Стефче Трпковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 16:14:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стефче Трпковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трпковски: И покрај негативното мислење од страна на општина, министерството за Економија доделило концесии https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-i-pokraj-negativnoto-mislenje-od-strana-na-opshtina-ministerstvoto-za-ekonomija-dodelilo-koncesii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-i-pokraj-negativnoto-mislenje-od-strana-na-opshtina-ministerstvoto-za-ekonomija-dodelilo-koncesii/#respond Thu, 03 Feb 2022 16:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=626623

Известување за постапување на Министерството за Економија за доделување на концесии и покрај негативното мислење од страна на општина Сопиште, информира преку Фејсбук градоначалникот на општината Стефче Трпковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-i-pokraj-negativnoto-mislenje-od-strana-na-opshtina-ministerstvoto-za-ekonomija-dodelilo-koncesii/feed/ 0
Трпковски: Колоритот во есен во Сопиште е богат, имаме 70% шумска територија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-koloritot-vo-esen-vo-sopishte-e-bogat-imame-70-shumska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-koloritot-vo-esen-vo-sopishte-e-bogat-imame-70-shumska-teritorija/#respond Mon, 15 Nov 2021 08:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=595582

„Блиску до градот Скопје, но уште поблиску е до природата и тоа е епитетот на општина Сопиште што ја прави да биде атрактивна“, истакна Стефче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште во утринска емисија на Алфа телевизија. Трпковски додаде дека кога живееш во општина во која што си се родил и израснал нема лошо место. „Секоја сезона во годината во Сопиште има своја убавина. Има места кои што се убави во пролет, има места кои што се убави во есен. Колоритот сега во есен во Сопиште е навистина богат, имаме разновидна шума. Некаде околу 70% сме шумска територија. Високи врвови некаде околу 2.400 метри е планинскиот врв Убава, така да нема лошо место во Сопиште“, рече Трпковски. Трпковски посочи дека Сопиште е рурална средина формирана од 13 населени места. „Настојуваме Сопиште да биде урбана средина но сепак рурална“, нагласи Трпковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-koloritot-vo-esen-vo-sopishte-e-bogat-imame-70-shumska-teritorija/feed/ 0
Трпковски: Сопиште ќе добие пречистителна станица, детска градинка и Дом на култура https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trpkovski-sopishte-kje-dobie-prechistitelna-stanica-detska-gradinka-i-dom-na-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trpkovski-sopishte-kje-dobie-prechistitelna-stanica-detska-gradinka-i-dom-na-kultura/#respond Mon, 15 Nov 2021 08:32:36 +0000 https://kurir.mk/?p=595570

Продолжуваме со инфраструктурата и иако е 21 век се уште се расправаме со канализација, со водоводи, со патишта. Во последните осум години асфалтиравме, реконструиравме повеќе од 30 километри асфалтни улици, со тоа што ја подобривме комуникацијата со градот Скопје. На тој начин станавме доста атрактивна општина за живеење, и самото тоа носи свои предизвици, истакна Стефче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште во утринска емисија на Алфа телевизија Трпковски додаде дека ветените проекти во ек на изборна кампања мора сега да се реализираат. -Добро е што од самиот почеток почнуваат првенствено со реализација на проекти онака како што мислам дека е добро за да се функционира. Јас на новите градоначалници им советувам да си започнат веднаш со работа, појасни Трпковски. Трпковски посочи дека во Сопиште има континуитет така да во моментов се реализираат доста проекти меѓу кои би ги одвоил некои како што е пречистителна станица од канализациски систем во населено место Ракотинци. Тоа започна да се гради пред една седмица. -Потоа следен проект е отворање на детска градинка, некаде околу 30-ти ноември очекуваме технички прием да се направи. Тука би го споменал и Културниот дом, Дом на културата во населено место Сопиште. Периодов се подготвуваме за зимско одржување затоа што во Сопиште може за една ноќ да падне и половина метар снег, рече Трпковски. Трпковски истакна дека голем акцент се става на изработка на техничка документација која што ќе биде основ и за изнаоѓање на средства за реализација и реализација штом почне градежната сезона од пролет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trpkovski-sopishte-kje-dobie-prechistitelna-stanica-detska-gradinka-i-dom-na-kultura/feed/ 0
Трет мандат за Трпковски во Сопиште и мнозинство во советот на општината https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tret-mandat-za-trpkovski-vo-sopishte-i-mnozinstvo-vo-sovetot-na-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tret-mandat-za-trpkovski-vo-sopishte-i-mnozinstvo-vo-sovetot-na-opshtinata/#respond Mon, 18 Oct 2021 11:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=581390

