Стенче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 09:23:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стенче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црквата Света Петка во тетовско Стенче ќе одбележи 100 години од возобновувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tsrkvata-sveta-petka-vo-tetovsko-stenche-ke-odbelezhi-100-godini-od-vozobnovuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tsrkvata-sveta-petka-vo-tetovsko-stenche-ke-odbelezhi-100-godini-od-vozobnovuvaneto/#respond Wed, 19 Apr 2023 09:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=825367

Едновековниот јубилеј од возобновувањето црквата Света Петка во тетовско Стенче ќе го одбележи во петок 21 април. Црковниот одбор информира дека успешни биле повиците до верниците кои донираат средства и со нив се изврши подновување на црковната околина и инфраструктура. - По објавениот повик до верниците се собраа средства за набавување на црковно ѕвоно-камбана, поставена е нова влезна врата и готов е летниковецот. Сега уште подостојно ќе се одбележи јубилејот 100 години од изградбата на црквата Света Петка во село Стенче, на 21 април петок на празникот Источен Петок-Балаклија, информира Петре Гроздановски, благајник на црковниот одбор. Во петок празничната литургија ќе почне во 9 часот, додека во 10 часот и 30 минути ќе се одржи водосвет и режење на кумските колачи. На пладне е планирано да почне заедничка братска и сестринска трпеза на љубовта и сеопшта народна веселба. Црквата Света Петка која датира од 1923 година се наоѓа на планински предел над селото на планината Сува Гора. Од 2018 година црквата Света Петка е една од дестинациите на планинарско-рекреативната пешачка акција „Милениумска патека“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tsrkvata-sveta-petka-vo-tetovsko-stenche-ke-odbelezhi-100-godini-od-vozobnovuvaneto/feed/ 0