стелио пецас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Dec 2020 13:39:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стелио пецас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пецас: Тешко дека за Божик ќе се дозволи патување меѓу регионите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-teshko-deka-za-bozik-kje-se-dozvoli-patuvanje-megju-regionite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-teshko-deka-za-bozik-kje-se-dozvoli-patuvanje-megju-regionite-vo-grcija/#respond Fri, 04 Dec 2020 13:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=438717

Грците, веројатно за време на божиќните и новогодишните празници, нема да можат да патуваат од еден во друг регион, со оглед на тоа дека портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, во интервјуто за телевизијата „Скај“ рече дека во овој момент „се чини дека е многу тешко да се дозволи патување меѓу регионите“, јави дописничката на МИА од Атина. Пецас објасни дека на почетокот на следната седмица Владата ќе го претстави комплетниот план за тоа во која насока ќе се движи земјата по 14 декември, односно по завршувањето на карантинот. -Ги продолживме мерките до 14 декември, па така имаме време за да ја видиме ситуацијата и одговорно да ги информираме граѓаните што треба да очекуваат, рече Пецас. Истакна дека за следните чекори, се земаат предвид повеќе индикатори како што се бројот на новите случаи, притисокот врз здравствениот систем, соодносот на позитивни случаи и направени тестови, како и раширеноста на вирусот меѓу населението. Во однос на вакцината, рече дека откако ќе добие одобрување од европските организации, се очекува на крајот на месецов или почетокот на јануари да пристигне во Грција, а процените се дека до јуни ќе биде вакцинирано населението во целост. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-teshko-deka-za-bozik-kje-se-dozvoli-patuvanje-megju-regionite-vo-grcija/feed/ 0