Стефче Трпковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Сопиште вчера убедливо победи и го освои третиот мандат. Според податоците од Државната изборна комисија на 100 отсто преброени гласови, Трпковски освои 2.161 гласови, а кандидатот на СДСМ, Сашо Стојановски 986 гласа. Излезноста на изборниот ден во општината била 63,67%. Според анализата на гласовите, во општинскиот совет ВМРО-ДПМНЕ повторно освојува мнозинство со шест советници. СДСМ изгуби едно советничко место и сега има два советника. Исто толку има и ДУИ додека едно советничко место добива АА/А. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tret-mandat-za-trpkovski-vo-sopishte-i-mnozinstvo-vo-sovetot-na-opshtinata/feed/ 0
Трпковски: Поднесов тужба против Каевски за клеветите, повикувам институциите да истражат и на кој начин го стекнал имотот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-podnesov-tuzba-protiv-kaevski-za-klevetite-povikuvam-instituciite-da-istrazat-i-na-koj-nachin-go-steknal-imotot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-podnesov-tuzba-protiv-kaevski-za-klevetite-povikuvam-instituciite-da-istrazat-i-na-koj-nachin-go-steknal-imotot/#respond Thu, 14 Oct 2021 13:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=578971

Денес сум тука пред Основен суд Скопје, да поднесам тужба за навреда и клевета против пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски. Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски на партиска прес конференција мафташе со имотни листови, за земјиште сопственост на друго лице имплицирајќи дека земјиштето е мое, што е целосна невистина и партиска конструкција со цел да наштети на мојот углед и да влијае на локалните избори, истакна Стефче Трпковски, кандидат за градоначалник на општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ. -Мојот имот е запишан во имотен лист. И тој имотен лист е наведен во анкетен лист кој што е јавен документ. Дарко Каевски наместо да се занимава со партиски конструкции, со цел да наштети на мојот углед со лаги и да влијае на локалните избори, треба на граѓаните до докаже како успеал на 30 години да купи стан и да заштеди 4 милиони денари во банка. Непотребни се дополнителни објаснувања и компарации. Ги повикувам институциите да ја проверат мојата имотна состојба, имотната состојба на моите роднини и пријатели. Но и да ја проверат имотната состојба на Дарко Каевски, неговите роднини и неговите пријатели. Очекувам Дарко Каевски да го докаже стекнатиот имот, а доколку не може да докаже тогаш институциите да постапат согласно Законот, додава Трпковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-podnesov-tuzba-protiv-kaevski-za-klevetite-povikuvam-instituciite-da-istrazat-i-na-koj-nachin-go-steknal-imotot/feed/ 0
Трпковски: Сопиште ќе добие трговски центар и дневен центар за деца со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-sopishte-kje-dobie-trgovski-centar-i-dneven-centar-za-deca-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-sopishte-kje-dobie-trgovski-centar-i-dneven-centar-za-deca-so-posebni-potrebi/#respond Mon, 11 Oct 2021 13:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=577126

Сопиште ќе добие трговски центар дневен центар за деца со посебни потреби, најави Стефче Трпковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Сопиште. „Ова се дел од проектите за следниот мандат, почнуваме со изградба на трговски центар. Сопиште ќе добие дневен центар за деца со посебни потреби, нови возила за потребите на ЈКП Сопиште за собирање и транспорт на смет. Продолжуваме со уште поголема динамика со асфалтирање на локални улици, до сега имаме проекти за 27 улици и оваа бројка ќе се зголемува. Нови резервоари за вода во населените места Сопиште и Добри Дол“ - истакна тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-sopishte-kje-dobie-trgovski-centar-i-dneven-centar-za-deca-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Трпковски: Проектите за Сопиште продолжуваат, изградба на нови водоснабдителни бунари и на нови канализациони системи https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-proektite-za-sopishte-prodolzuvaat-izgradba-na-novi-vodosnabditelni-bunari-i-na-novi-kanalizacioni-sistemi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-proektite-za-sopishte-prodolzuvaat-izgradba-na-novi-vodosnabditelni-bunari-i-na-novi-kanalizacioni-sistemi/#respond Sun, 03 Oct 2021 10:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=572170

