стеј департмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Jan 2021 16:28:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стеј департмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден ги именува најважните дипломати во Стејт департментот, Нуланд се враќа како потсекретар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-imenuva-najvaznite-diplomati-vo-stejt-departmentot-nuland-se-vrakja-kako-potsekretar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-imenuva-najvaznite-diplomati-vo-stejt-departmentot-nuland-se-vrakja-kako-potsekretar/#respond Sat, 16 Jan 2021 16:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=456296

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска ги назначи Венди Шерман за заменик државен секретар и Викторија Нуланд за потсекретар за политички прашања, што значи дека двете ќе ги заземат втората и третата највисока позиција во Стејт департментот. Британските медиуми наведуваат дека Шерман е ветеранка во американската надворешна политика и клучен преговарач за нуклеарниот договор со Иран, постигнат во 2015 година, од кој САД се повлекоа за време на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп. Нуланд е дипломат од кариера, која меѓу другото работеше и во администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама како помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, а исто така беше и амбасадор на САД во НАТО и портпарол на Стејт департментот. Бајден, меѓудругите, еден од своите долгогодишни советници за надворешна политика, Брајан Мекон, денеска го назначи за заменик државен секретар за управување и ресурси, а Бони Џексинс за потсекретар за контрола на воооружување и меѓународни безбедносни работи. Узу Зеј е назначен за потсекретар за граѓанско општество, демократија и човекови права. Бајден во изјавата кажа дека тимот што го назначи го отелотворува неговото верување дека Америка е најсилна кога соработува со сојузниците, додавајќи дека новоназначените „ќе го искористат своето дипломатско искуство и вештини за да го обноват глобалното и моралното лидерство на Америка“. -Америка се врати, рече Бајден. Американските медиуми оценуваат дека со давањето место во Стејт департментот на групата поранешни дипломати од кариера и ветерани од администрацијата на Обама, Бајден посочува дека сака да се врати кон традиционалната надворешна политика после, како што наведе, четирите години на неизвесност и непредвидливост со Доналд Трамп. Новиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, треба да бидат потврден во вторник, кога ќе се одржи сослушување во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат. И назначувањата на Шерман, Мекон, Нуланд, Џексинс и Зеј, исто така, бараат одобрение од Сенатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-imenuva-najvaznite-diplomati-vo-stejt-departmentot-nuland-se-vrakja-kako-potsekretar/feed/ 0