стела морис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Dec 2021 11:44:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стела морис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Асанж доживеал мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-doziveal-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-doziveal-mozochen-udar/#respond Sun, 12 Dec 2021 11:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=607287

Вереницата на Џулијан Асанж, Стела Морис, денеска откри дека основачот на Викиликс на 27 октомври доживеал мозочен удар во затворот. „Дејли Мејл“ пишува дека на Асанж му бил дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно негово појавување пред Високиот суд во октомври. -На Џулијан му е тешко и јас се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа само ги зголемува нашите стравови за тоа дали тој ќе може да ја преживее оваа долга правна битка, што се уште трае, рече Морис, кој има две деца со Асанж. Мозочниот удар се случил во октомври, месецот во кој Асанж беше испрашуван од Високиот суд преку видео врска од затворот Белмарша. „Тоа ги зголемува нашите стравувања дека тој нема да ја преживее оваа долга правна битка. Се треба да се реши под итно. Погледнете ги животните заробени во кафези во зоолошката градина. Тоа им го скратува животот. Тоа е она што се случува со Џулијан. Постојаните тужби се психолошки исклучително стресни“, додаде таа. Таа истакнува дека на Асанж му недостасува свеж воздух, сончева светлина и соодветна исхрана. Морис кажа дека на 27 октомври Асанж бил премногу болен за да присуствува на рочиштето, но дека судијата не му дозволил да го одложи рочиштето. -Сигурно беше ужасно да се слушне жалбата на Високиот суд, во која не можете да учествувате, што зборува за вашето ментално здравје и ризик од самоубиство. Беше во навистина ужасна состојба. Неговиот поглед беше неконзистентен, десниот очен капак не сакаше да се затвори, ја губеше меморијата, изјави Морис. Асанж потоа бил прегледан од лекар, кој открил потенцијално оштетување на нервите. Да потсетиме, основачот на Викиликс Џулијан Асанж е се поблиску до екстрадиција од Велика Британија во САД, откако американската Влада минатата недела го доби случајот за екстрадиција во Лондон. Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на одбивањето да го екстрадира Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа. Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи преку Викиликс во 2010 и 2011 година. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-doziveal-mozochen-udar/feed/ 0
Асанж се ожени во затвор со својата долгогодишна партнерка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/asanz-se-ozeni-vo-zatvor-so-svojata-dolgogodishna-partnerka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/asanz-se-ozeni-vo-zatvor-so-svojata-dolgogodishna-partnerka/#respond Fri, 12 Nov 2021 08:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=594457

Џулијан Асанж доби дозвола да се ожени со својата долгогодишна партнерка Стела Морис во затворот Белмарш, јави Би-Би-Си. Основачот на Викиликс и Стела Морис имаат два сина за кои таа рече дека се зачнати додека живееле во амбасадата на Еквадор во Лондон. Затворската служба соопшти дека апликацијата на Асанж била „испитана на вообичаен начин од началникот на затворот“. Затворениците имаат право да аплицираат за брак во затвор според Законот за брак од 1983 година и кога ќе бидат одобрени барањата, тие мора да ги покријат сите трошоци за склучување на бракот. Во интервју за Мејл он Сандеј минатата година, Стела Морис, адвокатка, родена во Јужна Африка, откри дека е во врска со Асанж од 2015 година и дека сама ги одгледала нивните два мали сина. Таа рече дека Асанж го гледал раѓањето на двете момчиња преку видео врска и тие го посетиле нивниот татко во амбасадата на Еквадор во главниот град на Велика Британија. Австралиецот се наоѓа во затворот Белмарш од 2019 година, кога полицијата го изнесе од амбасадата на Еквадор во Лондон и го уапси поради кршење на условите за ослободување со кауција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/asanz-se-ozeni-vo-zatvor-so-svojata-dolgogodishna-partnerka/feed/ 0