Сите инструменти и алатки, интензивно ќе ги насочиме кон водоснабдувањето и третирањето на отпадните води во нашата општина. Покрај водоводот Патишка Река, предвидуваме изградба на водоснабдителни бунари во Долно Соње, Горно Соње, Чифлик, Св. Петка и Нова Брезница, вели кандидатот за градоначалник на Општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски. Посочува дека ќе продолжат со поголема динамика во третирањето на отпадните води со изградба на канализација за улиците 22 и 24 во Сопиште како и за населените места Ракотинци, Добри Дол, Горно Соње и Долно Соње. -Некаде направивме повеќе, некаде за жал помалку, но секогаш дадовме се од себе. Се уште имаме потреба од асфалтирање и подобрување на инфраструктурата во нашата општина. Во фокус е и нов план за подобрување на здравствената заштита на нашите граѓани како и изградба на трговски центар, спортска сала, детски забавни паркови и целосна нова технологија во уличното осветлување. Тоа се само дел од новите проекти кои ќе придонесат во подобрување на квалитетот на живот на нашите жители, вели Трпковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trpkovski-proektite-za-sopishte-prodolzuvaat-izgradba-na-novi-vodosnabditelni-bunari-i-na-novi-kanalizacioni-sistemi/feed/ 0
КУРИР ИНТЕРВЈУ: Трпковски со низа нови проекти за Сопиште, неговата досегашна работа е доказ дека ги исполнува ветувањата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kurir-intervju-trpkovski-so-niza-novi-proekti-za-sopishte-negovata-dosegashna-rabota-e-dokaz-deka-gi-ispolnuva-vetuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kurir-intervju-trpkovski-so-niza-novi-proekti-za-sopishte-negovata-dosegashna-rabota-e-dokaz-deka-gi-ispolnuva-vetuvanjata/#respond Tue, 28 Sep 2021 07:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=569256

