-se-razbudi-kje-ja-istrazuva-vmeshanosta-na-kacarska-vo-imperija-ili-kje-ja-pere-od-odgovornost/#respond Mon, 03 Feb 2020 12:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=298512

Судскиот совет ќе одлучува за инволвираноста на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев. – На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет. Од друга страна, очекувањата на познавачите на состојбите се дека поради тамошната констелација, веројатно и очекувано е дури и Советот да застане во одбрана на Кацарска, особено поради нејзиниот „минат труд“ во времето на владеењето на Заевата Влада. Кон ова наведува и фактот што судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО – „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ, „згрозена“ од сведочењето лично  побара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и обвинувања на обвинителката Лиле Стефанова. Од отворање на истрагата и претресот во неговите фирми, за случајот „Империја“ осомничениот Орце Камчев праќаше судии, обвинители, политичари и бизнисмени, рече во сведочењето за случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари. –Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев – рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски. Сепак, дел од јавноста се надева дека „будењето“ на Советскиот совет, кому му требаше цела недела за да гласот „допре“ до нив, се должи на општествените промени кои судиите во ова судско тело го почувствуваа. Од друга страна, Вилма Рускоска, која е дел од волшебниот судско-обвинителски триаголник Јовески-Кацарска-Рускоска, ја бранеше Кацарска и ја нападна колешката Лиле Стефанова за сведочењето на Кацарска. Пред 5 дена пак, Боки 13, обвинет во рекет, ја обвини истата таа Рускоска за криминал тежок 4 милиони евра. До денешен ден, обвинителот Јовески не најде време и место за да ги испита наводите на Бојан Јовановски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-se-razbudi-kje-ja-istrazuva-vmeshanosta-na-kacarska-vo-imperija-ili-kje-ja-pere-od-odgovornost/feed/ 0
Фрчкоска ја правда Јанева: Катица е прилично револтирана… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoska-ja-pravda-janeva-katica-e-prilichno-revoltirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoska-ja-pravda-janeva-katica-e-prilichno-revoltirana/#respond Mon, 27 Jan 2020 13:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=295334

Адвокатката Ирена Фрчкоска, сопруга на Љубомир Фрчкоски, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“, за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради, како што вели, сите работи што ѝ се случуваат.
Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно. „Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои ѝ се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот“, рече Фрчкоска. Адвокатката на Јанева вели дека од ексшефицата на СЈО немало незаконско постапување.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoska-ja-pravda-janeva-katica-e-prilichno-revoltirana/feed/ 0
„Рекет“ се отвора ко школка: Осомничените во „Империја“ секогаш знаеле се‘, а Катица им се дерела и ургирала во СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-se-otvora-ko-shkolka-pretchuvstvo-haragei-ili-sepak-katica-no-somnichenite-vo-imperija-sekogash-znaele-shto-prezema-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-se-otvora-ko-shkolka-pretchuvstvo-haragei-ili-sepak-katica-no-somnichenite-vo-imperija-sekogash-znaele-shto-prezema-obvinitelstvoto/#respond Mon, 27 Jan 2020 11:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=295099

Осомничените во предметот “Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која моментално сведочи во предметот „Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале. При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милевски – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на Орка Холдинг. Канцелариите биле средени и уредни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска, рече Стефанова. Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот „Империја”. Стефанова пред судот рече дека нејзината поранешна шефица Катица Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор и да одат во домашен притвор Орце Камчев, Цветан Панделевски и уште тројца осомничени од предметот „Империја”. „Рече дека тоа е важно за процесите и за донесување на Законот за јавно обвинителство. На тоа се побуни единствено обвинителот Артан Ајро, другите си молчеа. Јас не можев да сфатам каква врска имаат Камчев и Панделевски со Законот за ЈО?!”, рече таа. Според Стефанова, Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори. „Еднаш не викна мене и обвинителот Бурим и рече: „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори неќам! И ти Лиле и ти Бурим, да земете да направите извештај колку штета треба да се плати во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и да се плати штетата и тука да се затвори предметот. Јас бев вознемирена. За истрага која била работена три месеци, не може да се пристапи кон склучување спогодба. Ова се случи на 16 април 2019 година”, рече Стефанова. Таа истакна дека пред да даде оставка, Катица Јанева и посочила дека треба да му помогнат на Дејан Панделески колку што можат. „Пристигна Дејан, а потоа наеднаш и Катица Јанева која кажа дека човекот е дојден за да се види што може да му помогнат, како да се врати имотот, да се одмрзне сметката. Како да му е адвокат. Не сакајќи да влезам во конфликт со Јанева и кажав дека ќе одам на одмор, а за предметот после август ќе видиме“, посочува Стефанова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-se-otvora-ko-shkolka-pretchuvstvo-haragei-ili-sepak-katica-no-somnichenite-vo-imperija-sekogash-znaele-shto-prezema-obvinitelstvoto/feed/ 0