Стефче Трпковски, актуелен градоначалник на општина Сопиште, уште еднаш влегува во изборната трка. Тој е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден нов мандат. Магистер е по технички науки, сопруг и татко на две деца. КУРИР направи интервју со него за идната програма, но и за проектите кои ги реализирал во Сопиште изминативе години. КУРИР: Господине Трпковски Вие ја добивте довербата од матичната партија да „трчате“ за трет мандат во вашата општина, каква е Вашата визија за Сопиште? -Сопиште мора да остане убаво место за живеење. Прво да се подобри инфраструктурата, сервисот на комуналните услуги.  Развојот да биде умерен во чекор со ресурсите и инфраструктурата со која располагаме. Многу лесно може хаосот и загадувањето да станат наша реалност доколку дозволиме неконтролирано да се гради во Сопиште. Она што денес се гради е само 10% од реалната побарувачка. Мораме да внимаваме, Сопиште го направивме најатрактивно место за живеење и сега треба да го сочуваме од опасноста која го демне, да имаме недостиг на инфраструктура и незадоволни жители. Соодветноста на еколошки зачуваната природа со инфраструктура и социјален живот мораат да бидат во складност со бројноста на населението и градбите. КУРИР: Кои се реалните проблеми на локалната самоуправа? -За жал во вториот мандат ја изгубивме динамиката која ја постигнавме во првите 4 години. Причината е финансиската блокада и исплаќање на енормно големи суми на финасии за грешки од минатото. Но и покрај блокадата бројот на реализирани проекти е голем. Жителите на о Сопиште ја гледаат разликата какви и колку проекти се реализирале овие 8 години споредено со  мандатите пред мене. КУРИР: Кои се проектите кои ги имате сработено последниве 8 години? -Изградивме 6 спортски терени, асфалтиравме 30 км  локални улици, краци од улици и патишта што поврзуваат населени места. Градевме во водоснабдувањето, зафативме нови извори во Долно Соње во Чифлик и Св Петка. Проектот Патишка Река е реализиран повеќе од 70% Изградивме и градиме детски градинки, имаме повеќе од 2000 улични светилки или колку општина Карпош која е 5 пати поголема од нас. Набавивме возила за потребите на ЈКП Сопиште. Вложуваме во културата со подршка  за одржување на културни настани и  изградба на културен дом, како и во многу потребната техничка документација која е доста обемна и бара време и посвета без која не можат да бидат реализирани ниту најосновните проекти. КУРИР: Можете ли да ни издвоите неколку проекти на кои сте горд и кои успеавте да ги реализирате за време на мандатите? -За прв пат на територијата на Општина Сопиште со средства од ИПА фонд се отвори детска градинка со што за многу жители, родители се подобри начинот на функционирање и квалитетот на живот во Општина Сопиште . Капитален проект на кој особено сум горд а кој со својата комплицираност и изведба како и обезбедување средства од страна на МСПИ кредит е ,,Изведба на канализација во населено место Ракотинци,, проблем кој ја загрозуваше иднината на целото населено место поради појавата на свлечиште и истиот е во тек на реализација. КУРИР: Кој е клучниот проект на кој ќе се насочите доколку бидете избран? -Водоснабдувањето и третирањето на отпадните води ќе бидат во фокусот на третиот мандат. Треба да се довршат започнатите проекти кои за жал беа опструирани од тие што денес ветуваат нереални работи и  се китат со наши проекти како тоа да се нивни дела. Продолжуваме со поголема динамика сеуште имаме  потреба од асфалтирање, имаме план за подобрување на здравствената заштита, изградба на трговски центар, рециклирање  на пластика и целосна нова технологија во уличното осветлување. КУРИР: Кој е моделот за локален економски развој што ќе го понудите на граѓаните? -Домаќинско работење е клучниот фактор за локален економски развој. Правилно планирање и синхронизирање на расположливите ресурси во остварување на плановите. Зачувување на еколошкиот карактер на општината, вложување во подобра медицинска нега, социјализација на жителите преку културни настани, спортување и отвореност кон лицата со попреченост како и подобрување на услугите на локално ниво. Со балансот кој ќе го поставиме ќе можеме да живееме во рурална еколошка средина но урбано. -Дефинирање на локалитети со потенцијал за развој на микротуризам и рекреација. -Подршка на мали земјоделски проекти и рурален развој. -Проекти од зелена обновлива енергија. КУРИР: Кои се реалните проблеми на локалната самоуправа? -Реален проблем со кој се соочи општина Сопиште е големиот финансиски долг од минатото. 2.000.000 € се многу пари за рурална општина како Сопиште формирана од 13 населени места. Јавниот превоз е тотално не прилагодлив на жителите. Еден факт и пример за третманот на централната власт кон Општина Сопиште: општина Сопиште ја нема во списокот на распределени средства од концесијата на ТАВ, кој без никаков повик ниту апликација Владата ги распредели на Општините, на некои Општини  дури и по три проекти a Општина Сопиште не беше опфатена воопшто. Во октомви 2019 Регионалниот водовод ,,Патишка Река,, кој ќе ги снабдеше со вода сите населени места и решеше децениски проблем на општината го снајде истата судбина како и многу други проекти низ Република Македонија, Владата ги пренамени и со тоа се стопира изведбата на истиот. Но општина Сопиште не застана и не се обесхрабри само направија да бидеме поупорни да реализираме и обезбедиме средства за голем дел од проектите кои со децении тапкаа во место со помош на нашите странски партнери. КУРИР: Кој е Стефче Трпковски приватно? Кој Вашата градоначалничка функција бара многу време и откажување од приватниот живот. Колку Ви преостанува слободно време за семејството и како најчесто го поминувате слободното време? -Магистер по технички науки, моето образование на градежниот факултет Скопје „Универзитетот ,,Св Кирил и Методиј- Скопје многу допринесе за соочување и справување со предизвиците кои ги носи функцијата Градоначалник. Сопруг и татко на две деца, жител на Долно Соње опкружен со роднини, комшии и пријатели. Кога живеете во село секој ден, секој месец и сезона се исполнети со посебни убавини и можности за кои времето е прекратко за целосно уживање. Со добра организираност и координиран тим може да се постигне се. Кога паѓа снег нема време ни за спиење како одговорна личнос мора да бидат посетени сите населени места и да се реализира проодноста кон сите од нив, но одговорноста за посета на сите предизвици во Општината ми дава можност да бидам во контакт со жителите, пријателите и најблиските. Работата и одговорноста која ми е доверена од жителите на Општина Сопиште мора да биде оправдана и заслужена, но кога се сака и се работи со желба може да се постигне многу да се биде добар татко, сопруг, добар менаџер и татко на општината.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kurir-intervju-trpkovski-so-niza-novi-proekti-za-sopishte-negovata-dosegashna-rabota-e-dokaz-deka-gi-ispolnuva-vetuvanjata/feed/ 0